Планираат да ни дадат учебници, или не?

Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.056
Изреволтиран од начинот на кој учиме до сега, сакам да прашам некој што знае до кога планираат да не лажат, утре-другиден ќе стигнат учебниците?Јас сум прва година економско во Јане Сандански во Струмица, значи учебник немаме по НИЕДЕН предмет, тоа веќе нема смисла.Македонски,Историја,Право,Социологија пишуваме по 5-6 страни секој час, значи нема време ни да ни ја објаснат лекцијата.Ова го има само во нашава партал држава и никаде на друго место, го тврдам јас тоа.Помина 1 месец веќе, а ние немаме учебник по НИЕДЕН предмет.КАТАСТРОФА!
 
пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130

Не е голема трагедија ниту па крај на светот ке си позајмиш или пак ке си купиш учебници од некој од постарата генерација.ЈАс имам само 5 книги добиено а останантите си ги позајмив од постарите.Кој сака да учи ке се снајде секако.
 
magii

*
Член од
6 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
10
Јас сум четврта година економско во Гевгелија, па и ние немаме учебници. Учиме од некои скрипти што сами си ги фотокопираме а по некои предмети пишуваме. Велат за нас немало учебници.
Инаку во прва година ние имавме учебник по социологија, македонски и право имавме фотокопирано од учебник за факултет :kesa:
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Не се нервирајте, шо се нервирате?

Ако биде - ќе биде. Револтов ништо не ви постига, а и сигурно нема побрзо да ви обезбеди учебниците.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Дива лига. Не е трагедија, но сепак е трагедија. Ако за 2 деца се платат учебници, работни листови, тетратки, прибор...тоа се многу пари. Дали Пробиштипке ти би дала пари за учебници а утре или за 1 недела да стигнат државните книги. Што тогаш? Не е работата кој сака да учи, беше ветено, акцијата започна и...застана :toe:
Како и за ваучерите, напразни ветувања го зголемуваат револтот (а го намалуваат паричникот) на народот.
ХРисТоВ е у право што се нервира, јес да нема со тоа да стори ништо, но револтот му е сосем оправдан.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.056
Не е голема трагедија ниту па крај на светот ке си позајмиш или пак ке си купиш учебници од некој од постарата генерација.ЈАс имам само 5 книги добиено а останантите си ги позајмив од постарите.Кој сака да учи ке се снајде секако.
ЛоЛ, па нели бесплатни учебници?:tapp:
 
А

Ајсшутер

Гостин
ЛоЛ, па нели бесплатни учебници?:tapp:
А што па вас ве мрзи да пишувате по 3-4 страни, за тоа сте дојдени нашколо да пишувате да слушате и готово, вие сакате време да имате на интернет да седите во школо.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не е голема трагедија ниту па крај на светот ке си позајмиш или пак ке си купиш учебници од некој од постарата генерација.ЈАс имам само 5 книги добиено а останантите си ги позајмив од постарите.Кој сака да учи ке се снајде секако.
Како бе не е трагедија?
Со месеци се фалат бесплатно образование бесплатни учебници за сите ученици. Кај се бесплатните учебници?
Или ќе има бесплатни учебници или ќе нема. Вака не може за некои да ги има речиси сите учебници, за некои да има 4-5, за некои да нема ниеден учебник. Па не е фер. Се зафркаваат само. А владата се фалеше со месеци дека обезбедила комплетно бесплатно образование плус компјутер за секое дете.
На крај само има приморано образование, се плаќа пак партиципација во некои училишта, нема учебници или има по неколку само и компјутерите за секое дете или не работат или се користат за речиси се (како фб, мсн, форум), а воопшто не за образовни цели.

Не е тоа трагедија? Или забавно е тоа баш. Ти си позајмила, некои ќе мора да ги купат нема секој пријатели да позајми, а друг ќе си има се бесплатно.
Неможе така да се прави кампања. Срамота е! Или има или нема. Овие средини и заебанции одвратни ми се.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.056
А што па вас ве мрзи да пишувате по 3-4 страни, за тоа сте дојдени нашколо да пишувате да слушате и готово, вие сакате време да имате на интернет да седите во школо.
Браво бе паметен:tapp:Ќе пишуваш цел час, ни ќе ти ја објаснат лекцијата ни ништо.Па после учи дома, а ништо не разбираш.Се експерти бе, браво.
 
С

Спенсер

Гостин
Не е голема трагедија ниту па крај на светот ке си позајмиш или пак ке си купиш учебници од некој од постарата генерација.ЈАс имам само 5 книги добиено а останантите си ги позајмив од постарите.Кој сака да учи ке се снајде секако.
хах,зашто да не си заштеди пари... кога грујо и компанија се убија од фалење за бесплатните учебници...

А што па вас ве мрзи да пишувате по 3-4 страни, за тоа сте дојдени нашколо да пишувате да слушате и готово, вие сакате време да имате на интернет да седите во школо.
ееее ајс,не претерувај... што е тоа, по 4-5 страни секој ден... треба цел клас/цела година да не пишуваат и готово... неможеш ти секој час по 5 страни да пишуваш... или пак ти сакаш а???:pos2:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Па купете си учебници чим толку секако тие пари ви биле планирани за книги кога ќе дојдат ќе имате два пара и готово, ни испрашуваат сега ни ништо кога немаме учебници не претерувајте и вие сигурно е дека има проблеми и не требаше да има али тоа е тоа можете да фотокопирате и готово ќе учите од скрипти.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.855
Ќе ни дадат, кога ќе си го видам тилот. Најтрагично е кај нас што не ни пишуваме, туку не прават нас компјутери, и ни викаат се да запамтиме. Кога ќе дојде време за тестови, ќе ни речат ајде тоа што сме го учеле, и ќе не тераат тоа професорите што ни го објаснуваат да го кажуваме, а тоа ако не го напишеш, и да го прочиташ, тешко дека ќе можеш да го запамтиш, освен ако немаш вградено хард диск од 160 ГБ во мозокот :icon_lol:

Што не лажат само не знам. Се знае, штом е бесплатно, почнува први, и треба да се има резервирано. Не они ми почнале да печатат на петнаесеттие септември, па ако ни ги дадат таму некаде кај петнаесетти октомври добро ќе биде. Барем нека ни кажат, нема учебници, за да знаеме да се снајдеме и ние, вака во ќор сокак сме, секоја ден лажна надеж ни даваат, и не знаеш дали да купиш на старо, или да чекаш вие да ти ги дадат.

Па купете си учебници чим толку секако тие пари ви биле планирани за книги кога ќе дојдат ќе имате два пара и готово, ни испрашуваат сега ни ништо кога немаме учебници не претерувајте и вие сигурно е дека има проблеми и не требаше да има али тоа е тоа можете да фотокопирате и готово ќе учите од скрипти.
Не треба да кажуваат бесплатни, како тоа ќе фотокопираме, или ќе купиме. Кога они кажаа бесплатни, требаше уште на први се да биде спремно, и да започнеа со делењето на учебниците. Сега да изјават дека нема да има учебници, јас уште од утре ќе одам и ќе си купам учебници.

Сега професорите времето за предавање на лекциите го користат за "диктирање" на лекциите, а објаснението никој не ни го кажува. После имало на крај слаби резултати, епа ќе има, кога првичните резултати ќе ти бидат слаби, немаш мотив за понатака.
 
Ти кажаа дека на први ќе имаме бесплатни учебници, не епа тогаш нема што да се буниме кога ќе дадат не е битно само нека дадат ние до тогаш ќе си седиме така нашколо и ќе слушаме повеќето професори ни кажаа дека немало да испрашуваат наеднаш за сите земени лекции до сега и некои почнаа да испрашуваат али само за 1-2 лекции што е лесно, и ако нејкеш да пишуваш фотокопирај и готово лесно и едноставно рекоа дека ќе дадат бесплатни учебници али не кажаа кога може да биде дури другиот месец али се надеваме на што побрзо.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.056
Бесплатни, да ти ебам бесплатните.:tapp:Ако се бесплатни, на први да бидат готови и секое дете да добие.Ако не се готови, нека кажат ќе бидат готови на 10ти и од тогаш ќе почнете сите да учете.Не,не реков јас ова го има само во партал држава како нашата.Фалење,фалење за што?

Ти кажаа дека на први ќе имаме бесплатни учебници, не епа тогаш нема што да се буниме кога ќе дадат не е битно само нека дадат ние до тогаш ќе си седиме така нашколо и ќе слушаме повеќето професори ни кажаа дека немало да испрашуваат наеднаш за сите земени лекции до сега и некои почнаа да испрашуваат али само за 1-2 лекции што е лесно, и ако нејкеш да пишуваш фотокопирај и готово лесно и едноставно рекоа дека ќе дадат бесплатни учебници али не кажаа кога може да биде дури другиот месец али се надеваме на што побрзо.
Чекај сега лижеш гз на некој, или да?Помина 1 месец веќе, секој ден по 30 страни у школо пишеме и ти ми викаш ОКЕЈ е тоа.:tapp::tapp:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Како бре луѓе не е трагедија ова!? Колку време пред почетокот на учебната година се најавуваа учебниците како бесплатни за СИТЕ ученици и се најавуваше дека НАЈКАСНО до 10 септември ќе бидат целосно поделени. Ова е срам за Владата која не е ништо подобра од тие предходните.

Трагедија е што министерот мелеше на телевизија дека сите ќе имаат бесплатни учебници, а пред некој ден на прашање на новинар што е со сручните школи одговори: „А па тие не се дел од реформираното образопвание, така што нема за нив учебници“. Тоа е за срамота!

Треба некој притисок да се изврши врз училиштата и министерството за да знаеме дефинитивно на што да сме. Или ќе ги добиеме набрзо учебниците, или да се снаоѓаме. Нема смисла да кршиме прсти во пишување на цели лекции!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom