Денес е 130 годишнината од раѓањето на великанот и Гугл на нивниот сајт денес му одава чест со илустрација на Грегор Самса како влегува низ врата облечен како трговски патник.
Е мој Кафка. Се сеќавам на Процес, јас 17 години на одмор и ја читам оти ми беше лектира, изданието со бело-зелени меки корици од Библиотека Атлас. Дека ја мразев уште после првите 15-20 страни нема да кријам, само неверојатниот инат ме натера да ја прочитам до крај, не сакав да дозволам една книга да ме изиритира до толку. И кога ги прочитав последните зборови-Како пес-рече тој а изгледаше, ќе биде надживеан од срамот, ја затворив и ја фрлив од едната страна на собата кај што седев до спротивната. Се удри од ѕидот и падна на земја додека јас во себе си викав-Ма иди у курац бре, да ти ебам и Кафка и се. Не се сеќавам кога ги прочитав трите поговори од Макс Брод и кратката рецензија од овој лустеров што сега го лустрираа, тие беа во самата книга, знам само дека не ми помогнаа многу.
Ме мачеше Процес. Беше четиво кое ме порази, и многу сакав да знам зошто и како. Го мислев цел одмор и долго после тоа. Прв пат се среќавав со нешто кое нема никаква логика и разум, нешто што за мене како човек со слаба имагинација и ниска фантазија беше од почеток шах-мат. Да, баш така шах. Кај Достоевски беше друг муабетот. Кај Достоевски му ја гледаш играта, се восхитувашна потезите, на позиционирањето, на стратешкото движење и на сплетот на фигурите и нивната мобилизација. Ни од далеку не можеш да му парираш и да седенеш да му играш повратно, но барем од спектаторска гледна точка партиите иако крајно комплексни барем се во доволна мера разбирливи и пред се реални.
Кафка ти игра коњ на косо, ловец на Ге, топ на Ве. Со своите лимитации се прашував што е толкава фамата и околу Кафка и околу Процес за да стигне до значење да ми биде мене лектира. И лека полека битс енд писес што би рекле Енглезите почнаа да се редат. Во стилот на speak now or forever hold silence, изборот беше очигледен. Или Кафка дефинитивно ме поразил, или морав да го ревидирам начинот како јас му пристапувам, односно да излезам од шабанистичкиот алгоритмички 1+1=0 бинарен систем на размислување и за прв пат во животот да се потрудам да погледнам малку поуметнички, посимболистички, понелимитирано. Една деценија подоцна кога интернетот се разви и преполни со информации сфатив дека не сум бил единствениот со дилемите. И едни великани како Набоков, Ман, Борхес, Хесе и уште многу писатели и критичари ги мачела енигмата-Кафка. Толкувањата варирале од-до.
Кога се чита Процес веднаш се забележува паралелата со македонското правосудство денес. Претпоставувам дека во Прага на пресвртот од 19 во 20 век не било поинаку. Аналогијата е дури може и да се каже предвидлива, (не)функционирањето на државната апаратура, процесите и целата организација, бирократијата, апсурдността и губењето време и секако неправдината. Кафка бил доктор на науки по право и покрај литературните трудови имал напишано и значајни дела од областта на правото. Има тука премногу детали за анализа, ако почнам не ми стигаат многу страни.
Истиот проблем се забележува во Замок и повторно истиот иницијал К. но сега без име. Во Замок ситуацијата е бетер отколку во Процес. Геометарот К. неговата функција која е дефинирана колку што не е дефинирана. Маткањето од човек до човек, од шалтер до шалтер, враќање, одење пак на истото место, аферите, мештаните и интерконекцијата. Машинеријата која ја опишува Кафка функционира баш поради тоа што не функционира и обратното. Жигосани луѓе гледани со презир, безизлезноста и оттуѓувањето. Како да се излезе од лавиронтот. Светот на Кафка е во човечката психа. А во светот на човечката психа не владеат законите на природата, каде застанува реалноста, а каде започнуваат нашите синапси? Цел еден живот, кариера, работа, љубов и општество доловени преку двата романа Процес и Замок.
Америка е малце поразлична. Америка е романот кој јас лично би го препорачал на Кафка почетник. Тука и се гледа прогресијата на најважните дела на Кафка. Америка е најреалистичниот па Процес па Замок. Во Америка има најави за она што не чека после но само во фрагменти. Девијации помали сретнав на неколку места но и тие не се толку недалеку од реалността. Едниот е рагворот со ложачот на почетокот на дејствието, друг пат кога Росман ќе се изгуби ноќтаниз ходниците и коридорите на викендицата кај пријателот на чичко му, кога двете спротиставени политички партии ќе имат митинг и ќе се судрат пред комплексот згради и во театарот Оклахома каде што секој наоѓа работа без разлика на неспособността и секако платформата на која играат луѓе маскирани како анѓели. Јас за жал Америка ја оставив за крај.
Расказите се исто така занимливи и добри за почетници. Во култната Преобразба, Грегор Самса, трговски патник со едвај време за себе се буди со веќе скоро завршена трансформација во инсект. Тука започнува голготата. Интересно е како љубовта, барем онаа фамилијарната, најсветата е ограничена и се руши за преку ден. Кога се претвораш во инсект си товар на семејството и општеството, постепено на 80-тина страници од beloved член на семејството се преобразуваш во омразен створ, и тоа до тој стадиум што сите ја бараат твојата смрт за да може се да биде убаво и нормално како порано. Така и завршува книгата, непосредно после самоубиството на инсектот Грегор, двете сестри, таткото и мајката задоволно се шетаат. Едната ќерка е веќе за мажење и следат поубави ветришта. Намерно Кафка на овој начин го завршува романот, без воопшто да се спомне Грегор. Ти, твојот живот, твоето дејствување е кап кише у океану. Ако и не по твоја вина станеш непожелен за сите па и најблиските, ти не вредиш ништо. Кој знае низ какви катаклизми проаѓал Кафка со својот преавторитативен татко. Поголемата иронијаа го стигнала 2 години подоцна кога е дијагностициран со туберкулоза.
Во колонијата на казнетите се опишани 2 работи. Описот на машината за казнување и историјатот на колонијата. Некои луѓе не се менуваат. Остануваат слепи поданоци на системот и свесно одбираат да пропаднат заедно со него. До толку е моќен Стокхолмскиот синдром што еден систем на општествено уредување го наметнува на поданиците.
Изградбата на кинескиот ѕид збори за големата и малата слика на синџирот на команда и хиерархија. Како може да е цврст кога е толку лабав и колку таа хиерархија виси во воздух и постои само бидејќи ние мислиме дека постои, дури и имагинарните концепти стануваат реални кога мнозинството верува во нив.
Селскиот лекар, Уметникот во гладување, и многу, многу други. За Процес има неколку филмувани верзии, меѓутоа еден е Орсон Велс, мајсторот за вакви тематики на кога треба да се претстави надералното, мрачното, лудилото.
За Замок има две филмувани верзии. Од 68-ма, за оние што знаат германски
ова е 1/6 другите делови лесно ќе ги најдете.
Оној на Ханеке од 97-ма не можам да го најдам.
Стивен Содерберг и Лем Добс направиле фантастичен автобиографски филм за Кафка, во негов стил секако, со Џереми Ајронс во брилијанта улога на Кафка. Начинот како успеале филмот да го направат толку добар е за сите почести. Како Кафка да се родил пак во форма на режисер за да ги режира сопствените дела.
Уште еднаш имам пишувано за Кафка подолго, тука
http://forum.kajgana.com/threads/Што-читате-во-моментов-со-краток-коментар.1297/page-232#post-5182596
да не го копирам повторно тој пост.
Сеуште мој омилен писател, сеуште никој не ме раздрмал толку како Франц Кафка.