Питон долг 3 метри скриен под крилото/моторот

Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Ме потресе темава, за момент помислив дека можеби мојот питон избегал и се качил на авионот ... меџутоа фрлив еден поглед во гаќи и се уверив дека се е на свое место :cautious:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ако зборуваме за Македонија, тогаш да, но тоа е резултат на старите авиони и застарената опрема кај аеродромите, кингерот на Трајковски беше многу стар авион, во светот статистички повеќе од 60 проценти од несреќите се пилотска грешка, 7-8 проценти терористички напади и нешто малку повеќе од 20 проценти се технички проблеми.
Фокерот на Палер бил максимум 5 години стар (почеток на производство - 1988), Јакот на Авиоимпекс максимум 13 (почеток на производство - 1980), ништо страшно.Со некое нормално ниво на користење и квалитетен сервис, животен век им е 25-30 години.Па во Америка уште користат DC-9 од седумдесеттите...
За опремата тогаш - да.Во Охрид за време на несреќата и како еден од факторите за истата е неработењето на ВОР сигналот, најосновно нешто...на Фокерот екипите во Скопје не делувале со течност за одмрзнување на мразот од крилата...Сега за среќа е поинаку.Барем двата аеродроми се со засебни радарски системи :D и современа навигација.
А статистиката е едно, како било во авионот реално не можат да кажат со 100% тие на земја.Најлесно е после несреќа да бидат жртвувани мртвите пилоти...
 
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Вчера баш гледав на национална географија емисија една за истрага на авионски несреќи , сигурни и вие имате гледано ...
Зимно време , пилотот реагира 2 пати и е уверен дека аионот од надвор е одмрзнат од страна на персоналот надвор задолжен за тоа , така и изгледа ама има мал слој тенок на мраз останато... Во текот на летот мразот од крилата се рони и влегува назат во моторите ( мотори на репот) и бам престануваат двата да работат и ете ти несреќа ... замислете од мал мраз ... А што ако во овај случај моторите биле назат и питонот летнел назат ... ете ти пак катастрофа ...
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Австралија е (претпоставувам од таму тргнал) :) добро што не е она крокодил, на нив дома им влагаат такви животинки не па на отворени пространства локали ко аеродром :)
Абе да ама 3 метра е, никој да не ја забележи пред да полетаат и плус тоа што е тешка. Како успеала дури дотаму да појде?! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom