Планинарење

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Зимската стаза по зима не е за прв пат без искусен водич (или барем некој кој повеќепати ја има поминато стазата) и комплетна зимска опрема како што кажа Almeida.
Јако ве размавало. Кузнае колку сте се радувале на куќарката, само да се тргне чоек од ветрот.
А Церипашина не е ни третина од целава патека.
Кондицијата е на прав тест, кога почнуваат нозете да ти пропаѓаат во длабок снег, те корне ветер, во облак си, бело е се околу тебе...има и многу психологија у ова. Си мислиш дека си можел у кревет дома да си лежиш цел ден...

Инаку голем дел од припремите на Здравко Дејановиќ за Хималаи се Титов врв - зима. Чоекот има хималајска кариера од светски калибар.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
викендов имаат i love hiking организација за титов, организирај се со нив наубаво ти е.
али како и погоре што ти пишаа не е лесна(психички и физички) за да одиш самоорганизација.

Ние бевме прв викенд оваа година(03.01). имаше ненормално јак ветер/суволедица посебно пред/на бакардан
спуштање од бакардан и на последно седло бутање од ветер, и тоа не беше нешто ладно -5-10 да е било
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Јако ве размавало. Кузнае колку сте се радувале на куќарката...
Што е најинтересно, тргнавме нагоре вечерта околу 17 часот на 31.12. за да ја дочекаме новата година горе во кулата. Стигнавме до Карабунар и малку забегавме од патеката во лево, ама кога погледав на гарминот изгледаше како да сме забегале во десно, а десно се Бобинови стени. Кога се вративме на стазата, на едно-две места налетавме на траги од газење со дерези по патеката и мислевме дека некој пред нас исто така газел, а испадна дека сме се враќале назад и тоа биле наши траги.
Кога стигнавме на Антени, пробавме да го најдеме влезот во бункерот, ама поради навеаниот снег не успеавме никако (иако имавме и лопата и цепини), па решивме да одиме на Церипашина во куќарката.
И така си ја дочекавме новата година на Церипашина, а што е најинтересно, на половина пат надолу, облакот не беше веќе присутен и ветерот со суснежицата беше многу послаб, дури и пристоен за нормално движење. :D

Најдобар пречек на нова година во животот. ;):)
 
Последно уредено:
Член од
11 септември 2016
Мислења
3
Поени од реакции
4
Дечки фала ви на сите за исцрпните одговори, е сеа во врска со прашањава: 4 луѓе сме по 27 години, јас активно тренирам бокс подолго време додека другите тројца се фудбалери.

Не е работава дека идеме на планина во зима прв пат, само на овој дел се немаме качувано досега.

Имаме комплетна опрема за ваков вид качување, и гпс тракер со соодветен запис истотака. Во врска со батериите, ке се ослониме колку толку на пауер банк. Се надевам дека гпс покриеноста е Ок до горе.

Се занимавам со лов истотака а и неколку години живеев во Русија така да движењето во зимски услови не ми е непознато.

Во врска со одговорот на Алмеида дека само неколку души би се нафатиле да се качуваат врвов викендот, гледам дека I love hiking имаат евент за во недела до Титов врв, но бидејки поради коронава не примаат нови членови излезе работава да идеме сами.

Како и да е, доколку нема услови за понатаму би биле задоволни и до Антени или Син врв, како за прв пат би било Ок.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Антени и Син Врв е едно те исто. Инаку сега гледам и Анапурна се спремаат да одат натаму, само они веројатно ќе тргнат порано.

Х2О имаат зимска школа горе на Шапка, така да и тоа не е лошо да се посети. До душа бараат 300 денари за учество, иако мислам дека тоа би биле добро потрошени пари. Ретко кај нас има можност да видиш како е движење во наврска или изработка на лавински профил.

Во секој случај, не е проблем физичката сила и издржливост. Пробајте ама не запнувајте да морате да стигнете до врвот. Има ситуации горе кога дува таков ветер да не ти дава да дишеш или од ладното е просто болно дишењето.
Значи покрај останатата опрема, обавезно скијачки наочари и челни ламби. Денот е уште краток, а по зимската во лоши услови се оди околу пет-шест часа по правец.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Дечки фала ви на сите за исцрпните одговори, е сеа во врска со прашањава: 4 луѓе сме по 27 години, јас активно тренирам бокс подолго време додека другите тројца се фудбалери.

Не е работава дека идеме на планина во зима прв пат, само на овој дел се немаме качувано досега.

Имаме комплетна опрема за ваков вид качување, и гпс тракер со соодветен запис истотака. Во врска со батериите, ке се ослониме колку толку на пауер банк. Се надевам дека гпс покриеноста е Ок до горе.

Се занимавам со лов истотака а и неколку години живеев во Русија така да движењето во зимски услови не ми е непознато.

Во врска со одговорот на Алмеида дека само неколку души би се нафатиле да се качуваат врвов викендот, гледам дека I love hiking имаат евент за во недела до Титов врв, но бидејки поради коронава не примаат нови членови излезе работава да идеме сами.

Како и да е, доколку нема услови за понатаму би биле задоволни и до Антени или Син врв, како за прв пат би било Ок.
Те прашав за сите, затоа што може и 100 луѓе да се, ако еден импровизира, може хаос да направи. Да се повреди или да не може да оди, не може никој на грб да го носи.
Антени воопшто не е лошо. Ако е чисто, има фантастичен поглед.
Морав да те прашам, затоа што има луѓе што мислат дека може сега и со патики да отидеш.
Хајкинг....сме збореле наназад у темава. Не ги следам, ама порано не ги следеше многу добар глас. Импровизираа прилично. Јас дури и не би одел со нив и да примаат. Анапурна се сериозни, меѓутоа ако е Здравко, он мислам дека и темпо дава што не може секој да го следи.

Добар провод и стаи некоја слика.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.603
Дечки фала ви на сите за исцрпните одговори, е сеа во врска со прашањава: 4 луѓе сме по 27 години, јас активно тренирам бокс подолго време додека другите тројца се фудбалери.

Не е работава дека идеме на планина во зима прв пат, само на овој дел се немаме качувано досега.

Имаме комплетна опрема за ваков вид качување, и гпс тракер со соодветен запис истотака. Во врска со батериите, ке се ослониме колку толку на пауер банк. Се надевам дека гпс покриеноста е Ок до горе.

Се занимавам со лов истотака а и неколку години живеев во Русија така да движењето во зимски услови не ми е непознато.

Во врска со одговорот на Алмеида дека само неколку души би се нафатиле да се качуваат врвов викендот, гледам дека I love hiking имаат евент за во недела до Титов врв, но бидејки поради коронава не примаат нови членови излезе работава да идеме сами.

Како и да е, доколку нема услови за понатаму би биле задоволни и до Антени или Син врв, како за прв пат би било Ок.
Ако првпат одиш на оваа тура не ти препорачувам да одиш овој викенд посебно недела кога температурите се околу -20 и ветер до кај 40км на час туку да почекаш најмногу месец дена кога до средина на февруари ќе се качат прилично температурите па на тој начин горе би било максимум до -5 но сончево време и со многу мал ветер.Сепак одиш за да уживаш во турата а не да мрзнеш и да се мачиш да ја истераш турата.Башка и денот ќе биде подолг за плус 1 час па би те стемнило на враќање дури кај Антените.Со нормално темпо без форсирање до Титов врв се стигнува мкасимум за 5 и пол часа а враќањето е пократко за 1 до 1 ипол час по истата патека.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
За ова ќе се зборува во светот на планинарите и алпинистите во наредниот период. Од сите 14 врвови над 8000 м.н.в. само фамозниот К2 во Пакистан беше неискачен во зима. Календарски се гледа, нели, иако самиот врв е вечна зима, иако стварно, по кажувањата на алпинистите било екстремно потешко....за ваков врв што цца 300 луѓе го имаат качено, којзнае тоа што значи. Имало обиди. Јас се сеќавам имаше голема полска експедиција пред неколку години, неуспешна, а веројатно и други. Дури, мислам дека и нашиот Здравко имаше најави дека ќе се обиде и во зимски услови да го искачи. Се сеќавам во времето кога тој беше во Пакистан, беше со шерпаси од Непал со главниот водич Мингма - еве го човекот, иако ова е најава, на 200 метри (само за споредба да кажам дека во првиот обид Здравко се откажа од освојување на 400 метри од врвот поради длабок снег). Еве им посакувам да успеат, затоа што стварно би бил голем и уникатен трофеј. К2 има сезони кога не успева ниеден човек да го искачи.
Да се надеваме дека ќе изгураат и ќе се вратат живи, безбедни.

Screenshot_20210116-102145_Facebook.jpg
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Го искачиле, честитки на екипата што го искачила !!!

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
https://www.nationalgeographic.com/adventure/2021/01/nims-purja-attempts-to-summit-k2-the-worlds-second-highest-peak/?cmpid=org=ngp::mc=social::src=facebook::cmp=editorial::add=fb20210116adv-nepaliclimberswintersummitK2::rid=&sf242056149=1

Од ова што го гледам, најверојатно се работи за две екипи од Непал. Едната е на Мингма Шерпа, чиј пост го пренесов, а другата на Пурџа.
Не би пребарувал сега како идело освојувањето на овие 14 врвови историски, па и другите безброј врвови на Хималаите, но сепак, најчесто алпинисти од други региони ја собираат славата, иако без учество на шерпасите практично ништо од тоа не е можно да се реализира. Ова големо достигнување е чисто нивно. Штом толку тешко беше да се постигне, прашање е кога и дали воопшто ќе се повтори.
Се надевам дека НГ или некоја друга продукција ќе спреми добар документарец за подвигов.

Ај малце убави кадри од К2 од youtube >




Овој документарец е можеби еден од најдобрите што сум ги гледал на тема планина. Опфатена е ситуација од 2008ма година, кога се отвара краток „прозор“ за искачување (во август, и тоа е тоа - што кажува какво чудо постигнаа сега Непалциве) и во еден момент се неколку експедиции на пат кон врвот. Загинуваат 11 алпинисти.

 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.603
Во оваа катастрофа на К2 2008 година загина и еден од најдобрите српски алпинисти од Суботица Дрен Мандиќ:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ете и една тажна вест исто од К2 денеска, каталонецот Серџи Минготе загинал во потегот меѓу C1 и базниот камп. Мислам дека не е од групата што се искачи, туку се работи за оние аклиматизациони постепени качувања меѓу камповите.
Инаку, тој беше од оние што се качуваат на хималајските 8000ки без додатен кислород.

https://www.cnn.com/2021/01/16/us/sergi-mingote-spanish-climber-died-k2-trnd/index.html ngscience-2007-cambodia-def_ai2html-mobile.jpg
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Инаку голем дел од припремите на Здравко Дејановиќ за Хималаи се Титов врв - зима. Чоекот има хималајска кариера од светски калибар.
Офф топик во врска со Здравко.
Ме интересира дали знаете каде може да купат двете негови книги (сега гледам дека деновиве објавил и трета)?

Знам дека ги нема по книжариве а тој во некое интервју имаше споменато, само што беше одампа па заборавив ... Баш сакам да прочитам за експедициите на Анапурна и К2
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Офф топик во врска со Здравко.
Ме интересира дали знаете каде може да купат двете негови книги (сега гледам дека деновиве објавил и трета)?

Знам дека ги нема по книжариве а тој во некое интервју имаше споменато, само што беше одампа па заборавив ... Баш сакам да прочитам за експедициите на Анапурна и К2
Јас ги купував на ЕХО. Или можеби грешам...имаше и во Даре Џамбаз годишни презентации!?
Провери кај него на фејсбук. Мислам дека пред последното засилување на мерките против ковид имаше закажано презентација на нова книга и изгледа ја откажа, а книгата е објавена.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.105
Поени од реакции
4.603
Офф топик во врска со Здравко.
Ме интересира дали знаете каде може да купат двете негови книги (сега гледам дека деновиве објавил и трета)?

Знам дека ги нема по книжариве а тој во некое интервју имаше споменато, само што беше одампа па заборавив ... Баш сакам да прочитам за експедициите на Анапурна и К2
Прати им порака на нивната група на facebook:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom