Пишување Текстови

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Самото име на темата кажува се :) Не сретнав тема, така да ја отворам оваа. Доколку е неесодветна, некој администратор нека ме посочи и нека ја избрише или премести оваа тема. Сепак, да се вратиме на главното.
Колку често пишувате текстови, каде ја тражите инспирацијата, која ви преставува најчесто вашата тематика? Споделете по некој текст :)

И секој текст кој ќе биде споделен тука, останува тука. Несмее да се користи ниту еден текст без дозвола на личноста која го споделила.

Како прв, да почнам. Пишувам скоро секој 3-4 ден. Инспирацијата ја црпам од сопствениот живот, животот на луѓето околу мене. Најчесто ги пишувам текстовите за неправда, болка. Целта ми е секогаш да го кажам тоа што ми лежи на душата. Несакам да споделувам се со останати особи, и затоа ги споделувам сите мои чувства со единствениот мој пријател кој знае да слуша, и да теши. А тоа е книгата. Тематиката е животот и сите негови случувања.

Последниот мој текст.
Окови



Понекогаш во своето срце, се прашувам што е тоа да се биде слободен човек. Дали слободата преставува основно нешто на нашата среќа? Насекаде околу нас постојат луѓе кои со нивната сила пробуваат да не оковаат. Не сум само јас, оцрнет да бидам окован. Оцрнет е сиот мој род и сој. Зашто нас не црнеат? Дали сакаат да земат дел од нашата крв и пот? Или подобро кажано да земат се од нашата крв и пот. До кога мојот род ќе биде прогонуван од неговите душмани? До кога мојот род ќе пати и ќе биде каменуван за неговото единствено богатство кое го поседува, а воедно е и негова клетва? Судбино наша црна... Зар ти мајко, ги оставаш своите чеда да бидат робови под твојата сенка и закрила? Зар ние твои чеда, не заслужуваме да бидеме среќни, весели, разиграни... Зар секогаш ние твоите чеда, мајко, мораме да играме, и да тагуваме за тоа што го немаме? Зашто мајко, не благослови со толку големи богатства, за кои сите пробуваат да не уништат? Зашто мораме да го носиме тој терет врз нашиот грб, и како што го носиме, да го просипуваме покрај нас, а да неможеме да го задржиме, зашто на своите раце носиме окови? Зарем секогаш се треба да ни се пролива низ овие крвави прсти? До кога мајко, ќе оставаш твоите синови да бидат убивани? До кога мајко, ќе оставаш да те газат тебе, и нас твоите чеда? Мајко дај ни сила да те браниме, бидејќи ние друга мајка немаме. Ако ти ни умреш, мајчице наша, ќе не земе змија отровна, немаме со што да се браниме против таа змија. Таа змија ќе ни биде наша маќеа, но мајко, нема да не сака како тебе. Го знаеме тоа. Многу од нашите браќа и сестри заминаа во туѓина по среќа... Среќа никој од нас не најде... Само болка,рана и тага. И, твојата љубов, никој не ја осети. Сите од нив осетиа, тоа што со векови го носиме. Да бидеме робови. Но, ако мајко ако. И проклетство, и радост е да си Македонец.Колку и да си добар, ќе бидеш лош. Колку и да сакаш, ќе те мразат. Колку и да шириш благодет од твоето чисто срце, толку повеќе ќе те коваат во твоите окови. Засекогаш ќе бидеме робови, на својот род и на ова парче земја. Но, мајко ќе бидеме горди што сме такви робови, такви робови мајка само еднаш раѓа. М.мк.С path_489.jpg
 
H

Hideyoshi

Гостин
Не пишувам често. Немам посебна амбиција со тоа, нити кога пишувам се трудам да бидам граматички коректен. И единствено пишувам кога ми е особено тешко, а сум во состојба да седам исправено и да ги составувам мислите. Интересно е да се пишува понекогаш бидејќи е бесплатно засега :) Не сакав да покажувам на никого, доста сум срамежлив, но еве ќе се обидам по втор пат.

Без наслов

Без нашиот духовен лубрикант тешко се снаоѓаме во рутините бидејќи ги мразиме од дното на душата наметнатите улоги, обврски кои ја кочат сопствената сатисфакција и доколку не се во интерес на индивидуата знаат да траат подолго и помачно од обично за разлика од моментите исполнети со наслада на сетилата кои моменти траат временски мерено исто, но нам брзо ни минуваат. Без разлика дали нашето секојдневие минува низ потешкотии или не, во истата реалност има и други секојдневиа, потешки или полесни, што води кон заклучокот дека на светот наместо еден засега има седум милијарди центари кои во иднина со сигурност ќе бидат повеќе. Секоја посебна реалност располага со сопствени илузии и гледишта, па и сопствени морални оправдувања. Но кога ние преминуваме во потполно различни простории без да имаме можност да се вратиме во тие претходните, потребно е кога влегуваме во тие простории исто така да ги носиме мислите со нас, а не да ги оставаме назад во времето кое што постоело но никогаш повеќе нема да постои во сегашноста бидејќи секој нареден момент претставува и минато. Погрешните пристапи кон воспитувањето повеќе ја наметнуваат колективната свест која е невидлива и во вакви околности може лесно да се изгуби чувството на свој идентитет. Гневот наспроти колективот значи едноставно несогласување, а кога има очекувања тогаш има и повреди со чувство на изневереност на очекувањата на една индивидуа. Сите односи што веќе останале да постојат само во минатото не значи дека треба да ги одредуваат тие што допрва следуваат бидејќи никогаш не се знае со кого ќе се дели последното парче леб на светот кое секој лакомо би го посакувал за себеси. Тој некој според незапишани заклучоци секогаш располага со филозофии за животот кои со сила ги црпел и поврзувал меѓусебно од умовите на големите мислители и се расфрла со термини упорно истакнувајќи го широкиот вокабулар само заради статус и внимание. Кога каменот би бил валута со вредност на улица не би имало нити едно камче иако сега ги има безброј, што се чини невозможно е човек да ги собери сите. Од најмали камчиња до најголеми камења.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794

Kajgana Shop

На врв Bottom