Писмо на Јордан Поп Јорданов - Орце до саканата Кате

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
"Сакана единствена Кате,

Кога ќе го читаш моето писмо мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче. Но, во ситуацијава кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.

Од првиот пат кога те видов, те засакав. Ти ми беше единствена радост, но чувствував дека немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам себеси, а на делото кое што беше цел и смисла на мојот живот.

Да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата сакана ценета Македонија.

Те сакав со сите пори на моето тело. Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас како звукот на цитрата. И сепак те одбегнував зашто ме плашеа честите средби со тебе ми ја ослабнуваа волјата ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот.

А не требаше ништо да ме врзува за него. Понекогаш бев груб дури и суров со тебе. Прости ми за грубоста и суровоста. Зад нив ја криев безграничната љубов, а срцето ми крвавеше. Верувам ќе ми простиш, ти си добра, а јас сега жалам што не бев подобар, повнимателен и понежен кон тебе.

Сигурно ќе прашаш: Неопходно ли е да умрам?

За мене нема друг излез. Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите нема право да го штеди ни сопствениот живот.

Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт на многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања. Зар по сето тоа што ќе го сториме јас ќе имам право да живеам? Мислам ќе биде ниско и подло.

Да умрам, за мине е врховна повелба на мојата совест. И потоа мојата девиза беше - не зборови а дело, а крајот е тој што го краси делото.

Има и едно последно сообразување, не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене да си подигрува.
Зошто ми е живот лишен од слобода. Да тлее во некоја темна ќелија на Еди Куле или да се стопи под жешкото сонце на Сахара?

Не, претпочитувам да умрам!

Со мојата смрт ќе им го фрлам на непријателите, поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир.

Како што живеев, така сакам и да умрам - скромно и чесно, до
крај верен на себеси, сакав да бидам и останам и една целосна личност.

Треба да завршам. Времето не чека. Многу нешта навираат во мојата душа.

Но, ќе ги чуеш. Така е подобро. Срцето ти претскажа што би сакал да ти пишам во овој последен час. Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од се.

Ти пожелувам, не, те молам да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов и нему дај му го своето срце и својата љубов. Дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене.

Ти пожелувам да бидеш среќна.

Понекогаш во вечерните часови, кога спомените довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа, спомни си за мене.
Ти благодарам за тоа.

Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните.

Твојот Орце."

Писмото е напишано во 1903 година.

http://makedonskaiskra.com/istorijaideologija/makedonskaistorija/627-2011-09-02-18-54-45?lang=mk
 
Член од
11 септември 2011
Мислења
358
Поени од реакции
608
Поздрав до сите што се презиваат Галевски и имат потекло од с.Папрадиште зашто Јордан Поп Јорданов-Орце и Димитрија Чуповски потекнуваат од оваа фамилија.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Последен поздрав, навистина трогателно :(
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Оди сеа промени име за меѓународна употреба.

Какви мажишта биле тоа со искрена душа, а не учат дека некој таму ни дал држава.

Писмово да влезе во учебниците по историја.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Ова писмо има ли си оригинал? Или е Орце го пишувал на современ македонски? Дајте да видиме на кој јазик се си комуницирали Орце и Катерина.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ова писмо има ли си оригинал? Или е Орце го пишувал на современ македонски? Дајте да видиме на кој јазик се си комуницирали Орце и Катерина.
И кинески да е важна е содржината.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ова писмо има ли си оригинал? Или е Орце го пишувал на современ македонски? Дајте да видиме на кој јазик се си комуницирали Орце и Катерина.
Како што другите пред мене веќе посочија, важно е што пишува, а не на каков јазик или граматика.

Или можеби треба да ти побарам како пишувал Аспарух и командата. Не замарај на темава со истата безводна пропаганда.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ова писмо има ли си оригинал? Или е Орце го пишувал на современ македонски? Дајте да видиме на кој јазик се си комуницирали Орце и Катерина.
Многу глупа ти е провокацијава со јазиков, типично бугарска, или поарно речено циганска.

Што побрзо сфатите дека вашиот вештачки јазик е всушност Македонски тоа подобро за сите.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Шо љубов ќе беше тоа. Прво почвата па тек после жената.
Него, морал ли да навлегува во детаљи што ке му направат кога таа ќе го чита писмото? :confused:
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Ако може оригиналот и ли негов препис од тогашно време ,. . Иначе ми напмни на прошталното писмо на Христо Ботев до неговата лjубима. '' .....Ако умра, то знај че после Отечеството си с'м обичал нај-много тебе......''
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Меѓу другото, единствените членови на фамилијата Попјорданови живеат во Бугарија - Иван Попјорданов и Петар Попјорданов (бугарски актер).
Еве за каков се има човекот од фамилиjата Попjорданови (Иван):
http://www.facebook.com/video/video.php?v=151883958502
--- надополнето: Sep 14, 2011 11:55 AM ---
Инаку, Аспарух зборувал на својот мајчин јазик, на кој јазик е оригиналот на писмото да прашам пак јас?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Меѓу другото, единствените членови на фамилијата Попјорданови живеат во Бугарија - Иван Попјорданов и Петар Попјорданов (бугарски актер).
Еве за каков се има човекот од фамилиjата Попjорданови (Иван):
http://www.facebook.com/video/video.php?v=151883958502
--- надополнето: Sep 14, 2011 11:55 AM ---
Инаку, Аспарух зборувал на својот мајчин јазик, на кој јазик е оригиналот на писмото да прашам пак јас?
На македонски јазик.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Уште 100 пати да го читам писмото, уште 100 пати ќе се наежам од љубовта кон Македонија. Ем Македонец, ем велешанец, ем гемиџија....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom