- Член од
- 7 ноември 2011
- Мислења
- 431
- Поени од реакции
- 934
Нема да пишувам биографија на авторот, целта на темата е да се развива слободна дискусија околу творештвото на писателот, а право на учество имаат сите кои имаат прочитано барем едно дело . Модераторите ќе можат да менуваат писатели од различни жанрови, за да бидат во можност сите учесници на овој подфорум да бидат вклучени.
Што е она што го прави толку голем автор Достоевски? Според мене, тоа е човекот кој најдлабоко продрел во анатомијата на човековата психа, доловувајќи ги екстремностите на кои луѓето се способни, од највозвишени идеали преку силни психолошки тортури до целосен распад на моралот. Достоевски ни го даде идеалот на како што сам се изразил - прекрасниот, позитивен човек - преку ликот на кнезот Мишкин и Аљоша Карамазов, но и најхаризматичниот анти-јунак Ставрогин, но и ликот на врвниот манипулант Верховенски и оној на суровиот рационалист Иван Карамазов и... цела група други ликови од различни општествени слоеви, различни карактери и внатрешни борби. Со право Ниче рекол за Достоевски дека е психологот од кој најмногу научил, бидејќи ако ги земеме основните поставки на психологијата дека човекот го формираат 3 клучни фактори - наследството, средината и самоактивноста, токму Достоевски успеа да ни долови различни комбинации од овие фактори, што значи неговото творештво е повеќе од книжевно дело, тоа е применета психологија. Затоа, во тој свет на препредени или наивни аристократи и слуги, побожни јуродиви и атеисти, опсесивни идеалисти и цврсти конформисти, злосторници и страдалници, всушност е меѓу ретките автори кој успеал да допре до сите читатели, надминувајќи ги временските рамки, територијалните и културни варирања, идеолошките, религиозни и други превирања.
Можам слободно да речам и дека ,,послабо,, оценетите дела на Достоевски се подобри од грандиозните дела на други автори. Така на пример, во Понижени и повредени, сцената на синхронизираната смрт на старецот и Азорка мене ми беше крајно потресна, а во ова дело веќе има зачеток на формирање на ликови кои ќе кулминираат во подоцнежните негови дела по своите карактеристики. Ниче плачел кога го читал ова дело, а Оскар Вајлд изјавил дека не му се дало заслуженото значење. Или Записи од подземјето, која е навидум мала книга, а е предвесник на цел правец во кој ќе тргне литературата понатаму.
Сепак, најмаестралното дело на Достоевски, и воопшто во светската литература е - Браќата Кармазови. Иако во средината на дејството е таткоубиството и нарацијата е повеќе од успешна, иако имаме до совршенство извајани ликови, значењето на самата книга е што е можеби мисловно-најпровоцирачката книга во историјата на литературата, преку Легендата на големиот инквизитор, преку дијалогот на Иван и Аљоша Карамазови, преку старецот Зосима.
Дали го делите моето воодушевување кон Достоевски и образложете зошто не? Кои ви се омилените книги и ликови?
Известување од модератор:
Авторите ќе се менуваат на секои две недели. Предлози за следни „автори на тапет“ кај мене на профил или во порака.
1. Фјодор М. Достоевски
2. Франц Кафка
3. Едгар Алан По
4. Венко Андоновски
5. Џорџ Орвел
6. Милан Кундера