Пит Бул (American Pit Bull,APBT)

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.857
Кој стафорд е дадилка? Американски стафордшир териер или Стафордшир бул териер? Погруб во играта е стафордот. Самото негово движење, угризот, скок кон тело е погрубо од питбул. Питбул не отвара уста, ако нема намера да гризне. Не скока по тебе. Кога се движи како ласица е. Стафордот е покрупен и ги нема тие финеси. Како да споредуваме квадрат и правоаголник.
Сигурно мисли на Американски Стафорд пошто англискиов односно Стафордски Бул Териер ем само англичаните го викаат стафорд ем кај нас е многу малку познат а и не сум сретнал ниту видел јас кај нас примерок од оваа раса. Мене лично многу повеќе ми се допаѓа Американскиот Стафорд одколку Пит Булот. Без разлика исто така го почитувам Пит Булот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Сигурно мисли на Американски Стафорд пошто англискиов односно Стафордски Бул Териер ем само англичаните го викаат стафорд ем кај нас е многу малку познат а и не сум сретнал ниту видел јас кај нас примерок од оваа раса. Мене лично многу повеќе ми се допаѓа Американскиот Стафорд одколку Пит Булот. Без разлика исто така го почитувам Пит Булот.
Извини што каснам со одговор. На стафордшир бул териер мислев, не амстаф.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.857
Мал историјат на Бул расите и борбите со кучиња. (Ако некаде грешам поправете ме)

Првенствено се почнало во Англија со тоа што стариот англиски Бул Дог поточно се работело за Бул Бејтинг или врзување на Бикот за кол за да се движи ограничено и пуштање на Булдози да го напаѓаат се до смрт кога едено од кучињата ке успее да го апне за њушката бикот и со тоа да го угуши. Тогашните англиски булдози биле налик на Молозер со текот на времето се врстувани со други раси и немаат допирни точки со денешните Анг. Булдози.

Потоа по решение на општеството дека првиов тип на насилства помеѓу животните е суров и законски забраниле во Англија борби помеѓу кучиња и бик се измислени борбите со кучиња. Но за тоа стариот Англиски Булдог бил премалку атрактивен, бил поголем и потежок во однос на денешниот и англичаните решиле да создадат кучиња најпогодни за тоа. Така допреле до идеја да ги вкрстуваат тогашните Англиски Булдози со тогашните Англиски Териери. Така настанале со првенствено име Пола Булдог - Пола Териер кучињата. А нешто подоцна името им било Бул и Териер. Поради што на различни места во државата ова се случувало и поради што не само за борби ги користеле сопствениците... Некој ги користеле и како чувари на домот и добитокот, но помал дел... Тогашните мешавини од Булдог и Териер низ целата Англија овие комбинации различно се развивале според изглед и големина. Така првенствено се одделиле Пит Бул расата и Стафордски Бул Териер расата. Нешто подоцна кога во Англија тотално се забраниле борбите со кучиња почнува нова историја во борбите и вкрстувањето на расите.

Со тоа што борбите се забраниле и не можеле сопствениците да ги борат кучињата на јавни места дошле до идеја да создадат уште помала раса од Питбулот и Стафордскиот Бул Териер која ке можат да ја борат по подруми и слични скришни простории и места. Така настанал Бул Териерот. Со вркстување на Староанглискиот Булдог или Питбулот или Стафордскиот Бул Териер и Англискиот Бел Териер (раса за лов која веке не постои) настанува Бул Териерот.

Најверојатно по одредено време кога и борбите во подруми и скришни простории биле пробиени и прекинати од страна на властите на мода стапиле натпреварите каде Териерите (најчесто ловните Териери) за одредено време давеле глувци. (Кладба за пари по принцип пр. за 1 минута колку глувци ке удави кучето) но тоа не ги задоволило гледачите и кладбениците на овие т.н. спортови и борбите со кучиња продолжиле да се одвиваат скришно се до денес.

Мора да се напомене дека во овие периоди на развој на овие раси за борби и колонизирањето на Америка има голема улога. Со донесувањето на Пит Булот во Америка тој си останува ист и речиси воопшто не се изменува во изгледот и димензиите. А Стафордскиот Бул Териер се менува тотално и димензионално и во ликот и така настанува Американскиот Стафордски Териер.

Од времињата на почетокот на борбите со кучиња па се до денес неколку векови подоцна освен во Англија па во Сад борбите со овие раси се популализирале и на Балканот. Во Блискиот Исток, на Балканот и во Северниот дел на Европа борбите со кучиња се традиција најверојатно уште пред модата во Англија, но со друг тип на кучиња на овие простори. Модата за борби со кучиња во период на развој на борбите во САД и Англија ја зафатило и Јапонија, но со различен тип на кучиња и таму. Иако во речиси целиот свет борбите со кучиња се законски забранети и се нелегални во Јапонија се легални и дозволени. Поради борбите со кучиња како и причината од можна агресија кај одредени раси во некој држави во Европа се забранети и овие Бул раси.[DOUBLEPOST=1448112202][/DOUBLEPOST]Ова го има и во темата Борби со кучиња, но сметам дека треба да го има и овде. Затоа што е еднакво адекватно и за двете теми. А ко модераторите сметаат дека грешам нека го избришат.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ај кога сме кај питовите, ги имам четири за вдомување.
Двајца мажјаци и две женки.

Браун- Стар е година и пол. Ок е со женки, не поднесува мажјаци. 12346786_10206816697609987_451784287_n.jpg
Бастер- Стар само една година, социјализиран и со женки и со мажјаци 12346457_10206857944881143_8391654741039818307_n.jpg

Шака- женка стара година и пол, ок е со мажјаци, раснета со деца, така да супер е за со фамилија со деца. 12347621_10206838193907381_8279406211103119147_n.jpg

Дора- околку 2 години, фино би било да биде сама како миленик. 12319602_10206831759586527_349619104_n.jpg

Ако знаете некој што би бил заинтересиран за вдомување на пит, пишете ми во инбокс.
Патем сите се со висок степен на енергичност.
Браун и Дора се спасени од борби и веќе ресоцијализирани. Прекрасни се за со луѓе, меѓутоа не и за со кучиња.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
@ZeenaK9
Дали може да ми пратиш уште некоја слика од дора пошто ми изгледа познато :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Може си ја видел кај Диме.
Да не ти прикачувам слики тука- еве ти фб линк од неа
https://www.facebook.com/Save-DORA-pit-bul-464688567047065/?fref=ts
Не ја знам,ја имам смешано со некоја друга :)
Убава кучка како и да е,само некој и ги утнал ушите скроз :D[DOUBLEPOST=1450139764][/DOUBLEPOST]А и Шака е лепотица,една од поубавите што сум ги видел(а сум видел многу),барем по таа слика
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Не ја знам,ја имам смешано со некоја друга :)
Убава кучка како и да е,само некој и ги утнал ушите скроз :D[DOUBLEPOST=1450139764][/DOUBLEPOST]А и Шака е лепотица,една од поубавите што сум ги видел(а сум видел многу),барем по таа слика
Шака е препрепрекрасно куче!!! Налет тоа што е сама по себе преубава, и прекрасен карактер е кучката.
Штета што сопствениците не можат да си ја задржат, склоп на околности, јебига.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.857
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Тотални ратник мене лично повеќе ми се свиѓа него ли овој другиов :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom