Писатели, јавете се! :)

Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
15

Додека се симнуваше од комбето, Елена беше намрштена како две планини на кои штотуку им беше одземено правото на живот. Во нејзината душа гореше Скопски вулкан и од нејзината страст кон Номчета ни чад не беше останал. Вереничкиот прстенна Номче одлучи да почека со заврзана муцка во левиот излитен џеб. За прв пат во неговите очи не светна заљубената насмевка која и припаѓаше само нејзе. Од дождот мозокот му се разводна и му се стори каша- попара. Се обидуваше Номче на секој начин да ги исконтролира страстите кои јуришаа низ неговите жили и го напаѓаа небранетото срце, се обидуваше да ги задуши, да ги врзи во себеси со цврсти синџири да легнат и да се скордебсат во занданите на човечкото подземје. Тргна кон нејзе да ја прегрне со слаб и млитав чекор. Како некоја маѓија да му ги имаше врзано нозете, целото тело се противеше, не сакаше да заврши во таа лажна прегратка. Срцето по n ти пат го издаде. Иташе тоа будалче како експресен воз кон крајната дестинација. Најсигурно се чувствуваше кога нејзините слаби и ковчести раце го прегрнуваа.
-Конечно стигна љубимаја! Твоето пристигнување ми се виде како вечност проследена со уште една вечност. Ми недостигаше од првото до последното крвно зрнце.
Не му одговори ништо, му се насмевна и цврсто го прегрна.
И понатаму до ден денешен таа не престана да ги прегрнува сите нејзини потенцијални добитници. Во нејзината прегратка секое машко се губеше како во милионски град, а на нејзините слатки лаги им немаше крај, беа речиси како вселената.
Со Номче се договорија да ги посетат а воедно и да ги разубават изворите со нивното присуство таа ноќ. Планот А се претвори во план Б! Стратегијата беше иста , требаше да се клекне на колено и да се побара нејзината рака.
Се надеваше Номче во романтичноста на изворите, дека во нив е резервниот клуч, дека тие се оние кои ќе успеат да ја отклучат компликуваната брава, дека вечноста стои и чека да биде прегрната. Ќе ја стисне, ќе ја припие близу до себе а после тоа ќе клекне на колено и ќе ја побара да му биде жена.
Со ехото брак што му ги параше ушите а му ги разгоруваше страстите тој се раздели од нејзе. Ја испрати до нејзината куќа и ја бакна на чело како што таткото си ја бакнува однапред испишаната судбина на неговата ќерка со песната "Черешна се од корен корнеше".
Сандре и Веска беа безгласни ноти во петолинието на Елена. Не мислеа тие луѓе со сопствените мозоци за да не мора да бидат изненадени од сопствената мисла. Ниедно повишување на гласот немаше да ги натера нив да се однесуваат поинаку кон својата ќерка, миленица, момичето на Ангеличини. Елена беше тиранот, деспотот, таа беше диригентот а Сандре и Веска ги исполнуваа нумерите. Понекогаш кога ќе фатеа некоја нота во лет сета таа филхармонија делуваше фалш и Елена мораше да измислува нов аранжман за нумерата на Ангеличини да добие барем трето место од публика.

16

Таа ноќ ѕвездите во изворите се нишаа, пливаа на површината, водата не можеше да ги однесе исто како што не можеше да ја однесе љубовта што ја чувствуваше Номче кон неговата љубимаја. Цврсто ја држеше за рака, како да се плашеше дека во секој миг може да дојде некој и да ја одведе некаде далеку. Ја погали по косичката и го искара едното влакно што и стрчеше во крупните кафеави очи. Влакното се засрами и му дозволи да биде наместено таму каде што припаѓаше, веднаш позади нејзиното уво. Го измазни убаво со галење а тоа кротко си заспа во колевката на нејзината разбушавеност. Го припи нејзиното тело до сенката на сите свои копнежи, клекна на колено како некој витез кој го чека огненото крштевање и ја побара нејзината слаба и ковчеста рака:
-Биди ми сопруга Елена Ангеличина, во добро и во лошо додека смртта не не раздели! Сакам да ти ја подарам мојата слобода, мојата љубов, верност, мојата насмевка која единствено не беше имуна на твојата убавина. Не мораш веднаш да ми одговориш, само не вели не!
Телото и се склешти во истиот миг, мозокот изреагира како што може да изреагира само Швабски мозок, веднаш ја подигна рачната сопирачка и ги отвори воздушните перничиња. Си помина прекрасно со Скопскиот фраер а Номче бараше нешто кое не можеше да го добие, барем тој Швабски мозок на тој начин размислуваше. Му вети на фраерот дека повторно ќе се видат кога ќе се врати во Скопје, а сега уште оваа просидба и фалеше.
-Стани мој храбар витезу! Си ги извилка фармерките. Знаеш дека јас те сакам и дека бескрајно многу ми значи овој гест од твоја страна, но исто така знаеш дека ние двајцата сме на факс и дека некој таму не испратил за да го завршиме. Сепак, јас убаво ќе размислам околу твојот предлог, ти ветувам, тоа е најмалку што можам да го сторам во оваа ситуација. Не сакам да донесувам избрзани одлуки, а ти тоа многу добро го знаеш.
Номче се скрши, таа не се кршеше! Гласот негов стивна како клепка спуштена врз мртва зеница. Дури и изворите можеа да го слушнат липањето на неговото срце. Навјасаа облаци и ѕвездите конечно се удавија во длабочините на реката, ќе чекаат некој друг Номче за повторно да бидат сценографисти. Светлоста од месечината се лизна на еден камен и си ги скрши сите ребра. Ѓаволот задоволно се смешкаше а дедо боже во знак на револт испрати една молња во вид на стрела која се закопа длабоко во срцето на една жална врба. Врбата повеќе не беше жална, стоеше расцепена по средината и ги чекаше дрварите да ја докрајчат.

17

Ноќва ќе пиеме сите заедно во чест на Номче. Високо накренете ги чашите додека не ја натераме последната капка да се заљуби во нашите пијани усни. Ќе ја побараме и ќе ја пронајдеме вистината во чашата, се разбира неразумно, ќе се обидеме да не фрламе латентни клетви, ќе го оставиме срцето да се исплаче а потоа ќе го закопаме во гробницата на љубовта.
Го грабна Номче другарот коњак за вратот и му нареди да го излечи од срамниот чин на одбивањето. Образите му се заруменија, испуштија жешка аловина која ги воскресна последните два комарци фатени во пајаковата мрежаво десниот горен агол од неговата соба. Судбината му го заврза најжешкиот шамар од кој неговите образи ја осетија камата на болот. Срцето се обидуваше да се рестартира, не дека тоа срце не пумпаше доволно крв за да ги нахрани сите гладни усти, пиромански сакаше да ги пеплоса сите емоции поврзани со неговата љубимаја. Во овој момент да го испратевте Номчета на психоанализа, најверојатно и Фројд би се збунил. Би држел само предавања кои би се врткале околу едно исто нешто и најверојатно на крајот би ви биле потребни 120 мм хаубици за да се расоните. Кој му го наглави овој јарем на Номчета? Судбината? Срцето кое секогаш простуваше? Мозокот ? Сонот кој беше го сонил во кој неговата љубимаја беше во бела мини тоалета со цвет во нејзината златна коса? Како и да е...коњакот зборуваше а на пајакот му свиреа цревата и знам од сигурни извори дека едниот комарец заврши сплескан на ѕидот а другиот мораше суицидно да заврши во стомакот на пајакот.
Сите ѕвезди од изворите беа се преселиле во Номчевите очи и блештеа, фрлаа искри на кои неговите зеници не беа имуни. Проклети ѕвезди! Во нив немаше ни малку добрина, ги колеа сите негови идеали и ги фрлаа во дупката на делириумот. Го повика Номче минатото да сведочи. Ги голташе спомените од нај убавите поминати мигови со Елена. Скиташе неговиот мозок од сцена на сцена без суфлер. Многупати го вадеа на бис духовите преминати од другата страна на гробот и му го вадеа десното око како би прогледал барем со левото. На крајот од секоја сцена, срцето на Номче завршуваше слепо на двете очи. Очите му се топеа во леарницата на белките и масовното производство на сребрени оловни солзи ги над фрлаше сите норми.
После долга борба, на ноќта и се искинаа парталите сошиени од ѕвезди и месечина. Беше гола пред утрото и со брзи чекори одлучи да се сокрие позади параванот.
Сонцето се проѕевна , икна неколку пати и откако погоди кој го надумал фати гале-гале да си го пие утринското кафе. Тргна неколку дима од цигарите на ранобудниците и си продолжи да му ја вади реумата на Стрико Максим од старечките коски.
Сандре си го гореше срамот со топлена ракија откако дозна од Елена дека не го прифатила предлогот на Номчета.
-Тато знаеш јас дека сум на факултет, морам да ги оправдам вложените средства во мене, нели ти си тој кој што ми рече дека по секоја цена морам да го завршам факултетот. Зарем сакаш твојата ќерка единица да заврши кај Спасевци во пондила! Страв ми е на улица кога ќе се сретнам очи во очи со добитокот на Спасевци а камоли јас да им бидам измеќарка. Ти изгледам ли јас на момиче кое би се задоволило со таков живот!?
Секогаш кога нешто ќе и требаше на Елена само ќе му трепнеше два три пати со крупните кафеави очички на Сандрета и тој остануваше нем.
-Прави како што мислиш дека е најдобро за тебе, ние со мајка ти ќе ја поддржиме секоја твоја одлука.
-Да знаеш само каков фраер сум фатила татичко. Има џип од 30 000Е, полн е пари, ќе ве куртулам од јаремот на сиромаштијата. Не ќе морате повеќе ништо да работите. Ќе имаме пари и за лековите на мама, а и ти не ќе мора повеќе да се измачуваш по нивјето за да ми испраќаш пари за моите студии. За да бидам слободна да мислам, морам да имам пари, колку повеќе толку подобро.
Збогум сиромаштијо! збогум Номче, збогум трошна општино, збогум љубов, јас сум создадена за многу повисоки цели.
Висока става, високи потпетици, долга коса, краток ум. Швабите ја испратиле во погрешна држава. Во оваа држава имаше проклето многу цркви и светци, проклето многу интелектуалци, проклето многу богати оженети фраери и се разбира проклето многу гејши. Во оваа држава место за да се биде ѓаволова ќерка немаше! Анархијата секојдневно се газеше на пешачки, сите авангардисти беа распнати на камениот мост за пример.
Оваа земја претставуваше центарот на светот а дедо Боже не беше расположен да се раздава со срцето на планетата. Секогаш кога ќе ја погледнеше Елена знаеше да каже: " убава девојка жими крвта на Богородица" ќе ја натерам по секоја цена да почне да верува! Ќе ја оставам да лета со крилјата што и ги подари ѓаволот на попуст, ќе ја оставам да пусти да уништува, нека оди по ивицата на огнот, нека нејзината утроба ја параат огновите на страста, нека ги лижат сите нејзините блудни бедра, нека го заковаат нејзиниот мозок со златни шајки, нека верува во валканоста на нејзините чаршафи, нека се прободува на секој колец кој дрска златници. Летај, летај мое мило чедо!
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
18


Денес од пет часот и пеесет и пет минути па се до осумнаесет часот алкохолните промили ми ја пцуеја мајката. Жилите се бесеа без последна порака, џелатите куцаа на левата нога од артритисот во нивните закржлавени зглобови. Празната линија од бесконечно многу нули имаше ископано подлабоки ровови од Охридското Езеро. Сите пастрмки лежеа на дното и се ладеа со празни муабети за рибарите. Знаев дека само виното може да ја истера вистината од моите мозочни ќелии, се смешкаше проклетото уште додека зрееше, ми намигна со десното око додека поминував покрај Тиквешијата.
Сакав да ви раскажувам за Добриот, Лошиот и Грдиот арно ама пустото не знам да лажам, затоа ќе ви раскажувам за убавиот, поубавиот и најубавиот. Ма сите тројца беа убави. Ебати писателот шо не знае да лаже!
Сер беше највисок, Жарко беше најбогат, Александар беше најширок во рамениците. Жарко ја имаше најубавата, Александар највредната, Сер најбесната. Сто камшици не ја скротуваа таа бесна ждребица, дури и стопанот од време навреме ја чувствуваше силата на нејзините копита.
Сер и Жарко знаеја да свират на гитара, Александар свиреше на сите мајсторски инструменти. Сер не го знаеше бројот на прочитаните книги, Жарко не го знаеше бројот на преброените пари, Александар...? Александар не знаеше од која работа повеќе го болат рамениците.
Сер беше менса типче со потенцијал во политичките води, Жарко беше кумот на недвижнините, Александар беше војник.
Сер пишуваше најубава поезија, Александар се обидуваше да го стигне а Жарко за обата мислеше дека коњакот им го испил умот. "Им летнала бате чавката со се конец " Не живееше тој Жарко за да му се восхитуваат, не живееше во минатото, уште помалку сакаше да биде дел од некоја виртуелна иднина во која неговото име ќе биде споменувано. Живееше во сегашноста, ја имаше цврсто зграпчено за вратот и не ја пушташе да мрдне. Од време навреме знаеше и да ја протреси како би ја расонил.
Сер, навистина беше мил и разбран дечко. Пишуваше проклето добра поезија за да не му оди алкохолот на голо. Дефинитивно тоа беше јагнето божјо и нe постоеше алкохол што можеше да го промени тоа. Денот кога влезе бесната ждребица во неговиот живот беше и денот на неговата осуда. Ѓаволот се смешкаше, а Сер мразеше карикатури! По ѓаволите, тој требаше да заврши со ќерката на пратеничката! Не знаеше да скротува бесни кобили! Секогаш уздата ја држеше од погрешната страна за да не му падне цигарата од уста и коњакот од рака. Тој беше тоа што беше. Јас го нарекував интелектуалец, Жаре го нарекуваше образовано педерче.
Во еден од моите налудничави соништа Фројд ми избега од на маса, Сер не уби со муабетите, Жаре го плати цехот, а јас и намигнав на келнерката. Изутрината знам дека станав влажен во гаќите, имаше некоја бела течност слична на поликолор. Ме заебала таа курва и во сонот, сигурно сум и го офарбал целиот стан за шлукање од квадрат.
Многу настани имаше, не знам кој побрзо да го ставам на пол позиција. Веројатно треба да почнам од почеток. Ете ме и мене како полека се движам по тротоарот и како го слушам кршењето на рбетите на есенските листови, зошто се започна во една доцна есен. Ветровите шибаа и ги носеа мирисите на бесните кучки за парење, дождовите ги миеја улиците, олуците се радуваа, една девојка свршуваше а јас бев меланхоличен. Две омажени девојки се обидуваа да не ме сакаат а проклето многу ме посакуваа, им го читав тоа од насмевките на моите глупости што ги траскав, а и едно врапче секогаш ги кодошеше дека се влажни помеѓу бедрата, да се разбереме, знаев од време на време да бидам и романтичен. Едната ме именуваше со Алек, а другата секогаш беше нервозна, за неа бев Александаре со многу извичници. Нивниот глас секогаш успеваше да го скроти чудовиштето во мене. И обете имаа ќерки а знаеја или претчувствуваа дека јас знам да правам само синови. Никогаш во тој љубовен три –четириаголник никој не успеа да ја дознае вистината. А вистината беше едноставна. Јас не бев создаден за да уништувам.


19


Да не бидам погрешно разбран јас не ги допрев омажените девојки, така да нивните сопрузи можат мирно да спијат знаејќи го фактот дека биле изневерувани единствено во мислите.
Патувањата на релацијата Битола – Охрид почнуваа секој нареден ден да ми се гледаат се подолги и поболни. Ми ги вадеше автобусот камењата од бубрезите и низ моите болни искри во очите ги сееше по патот. Камчињата ден денес можете да ги пронајдете расфрлани некаде на Буково, има и знак, одрон на патот!
Немаше WC во смрдениот автобус! Едно време бев решен да дупнам дупка назад кај свирачите и да пуштам црево за oлеснување. Брзо се откажав од таа идеја зошто премногу често ги менуваа автобусите. Велат мало куре мочка не држи е мене изгледа мала ми беше само бешиката.
На работното место бев максимално посветен иако за тоа ама баш на никого не му дремеше. Бев универзален војник и таа моја универзалност ја користеа максимално цедејќи ми ги коските, од административец па се до ѓубреџија. Не знаев или не сакав да научам како да се сопнувам на праговите од канцелариите. Кога ќе се спомне поимот војник, најверојатно првата асоцијација е пушка и толку. Во законот пишува дека војникот треба да ја изврши секоја наредба од претпоставениот подофицер или офицер доколку тоа не претставува кривично дело. Значи можеа да ми наредат и да им го испушам! Цела среќа што имав расипани заби. На последните физички проверки таа 2010 година направив 70 склекови, 70 стомачни и истрчав 3,2 км за 14:30. Со оглед на тоа дека ближев 32 години овие резултати не беа ни малку лоши.
Успешно ги совладував искушенијата наречени војнички двојни остри кривини. Бев примерен, секогаш фаќав само по една. Се обидував во слободното време да пишувам, не ме биваше. Среќа во несреќа е тоа што бев максимално ангажиран со преминот на возилата од летна во зимска експлоатација така да многу малку време ми остануваше за неуспешни обиди во областа во која се чувствував како странец во ноќта.
Ако не ме биваше, се наметнува прашањето зошто професорката која ми предаваше по македонски јазик во средно ме вадеше на табла да ги читам составите? Сигурно имала некое добро претчувство таа Весна.
Како и да е зимата се наближуваше со брзи чекори. Студениот воздух секое утро ми го параше грлото а јас морав да го зашивам со по некоја чашка лутица. За колената немаше лек, беа како стари прирубници на фичо, не се знаеше кога и каде ќе откажат. Потрошеноста на останатите делови беше во границите на нормалата.
Ја мразев зимата од првата до последната снегулка! Можев да ја намирисам уште оддалеку, ги слушав нејзините чекори како крцкаат по снегот..., ма толку беше покварена што и дедо Боже го имаше грабнато за рака и го влечкаше со сите негови празници.
Јас бев човекот заљубен во сите бои на сонцето, а на само дваесетина километри западно од Охридската касарна имаше едно момиче заљубено во штурата палета на зимата. Да ти се плукнам во ретро боите што беа способни да создаваат само мртвило!
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
20


Елена се сретна со Скопскиот фраер уште два пати. После тоа, тој го смена бројот на мобилниот. Во меѓувреме, Номче се ожени со првата девојка која му се испречи пред неговиот полов орган. Вереничкиот прстен сепак заврши на нечија женска рака. Сите од фамилијата Спасевци беа пресреќни. Снаата беше погодена, шо би се рекло препогодена. Наутро му вареше кафе на свекорот и му топлеше ракија, после тоа заминуваше во пондилата и ја ранеше стоката. Откако ќе завршеше со тие обврски му правеше кафе и доручек на Номчета и кинисуваше да го расони. Често знаеше и да ја заклучи вратата од спалната, да облечи нешто сексуљаво на себе и да му врши физичко кондицирање на сопругот. Си ги тераше невестата обврските од прва до последна. Сите беа задоволни а и стоката им беше на број.
Елена остана заглавена во шалтање исто како и богатиот фраер кого беше го фатиле некои побогати и помоќни од него некаде на Водно како ги ебава нивните сопруги. X5 заврши во отпад а фраерот на ортопедија во Клинички. Оттогаш фраерот е најголемиот домаќин. Ги среди фамилијарните кошмари и сега заедно со неговата сопруга живеат розово.
Студентските денови беа предвидени за слушања на предавањата , а студентските ноќи за незаборавни журки. Швабскиот мозок ги преболи и Номче и фраерот во една единствена пијана ноќ. На журката имаше премногу пијани пендраци, а дефицит од женски тела. Сите дупки мораа да бидат истражени. Се пикаа јазовичарите во нејзиното тело брзо и непослушно, повторно и повторно, беше го откриле леглото на дивечот и по секоја цена се обидуваа да го истераат надвор пред нишанот на ловџиите. Бидејќи никој Швабски мозок не размислува суицидно сем оној на фирерот, нејзиниот мозок реши да кликне turn off. На телото му немаше помош, мускулите беа премногу млитави за да му заврзат шамар на реалноста. Гласните жици откриваа нови, повисоки децибели, нов правец: страсна и многу гласна акустика! Таа ноќ, умре Д – молот на Џорџе и сите балади завршија удавени на дното на Дунав. Ловџиите, како така го застрелаа дивечот и бидејќи не им се допадна крвта на белата кожинка, го оставија фрлен како партал за да го влечкаат волците.
Наредното утро мозокот се приклучи после safe modot и scanot за вируси. Крвта на бедрата сведочеше за лумперајот од минатата ноќ. Боже господе, тие бесни јазовичари и ја превртиле материцата од наопаку и не само тоа: Едното око и беше помодрено, а на другото, сенката и римелот беа измешани со исушени солзи и формираа болно виножито. Анусот се стегаше од болка и и го пцуеше племето курвинско, а на лицето и се шетаа голи исушени дечиња кои не успеале да бидат ништо повеќе сем сведоци на нејзиното ново стекнато искуство.

21

Студентските денови беа долги, се влечкаа како синџир на доживотна робија. Мислите на Елена и беа просто проширени а граматиката секогаш завршуваше трчајќи да се качи на двајстројката. Размислуваше за минатото колку да се речи и веруваше во светла иднина. Иднината е таа што ќе ја ослободи, доказ дека не вреди да се осврнуваш на минатото. Било па поминало! На следниот агол можеби ме чека глупавиот богат принц, кој ќе ме промени во бело.
-Ќе му скројам и нему лудачка кошула, ќе му ги соберам паричките и ауфидерзен!
Би сакал да го запознам нејзиниот создавател и да му стиснам рака, не за нешто друго, можеби ќе ми раскажи за тоа, како успеал да создаде човек без емоции, момиче кое турка од денес за денес, момиче кое не се осврнува да го види холокаустот што го остава зад себе.
Да не должиме многу, не мислам да пишувам книга од 500 страни, ем вас ќе ви се здосади, ем мене ќе ми се уморат прстите.
За бог да не ме казни, морам да ви раскажувам, ми излезе на сон и ми кажа " Раскажи ја Александаре вистината за момичево " не оти јас нешо посебно сакам, ме фатила ампата а СВ Петар ме чека ко кец на десетка да изблефирам!
Бидејќи не сакам да им противречам на боговите а башка шо им сум враце од роџења кога ме благословиле да живеам и кога дозволиле да ме попрска нивниот поданик со света вода, јас морам да го завршам, тоа што сум го започнал. Многумина ќе ме сметаат за кловн, други ќе мислат дека сум папучар, а јас можам само да ви кажам дека Тошо Малерот не ми е интерес нити дека делиме нешо од неговиот профит за сребрена папуча.
Палам цигара и дувам ко локомотива без здив, шетам од овде вака до онде нака шо би рекле Кичевчани а бог ми е сведок дека мразам гласни дијалекти и дека не можам да поднесам градови кај шо нема театар, арно ама то ти е ко не сакаш да бидеш измеќар на слепците кои мислат дека во еден живот треба да го достигнат максимумот.
Бучавата во мојот мозок не ми смета, создадена е како порачана за да ме тера да го извадам максимумот од моите петни жили и да го пуштам како километарскиот водопад во Венецуела да ви ги исплакни нерасонетите зеници. Ако мислите дека сум романтичен, читајте ме на свеќа, шо да ви речам ! Јас романтиката ја обесив одамна на мојот ѕид полн орнаменти и артефакти од омалаксани човечки раце.

Да не би да болко и од Дениција ќе направев светица на моите копнежи,

Петре ќе ме тераше на двобој а јас ќе му ги лижев вените.


22


Не знам точно како и кога успеа Елена да го заведе Сер, да го направи да го шепоти и во сонот нејзиното име, да чека на дрвените клупи покрај Дримот за да и дојде паметот. Знам дека само ја сакаше од првата до последната нејзина глупост. Заљубен беше и тој ко Номчета безрезервно, не мислејќи за последиците, ја држеше цврсто за рака а богами и за струкот. Се обидуваше на секој начин да направи будала од себе си за да и докаже колку многу ја сака. А ја сакаше, не знаеше ништо друго да прави освен да ја сака. Многу прашања му се врткаа низ неговиот менса мозок, to be or not be за него претставуваше мачјина кашлица, беше многу поголем од тоа прашање, беше Титан, беше фраерот по кого секоја девојка низ Битолата би си го шинала вратот. Ја имаше најпрекрасната девојка, ќерката на пратеничката, чупе Битолско со сите нишани од која се правеше домаќинка 7/24, зошто тоа чупе ги имаше потребните зачини за да скрчка манџата, а сепак на некој чудесен начин неговиот мозок успеа да ја трампа за Елена.
Пак се поставува прашањето, што беше тоа што сите не тераше да бидеме слугата Јернеј на коленото на Швабската машинерија? Со што и со кое дело таа заслужила да биде толку возвишена над останатите? Што имаше таа, а другите го немаа?
Мирисаше на љубов помеѓу две сродни души, навидум...Сродни беа единствено во тоа што и на двајцата им прекипуваше мозокот од интелегенција. IQ на Сер беше значително подобро од она нејзиното, но затоа Елена го имаше потребното искуство за манипулација, за избегнување на деликатни состојби, влијанија, на надворешни и внатрешни фактори, на контрола до каде и кога треба да се повлечат црвените линии. Ги користеше сите адути кои и беа на располагање а Сер секогаш последната партија успеваше да ја шитни.
И бидејќи сфативме кој го имаше последниот збор, партијата не изгледаше ни малку розово. Сер полека но сигурно зачекоруваше во непознато. Колената се подлабоко му пропаѓаја во матните води, а таму вриеше од пирани, го чекаа неговото бело мевце да го изглодат до последната коска.
Ќе ме прашате што е тоа што го правеше Сер да биде посебен, да се истакнува пред останатите?
Прекрасен беше, навистина, во него и маж би се заљубил. Ги имаше најубавите образи за штипење ко оние на Едо мајка и става на Џорџ Клуни. Никаде не излегуваше ко некој палтуш или навјанат во некои стари тренерки. До на бакал да одеше мораше да биде дотеран. Бермуди во лето не носеше бидејќи се плашеше да не му настинат мадињата, или се плашеше да не го осудат неговиот изглед критичарите на Широк Сокак. Како и да е Сер беше премногу совршен а дупло појќе наивен за да можи да се справи со каприците на една Ѓаволова ќерка.
Шо се добива кога ќе вкрстите јагне и лисица?? Бучкуруш, шо можи да се добие!!?? На едниот му е страв а другиот не е доволно голем за да можи да го изглода до последното ковче.
И кога ќе тргнеш по паметот на лисицата, ќе се најдеш во ситуација да бидеш штрк и како се обидуваш да сркаш супа од епрувета.
Да ја потсетам само лисицата дека не е на највисокото скалило на синџирот за исхрана. И нејзе од време на време знае да ја закачи некоја ампа и да ја направи да биде топло крзно за вратот на некоја богаташка.
Многу ми е криво за тоа дете, се упропасти по патишта не за кои не беше достоен да ги гази, тој беше и се уште е нешто повисоко и поголемо од нас, можеме само да го гледаме кај шо ни мафка од пантеонот. Сепак тој ја немаше силата за да се справи со чудовиштетото наречено Елена. Беше побратим на наивноста и за неговите коски единствената срж која постоеше беше онаа на неговата љубимаја. Сер беше уште подобар од Номче, во него не само Македонските доајени на творештвото, туку и светските големци имаа смешано прсти. Сигурно татко му пропатувал на времето по светот и успеал да собери некоја Француска или Руска промаја која му влегла ко чивија вкоски и нормално тоа генетски го пренел на својот син. Сер беше менса тип, верувале вие или не. Кога тој не успеал да и го најди крајот на Швабскава машинерија, не знам зошо другите воопшто сме се замарале, не дека ние сакавме да му ја земеме, едноставно тој не знаеше како да си го чува најмилото, најскапоценото, единственото нешто кое му го тераше срцето секојдневно да раѓа нови и нови насмевки.
Не бе пиле, ти не ја чуваше, не дека таа беше нашата барбика и дека ние и велевме лаку ноч моја мала барбико. За да му кажеш на некоја такво нешто треба да ти дозволи, нели? За да и кажеш на било која дека ти значи нешто треба да и мрдне и нејзе опашката. Знаеш зошто и мрдаше опашката на твојата лисица Сер? Знаеш ли? Јас ќе ти кажам ако не знаеш! Момичето сака да носи на себе скапи брендови, да провоцира, да заведува, нејзе тоа и е од роџења, си ја продала душата на ѓаволот и толку нема шо појќе муабет да се прај. Нашата Елена не знае да сака, таа е народна, сечија, зениците и светкаат кога ќе види евра, јга тоа е вистината. Јас и ти копуци, браќа на сиромаштијата не можеме да ја купиме и со целата љубов на светот да ја собереме и сите срца братски да ги здружиме да чукаат само за нејзе, да го повикуваат нејзиното име на секој откуцај, таа нема да не сака. За нејзе по порачка песната Кеш Кеш од Адријана Ацеска, не знам друго шо да ти речам. Момичето растено е во сиромаштија па сака богато да се омажи, таа е принцеза- курва која ужива целиот ден да го помине пред огледало. Како сон неопходна е, како барање воздух на белите дробови, ко слика убајна да ја бакнуваш, да не убиеше нас двајцата немаше ни да сетиме, срцата ни ги украде и сега живееме од денес за денес и во утрето ја бараме за да ни зарасне раната.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
23


Ниедна сторија не може да биде повистинита од онаа што ја пишувам јас моментално за Елена, лагата може да ми се измери помножена со нула. Не сум по природа лажго а умот уште добро ме држи ко за 34 годишен. Ненормален сум, само кога некој се обидува да му направи нешто на син ми! Тогаш можам да исклучам, паѓа склопката и збогум памети.
Се прашувате како успеав да стигнам до точката од која нема враќање, извинете, тоа е тајна на занаетот. Не можи секој да стои пред стрелачки вод без да му трепнат клепките и без да се помоча во гаштите. Лук јал, лук не мирисал! Во маката се познаваат јунаците а во болката поетите и писателите или барем оние кои сонуваат дека можат нешто да напишат а да не бидат плукани всурат до каде ќе бидат сретнати. Нема помилувања во оваа глупава професија или хоби, излегуваш на сцена со насмевка поширока од две обиколувања на земјината топка и тоа пеш и веруваш во она што си го напишал. Нашите мозоци функционираат лесно како галеби и пловат по небесната шир дур не ги застрела некоја будала критичарска право во слепоочница. Бидејќи критичарите не ми се соседи, нити нешо по крв, ќе ги оставам да блеат како јагниња за сува цицка, а јас ќе си терам онаму кај шо ми чкртнале наречниците, или кај што некоја девојка успеала да ме натера да цапам вблато и од него по пат на сепарација да го издвојам златото. Како и да е љубовта кон пишувањето ми ја всади некој друг или ме натера да го извадам најдоброто од себе си. Како успеала да го прочита тоа во мене стварно не знам!? Можеби девојката имала добро претчувство. Битно ми ја шибна чивијата и сега морам да раскажувам, посилно е од мене, како некоја дрога од која ти се шират зениците па ти се стеснуваат и пак ти се шират. Чудни проекции на ликови, неколку прсти и гола вистина. Ги симнувам од на закачалка и им ги облекувам капутите.
Деновите се будеа откако ќе го слушнеа ритамот на исток како се буди и го повикуваа сонцето да го осветли нашиот дел од земјината полутопка. Заедно со нив се будеа и мечтите на Елена. Ќе си се напиеја по едно кафенце заедно од сабајле и ќе и се пикнеа во постела за да и дојде нешто на сон на лепотицата, некој знак кој само таа ќе може да го протумачи заедно со чичко Фројд ко асистент. И ги скокоткаше сончко секое утро крупните очни капаци а тие безобразни беа како мрзеливи Црногорци, упорно одбиваа да ни го подарат богатството сокриено во нејзините зеници. Мораше секогаш да биде наспана после долгите ноќи во кои беше другарка со астрологијата а мазохист со телото. Свилените колена се трошеа секоја вечер безмилосно а чашките и беа потечени како кошаркарски топки желни за нова асистенција. Одбираше фраери со исклучиво длабоки џебови: револуционери, диктатори, идеалисти, дегустатори на нејзината крв. Нејзината појава зрачеше со свежина на планински воздух а телото молеше да биде причината за блудничење во секој машки мозок. Кога конечно ќе ги отвореше ролетните некаде кон пладне, се будеше и целата планета за да можи да го слави постоењето на универзумот. Нејзините зеници беа како две кротки јагниња кои чекаа пред касапницата на волците. Во нејзините очи се гледаше настанокот на светот, на огнот и водата, на земјата и небото истовремено. Во нејзе се заљубувавте ко мало дете во излог полн со играчки, во нејзе остававте дел кој никогаш нема да ви се врати. Потонувавте во нејзините навидум кротки погледи а срцето ви се закотвуваше веднаш до нејзиното за да може да го слуша ритамот на вселената. Кога бевте покрај нејзе не ви требаа ѕвезди за исполнување на желбите, таа ви беше и првата и последната желба, со нејзе би заминале на Марс за да основате колонија.
Сите се радуваа на нејзиното постоење како да беа програмирани или приморани да и се восхитуваат. Изгледаше како тегла со најубаво слатко во која морате да ги пикнете прстите и да ги излижите овалните линии.

24

Работните денови се нижеа ко листови на тутунска игла, се ближеше и времето за откупот на маката на старата година. Новата стигна помеѓу замижувањето од 31 до расонувањето на 1.
Знам дека за дочекот на 2011 година славев со друштво кое беше далеку од моите стандарди а сепак на некој начин верував дека се многу подобри од мене. Луѓето едноставно знаеја што сакаат. Само мене никаде не ме собираше место, ко да седев на трња, ко да имав мало црвено ѓаволче на рамото кое секогаш ама баш секогаш успеваше да го нокаутира ангелот во првата рунда. Многу работи ми се плеткаа низ мозокот. Пред се, тоа беа мисли кои на секој начин се обидуваа да си ја пронајдат слободата. Не дека бев Црн Мост апсана, едноставно се чувствував како да сум во домашен притвор. Никогаш не го ставив под знак прашалник домаќинлукот и верноста на мојата сопруга, никогаш! За малото прсте не можеа да и се фатат. Готвеше толку многу убави јадења шо секогаш со последниот залак ја миев чинијата. Да не заборавам, секогаш кога ќе се вратев од на работа ме чекаа ракијата и салатата пред јадење. Беше чистопатна, никогаш на работа не ме испраќаше не пеглан или не пран.
Ќе ми извршеше смотра и потоа ќе ме испратеше. Таа жена не престана во ниеден момент да ме сака, знаеше понекогаш тоа да биде мечкина љубов, но ретко ги употребуваше канџите. Заедно пораснавме, шо се вели со сопругата, арно ама бог реши да ни го одземе правото да бидеме родители, или пак некој се понашаше премногу ноншалантно на таа тема.
Дечињата ме обожаваа, им бев омилениот јунак, ме гледаа со светки во очињата, знаев како да им ги разбудам и како да им ги исполнам нивните мечти. А ете бог во придружба со мојата сопруга ме казнуваа на овој или оној начин, мислејќи дека ќе можам да го совладам искушението наречено челад. И бидејќи желбата за поколение беше многу посилна од било која друга желба, полека но сигурно јас почнував да дишам од забранетиот воздух. Се обидував на секој начин да го из контролирам неговиот проток, да го направам да биде умен, да седи кротко во публика, но злото кружеше како некој лешинар. Имаше намирисано мрша и чекаше да ја растргни.

25

Се започна на блог.мк, место на кое можевте да се искажете на овој или на оној начин, место каде што не мораше да ве бива во ниедна сфера, арно ама, како да бевте морално обврзани да напишете нешто и да го објавите. Некои го сфаќаа како поле за културен натпревар помеѓу мозоците, јас го сфаќав како место за убивање на време за да не мораш да гледаш Турски серии. Кога се обидувам да резимирам како и кога успеав да ја предизвикам Елена за да си ја проба среќата со мене ми иди да си шибнам клоца. Набљудуваше од страна и го чекаше најпогодниот момент за да нападне ко бела ајкула. Јас не и бев првата жртва а дефинитивно не и последната. Јас бев наивко кој слепо му веруваше на срцето, дека нема такви луѓе кои се обидуваат да си поиграат со туѓите чувства. Како и на другите блогови што коментирав, така коментирав и на нејзиниот и на блогот на Сер. И обајцата пишуваа навистина прекрасно и секој мој коментар им беше од срце даден без никаков обид да им се наштети. Отсекогаш тоа што сум го мислел сум го кажувал без влакна на јазикот.
Понудата за пријателство да не ве лажам, не знам кој кон кого ја испрати прв, но изгледаше безопасно и сосема невино. Секогаш се почнува така, невино, пријателски. Секогаш и така треба да завршува, кога едниот е оженет а другиот верен нели? Во тоа време додека се обидувавме да се запознаеме со Елена или подобро да кажам додека се обидуваше Елена да ја измери дистанцата до мојата интима која Btw јас јавно ја презентирав, се поставува прашањето што е тоа што ја натера јас да бидам нејзината нова жртва? Дали таа навистина беше миленичето на ѓаволот или доблесната девојка која се обидуваше да спаси нечии туѓи тажни судбини? Професијата и беше таква да мора да ги сослушува сите со нивните приказни, како да беше контејнер во кој што сите го фрлаа ѓубрето. Претпочиташе очигледно оженети и омажени кои беа желни да и се иповедаат а таа сакаше да ги спаси од нивниот јарем. Дали ние бевме виновниците шо успевавме да се затрескаме во нашиот психолог или пак нешто друго се криеше позади сцена? Секој психолог доколку си ја работи работата професионално, тогаш би требало да знае до каде е неговата црвена линија. Ги сослушуваш, им даваш совет и ариведерчи. За секоја нивна понатамошна одлука не се замараш, уште помалку се обидуваш со нив да бидеш пријател или нешто повеќе од пријател. Значи за да ја заебат работата секогаш треба да има двајца. Некој да даде повод а другиот да се обиде да го искористи тој повод како знае и умее. Значи мене ми беше даден повод за да верувам дека помеѓу нас може да има нешто повеќе од пријателство. Си ги разменивме броевите од мобилните во порака на facebook и се обидувавме да собереме храброст за да се слушнеме. Два дена јас не успеав да соберам храброст да и се јавам на девојката за која знаев многу малку. Знаев како изгледа од нејзините слики на facebook иморам да признам дека изгледаше некако поинаку од сите девојки кои претходно сум ги видел, имаше нешто кое ме тераше повторно и повторно да го отворам нејзиниот профил.
Третиот ден таа ми се јави. Немав нешто посебно работа тој ден, така да го имав целото време на светот за да можам да разговарам.
-Ало... ззззнаееееш ли кој е овде?
-Знам, Елена...се чувствувам глупаво, јас не успеав два дена да соберам храброст за да ти се јавам, а ете ти го скрши мразот
-Ккккако си?
И толку, паднав на првиот тест, таа дткаше а јас се прашував како сум успеал да завршам да разговарам со нејзе. Ја молев да престани да се срами зошто не разговара со премиерот, дека јас сум само нај обичен човек од крв и месо, дека не сум ништо посебно за да биде премногу возбудена. Звучев самоуверено во тој разговор, не можеше ништо да ме разниша а мислам дека имав и фрлено две чаши ракија пред јадење со медицинска салата. Таа до крајот на разговорот не престана да дтка, а јас не престанав да ја воодушевувам се повеќе и повеќе. Си ветивме дека ќе се слушнеме и наредниот ден, веднаш штом пристигнам на работа.
Откако затворивме на телефон, првата мисла што ми пројде низ глава ко млазен авион беше таа дека: Елена е убава но дека дтка. Не ме осудувајте веднаш, јас немам ништо против никого и не осудувам никого за неговите маани, физички, психички или лингвистички недостатоци.
Наредниот ден и се јавив уште рано рано, се плашев да не ми избега возот за Прибилци. Како можело така си велев, момичето да не ме чуе, да се секира, па да дтка уште повеќе кога ќе ме чуе. Дткањето уште на второто наше слушање го снема. Делуваше самоуверено, максимално опуштено. Тој ден разговаравме, како да се знаеме целиот наш живот. Единствено правевме пауза кога Сер или мојата сопруга ќе заѕвонеа. Ги откачувавме по брза постапка за да можеме повторно да си гугаме ко гулапчиња. Гулабицата гугаше толку многу заљубено шо мене ме тераше да мислам само на едно нешто: Како да и се качам на грбот и како да спретам со крилјата. Сите знаеја дека по два дена ќе бидам дежурен, знаеше и таа. И кажав во порака дека излегувам кон 17 часот до продавница за да си купам нешто за поткаснување и ако сака можеме да се сретнеме. Таа не мислеше дека треба да се сретнеме, дека се уште е премногу рано за такво нешто, кога ќе чукне часот, кога ќе дојде денот ќе се сретнеме. Не очекував тој ден дека ќе ја видам, излегов до продавница како и секогаш претходно за да си земам нешто за јадење а сепак потајно се надевав дека од некоја страна ќе излезе Елена, дека ќе можам да си ги исплакнам очите со нејзината убавина. Чекорев цврсто, војнички, дождот штотуку беше престанал, а јас се обидував да ги избегнам вирчињата. На некои 50 метри пред да ја преминам улицата за да си влезам кај шо ми беше местото, здогледав три девојки како доаѓаат кон мене. Го забавив чекорот за да можам подобро да ги измеркам. Погледот веднаш ми се стаписа во девојката со шеширчето на глава. Ми се пристори дека тоа може да биде Елена, срцето нели потајно ми се надеваше дека ќе ја сретнам...
-Не, не е можно да е таа.
Ја завртив главата и ја преминав улицата. Како ѓаолот да ме натера уште еднаш да се завртам пред да ја поминам капијата. Ја завртив главата и погледите ни се сретнаа. Беше толку многу проклето романтично, поромантично и од Казабланка. Очекуваше да и довикнам, да ја отргнам од пријателките, да ја земам цврсто во прегратка и да и кажам дека никогаш нема да се разделам од неа, а јас слепец единственото нешто што успеав да го направам, беше тоа да и подарам една искрена и заљубена насмевка. Влегувајќи во павиљонот се прашував дали беше таа, да не сум му подарил заљубена насмевка на некое друго момиче? Не ми се веруваше, беше темно, не делеа 20 метри, а срцето икаше од среќа. Проклето да е, проклето! Уште тогаш ми избега проклетото од градите и замина да го следи нејзиниот совршен чекор. Не можеше да зборува на мобилен пред пријателките , а сепак поминала покрај касарната со надеж дека ќе ме сретне мене. И види чудо, ме сретна. Боговите ни го испратија искушението, та мене, та нејзе. Ни мрцнаа опашките, а овие брзо брзо да не останат покусо сакаа да дознаат од каков материјал сме направени.
Само што се раздели од пријателките ми се јави на телефон.

-Кажи ми дека беше ти, да не му се насмевнав на некој друг војник па да мисли која е оваа глупача.
-Да јас бев, и јас сакав да ти го поставам истото прашање. Додека влегував во павиљонот заљубени пеперутки ми леткаа околу срцето. Како нешто да ми кажуваше дека тоа беше ти.
-Романтично беше нели?
-Беше прекрасно, не можам да престанам да мислам на тоа
-Очекував дека ќе ми викнеш
- Не бев сигурен дека тоа си ти, темно беше
- Ме зафркаваа пријателките; - Си го виде војникот Елена?? Убав, убав, шубо му седи униформата, ме тераа да се вратам и да те побарам
-Јас не ти викнав, ти не успеа да собереш храброст и да се вратиш, а сепак беше прекрасно, романтично, ако некогаш бидеме заедно ќе имаме што да им раскажуваме на нашите деца. Не можат сите да се пофалат со таква прва средба.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Мал update прво :D - Веројатно со стрип идејата нема да се случи ништо, бидејќи од студиото му опнаа проект, за кој добива пари, и нормално дека со тоа ќе се зафати него ли волонтерски да работи на некомплетирана и нелансирана приказна за рандом аматер писател од другата страна на Атлантикот. Малку ме отрезни искуството. Накалеми финансии прво, искористи ги грото за делото/делата па после со остатокот ангажирај сличен уметник да ти ја дотера стрип-style приказната за пари како дел од проект. Не се потпирај на искрени и "искрени" волонтери :D. Требаше да предвидам исход, ама најчесто отпосле ја учам лекцијата :).


Направив прогрес со "Death in Blue". Размислувам нејзиниот лик да го лупнам и во друг серијал, бидејќи ќе има низа интересни твистови, со тоа што го имам на ум. "Age of Rain" си доби уште една финална мистерија која ќе се развива низ последните 3 поглавја и се надевам, ќе ја заокружи приказната. Чим тоа се случи, ќе го доработувам делото додека не сметам дека е во доволно солидна форма да го презентирам во некоја агенција/издавачка куќа (надвор од МК секако). Ако крајот на летово како што планирав во посета на Америка, ќе се распрашам и ќе разгледам што и како (имаат доста избор таму кога се работи за ова). Било какво вредно инфо ќе го постирам овде јавно за сите останати автори доколку се интересираат за пазарот и деталите за издавање книги во странство, особено запад.


Денес ќе пуштам две парчиња од дела на кои работев минатиот месец. Им треба доста доработка, но онака сакам да ги пуштам грубите записи вака во етер дур се се уште "свежи". Двете се дел од серијалот "Pantheon". Првото делче е мало (намерно), од второто поглавје на приказна наречена "Moonbite":


______________________________________________________________________________________
Фрисо стоеше на работ на еден голем кањон. Тој го слушна гласот повторно, оној што го слушаше низ целото свое патешествие до сега. Но, сега ... гласот беше погласен, скоро се чинеше како да содржи некој степен на реалност повеќе овојпат. Наскоро, неговото чувство на познатост, поврзано со присеќавање на патувањето досега, беше прекинато , бидејќи гласот сега почна да расте се погласен и погласен и Фрисо сфати дека всушност доаѓа од некаде во далечината, отколку нешто што тој го доживувал само во неговата глава, како што мислеше претходно. Чудниот глас стана повеќе груб и рапав, со длабок тон, заканувачки, застрашувачки ... Се чинеа познати некои од зборовите. Магични рецитали ... Не се чувствуваше добро околу тоа.

Гласот звучеше заканувачки и претходно, но овој пат тој знаеше дека нешто не е во ред. Гласот одеднаш запре. За момент ништо не се случи. Ништо забележително барем. Како што почна да пешачи повторно во далечината, каде што морето беше испружено, забележа формирање на темни облаци кои растеа се поголеми, и брзо се приближуваа на полуостровот. Се чинеа неприродни, облаците ... изгледаше како јасно обоеното небо да беше вода во сад и некој натопил црно мастило во него, на начинот на кој тие се движеа и растеа. Бурата содржана во нив го најави своето будење, од светлината -до звукот. Знаеше дека тој мораше да се сокрие , но каде? Дури ни дрво пред очи, а камоли нешто друго. Тогаш забележа нешто во облаците ... облик. Тело. Лице. Застрашувачко лице. Светкавиците ја обоија силуетата, оддавајќи го нејзиното присуство и движење во внатрешноста на кожурецот од ова црно мастило на невреме. Лицето беше загледано во право во него, "тоа" знаеше дека тој беше таму, веројатно дури и ако тој имаше каде да се скрие.

Како сенка од кошмар, дадена очи да гледа, и насмевка, уво до уво , грозна насмевка, да го прогонува умот на очевидецот, дури и ако некој ги затвори очите. Сметаше дека тоа му е единствен излез. Ако се преправа дека е илузија, дека секој момен ќе престане, и дека ќе се разбуди. Но кога Фрисо ги отвори очите, тој беше опкружен со темнина , црно мастило заситувајќи го воздухот околу него , извртувајќи се додека имаше само црно маса околу него. Тој погледна нагоре, и на негов хорор, демонското лице се спушти надолу со грмотевична брзина , подготвено да го проголта со својата уста ...
_____________________________________________________________________________________



Мало делче затоа што остатокот е многу полош, а не сум нешто самоуверен ни за ова. Другата приказна е наречена "Heart of the Raven", исто дел од "Pantheon" серијалот, извадоков е дел од второто поглавје :



_____________________________________________________________________________________

Кралството се мобилизираше. Нивните трупи беа пуштени надвор, во борбени формации, топови беа подготвувани, катапултите опремувани, бродови веќе запловени на море. Нема време за трошење, само брзина. Ова не е обичен непријател со кој се соочуваат. Бесмртно битие од неверојатна натприродна моќ. Беше ли бог? Сантинијанците секако тоа го тврдеа. Тие го обожуваа од страв, не од љубов и восхит. Ова донесе дополнителна загриженост на војниците како што се натрупуваа во борбени формации надвор од портите. Но тие се едни од најдобрите и најголемите борбени флоти во познатиот свет, колку навистина треба да се плашат? Порој од правоаголни форми ги пополнува зелените полиња надвор, марширајќи накај плажите од заливот. Имаше густа бела облачна покривка на планините што лежеа на исток од морето што беше присутно кај заливот. Почнаа да се движат ... Открија дупка во нив прикажувајќи сјајна светлина скриена внатре, која растеше во интензитет и сјај. Од тој конус од магла светлината згрме накај утврдените места, удри во водата близу плажите каде немаше војници. Толку јак гром што го преполови морето на пола во таа зона. Кратко росење резултираше врз насобраната војска, им ги испрска лицата кои беа полни со очај и страв. Капките од морето останаа незабележливи покрај тие капки пот кои веќе ги имаа на челото кондензирани во дел од секунда од тоа што се случи.

Како и неговата војска, и кралот Фабијан беше исплашен. Ова беше казна поради извршениот масовен геноцид на цела една популација. Сантинијанците ги нема веќе. Истребени поради навреда која му ја упатија, засновена исклучиво на културолошки разлики. Но нема да го покаже својот страв, не пред масата со војводите присутна позади него.

- "Тоа е се што имаш!? Дали тоа е распонот на твојата сила, о Семоќнику!? Длабоко сум засрамен што треба да признаам, дека тие дивјаците ми пружија подобра борба него ли ти сега!"

Светлината ги обви и остатокот од облаците и почна да свети посјајно, згрме пак, разгранет гром во повеќе насоки, еден удирајќи во морето, еден во пристаништето, и последниот удри во левата кула на кралските порти. Буквално уништи се што допре. Голем дел луѓе што беа во близина на громовите умреа на место. Ова само го заискри екстремниот страв веќе присутен кај војниците, најголемиот дел од нив избезумени што случува и како би преживеале. Кралот исто како и нив, иако е внатре а тие надвор. Ако ја немаше таа контрола врз своето држење која што ја има, и да беше надвор каде што се сместени трупите, сигурно ќе си ги уништеше кралските панталони на многу срамен начин. Извикува уште еднаш:

-"Доста лагодно е да се бориш како бестелесна аномалија на природата, без свој трон кој требаш да го заштитуваш, или да ја осетиш тежината од истиот на своите рамења, без свое тело кое треба да го одржуваш! Како го судиш материјалното и телесното преку чисто духовни и нематеријални средства!? Те предизвикувам да се изедначи бојното поле! Симни се од небото кукавицо, и бори се како што вистински воини се борат, со срце од камен и метал!"

Советниците на Фабијан се обидоа да му ја затворат устата на кралот, но неуспешно, зборовите беа изречени, штетата веќе направена. Војводите после изјавата ја напуштаат просторијата од страв. Ако ова беше поради нив и стравот, создавајќи компликации при владеењето, ова беше претерано. После искажаното, светлината прекинува да сјае и облаците се повлекуваат позади планините. А бродовите се уште пловат во таа насока, и се повеќе и повеќе трупи излегуваат од кралските порти. Но сега се е тивко, облаците се скроз повлечени, и дури и сонце грее повторно. Ветриштата сведени на провеви. Сите трупи се сега надвор, како и сите бродови. Фабијан седи на својот кралски балкон, збунет. Еден од неговите советници му се приближи: "Ваше височество?" Фабијан ја подига раката, како гест советникот да молчи.

- "Изгледа дека понекогаш и збор е доволен да избрка Бог" рече Фабијан, со една мала и блага, но несигурна насмевка на лицето. "А зборот на еден Крал, поготово Крал на долговечната лоза на луѓе, тој збор секако ќе оди уште подалеку. Сакам ова да биде испишано во книги како славен историски настан од клучно значење за Кралството. Сакам денов да се памети како преродба на Долговечните, ден кога Кралството почнало да живее конечно, ослободено од тиранијата на Боговите. Каков ден, моите војници буквално само се прошетаа низ ливадиве горе, како да се работи за вежба, не војна", рече Фабијан, доста гордо и помпезно. Неговите советници знаеја дека е арогантен, таков е откога му служат, а му служат од најрани години. Овој настан се чинеше дека само додаде масло на тој веќе распламтен оган во него кој му ја расцветува ароганцијата само повеќе. Нареди тронот да му се донесе на балконот. Сакаше да ужива во денот дур трае, пропратен со чаша од најдоброто вино во Кралството. Но уживањето се чини не траеше долго .... Наскоро откако седна на тронот и проба од виното дур уживал во погледот, забележа нешто во далечината. Темна точка, која излезе од позади малите облаци кои се упте беа присутни околу источните планини. Во таа насока беше каде Беол се појави како неприродна бура која фрла грмотевици како стрели. Повторно е вознемирен. Нешто му пролази од под 'рбетот и се крена нагоре по телото. Морници. Но такви какви не искусил до сега. Стана приближувајќи се до работ на балконот. Ги виде трупите како некако се брануваат и повлекуваат по полека, а ги чу и тие околу него како гласно почнуваат да го искажуваат стравот, како што некоја лебдечка монструозност се приближуваше се поблизу и поблизу. Беше колосална, со груби рабови, се чинеше цврста. Фабијан ја отвори устата како што формата се приближи, тоа е енормната статуа на Сантинијанскиот храм, посветен на обожувањето на богот Беол! Таа на кои тие плукнаа, откако го покосија населението преку масакри. Одеднаш, длабок морничав машки глас одекна низ целиот залив:

- "Ти го уништи едно од моите најверни кралства, поради мала, незначајна навреда која свештеник ти ја упати поради твоето детско, надмено и непочитувачко однесување. И се што планирав беше невремиња и бури, серија грмотевици и неколку високи бранови со надеж дека ќе пронајдеш свест длабоко закопана негде во твојот смрден череп ако сум упорен. Свеста требаше да ти укаже дека смртник не може така да постапува со сопственоста на еден Бог, нити со самиот Бог, на тој начин на кој ти постапи, без тоа да има последици. Продолжи со тоа што ме предизвика да се борам на еднакви услови, ако веќе сакам да ја извршам мојата казна. Иако е навреда, ја земав в предвид, па се повлеков, со планови да алармирам една од преостанатите цивилизации кои ме обожуваат, да создадат бестрашна војска која ќе го пороби твоето кралство каде ќе бидам обожуван и од вас, како робови. Тоа, бидејќи сум милозлив Бог, и таков кој простува. Потоа упати уште една директна навреда кон мене, таква каква немам чуено до сега искажана д смртник. Одлучив дека ќе направам се така како што ми рече. Погледни ја тежината на мојот трон смртнику!"

Статуата одеднаш престана да лебди и падна во морето со полна брзина. Падна во источните води едвај проголтувајќи третина од неа, бидејќи Беол е седнат на трон. Огромни бранови налик цунами со голема брзина дојдоа накај флотата од бродови на Фабијан, ги потопија под водата или фрлија во вис како хартиени бродчиња. Толку големи бранови се создадоа што ја поминаа утврдената зона и го поплавија предниот дел од Кралството што гледа накај морето. Овој пат "дождот" од ударот на гигантските бранови го осети и Фабијан, му го ороси балконот, а и неговото чело исто така. Чашата вино што ја држеше до сега конечно падна и се распрасна на подот, боејќо го црвен, симболично. Се осеќаше срушен, скоро целата флота му ја немаше веќе. Најмоќната флота во познатиот свет а отидена со еден удар. А падот скрши делови од статуата како корупки од каде се проѕираше златна метална боја, на делови прошарана со темно зелена. Нозете и основата на тронот се урнаа при падот и од скршениците излегоа четири пипци како на пајак издигајќи го Беол над површината на водата. Гласот повторно одекна:

- "За таа навреда, јас, Беол, ќе ве избришам сите од историјата. Сите вас. Една нација е онолку добра и вредна, колку и нејзините лидери. Не го заслужувате долговечниот животен век кој ви го подари друго божество, па затоа јас ќе си го земам со мене." Додека Беол ова го говори, корупката продолжува да се крши ... -"Погледнете смртници, погледнете како зборовите на вашиот Крал ме оживуваат! Погледнете го моето срце од камен и метал како почнува да чука!"

Рацете на статуетската појава се "се одлепија" од "тронот" и се чинеше како да бараа нешто позади, кај грбот. Скрши нешто од се уште скаменетиот дел, и го извади напред, некаков прачкаст инструмент, жезло, во левата, а во десната имаше боздоган, приближувајќи се до Кралството чекор по чекор. Фабијан нареди преживеаните да почнат да испалуваат накај Статуата со што се им е на располагање, пред да се повлече назад во ходниците на замокот. Некои од помалите бродови се обидоа со топови, ама Беол само ги шлапна со боздоганот како ништо. Се искористи секој дета од одбраната, утврдените места, топовите, катапултите и дури и металојадни бомби откриени од страна на алхемичарите од Кралството, кои направија незначителна до никаква оштета врз статуата. Со жезлото, одеднаш претворено во копје, Беол ја пружа раката напред и громови излетуваат од него удирајќи ги кулите, утврдените и незаштитените делови од Кралството. Пола од огромниот дворец беше пустош. Некои од неначнатите места беа окупирани од магови кои практикуваа борбена и одбрамбена магија која делуваше да го намали ефектот од молњите врз Кралството. Меѓу нив беше скриен и Фабијан со неколку војводи и советници, како неговиот последен бастион. Овој пат Беол настапува со другото оружје, боздоганот, кој ги порасна своите боцки со таа на подножјето зголемувајќи се скоро дупла во големина, и куглата откаќувајќи се од прачката закачена на синџир. Беол почна да врти со оружјето во кругови околу него пред да го пушти од страна да го покоси и тоа што остана од дворецот, како нож низ врел путер. Целото кралство беше срамнето со земја. За да издвои целосна одмазда, Беол го подигна своето копје во воздухот и испрати громови кои паднаа врз урнатините како дожд од енергија, уништувајќи било кои останати структури и преживеани. Ни една душа не беше поштедена. Статуата после се повлече во длабокиот океан, никој ја нема видено со илјадници години, нити имаат чуено за тој бог повторно. Се чини дека како со кралството, така и Беол исчезнал со него.
______________________________________________________________________________




Местото е наречено едноставно Кралството затоа што верувале или не се уште немам некое (за мене) кул име да му лупнам. Така да целиот дел со приказната се влече со "The Kingdom". А скратено е кај што е скратено затоа што продолжувам понатаму со друг лик кој треба да се надоврзе на приказнава опишана погоре, мислам олку е доволно за сега.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
26


Значи Елена не дозна тој ден дека јас сум војник, знаеше и од предходно а сепак нешто ја натера да помине покрај касарна со надеж дека ќе ме сретне мене. Можеби мислеше дека имам отепано 2-3 мисии и дека сум довлечкал една торба евра и дека не знам што да им правам на тие пари, дека не знам како и на што да ги потрошам. Како одминува времето се повеќе сум сигурен дека се беше еден навидум совршен план за тоа како, што и дали може да се грабне од мојот новчаник? Како и да е, Сер и неговиот менса мозок успеаја да и отворат на facebook профилот и да ги прочитаат пораките. Ми се јави господинот во 04 00 наутро со милијарда обвинувања како тоа јас сум бил тој, кој упропастува два брака. Очигледно немаше храброст да застане пред мене во јавност и да ми врзи две три воспитни, зошто мажите на тој начин ги решаваат препирките околу некоја девојка. Излегуваат на двобој без секунданти, ги вперуваат пиштолите еден кон друг и чекаат крв да падне! Чекаат да го слушнат глупавиот збор милост, од туѓите сопернички усни. Грешки колку ти душа сака, обвинувања, закани, и сето тоа заради девојка, која ни самата не знаеше што сака? Или можеби знаеше? а ние бевме доволно наивни за да не сфатиме?? После неговото јавување почна пеколот, јас се пронајдов во првиот а сер во деветтиот круг на Данте. Елена глумеше колатерална штета и се обидуваше на секој начин да се оправда.
-Ми се јави сега дека тргнува за Скопје, се плашам, не знам што да му одговорам, не знам што ќе ми направи, звучеше бесно на телефон...
-Кажи му ја вистината! Дека помеѓу нас нема ништо, дека ние сме пријатели и дека можеби малку сме се опуштиле во разговорите, дека се немаме сретнато и дека не сум те допрел, дека си погрешила и дека нема да ти се повтори, обвини ме мене!
Како така Сер ја проголта приказната, духовите се смирија, а срцето ме колнеше зошто не сум успеал да ја разделам од него. Веројатно ме погоди муабетот дека јас сум тој што растура два брака, дека јас сум ништожникот, слепецот на кого му се допаднала туѓа и недостапна девојка. Во тие моменти како да преминував од цврста во течна состојба. Нервите беа на работ, а јас упорно одбивав да земам нешто за смирување. Веднаш по неговото пристигнување во Скопје, ако воопшто тоа било пристигнување во Скопје, можеби било пристигнувањето во трошната општина, како и да е, телефонот ми заѕвони.
-Молам...
-Александар !?
- Да
- Еве ти ја барбиката сака да те слушне
- Шо е Елена работата, зарем не му објасни дека помеѓу нас нема ништо или не ти верува? Кажи му ја вистината, дека не сум те допрел!
- Не ми верува...
-Дај ми го на телефон!
-Слушам...
-Ја немам допрено, помеѓу нас нема ништо, можеби ќе имаше ако ти не ни ги фатеше пораките, тоа е вистината и ако сакаш можам да те гледам во очи додека ти го кажувам ова, не се сите доблесни како мене да ја зборуваат вистината. Можев да кажам и дека сум ја ебел, дополнително да ти се качи притисокот, но, не знам да лажам
Врската се прекина, а јас не знаев што се случило понатаму. Верував дека ќе ја средат работата, дека ќе изнајдат заеднички јазик да си простат, за тоа што им се случило. Си велев, нека ме обвинуваат мене, можеби навистина јас сум дежурниот виновник во ситуацијава.
Поминаа два дена после дешавките а јас продолжив со својот хипер-медиокритетски живот. Работев тој ден некоја амалска работа во касарната Стив Наумов на која одамна и беше предвидена злата судбина, да заврши како статистика и ништо повеќе. Ги товаревме последните знаци на живот, а таа беше кутрата меланхолична и носталгична. Бараше војнички чизми да и ја истресат прашината на нејзината одамна распукана писта. Одамна беше, кога за последен пат ја слушнала војничката труба и подигнувањето на Македонското знаме високо на јарболот.
Телефонот пак заѕвони...
-Мило, како си? Не можев да издржам а да не те слушнам
-Работиме еве низ касарна, ги јачаме мускулите
Повторно таа прва ми се јави, шо да речам, момичето не можеше без мене, без мојот глас, не знам шо си замислуваше кој сум и шо сум, битно е дека јас товарев каучи и останат инвентар низ касарната. Знаеше по ѓаволите дека сум војник, не дека јас го криев тоа. Веројатно сакала да види како тоа се однесуваат војниците, дали има срце воопшто под таа униформа и дали тоа срце може да го соблече панцирот пред една лепотица. Како- така успеаја да ги средат односите со Сер а таа по два дена пак мене ме бараше. Полека но сигурно муабетот водеше таму каде што застанавме...Таа ме обвинуваше зошто сум и рекол да се смират со Сер во разговорот кој се водеше додека неговото менса величество требаше да пристигне и дека тој бил моментот кога требало да расчистат еднаш засекогаш а јас сум ја натерал да направи нешто кое таа не сакала да го направи, а тоа е да се смири со нејзиниот свршеник.
-Сега беше моментот, а ти што направи миличок, ме натера да се смирам со него
-Згрешив...Стрелај ме, тешко ми беше кога ме обвини Сер дека јас сум оној кој растура два брака, ме болеше. Верувај ми не сакав да ви го упропастам животот, не сакав ни мојата сопруга да ја повредам. Се смиривте ли како што треба, ти прости ли??
-Да! Ми прости, но некако чувствувам дека го болат пораките, не ми се верува дека преку ноќ може да заборави, сега во неговите очи јас сум неверната свршеница
-Обиди се тогаш да бидеш верна, заборави ме мене, пробај да си продолжиш со животот
-Ако го зборува тоа твоето срце, тогаш ќе се обидам
-Што има врска што зборува моето срце?
-Има, зошто моето чука само за тебе
И пак успеа да ми врзи песји јазол околу мозокот, срцето, интимата, околу се она што претставуваше бастион кој јас го градев со децении а таа успеваше да го сруши во неколку секунди.
После тој разговор ние не престанавме да се слушаме деноноќно во наредните седум-осум месеци. Таа ми викаше мило, јас и викав најмило. За најмилото решив дека треба да си ја ставам судбината на коцка. Верував дека нема сила што ќе ме спречи да не завршам со таа девојка...

27


Кое ѓубре сум јас, најверојатно треба да горам во пеколот облечен во лесно запалива ткаенина. Сопругата ја напуштив на величетврток, ме молеше, ме преколнуваше да не одам. Јас бев тргнат по умот на бумбарот. Срцето ми беше претворено во прекрасен отровен цвет со тиркизни бои а околу него ми леткаа заљубени пеперутки. Тоа беа истите оние пеперутки кои ми леткаа денот кога за прв пат ја сретнав Елена. Моите ме прифатија како така, а шо друго можеа да прават. Некој потајно верувал дека ќе се случи тоа. Ќе ви раскажам и за тоа како, кој и зошто си ги вадел очите на места кај шо не треба. Се со ред, да не прескокнуваме по многу. Додека мојата сопруга тагуваше, јас верував дека сум донел правилна одлука, сум го послушал гласот на срцето, а тоа не да беше глас, тоа беше нешто слично како повик од дивината. Урлаше срцето ко волк шо вие на полна месечина со рилка полна копнеж да заколи се што ќе му се испречи на патот до среќата. Најверојатно некој во меѓувреме растеше со мојата постапка, тргна уште една рецка во тефтерот на малоумниците кои безусловно беа подготвени да направат се, само за да добијат бројче во редот. Значи ако не успеавме јас и Сер да ја имаме со љубов, останатите јунаци нека се обидат со евра. Не мора да знаат да свират на гитара, не мора да знаат да пишуваат, after all можат да бидат и неписмени шо се тиче мени, нека имаат само кешарина, а јас не гарантирам дека и тоа ќе им помогне.
Разговаравме " само " по 12-13 часа во текот на денот. Имавме што да си кажеме, за да разговараш со некого по толку време на телефон, очигледно е дека треба да ти оди разговорот. Немаше ден во кој јас не ја преколнував да застани на здрави нозе и еднаш засекогаш да го реши настанатиот хаос. Се чувствував премногу глупаво додека живеев со фактот дека ние некого лажеме и си поигруваме со нечии животи. Зошто знаете, ако сте доблесни колку и да е тешко ја зборувате вистината или она што ви лежи на срце и сте подготвени да ги прифатите последиците.
Таа прекрасно лажеше а јас слепо и верував, можеби и не толку слепо, сепак, во ниеден момент не престанав да ја сакам и не престанав да верувам дека ние двајца ќе завршиме заедно.
Бидејќи таа е психолог, бев опсипан со милијарда прашања, прашања на кои требаше логиката да заигра а јас го немав читано нити Фројд, нити Аристотел. Значи требаше добро да се размисли пред нешто да се одговори. Грешките не беа дозволени, а јас се обидував на секој начин да ја импресионирам нејзината интелегенција. Да не заборавам дека зборовите мило и најмило ни беа како дрога потребна за да ни профункционираат мозоците, а поимот те сакам се изговараше бесконечно многу пати.
Во почетокот додека не се имавме сретнато шо се вели како шо треба да бидеме блиски еден до друг, да си ги почувствуваме мирисите на телата, на здивот, да се погледнеме очи в очи , јас не верував дека таа ме сака, едно е да го зборуваш тоа на телефон а друго е кога ќе ти се сретнат погледите.
Се случи и тоа сретнување . Глумеше верност и оданост кон Сер а го сереше на секој чекор. Влегуваше на постојка кај болницата во автобус некаде околу 16 и 10 и додека да стигнеше до Педагошка, сим картичката беше ставена во другиот телефон и нормално се вртеше мојот број.
Тој ден Сер ја испрати со дивите таксисти кои возеа на релација Битола-Охрид, а јас мислев дека решила подоцна да тргни бидејќи не ги видов како се испраќаат на постојка. Си се вратив дома ко испостран, змија да ме каснеше ќе се отруеше, не знаев кога ќе ја слушнам, не знаев што се случило. Мобилниот заѕвони кон 16 25:
-Мило, ...да знаеш дека тргнав
-Полудев од грижи, каде си моментално
-На излезот од Битола, кај Лук Оил бензиската, во диво такси
-Доаѓам да те видам, ќе ве стигнам
-Ти си луд
-Луд и заљубен и морам да те видам
Исклучив, набрзина ги наврев бермудите на мене, го најдов клучот од каначето, и со трчање стигнав до него. Најверојатно сакате сега да напишам дека не влегувал клучот во бравата, дека задната десна гума ми била пробушена, дека масло капело и направило вирче, али сори шо ќе ве разочарам. Имаа добри 20 минути предност, подобро возило, возач со огромна километража, башка човекот тежок бил на десната нога. Јас? Јас бев носен на крилјата на љубовта. Си пуштив гласна музика и по угорниците само шалтав ко луд а машината ми караше мамицата. До Ресен предноста им се стопи на 10 минути а успеав да ги стигнам некаде пред Косел. Кога сме кај Косел, на тетин ми му се правдав ко мал дека немам јас прднато додека одевме на капење а тој мртов ладен го затнуваше носот и чудно ме гледаше. Шегаџија е човекот, има дарба.
Се приближив до задниот дел од возилото на таксистот и така како некој чукнати си се гледавме со Елена, го пуштав воланот и правев срце со рацете, и испраќав бакнежи, правев слатки фаци, а бе децата од градинка се поразумни у пм.
Таксистот, лепотицата за мое големо изненадување не ја слезе Охрид, сакал да ја однесе до Струга, а таа широкоградо морала да прифати. И бидејќи не застанаа Охрид, си реков ај ќе скокнам до кај сестра ми и до кај зет ми. Го напрајв патот шо го напрајв, барем гости да си направам. Ми шибна љубовта клоца шо ми шибна, туку да не ми биди џабе офкањето.
-Кај те снема мило, не доаѓаш да се видиме? Ќе имаме половина час додека дојде комбето
Толку ми требаше, налево круг и си го исправив патот за Струга.
Елена ме чекаше кај црквата а јас паркирав кај болницата на некои 50 метри подалеку. Колената ми се тресеа како наближував . Косата и беше пуштена, носеше фустанче до над колена, штикла 12 сантими, у курац беше повисока на штикли од мене за половина глава. Се сокривме позади црквата и седнавме на бетонското оградче. Е сега мене ми беше редот да дткам, не знаев што да зборувам, предходно разговаравме со часови на телефон, а сега како да имав жешки кнедли во грлото. По ѓаволите, мораше одвреме навреме да ме потсетува лепотицата дека треба да дишам. Како така јас успеав да ја пребродам кризата а времето леташе. Се обидував да и прочитам во зениците дали ме сака, ми текна и на песната љубиш ли ме мамиш ли ме, ил со смен се подиграваш. Ме искара зошто сакав да и ја погалам косичката, ќе сум и ја растурел, абе страшна работа. Искористив погоден момент кога бевме премногу блиску за обид да ја залапам, ми се тргна. И додека се свестам комбето пристигна. Се прегрнавме цврсто, најцврсто на цел свет, не сакавме да се разделиме. Ми мафна за збогум и испари.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
28


Од Струга до Битола дури се враќав назад, разговаравме цело време на телефон. Јас ја обвинував дека не ме сака и дека само си игра со мене, а таа се правдаше дека не била подготвена за да ме бакне, као побајаги некако многу брзо и дошло тоа. Шо да ви расправам, јас мислев дека донекаде можеби тоа е добро, наивност, недостапност, не се подава лесно, значи не е од оние лесните девојки. Тешко ми мене на умот во тоа време шо си го имав или подобро да речам шо си го немав. Не сакала да го повреди Сер!? Будало една ти го повредуваше многу повеќе со тоа што го правеше постојано, со пораките, со слушањето, со постојаното изговарање те сакам, не можам да си го замислам животот без тебе...
Ај и да ja цитирам " Каде и да одам, со кого и да бидам, јас вечно ќе те сакам, ќе легнувам со мисла за тебе, ќе се будам со мисла за тебе".
-Што не спречува тогаш да бидеме заедно?
-Не можам да му го направам тоа, тоа би го убило
Лично, мислам дека момичево би го примиле во Драмски без аудиција.
Ради почитување кон Сер нема да раскажувам мрсни прикаски за тоа што се случувало каде и колку пати после таа наша средба кај црквата. Можам само да кажам дека таа ја знае големината, а јас знам колку е влажна нејзината пичка. На глупостите што ги правевме по автобусите и по дивите плажи им немаше крај, ја користевме и најмалата прилика за да се сретнеме. Не дека јас нешо се фалам а верувајте ми и нема нешто многу за фалење а уште помалку за гордеење. Сер во меѓувреме успеа како така да се врати во колосек после настаните во пролетта. Знаеше одвреме навреме да и префрли додека поминуваа покрај касарна " Оди побарај си го војникот – поет ". " Ќе завршиш со било кого, само не со него " Додуше мене овој муабет ми одговараше, зошто на некој кога му браните нешто, тој за инает побрзо ќе го направи. Во нејзината невиност почнав да се сомневам денот кога ме шеташе низ Струга по чикмаци бидејќи татко и понекогаш врвел по тие чикмаци кога не му била регистрирана колата. Се имаше претставено како момиче од богата фамилија, со куќи, коли, Татко дрматор во партија, со влијателни роднини, абе шо да ви расправам уште хелихоптер шо немаа дома. И бидејќи самата си се фати во мрежата од лаги, јас дојдов на идеа да почнам да ги снимам нашите разговори. Знаев дека кога тогаш ќе можам да ги искористам тие разговори, се разбира доколку ми притребаат како доказ пред Сер. Не ме интересираше за тоа од која фамилија е, уште помалку дали има или нема пари, дали живее во палата или во кошара, едноставно момичето ме правеше да се чувствувам среќен. Ќе ја прифатев со сите нејзини доблести и маани, само требаше да ми ја раскаже вистината, а многу добро знаеше колку многу јас ги мразам лажовите. Значи, колку и да беше мрачна вистината, нејзиното минато, глупостите кои ги правела, јас бев подготвен да и простам. Шо знам?... Можеби се исплашила од мојот одговор на прашањето:
-Што ќе ми направиш мило во случај јас и ти да бидеме заедно а те изневерам?
-Ќе ти пукам во двете колена, после тоа на швалерот ќе можеш само да му го испушиш
За сето ова време додека ние двајца се обидувавме да си бидеме се еден на друг, или подобро да кажам во времето додека јас докажав дека единственото нешто на кое мислам е лепотицата и дека нема сила што ќе ме спречи да не бидам со нејзе, таа упорно и тврдоглаво веруваше дека можат односите помеѓу нејзе и Сер да се средат на овој или оној начин.


29


За Сандре и Веска во тоа време јас знаев скоро ич, беа претставени во најдоброто светло, грижливи родители кои би ја обесиле за дундата ако разберат дека таа не сака да заврши пред матичар заедно со нејзиниот свршеник, дека и вршат разно разни притисоци по секоја цена да се омажи за оној кого таа го избрала. Си велев, паметни родители, така и треба. Не сме на пазар, па сега ќе се пазариме, не ги сакам овие јаболка дај ми од другите.
-Си го дала ќерко зборот и очекуваме дека ќе си достоиш на тој збор или главата на трупче.
Живеев со приказната на Елена дека нејзините родители ќе ја избркаат од дома во случај да разберат дека таа не сака да се омажи со Сер. Да ви кажам нај искрено воопшто не се замарав со тој податок. Мислев и да ја избркаат од дома јас ќе си ја земам, кога ќе им цвичне внук самите ќе дојдат и ќе не побараат, па макар тоа било и на крајот на светот. Еднаш претходно, успеав да докажам дека ништо не може да ме спречи да бидам со девојката која ја сакам, зошто да мислам дека не го можам тоа и по втор пат. Зошто, верувале вие или не, јас не сум од оние мажи кои на 30 и кусур години сеуште се врзани со папочната врвца за мајката. Значи семејството пред се и бракот, родители за родители, што си посеале тоа и ќе си жнеат. Во фамилијарната пирамида кај мене на највисокото место стои сопругата, па сите понатаму нека си го бараат местото. Демек, јас ако сум ја повредил и напуштил сопругата, битно таа да не го повредела Сер, е па пиленце не знам зошто си мислела дека јас ќе ја проголтам оваа попара, не знам зошто си мислела дека нема да дојде денот кога и јас ќе кажам " ќе завршиш со било кого, само не со него ". Борчлија на никој не му сум останал, не мислам ни тебе.
Јас се повеќе и повеќе запнував дека мора да се стави крај еднаш засекогаш на оваа лакрдија и дека не сум заслужил да бидам "извозен".
Пристигна и септември 2011 година, нервите ми висеа на работ, се шетаа по жица ко Чингељи Макс а публиката желно очекуваше да ми го види мозокот распрснат на асфалтот. Грото од публиката беше од помладата популација и факат, љубеле да гледаат трилери.
За да биде романтично- болно ко во новелите на Миријам се погрижи судбината. Да! Онаа истата судбина која не натера да се сретнеме за прв пат пред Охридската касарна.
Шо си мислевте гулабчиња, дека ќе ве оставам да бидете среќни??? Тоа беше само искушението на кое ви наседнавте. Убаво ви беше кога ви мрцнаа опавчињата, се смешкавте, едниот оженет а другата посвршена.
Е посвршената Елена не побегна ко Спаса, нејзе ја стигна вагинална болест. Јас и Сер наивковците верувавме дека таа ја добила болеста од стрес на работното место, добро де , не сме толку глупави само сме наивни! Битно таа беше болна, ние знаевме онолку колку што таа беше расположена да ни каже. -Од стрес ја добив болеста, од нервози, од вашите глупави закани. Доста ми е од се. Ако ме сакавте немаше да ми го правите ова. Јас сум болна, скапана болна, можеби никогаш нема да оздравам, зошто ви сум ваква? Можеби никогаш не ќе можам да бидам мајка, да ви родам дечиња, нели за тоа се живее, нели тоа ви беше најголемата желба, посебно тебе Александаре!?

30

И еве ме како се обидувам да ја продолжам приказната, не сакам ни вас да ве оставам само со чивија под пикната до пола, а не сакам ни самиот да се оставам како кукавица желна за уше едно кукнување. Нема повеќе кукање зошо ми е преку таквото. Доволна ми е сиромаштијата шо ме ебава на секој чекор, затоа ќе му го оставам кукањето на останатите 27% сиромаштија шо им ги спретува мозоците на Македонските пеливани наречени народна маса Републике Македоније. Нека се траштаат и за мене! Дојде и кобниот ден во некоја си рана сибирка ноемвриска квечерина. Ѕвездите си го ширеа газот по престилката на небото, месечината беше трудна од последната мена, ветерот беше стивнат( го видов беше вкафанче кај Тони Марката и држеше една од курвите за газот) а лепотицата и јас се збогувавме на телефон. Ехеееееее шо убај лаги ми изнакажа за време од 5-6 минути а јас сирот шо да прам и поверував а шо можев друго кога сум брат со наивноста и се обидувам да им верувам на сите. Алоооооооооо!!!!!!!!! Свестете се сите има премногу лажги шо се шетаат по улици за да си купат бунди за во зима! Уште лисица да отепав на лов и да и ја закачев да и виси на вратот, као демек малку беше убава па лисицата ќе ја разубавеше! Значи учете од моите грешки, затоа ја пишувам книгата! за да ве освестам, мене ме освести грешката, ме освести целибатот, ме освести и простатата, сите ме освестија, ме освести и љубовта на мојата сопруга која не тргна по лоши патишта, ме освести синот светост, ме освестија многу работи, го пишувам ова и пијам, да многу пијам, им се клањам на шишињата, еј шубо ми се смешка ракијата, испи ме до дното и ќе ти раскажам се, ќе патиш низ мојата пустина ко камила без вода, ќе пукниш и ќе напишеш! Ќе ти играм ко чигра низ утробата, ке ти ги палам цревата, ќе те викам милоооооооооо, напиши автобиографија за моето грозје. Ќе те уништам и повторно ќе те натерам да се родиш за да раскажуваш, да ми го воспеваш синџирот.
Алелуја за промилите!
Ех мори Ленке Еленке, ами шо останало скриено во едно прдешка место со пардон на Пиринот и на Егејот? Шо мислеше дека ќе преживееш да раскажуваш, јас ја имам таа моќ, јас дознав од шо сум направен, ти дозна ли? Дозна ли!!!!!! Чекај имам многу да раскажувам, како тоа после тебе бев лошо, ко пиев ко гладен смок кој ја тера фауната да му се напучи на флората за да цицни тро млеко. Кој е психологот а кој е жртвеното јагне на кои му ги олеснуваш маките пред колење? Јас имам на што да се гордеам, кај е твојата гордост? Животарат многу гејши, ескорт девојки, спонзоруши а јас ќе си земам за право сите да ги наречам модерни КУРВИ на нашето секојдневие!!! И би им манал еден голем like доколку го признаваат тоа, жими синот!!! Ти ја оплеска некаде во овој зачаран круг, ти ја заеба работата скроз на скроз, не успеа да дознаеш што си!
Времето си поминуваше, додуше мене ми се глеаше као милениумите да седнале да играат шах и ја заглавиле некаде во 79 потез, арно ама бидна и тоа некако се искичмија деновите дојде и новата година која успеав сам да си ја честитам уз пуно алкохол, мозокот ме ебаваше, тој ги тераше прстите да накренат нова чаша. Пиев бе ко скинато шо се вели ко дропка зависна од дробната црта ете така пиев, ко топчето во математичкото нишало шо си ги тепаше градите да се судри со брат му, ко чек поинт од неутралисана етапа која води до пеколот, без победник, ами само со колатерална штета причинета од ќивањето на еден од гледачите. До кај ме донесе тремолото во мојот глас и љубовта? Веројатно до раскрсницата која повикува да закочам на жолто на семафори и да шалтам во лер кај шо платната од очите на семафорите ми велат да не шетам сам под ѕвездите и да го барам равенството помеѓу љубовта и распетието. За кој пичке си материне го распнале, зарем не можел и понатаму да биде јагнето божје да блее над судбините наши и да не не фрла во гревови, или да биде учителот кој ќе не научи да не свршаваме по манекенките, лепотиците кои не знаат за ништо друго освен за мир во светот и војна во цревата, кои сакаат да ги каснат медењаците со толкава сласт ко шо би го каснале бандашот од некое фаррари. Да ти ибам спонзорушите во клипот и во радилицата шо им го врти мозокот на 15 000 обртаи!
Јас се разболев, во јануари 2012, болен бев од љубовната попара шо ми ја надроби Елени, онаа истата Елени шо му го спопика на Менелаја и на Ахила сосе мадиња, истата беше жими сите икони осветени, само шо беше реинкарнирана, во дупли грев. Јас се разболев а со бочвата пресушена сакавме нејќевме моравме да се разделиме, ракијата се обеси на сопствениот синџир од тагата шо беше ја навјасала за залапвањето со моето грло. Здраствената книшка морав да си ја побарам од сопругата, која btw знаела шо ми е , знаела дека не сум добар и дека ме очекувала. По ѓаволите, никогаш не прегазила на венчанието, светица која ме чекала да ми ги прости гревовите, знаела дека ќе дојде денот, всушност таа многу повеќе знаела зошто сум ќор на двете очи, знаела дека срцето ќе ме издаде и заедно со разумот ќе и отрчам впрегратка, знаела многу повеќе за Елени, знаела за сите планови и за стратегијата на една личност за да ме раздели од нејзе, знаела се и како да ме сочека вагол кај шо не ќе можам да се бранам, кај шо без гард ќе ги примам сите казнени удари за блискост со исцелувањето на гревовите, знаела и како да ме врати од погрешниот колосек кај шо требаше да се судрам со песната поздрави је поздрави, буквално се знаела, само го чекала вистинскиот момент за да ме прибери и да ме излекува. Алелуја на венчанието од Архиепископот, добро ја заврзал крпата дури ги изговарал зборовите, сега и секогаш и во век и векова амин! Ги памтам тие три круга и поклонувањето, памтам дека и нешто си прошепоти во главата, го слушнав и она: тоа што бог го составил никој да не го раздели, слушнав и детски плач, врисокот на мојот нероден син го слушнав во миговите додека ги слушав сите благослови а со другата рака ја придржував Бетчето да не ми припадне од возбудата. Страштана беше до немај каде, го зеде Аце бекрија и се подмочна од страв од фактот дека треба да го поднесува и во лошо и во арно. Арното одамна беше заминато и сега редот му дојде на лошото, кое таа успеа да го препроди, сполај си му. Ја направил од челични материјали со нераскинливи врски од сопругот. Е таа истата Елизабета кралицата на сите мои непослушности требаше да ме излекува, го знаеше лекот а воедно ја знаеше и причината за сите пиздарии шо ме тиштеа. Сега и требав само уште јас ко послушен пациент, да легнам и да ми ја шибни жекцијата од која ќе ми се ококорат очичките плави и низ нив ќе можи да се пушти кабел за премостување на оптеретениот осигурач кој везден паѓаше. И така беше, почнавме да се дружиме со сопругата да излегуваме на кафе и на по некоја пијачка до Камарите, ти се молам ...не пропуштавме театарска претстава а завршувавме некаде на стадион голи во кола. Правев и други екскурзии зошо очигледно, бев рековалесцент и се ми беше дозволено. Во Камарите една вечер ни се сретнаа погледите со Сер кој брзо- брзо отрча да и се јави на Елени ( Ете го војникот накарши мене се пијанчи и шармира девојки, ги фаќа за колено и слични ствари, овај е тој шо ќе те сакаше вечно) како и да е таа вечер испив едно литро Стоби и пошо ми беше малку си отворив уше едно четвртче. Ја испраќав Елизабета да ми купува фстаци и лешници од трафиката кај Епинал а јас се пијанчев. И бидејќи не можев да го глеам брат ми растраштан низ Камарите си заминав, нога пред нога, со секајци во очите и со мисла да ебам. Немаше потреба нешто да си кажиме, ние знаевме дека некаде сме ја упропастиле работата, тој дека ја добил битката за потта шо се цедеше од лепотицата а јас не ни помислував дека можам да скројам нова стратегија за уште една последна битка која би ја решила војната на овој или на оној начин. Пиеше и то ко свиња. Во алкохолот го бараше решението и во дипломат цигарите, најверојатно таа вечер го свирел маршот на победниците и тргал една по друга пљува дури не го фатиле заушките, или дур не се скинала некоја жица од гитарата. Јас ебав таа вечер а тој дркаше од радост и свршаваше на лагите од Елени колку таа е поштена. Таа вечер ме застана и полиција и нормално ги шармирав со пријателите од Армија, ми кажаа поздрави го тој и тој и кажи му да ми се јави, го неам слушнато бааѓи време. По два три дена истата шема , истите актери, различна претстава у позориште и различна претстава у Камарите. Истите шанкери, истите газди, истата пијачка, само различна претстава, таа вечер изглеаше баш романтично се до моментот кога вистините решија да ја извадат маската и да раскажуваат. Во почетокот одбивав да им се напучам и да ми го закачат колот посреде срцето, ама толку беа веродостојни и со непобитни факти и докази дури и слепиот судија би морал да се опули. Таа мартовска вечер запалив повторно цигара и ја тргав длабоко до петици, безмилосно ми го ждереше грлото а јас и викав кој те еби ќе те тегнам до крај. Ги слушав сите вистини за Елени, свртив на коњак да ми се радуваат грлото и утробата си реков, нека живнат малку, нека не се виткаат повеќе од бесното вино. Ја дознав и причината за разделбата со мојата сопруга, дознав кој си ги вадел очите каде и зошто. Носејќи ја мојата сопруга дома за последен пат бев одлучен да се спротивставам на митот кој ми ја запали убавата слика за Елени. Ја избркав Елизабета од кола како некое куче, ја нареков лажга, ја затворив вратата и заминав. Наредната вечер излегов со две разведени госпожи, домаќинки бе шо да ви расправам, малку ми била една па требало со две, да си ја пробам машкоста до кај е и шо е. Се дружевме до 4 наутро откако претходно глеавме филм у кино и потпивнавме некоја пијачка во баро кај Дрвото. На крајот завршивме со вино и со песна. Т"гата ја извадив од багашник два часа по полноќ, крв нека им се стори и нека им беснее низ умот си реков. Бидејќи не се подаваа така лесно си реков еве ти Александаре уше едни гејши, бубрезите би си ги продале за некој богаташ да им направи промаја меѓу бедрата. Утрото не заминав на работа, шо збораш единствената етапа шо можев да ја поминам беше од креветот до Wc и толку. Вечерта решив да вадам чивија со чивија сам во Камарите. Си седнав во близина на шанкот и си порачав винце. Дремев ко некој крлеж закачен за кожата на крастав пес, ( сакав да го исцицам целиот шанк...ама не му кажувајте на никој ) Непознат дечко ми се приближи и ме праша дали сум за геј парти, му реков дека сум...-Оди закачи му го на некој во дупот и од мене! Ме погледна чудно и си замина.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
31

Сите тие луѓе изгледаа ебено нереално, ги симнав очилата за сонце, си реков чекај да не ме заебал првиот впечаток. Впечатокот беше ист, изгледаа ебено нереално со насмевките залепени на фаците ко некоја изџвакана мастика залепена со јазикот на шупливиот катник. Сите тие фаци се подбиваа со сонцето, го сакаа единствено за можат да си ги прошетаат тангите и кусите ракави. Во последно време се чувствувам како компасот ми е сјебан од север па надолу. Сите тие светци и светици се гледаа заљубено ко да се немаат видено од денот на венчавката. Повеќето носеа по една или две ќерќи за рака, носеа и по некој златен синџир шо ми блештеше вочи. Ми се тркалаа околу зениците, нивните златни одблесоци. Кој ве тркала си реков, јас имам син! Ебати мажот шо знај да прај само дунди и ебати дундата шо знај само да раѓа дунди! Некои од нив се шетаа со кафињата од на автомат, јас пиев пиво и нормално му давав на синот да подлизнува по малку, машко е да не му падни курето.
Се обидов да пишувам, не ме биваше. Го траснав нотесот при што се разлетаа неколку страници ко гулаби писмоносци. Првиот збор шо го прочитав кога ги кренав беше педер! Си помислив, значи и тие знаат како да бидат безобразни. Понекогаш им блазесвам на оние фини и културни бон-тон семејства на кои гласот можеш да им го слушнеш само кога офкаат на забар. Е ова пичкарањето и останатите глупости ги купив на тезгата на татко ми кој севезден продаваше глупости и тоа без пари, а јас желен за знаење сето тоа го впивав како сунѓер шо не пропушта ништо, само се дуев и дуев се до денот Д кога решив сето тоа ѓубре да го исцедам на хартија.
После педерот шо ми се пушти вечерта во Камарите друг дечко ми пријде и само шо не му ја кладов една меѓу очи, не дека можев пијано бев ко крап во тавче полиен со бело вино, можев само ќотек да изедам. Ми протури еден плик и си замина. Претходните ноќи нели Елизабета ми раскажуваше а јас не сакав да и верувам. Го отворив пликот набрзина, проклето нека е го скинав од наопаку. Се смирив, рацете од коњакот не ми се тресеа, беа сигурни ко либела на прав ѕид. Не можев да замижам пред фактите, болно ми ги параја зениците а мене не ми беше дозволено нити да офнам. Си го слушнав срцето како плаче од инает, не заслужив да бидам извозен, а то кутрото липаше ко гладно бебче за цицка. Запалив цигара и повлеков длабоко. Шанкерката на фин начин ме замоли да излезам надвор, рано било за пушење внатре. Сакав да ја отерам у пичку матер, но успеав да се воздржам. Го зедов коњакот, пликот и со цигарата вуста излегов надвор. Боже господе кое добро чувство да ти се трујат белите дробови после четири години пост. Се накашлав ко старец за чашка лута ракија, дрмнав од коњакот и продолжив да разгледувам. Имаше лист на кој пишуваше не си единствениот. Ме заинтересира, ги оставив фотографиите и го грабнав листот. Моето име е Жарко, не е битно да го знаеш презимето. Добредојде во клубот! Курвата ти го спопика и тебе, така? Разбрав дека ќе си се бесел на сред плоштад за да и докажеш дека ја сакаш, немој бате таа е курва. Влезе кај мене во џипот, се соблече, ми го испуши и си замина. Наредниот ден му раскажа на мојата сопруга. Не и се противи на вистината, посилна е од сите нас. Ќе и вратиме за се, ќе научи тоа курвиче со кого си фатила работа. Се она Елизабета кое го раскажа почнуваше да добива на значење а јас навистина повеќе немаше смисла да не и верувам. Сите мои сомнежи, обиди на овој или на оној начин да и ја закочат гилотината надвисната над белото вратче на Елена се претворија во вистини. Проклето нека е и во месечината ко се испулив и таа држеше голем транспарент на кого пишуваше: иста е како онаа од Троја.
И се јавив на Елизабета за да дојди во Камарите за да и се извинам. Ми рече кој те еби! – Пак си пијано? Звучиш така!
-Не, не сум, дојди ми требаш
-Не ти требам јас, барај си го курвичето.
-Ела бе ќе ти шепнам нешо слатко на уво, ќе те кандисам
-Не ми треба кандисување, собери си го умот ќе разговараме утре
Нормално, јас си го собрав умот, откако го допив шишето со коњак. Таа вечер сигурно бев нај начуканиот по шеталиште. Колата ја оставив на паркинг кај домот а јас се тетеравев ко тетреб наполнет со сачми. Повратив кај паркчето кај сатот и ги заебав едни заљубени шо беа врзани клучка на клупа. Им се одврзаа јазиците и нозете и со презир ме погледнаа. Сакаа да ми ги ископаат очите и да ме снема.
-Шо ме глеаш бе шшшшанкуре едно, за бееееља си? Ај таму свршавај и лигави се на та грдата. Играјќи го грчкото како така успеав да стигнам дома. Кучето не џафна по мене, смрдев на коњак, сигурно ме намирисал. И нему по се изгледа му беше страв да се излае прописно на мене. Се џитнав ласта вкревет и почнав да се прпелкам ко некој крап на суво. Таванот никако не застануваше, постојано мрдаше те лево те десно, ко да имаше голтнато алтернатор кој со помош од ременицата на коњакот го сочинуваа епицентарот на земјотресот шо ми ги тресеа мозочните ќелии.


32


Го отворив џамлакот од мојата ебиветер душа и влегоа триста вирусни пиздарии, го зедоа саторот и крвнички ми го заколија срцето. Тивко скоро без шумно се тркалаа солзите создавајќи синџир од пламења а образите заборавиле да си купат противпожарен апарат, гореа и овенуваа ко румени јаболка на сонце. Се обидов да му запретам на судбината, ништо! Ништото се претвори во очај, а очајот во бес. Бесот како така стивна, бурата заврши, нормално ја нареков Елени. После збиднувањата се обидов да се вратам во нормала по формулата 2x-3y+7 е еднакво на направените погрешни чекори во мојот живот. Престанав да се пијанчам, продолжив со цигарите. Морав некако да се смирувам, портокаловите бонбони повеќе не функционираа, само ми се топеа вгрло и не го даваа потребниот ефект. На сите лаги на Елена им дојде крајот, се обесија за пример. Јас преживеав за да раскажувам. Кралицата Елизабета јадоби војната, изгуби многу битки, но стратегијата и беше повеќе од одлична. Колатералната штета успеа да ја надмине без ниту едно трепнување на левото око од нервоза а тоа за нејзе претставуваше голема победа која btw јас, ни на сон не помислував дека таа е способна да ја извојува. Се симнав од облаци на истиот начин на кој шо се качив, со прескокнување по две три скали. На среќата одамна и имав заврзано шамар шо ме напуштила. Да и го ебам племето во газот! Извадила бугарски пасош и заминала во потрага по подобро утре. Морав на секаков начин да се обидам да не голтам молњи кои безмилосно ми ја параја утробата. Сакав во пепелта шо ја дрскаше каминот во Камарите да и цртам заљубени срциња на Елизабета да и кажувам колку многу ја сакам и слични ствари. Сакав да направам маѓија која ќе ме натера да ја засакам. Не ми успеваше. Ја држев за колено а тоа овално колено на прстите му беше добро познато уште од поодамна. Сите детали на нејзиното тело ми беа добро познати, знаев колкаво е растојанието од едната до другата пупка, знаев и колку пати треба да земам воздух за да и го поминам струкот со лижење, знаев колку трае враќањето во првобитната положба на нејзината десна тртка од ко ќе ја плеснев и знаев која сила треба да се употреби. Значи знаев се а јас блеев во другите девојки во Камарите. Ниедна не личеше на Елени. Професорката од медицинско со наочарчињата изгледаше интересно со миничот везден шо го шеташе. Од нејзе до Елени разликата беше како од Феррари до Марусија. Распнатото коњче бев јас и сонував да јавам расни кобили а не измелезени машини што воздивнуваа за дупло отворање на дизните.

33


И како така тргна пролетта да им пука во семето на кокичињата за да ja подат глата побрзо. Одмаздата на сите им тлееше а конечно се распламти откако близок пријател на Жаре падна болен на постела. Тогаш дефинитивно им склокотија нервите на сите. Сите сакаа на овој или на оној начин да ја казнат гејшата. Единствено сардините од Сицилија шо дишеа на шкргите од нивното минато сакаа таа да се спаси за да може да му седни во скутот на Берлускони.
Дечките на бате Жаре ја пронајдоа една вечер во некое Струшко селиште во уште поселски кафич како се обидува со поглед да им ги испие новчаниците на двајца повратници од Италија. Накреваше гејшата од вотката и си ја пееше песната није вотка ракија ма да ночас удара. Им ги имаше завртено мозоците за 720 степени зошто факат нејзе ја бидуваше за тоа. Трепнувањето со крупните очи беше задолжително а калориите потрошени за истото беа еднакви на идеалната фигура шо везден ја шеташе по Струшките патишта.
Таа вечер Елени не заплакала, солзите и биле скржави ко Влав шо треба да плати вечера. Не заплакала ни по мене ни по Сер, не плачела ни за лошата судбина која му го донела Жарко пред нејзините очи. Жаре ја извлечкал како партал надвор од кафичот, не сакал да прави пародии, а дечките од иноземство останале со ерекциите во нивните гаќи и се разбира со паричките во нивните новчаници. Ерекциите им мирисале на пички! Дозволиле гејшата да им ја земат од на шанк. Сигурно си легнале таа ноќ со мастурб-тренаж. Малку фалеше таа вечер Жаре да и го тргне пиштолот, сепак, успеале останатите како така да го вразумат, дека не вреди да се лежи апсана за курвата. Елени добила само неколку шамари и штикла во стомак од девојката шо си ја нарекувавме Саваш. Исчупана и со повредено его, таа ноќ заврши на напуштена плажа на Преспанско во 04 насабајле. Лично јас би ја однел некаде на врвот на Галичица и би ја убил. Оваа моја желба потсвесно некој ја имаше прочитано и затоа не сакале да учествувам во филмот: Кога и се одмаздувавме на гејшата.
Швабската машинерија не откажа, вртеше таа швабска радилица ко голф3 1.9тди и одбиваше да им се предаде на годините, на истрошеноста и на се она шо се обидуваше да и го пресуди векот на траење. Крупните очи не сакаа да испуштаат солза па макар и од инает. Ја шутнале надвор од кола и дечките си се вратиле во заседа. Сандре и Веска воопшто не биле страштани дека нивната ќерка не преспала дома, претходно ја снемувало и по повеќе денови.
Саваш и нашите сопруги решија да поразговараат најпрво со Сандрета, сакаа да го чујат и неговото мислење во врска со ново настанатата ситуација. Го обвинија за раскол, пустошење, праќање во неповрат, растурање бракови. Додуше сите муабети држеа место ко мртовец вкиур. Ние ништо не лажевме. Ја зборувавме вистината мислејќи дека Сандрета ќе го пецни некој муабет, дека ќе застани на здрави нозе и ќе и го дотера умот на единицата. Наместо тоа, добивме шамар од кој шо ни свиреа ушите преку слушалка. -Мојата ќерка ќе се омажи за кого сака, Турчин, Ром, албанец, таа кого ќе си одбере. Таа е таква, сака да заведува и остава, можеби им ги тестирала нервите, способностите на издржување на вашите мажи. Се надевам дека уживала додека им го правела тоа!
Е тука, дефинитивно ни пукна филмот и решивме да го смениме и режисерот и продуцентот. Сандре ни оддалеку не беше спремен да ја казни гејшата авантуристка а нам нервите ни беа истенчени ко карфици. По секоја цена моравме да ги казниме двајцата! Прикаската решивме дека треба да стигне и до ушите на докторката, мајката на Сер. Ја испративме Саваш и уше две нејзини другарки да ја пронајдат докторката на работа и да и ја раскажат целата прикаска. Докторката ги пречекала на најфин и најкултурен начин. Што да очекуваш друго, не беше ништо налик фамилијата каменковци од Струшката општина. Им рекла дека не треба да се замараме со таа фамилија, жал и било шо нејзиниот син не завршил со девојка како Саваш, културна, паметна со сите нишани чупе Битолско, снаа со која би се гордеела. Ни се извини во нејзино име, во име на синот и на несудената снаа за сите планини шо сме морале да ги испентраме во вид на животни проблеми и згора на се ни понуди помош за пријателот на Жарко кој беше закован за постела.Елизабета подоцна раскажуваше, како доаѓала некоја мајка во Св.Недела и како се обидувала да се фрли под возот зошто нејзиниот син бил лудо заљубен во некоја гејша која постојано го лажела дека ќе го земе за маж. Чистачките уз муабет разбрале дека била докторка. Докторката два пати се обиде да се самоубие, сполај си му на господа без успешно. На Сандре решивме да му надробиме солена попара и да го натераме да ја изголта сосила до последниот залак. Во меѓувреме Елена беше постојано следена. Секоја нејзина стапалка одѕвонуваше пред нашите уши. Еден ден начекавме 128 пред нејзината куќа. Со насмевка ги испраќаше тројцата мандаци, со гушкање и поздрави, сигурно вредни биле селаните, им биле натопорени цело време! По 15 минути откако ги испрати, пристигна Клио со уше тројца нови мандаци кои ја однесоа Охрид во стан за да му се нагостат на нејзините дупки. Кога сме кај дупките на Елени тие беа озонски и пред се го шибаја нејзиниот мозок. Најстариот занает на светот беше и најлесниот начин на заработувачка. Единствениот начин за да се наполнат дупките, беше евро-зоната во ташната на лепотицата. Кога во новчаникот ќе блеснеа еврата, дупките одмараа, тогаш само сифилисот ја потсетуваше за трагичната судбина и погрешниот пат кој беше го избрала. Од време на време се обидуваше да најде некој акмак како мене или Сер за да се почувствува како божица на психилогијата, царица на играта топло-ладно. Новата жртва беше постар акмак кој одамна ја посакувал, бизнисмен со дуќани и слични ствари ширум Струга, го прикажа како нејзиниот нов дечко кој е спремен да ја ожени. Сите нејзини радости наречени брак дишеа од неговиот воздух. Бидејќи нашата пријателка Саваш ја следеше постојано, го пронајде акмакот насамо и му ја раскажа целата вистина на суптилно-нападен начин и го натера да ја проголта вистината.
-Извини, ама јас сум заузет и си ја чекам девојката
-Која ти е бе девојка ? Елена на Ангеличини од таму и таму, гејшата шо растура бракови, и така ред по ред Саваш ги истури сите вистини на маса а "Заузетиот" не знаеше од каде да почне со собирање. Си го собра задникот од на шанк и замина во непознат правец. Повеќе не го видовме.Кога за момент помисливме дека гејшата ни се слизнала меѓу прстите , Саваш случајно ја пронајде фатена под рака со некој мандак како се шетаат низ Скопската метропола. Се обидела да ја стигне, но благодарение на вештината на лепотицата ( трчање на штикла 200 на саат) не успеала. Наконтениот мандак, додуше згоден фраер во поодминати години, останал ко помочан. Гејшата скинала од под рака и избегала. Саваш добро го испитала наконтениот и открила дека тој е богат бизнисмен повратник од Швабија со неколку негови бензиски пумпи. Гејшата ја запознал преку негов братучед за да си има занимација во мајка Македонија. Раскажал за тоа дека Елени за да му биде девојка побарала ни повеќе ни помалку, ташница од 386 евра од трговски. Раскажа и за тоа дека гејшата го олеснила неговиот новчаник додека спиел за 2500 евра и ја снемало. Ако ја најдел ќе ја расчеречел на пола. Не дека дошол до тие пари, инаетот му тупкал во грлото. Си помисливме и му го обеливме: Welcome to the club! Ко ти велевме да одиш на Октобер фест, ти сакаше пичиња да бркаш низ мајка Македонија!


34


Знам дека тој ден во Струга беше пеколно, имаше преку 40 степени Целзиусови, асфалтот се топеше ко сладолед, ветрето беше заминато на годишен, беше оптегнато на некоја плажа фалејќи се со неговите стомачни. Сандре беше распослан вчаршија и продаваше ракија на црно. Имаше казан Белица и таму ја вареше, мешаше секакви глупости а на скиснатата комина и тураше шеќер. Важно продаваше ракија на црно. Му пуштивме инспекција која му ја плени целата ракија и прописно го казни по ПС за нелегална продажба и загрозување на човековото здравје. Малку ни глеаше таа казна за некој шо ни се ситеше на маката па решивме да му ја зголемиме дозата. Му плативме на еден селанец од соседното село да му ја изора нивата со пченка и да тури прегорено масло во браздите. Требаше да го видите од некоја страна наредниот ден кога со брзање заминуваше да си ја види пченката. Тоа пладне изгледаше како да го фатила сланата насреде лето. Се потуфка , се провртка не верувајќи им на сопствените очи и со еден тон чемер и 200 и кусур притисок замина директно Струга на болница. Значи и ние сме можеле да бидеме злобни. Секојдневно ги гледавме нашите сопруги со бигори во нивните очи предизвикани од злобата шо ја сееше гејшата, е сега на Сандрета му беше дојден редот да под прднува од зорт.
Тоа што бог го составил никој да не го раздели! Е гејшата реши да изиграва бог со туѓи судбини, одлучи да пусти и да се гордее со цифрата на згаснати огништа, да се гордее со цифрата "малоумници" кои и ги галеле колената а и свршувале до каде шо ќе стигнат по нејзиното тело. Значи не ни требаше многу за да ја замразиме и да добиеме неотповиклива желба за одмазда во нашите умови. Посилна беше желбата за одмазда од заповедитебожји. За да ми биде мирна душичката, се молев секоја вечер за здравјето на сите инволвирани во сценариото.
Болката шо ми ја кинеше душата на милијарди ситни парчиња не помина после заслужената одмазда. Морав некаде подлабоко да побарам во себе си, морав со голи раце да буричкам во утробата, во свеста, потсвеста, еднаш се фатив како си го сецирам срцето и како буричкам без заштитни ракавици во левата преткомора мислејќи дека таму лежи одговорот напишан на некое пусулче. Го барав и низ вресокот на гласните жици на полна месечина. Ме имаше сомелено холокаустот наречен Елена ко пиперка за ајвар и ме имаше фрлено во шерпата со се семки. Се пронајдов со уше еден куп малоумници како пливаме во масло. Ги изговаравме последните желби и го чекавме мигот кога ќе ни здожежи од силата на пампурот. Со дрвената лажица мешаше кралицата Елизабета. Знаев дека ќе направи одличен ајвар, беше домаќинка и пол. И немаше рамна за ручеци, зимници и останати домаќински работи. Ме извади од шерпата не барајќи ништо за возврат: - Сакам само да бидеш жив и среќен го заслужуваш ти тоа, а сакаш да те направам да бидеш среќен?
-Како? Зарем го можеш тоа?
-Ќе ти подарам син уште поубав од тебе, првиот збор ќе му биде тато, а првата смисловна реченица: Те сакам најмил мој татичко. Идејата не ми зазвучи ни малку лошо, всушност единствената желба во животот ми беше да имам син. Желбата суицидно да завршам во шерпата ја снема, посакав да си го видам синот и да го изгушкам низ море од солзи радосници.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
35

Метеорологијата се влечеше по небото со еден куп облаци затегнати со ремници од господа.Расторбешеното небо покриено со сиви и црни студени облаци, изгледаше готово за ќивање. Во меѓувреме се запишав на курс по Англиски јазик зошто ми требаше диплома, за као наводно да не ме плукаат секојдневно во армиските извештаи за на мисија, сега можеа да бараат друг изговор зошто не ме праќаат. Посетував настава во Магично Сонце и навистина сонцето шо ме угреваше во таа училница произведуваше маѓија. Газдарицата беше отмено чупче Битолско со сите марифети и нишани. Во тоа време сеуште стоев на крстосницата на црвениот семафор на Елена а кралицата Елизабета ме чекаше на пешачки притоа внимавајќи да не и го згазне вратот на зебрата. Ја слушав во потсвеста како ми довикува:
-Дај ми ја раката за да те преминам преку улица!
Се чувствував ебено глупаво шо не знаев сам да ја поминам улицата. Во Маѓичното сонце имаше неколку сателити шо ми кружеа околу зениците. Ја посакував банкарката шо седеше наспроти мене. Имаше убави свилени колена кои се отвораа како учебник по природо. Секогаш кога ќе дојдеше на час дирек од на работа мене ми беше станат и здрвен ко да си го клал во фрижидер за длабоко. Ништо не успевав да запаметам на часовите, се ѕверев во нејзините колена долго и без помошно. Секогаш кога ќе ги прекрстеше колената чувствував како ме мава капка и во едната и во другата глава и како таа капка завршува расчеречена на гаштите. Многу ме палеше банкарката во тоа време, флертувавме на часовите а таа цврсто беше убедена дека треба да му ја окара мамицата на моите очи шо ја колеа одвнатре и ја тераа да размислува нерационално. И напишав глупава поезија и ја пратив на нејзината домашна адреса. Наредниот час банкарката не дојде. Си реков,сигурно некое копче од белата кошула и се скинало, и влегол пајак во деколтето, и се поцепале свилените хулахопки, битно наоѓав изговор зошто не е на час. Тој час се дознаа многу работи, сите решија да играат со отворени карти, никој не сакаше да блефира. Професорката по English ме бомбардира ко Хитлер шо го бомбардира Лондон. –Газдарицата е слободна а банкарката е заузета. Значи собрав два и два и добив резултат 3,79 скоро 4. Добро де слаб бев математика од ко знам за себе си. Газдарицата значи ме посакува сака да ја изведам на пијачка и на сјодвање да ја залапам, банкарката исто така ме посакува и вријат бедрата а не смее нити да помисли на мене зошто би ја обесиле моралните вредности за дундата. Елизабета ме очекува со подадена рака за да ме премине преку улица на црвениот семафор на Елена. Ја сонував гејшата кај шо ми се клешти додека си ја пеев песната going back to the corner wher I first sow you. Се на се 2-1, Јуве и оваа сезона нема да ја освои лигата на шампиони. Едвам дочекав да заврши тој проклет час по психологија на мојата персона. На заминување како капак на манџата ми беа Лилето и Наташа. Убави беа тоа чупиња да ги грабнеш и да бегаш. Млади, со дипломи, се разбира и со понекоја болка што во душата, што во новчаникот. Лилето беше братучеда на газдарицата и изиграваше секретарка во магичното сонце. Ме пиеше со очи и мене и мојата пијаност а искрите шо ми летаа низ очи ги голташе на екс. Сигурно во тоа време мастурбирала на мене и го извикувала моето име во возвишените мигови додека свршувала. Не и замервам, сум и се нашол во животот. Наташа си ја викав Наташенка. Е Наташенка имаше долги нозе и шо велат старите бевме токму глај. Ги имаше сите предиспозиции на газела во трк. Нејзините колена беа поубави од оние на банкарката. Проклет нека сум, секогаш се чувствував убаво кога ќе видев манекенка.
Значи, сума сумарум, се ѕверев во колената на банкарката, со Наташенка доаѓавме заедно на часови, Лилето ми беше Ахиловата пета додека ги качам трите скали за до училница, а газдарицата ме чекаше ко кец на десетка, ме очекуваше да си го соберам умот и да ја изведам на некоја романтична вечера. Ј-га не бев материјалиста и затоа не завршив во нејзината прегратка. Едно време Сер ја убедуваше Елена дека јас сум оној шо трча по сите сукњи на светот. Се си мислам дека го докажав спротивното. Шишето ми беше празно а аплаузите морав да ги воскреснувам од бактериите по пердињата на празните сали. Посветеноста кон богами ја всади татко ми, да! Оној истиот пијаница и недомаќин од кого и ден денес страдам правејќи два чекори напред а шест назад. Уште додека бев мал ме тераше навечер да ја кажувам молитвата оче наш. Нај веројатно таа молитва успеа да ме исцелува ако си дам за право да им удрам ретроспектива на сите настани. Мојата мајка јунак-будала заврши со заврзан мозокблагодарение на потенцијалните балкански осуди од страна на народот. Не успеа да го пробие лавиринтот. Не знам зошто луѓето се обидуваат на секој можен начин да го најдат излезот. Поставуваш бомба на еден од ѕидовите му плукаш на создавачот на лавиринтот всурат и сите среќно си живееја. Зошто компликации кога се е толку ебено едноставно? Таа заглави до гуша во живата песок на татко ми. Многу личности се обидуваа да и ја подадат раката на спасот а таа упорно одбиваше. Заклучок: Сигурно му бил голем на татко ми исто ко мене, чим не сакала да се откаже. Значи сексот ако не ти е погоден, барај утеха во материјалното. Како и да е таа заглавила. Гледајќи ме и мене заглавен со Елизабета со клетва од еди којси за да немаме дечиња, се обидела да ми помогни. Ебати магарешката услуга! Му се напучила на магарето за добробитот на нејзиниот син. Си ги извадила очите и ги дала во замена за мојата среќа. Мојата среќа додуше се врати од патот околу светот и ја начекав како се крие во подземните тунели на Титов рид. Решаваше судоку. Ја видов и ја оставив, не сакав да и сметам а и башка шо немаше на трпеза нити мезе нити ракија. И го опцув племето и си заминав. Мојата мајка јунак-будала решила да и го расипе раатот и се обидела да ја натера да сработи нешто. Нервозна и напалена среќка отворила facebook профил и за инает посло долго пребарување ми ја пронашла гејшата и со наведување ја облизнила пред моите очи. Шубо така, шо арно да му мислиш на синот! Од арно да не куртули! Арното се забај на постојка и го испрати лошото да ми го кастрира или да ми го дотера умот. Умот, сполај си му уште добро ме служи и не се потпира на бастун од портокалови апчиња во висина од мојот колк. Единствено ракијата ми прави зарешки во мозокот и во џигерот. Талибанците фрлаат од време на време бомби шо ме промашуваат, среќа во несреќа секогаш успевам да пронајдам минско поле за да се изрешетам прописно. Коските и ребрата ми остануваат на некоја жица, кучињата ќе ме изглодаат а бог повторно ме воскреснува за да ме мачи.Пиеш една ништо, потоа следува втората, третата, забораваш да броиш а листовите те чекаат да свршиш на нив, еднаш, уште еднаш и сите се среќни и весели, зеат во таванот и се радуваат шо се живи. Пловиш со јахта по Јадранско и слушаш турбо-фолк и ламбада а некое пичиште авион те чека долу за да ти мешне и на двете глави. Шо е битно дали е курва! Fucking убава е, ебате моралот! Мораш да ја плеснеш инаку ќе раскажува по комшии дека си педер! Цигарата му е швалерка на ветерот а глуми невиност во моите прсти. Секогаш кога ќе ја залапам, ветерот е љубоморен, го слушам кај шо ми вика: -Дај да ја изгорам до крај!
Завршницата ми припаѓа мене, со или без пардон таа е моја робинка, би се напучила само за да си ја види сестра си близначка во моите прсти. Уште една курва шо ќе ја залапам. И кога светот е толку расипан и покварен се прашувам зошто бог одлучил да си игра комар со нашите судбини, зошто решил да ни ги тестира нашите лимити на издржливост. Едни веруваме во Исус и распетието, други во Алах, третите и бездомниците знам сигурно дека веруваат во гладот на нивните црева. Да бидеме реални и да си признаеме супер им е на шеиците и на Силвио Берлускони. Секое машко шо не сака таков живот најверојатно е педер! Курвите од Прилепските ниви не ми даваат спокој. Решиле да ми го префарбаат белодробното крило. То тие ко ќе си фатиш работа со курви шо се подаваат секому. Ракијата како така ме уапси. Ме врза со синџирот и ме влечеше по листовите заедно со пенкалото, ветерот и никотинските курви.
Курсот по Англиски јазик го завршив, ја зедов дипломата и заминав со ветување дека ќе се вратам на курс по Швабски. Ветувањето не го исполнив, едно од ретките во мојот живот. Со кралицата Елизабета претрчавме тоа лето до Св Наум. Свршив неколку пати во нејзината раскашана пичка и добивме каснење на менструалниот циклус. Убаво беше да се верува дека можеме после се она што ни се случи да бидеме родители. Запаливме свеќи за здравје во манастирот и се истребивме.
Кралицата ми даде шах, а јас немав направено рокада, срцето ми се спротивстави неколку пати арно ама мозокот го одјеба на фин и културен начин. Морав да го пуштам. Си реков нека талка низ трошната општина барајќи ја гејшата. Ако сака нека и се напучи I dont care. Блесаво беше тоа срце севезден ми праеше пиздарии. Не сакав ништо повеќе да знам за него, слободно можевте да го фрлите за резервни делови кај Љуши да му послужи на некој голф 3 бензинец. Не ми требаше време за размислување, ја потрошив резервата од мечтите, од облаците и од суровата нафта на целиот Арабиски полуостров. Дознав шо била љубовта. Тоа да ти биде, кога ти дрндало срцето. Бидејќи немав срце мозокот се бореше со кралицата. Таа можеше да мрда кај шо сака а јас бев премногу пијан за да и се спротивставам. Успеа да ме матира набрзина а мене не ми преостануваше ништо друго освен да ги турнам гаштите и да и се напучам. Повеќе ништо не беше важно, нити газдарицата, нити банкарката, нити Лили, нити Наташенка.

36


Работевме во еден септемвриски ден некоја амалска работа шо си ја викавме кичма транс во касарната Мирче Ацев под Марко Куле. Всушност ние само тоа и го работевме. Доаѓавме наутро, се пресоблекувавме во работнички алишта и стартувавме да си правиме плускавци по рацете.
Кралицата ми се јави на мобилен.
-Бев кај докторката, спремен си да го чуеш полот на бебето?
-Спремен сум уште од 79, шо сака нека биде само да ни е здраво, право и со сите нишани и се разбира ако може да моча од простум.
-Сум те излагала ли некогаш до сега? Нели ти ветив дека ќе те направам да бидеш среќен? Нека ни е здрав и жив, голем да порасни и да не брка курви ко татко му!
Ми се насолзија очите, извираа солзите и се тркалаа по образите ко жеден добиток кој оди со трк до на клајнец. Си го слушнав срцето како молчешкум се враќа ко помачано од трошната општина. Чукаше во утробата на Елизабета заедно со она на син ми. Му се заблагодарив на бог шо ми го подари синот и истиот ден заминав вцрква да запалам свеќа за неговото здравје.
Си докажав многу работи во текот на таа една проклета година шо бев разделен од сопругата. Научив и дека светот не е толку розов колку што изгледа. Научив дека не треба да му се верува на секому шо ти вели дека те сака. Научив дека наивноста е близнак на глупавоста. Научив дека огледалата се нешто што треба да го избегнуваме. Научив дека одмаздата може моментално да послужи како инфузија на суетата но не и дека е способна да те излекува. Научив дека срцето е пумпа шо ја тера крвта да кружи низ целиот наш организам. Научив дека гејшите, ескорт девојките, спонзорушите со едно име ги нарекуваат модерни курви. Научив дека кога едно нешто ќе си го ветиш на себеси дека тоа треба и да го исполниш за да не те сјебава умот на секој чекор дека си од мочка праен. Научив дека не треба да слушам балади и дека Џорџе е реперот за болка во душата. Научив дека цветовите можат да бидат отровни no matter what. Научив дека има премногу интелегентни курви кои се обидуваат да те исцицаат на секој можен начин. И сега кога останав со пумпа во градите, со син во прегратка и домаќинка и чесна сопруга, ве прашувам вас: Вредеше ли? Низ сево ова да се поминува ко да газиш на усвитен јаглен 7-24, вредеше ли?
И на крајот ко во Турските серии се во последната епизода се разјаснува со брзина на светлоста:
Жаре се смири со сопругата и добија ќерка. Јас и кралицата го добивме престолонаследникот и се посвативме со Жарко. Блискиот пријател на Жаре оздрави и дочека да си го држи синот во прегратка. Елени? Елени и понатаму продолжи да пусти по новчаниците, се разбира до онаа граница до која ние и дозволувавме. Ден денес е стара чупа и ќе се омажи тука во Македонија ко ќе си го види тилот. Сер си фати момиче од Охрид со сите нишани и марифети, очигледно му пријаше воздухот покрај езеро и возењето со автобусите на Транскоп и на Галеб. Останатите преживееја на овој или на оној начин.
Сакам да верувам дека ова мое лошо животно искуство ќе биде поука за сите оние ескорт девојки,гејши, спонзоруши, со едно име модерни курви на нашето секојдневие добро да размислат пред да се обидат да изиграваат господ. Значи напрчете се, кренете ги нозете, оставете ги да ви свршат каде што сакаат, земете си ги паричките и дим да ве њама. Зошто на толку голема клиентела тешко е да не начекате некој со две рала мадиња и плуг за орање кој шо не е спремен да ви се одмаздува наредните 30-40 години. Вие, драги мои, сте ја одредиле вашата стојна точка, сте го одредиле и правецот по кој ќе се движите во текот на вашата авантура наречена живот. Сте зацртале дека треба да носите минич, свилени хулахопки со подвезици, сваровски накит, брендирана ташница и штикла 12 сантима и така терајте си. Не се обидувајте да скршнете од трасата или од водечката патека зошто бате Жаре и уште еден куп ко него ве чекаат во заседа, подготвени да ви возвратат со целиот арсенал шо им е на располагање. Мал е бројот на курвите кои успеале да го пробијат фронтот! Најстариот занает во светот не е мртов! Але за курвите! Але и за богаташите! Але и за Силвио Берлускони!
А што се однесува на богатите оженети фраеришта кои секогаш размислуваат со долните глави од типот шо би му направил на таа и таа без да знае тој и тој, би им го препорачал следниот рецепт:
Погледнете си ги дечињата право во очи, во зениците убаво испулете ги и ќе сфатите дека ниедна курва на светот не е вредна за да се разделите од шеќерните единици кои ги произведуваат вашите ангелчиња. Нека ви текне и на денот или на ноќта кога сте свршувале во нивните мајки а ваши сопруги, дека и тие се чеда на нечии родители. Никој не ги нашол на патот за ние да си играме со нивните животи и срца. Ако ништо друго почитувајте го нивното постоење и расчешнувањето на боксот во гинекологија.

Ако успеав да спасам барем еден брак пишувајќи ги моите мемоари, ќе имам со шо да се вадам пред Св. Петрета на оној свет.
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Update и од мене - после година и пол од отворање на темава, конечно сум при крај на книгава. И на договорите и плановите за книгава. Ќе ја „биде“ работава на почетокот на следнава година.
Гледам што сум коментирала, и среќа видов - инаку ќе мислев дека оттогаш досега ни збор, ни страница не сум мрднала. Би скокала од радост, ако немав уште 60тина страни за поправање (на оваа верзија). Ќе го оставам скокањето за после последната точка.

Вие, луѓе, до каде сте, што сте, што испадна од зборовите и плановите?[DOUBLEPOST=1410643132][/DOUBLEPOST]А, и, објавив во „прозни искри“, ама се премислив. Тука требаше, темава не е активна одамна. Еве нешто од најдрагите пишуванки. Добро, 2 раскази ми се „најдраги“, ама овој е понов.
Ќе се дуплира, ама кому му е грижа. :)



Коси од розева волница

Ќерка ми се вика Солза.

Солза - како капката што ми виснуваше од крајчето на окото додека со стиснати заби ѝ давав род. Солза - како водицата во која ми се капеше насмевката кога првпат ѝ го стиснав телцето во рацете. Им го носи името на мравите кои сега сакам да ги пуштам да закапнат и да престанат да ми се тискаат како лепливи кнедли под клепките, ама не можам. Не можам. Оти слободна не сум. Оти слободна никогаш повеќе не ќе бидам.

Кога ја родив мојата Солза, мислев дека нема поголема болештина на светот. Мислев дека кога тоа парчелдисување сум го издржала, ќе можам да издржам сѐ. Мислев дека секоја тегоба е проследена со радост, оти со Солза така бидна. Мислев многу нешта, ама никогаш не помислив дека крајот ми е близу, дека ме чека пред портите како верно куче. Денот кога почувствував како смртниот срп минува низ мене, видов како среќата на моите најмили замира како оддувана свеќа. Нивното скрбно јачење, додека со стиснати тупаници ми ги удираа ладните гради, ме раскина. Тука сум, им викав. Овде сум, повторував. Ама тие не слушаа.

Телото ми го закопаа на градското почивалиште. После тоа немаше радост. После тоа не можеше да има радост.

Четириесет дена и четириесет ноќи талкав без тело низ куќата моја. Бев секаде, а ме немаше никаде. Ми ја немаше сенката, ми го немаше одразот, не постоеше ни тропотот на мојот чекор. Навечер си легнував до мажот мој и го гледав како го брчка лицето в сон. Зборуваше во спиење, ми го довикуваше името. Тука сум, сакав да се јавам, ама немав уста за да испуштам глас. Се припивав поблизу до него, а тој се стресуваше од студ. Сакав да се сврти кон мене, да ми каже дека ме сеќава. Ама тој само ќе се допокриеше и ќе останеше свртен со грб, не доближувајќи се до мојата страна на креветот. Пред да осамне одев кај Солза в соба. Таа беше мала, сѐ уште непркнато главче. Клекнував до нејзиното кусо креветче и ја гледав како брзо позема здивчиња. Спиеше со устето отворено како расцепена калинка, завиена во косиче оросено со капки пот кои како китки од јоргован ѝ светкаа врз влакненцата. Солза саноќ преткаше, се бореше со некакви мори што ја измачуваа. Знаев дека јас сум виновна, дека дел од мене останал таму за таа да продолжи да ме гледа. Солза си го ронеше името врз образите насоне, а јас целата пукав, како душа што пука, оти од мене само душа остана.

Солза сега плаче, а јас не можам да ѝ се приближам како тогаш. Не можам да се обидам да ја гушнам, а таа да се стресе од мојата мртва близина. Си го вкопува лицето во прекривките, цвили, се препелка во младешки патила. Сакам да дотрчам до неа, да ѝ ги обгрнам слабуњавите рамења и да ѝ понудам утеха во недрата мои. Сакам да ѝ ги вплетам прстите во косите и да ја коткам додека не падне ноќта и не ѝ засуви тешкотијата. Ама не можам да мрднам оти сум прикована за ѕидот, со очите вкочанети, со погледот застаклен кон полиците кои отспротива се спуштаат од таванот. Солза плаче, си го рони името врз образите. Да имав срце ќе ми се откинеше од градите, ама пластичната празнина ме роби, ме трпне на животот.

Окалбава отпочна кога тие тргнаа да ми го речат последното збогум. Се качив со нив во колата. Им беше ладно од моето неземно присуство и мажот мој постојано го појачуваше парното. Молчеа и двајцата. Тој одвреме - навреме погледнуваше кон задното седиште како да стрепи дека Солза ќе исчезне ако не се сврти. А таа со тапо лице ѝ врзуваше кикички на куклата со коси од розева волница. Колата запре на гробиштата. Солза не сакаше да истапне надвор. Татко ѝ ја молеше да излезе, само уште еднаш, само уште тогаш. Не сакам да одам, викна Солза и си го срони името во косите на куклата. Мама ќе се врати, рече. Јас целата се собрав како презреана мушмула. Се допрев до неа, а таа затрепери од мојата близина. Како тревче затрепери. Како откинато листенце. Татко ѝ ја дограби со рацете и силно ја прегрна, како да е јаже што ја држи да не се распадне. Мама ќе се врати, повтори Солза. А мажот мој само немо си ја пушти тагата да му потече по образите.

Застанав на плочникот пред сопствениот гроб, додека капките дождец минеа низ мене како низ измаглина. Зедов молкома да му се молам на Бога и на сите ангели да ѝ помогнат на ќерка ми побрзо да ме заборави. Ги молев да ѝ го бришат името што си го рони на образите, и да бидат со неа оти јас веќе не ќе можам да бидам. Солза клечеше долу и, сета калосана, силно ја стискаше куклата со коси од розева волница. Татко ѝ ѝ ги тупкаше рамената и ѝ велеше дека сѐ ќе помине. Нека помине, ги молев Бога и сите ангели, поскоро нека помине. Мигум, телото почнува да ми се откинува од земјата. Беше пребрзо. Беше прерано. Не бев подготвена да се простам. Не бев подготвена да ги заборавам. Се опирав и пробував да се прикрепам за нешто, ама нештата само минуваа низ мене. Се опирав и претав колку што може една душа да прета. Ама летав сѐ повисоко и повисоко, ги гледав девојчето мое и мажот мој како стануваат сѐ подалечни, како им станува сѐ потопло оти со мене заминуваше и студот на мртвилото. Не сакав да ги пуштам, не сакав да заминам.

Одникаде, светот исчезна од пред мене и се најдов во темен тунел со светлина што да имав очи - би ми ги изгорела. Светлината ме шмукаше накај себе, ме влечеше, а јас со заумените раце се гребев за ѕидовите на тунелот, со заумените нозе трчав назад, ги лизгав по земјата и го кочев мојот замин. Не сакам вечен покој, викав, само сакам да бидам со девојчето мое. Само сакам да бидам со девојчето мое! Вриштев безгласно, и почнав да колнам сѐ земно и надземно, сѐ смртно и бесмртно.

Некој мора да ме слушна, некој мора да се смили, оти во следниот миг ги сетив рачињата на Солза околу мене, сетив како си го брише носето од моите коси, ѝ го слушнав срценцето како ѝ чука додека го притиска врз моите плеќи. Солза ме стискаше, Солза ја стискаше куклата со коси од розева волница додека Татко ѝ ја влечкаше до колата. Ме стискаше додека се одвезуваа до куќата и кога татко ѝ ѝ ја покри снагата ѝ ѝ дошепна да спие, и убави нешта да сончува. Солза ме стискаше и долго потоа, додека си го ронеше името на образите, и на перницата, и во чаршафите, и додека си го ронеше името во моите коси од розева волница.

Тие денови, тие години бев најсреќна и мислев дека засекогаш ќе траат. Се лажев дека засекогаш ќе траат. Се сеќавам дека ми изгледаше дека Солза ми го чувствува присуството, и дека затоа не се одделува од куклата со коси од розева волница. Често ми готвеше јадења и ми налеваше чај во чашките што со татко ѝ ѝ ги купивме за роденден. На крај самата си го пиеше оти јас не можев уста да отворам. Некогаш ќе ми ги затвореше тврдите очни капаци и ќе ми дозволеше и мене да одморам. Секојпат кога ќе ми ги фатеше косите во кикички, и секојпат кога ќе ми направеше венчиња од шарени шноли, мислев дека Солза знае дека сум до неа. Секојпат кога ќе си ја испуштеше пред мене тагата што ѝ се тагареше в гради, ми изгледаше дека знае дека не сум ја напуштила. Мислев дека знае кога ми кажа за нејзината најдобра другарка, и за нејзината прва петка по математика, и за првата симпатија, и за првата љубовна болка. Мислев дека знае и кога ми се пожали дека ја боли стомачето оти прокрварила, оти девојка станала, и ми рече дека веќе не може да си игра со кукли и пластични чавчиња, и дека ѝ дошло време да се дружи и да излегува. Тогаш Солза ме закачи на ѕидот и почна подоцна да се враќа и да ме остава обеспокоена. Стрепев саноќ за девојчето мое, се умев и думав дали ќе се врати здрава и жива, среќна или расплакана. Некогаш, трезна или потпијанета, ќе ме симнеше од ѕидот, ќе ми ги бакнеше образите со усните врели како варени костени и ќе ми речеше дека сите тајни ѝ се во мене, и дека сум ѝ и мајка, и сестра, и најдобра друшка. Се прашував дали Солза знае дека сум тука кога, секојпат кога ќе се скараше со татко ѝ, доаѓаше и мене ми се жалеше, кога велеше дека тој не ја разбира и дека многу нешта ѝ забранува, и дека многу се грижи, а не треба, оти таа е паметна девојка. Солза велеше дека татко ѝ не ѝ верува, а јас сакав да ѝ речам дека тој само се грижи, и дека се грижи за двајца, оти јас бев заробена во кукла од тврда пластика. Солза ми раскажа многу нешта. Ја гледав како расте, како се смее и плаче, како срцето ѝ се крши и пак ѝ заздравува. И некако, на некаков начин,чувствував дека сум таму за неа, и дека моето тело од пластика се топи под нејзиниот допир, и дека таа може да сети дека сум жива, дека не сум само кукла со очи расцепени како угаснати јаглени што ниту ја гледа, ниту ја разбира.

Солза сега плаче, а јас сум беспомошна. Пробувам да мрднам со рацете, пробувам да претнам со нозете, ама не можам. Ја гледам како го врти главчето и ме погледнува. Станува од креветот и ми се доближува. Чинам ми ги чита мислите во очите џамлии, чинам ми ги чита и за последен пат си го рони името на образите. Ме откачува од ѕидот и излегува од собата. Татко ѝ ја прашува каде ќе оди. Во подрумот, му вели таа. Тој ме погледнува. Во очите му ја гледам љубовта насушна. Те сакам, му велам, секогаш ќе те сакам. Тој ме гледа уште малку, погледнува во Солза и кимнува. Буричка во џебот и му ги подава клучевите од подрумот на девојчето мое. Солза ги зема и брзо излегува. Се затрчува по скалите удолу, небаре се плаши да не се премисли.

Клучевите ѕангарат додека Солза ја отклучува вратата од подрумот. Гледам влажно е. Гледам темно е. Мора да мириса на мувла и спомени. Мора да мириса на заборав. Солза оди во ќошот и распретува во кутиите. Наоѓа една полупразна и ми го легнува телото во неа. Ја гледам. Ме гледа. Ѝ го чувствувам името како ѝ се рони врз моето лице од пластика. Ѝ го чувствувам името како ѝ паѓа во моите очи, угаснати јаглени, и ми ги полни, и ми се меша со солзите кои сакам, а никако не можам да ги пуштам да капнат.

Тргнува да замине, ама се повраќа, ме зема од кутијата и силно ме прегрнува. За последен пат стоиме така: Солза згрчена околу моите коси од розева волница, јас стопена во нејзините рачиња. Знам дека е последен оти така ми го гушкаше телото и пред да заминам, пред да исчезнам. Пред да се престорам во пластика. Збогум, девојче мое, сакам да ѝ речам, ама не можам, оти устите ми се здрвени. Солза за последен пат ме погледнува и ме бакнува во образот. Сакам Солза и очите да ми ги затвори, ама не ѝ текнува. Ги фаќа капаците на кутијата и полека ги затвора. Ѝ го гледам личенцето како ѝ се преполовува, како се смалува, како исчезнува. Пред мртвиве очи ми минуваат сите наши спомени. Утробата ми се кине и Солза оттаму излегува. Го слушам нејзиниот прв плач. Го опипувам нејзиното лигаво ситно телце со рацете. Нејзините запчиња ми ги грицкаат пупките на боските. Ја слушам како се кикоти кога со татко ѝ ја луламе на лулашките. Ѝги слушам ситните стапки кога навечер трчка до нашата постела оти нешто лошо сончувала. Ѝ го мирискам косичето што ми ги скокотка носниците. Солза веќе не спие со играчки. Чај пие со другарки. Веќе не плаче по мене, ами по момчиња. Солза ми порасна.

Капакот на кутијата се склопува. Мрачнината ми го тиска телото како нараснато тесто. Клучевите тропкаат, се завртуваат во клучалката на вратата од подрумот. Ги слушам чекорите на Солза како се оддалечуваат. Ги слушам чекорите на девојчето мое како ме оставаат. Ама не е важно. Овојпат нема да се опирам. Не оти не можам. Не оти не сакам. Ами оти порано или подоцна, Солза ќе мора да ги одрасне моите коси од розева волница.
 
Последно уредено:
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Update и од мене - после година и пол од отворање на темава, конечно сум при крај на книгава. И на договорите и плановите за книгава. Ќе ја „биде“ работава на почетокот на следнава година.
Гледам што сум коментирала, и среќа видов - инаку ќе мислев дека оттогаш досега ни збор, ни страница не сум мрднала. Би скокала од радост, ако немав уште 60тина страни за поправање (на оваа верзија). Ќе го оставам скокањето за после последната точка.

Вие, луѓе, до каде сте, што сте, што испадна од зборовите и плановите?[DOUBLEPOST=1410643132][/DOUBLEPOST]А, и, објавив во „прозни искри“, ама се премислив. Тука требаше, темава не е активна одамна. Еве нешто од најдрагите пишуванки. Добро, 2 раскази ми се „најдраги“, ама овој е понов.
Ќе се дуплира, ама кому му е грижа. :)



Коси од розева волница

Ќерка ми се вика Солза.

Солза - како капката што ми виснуваше од крајчето на окото додека со стиснати заби ѝ давав род. Солза - како водицата во која ми се капеше насмевката кога првпат ѝ го стиснав телцето во рацете. Им го носи името на мравите кои сега сакам да ги пуштам да закапнат и да престанат да ми се тискаат како лепливи кнедли под клепките, ама не можам. Не можам. Оти слободна не сум. Оти слободна никогаш повеќе не ќе бидам.

Кога ја родив мојата Солза, мислев дека нема поголема болештина на светот. Мислев дека кога тоа парчелдисување сум го издржала, ќе можам да издржам сѐ. Мислев дека секоја тегоба е проследена со радост, оти со Солза така бидна. Мислев многу нешта, ама никогаш не помислив дека крајот ми е близу, дека ме чека пред портите како верно куче. Денот кога почувствував како смртниот срп минува низ мене, видов како среќата на моите најмили замира како оддувана свеќа. Нивното скрбно јачење, додека со стиснати тупаници ми ги удираа ладните гради, ме раскина. Тука сум, им викав. Овде сум, повторував. Ама тие не слушаа.

Телото ми го закопаа на градското почивалиште. После тоа немаше радост. После тоа не можеше да има радост.

Четириесет дена и четириесет ноќи талкав без тело низ куќата моја. Бев секаде, а ме немаше никаде. Ми ја немаше сенката, ми го немаше одразот, не постоеше ни тропотот на мојот чекор. Навечер си легнував до мажот мој и го гледав како го брчка лицето в сон. Зборуваше во спиење, ми го довикуваше името. Тука сум, сакав да се јавам, ама немав уста за да испуштам глас. Се припивав поблизу до него, а тој се стресуваше од студ. Сакав да се сврти кон мене, да ми каже дека ме сеќава. Ама тој само ќе се допокриеше и ќе останеше свртен со грб, не доближувајќи се до мојата страна на креветот. Пред да осамне одев кај Солза в соба. Таа беше мала, сѐ уште непркнато главче. Клекнував до нејзиното кусо креветче и ја гледав како брзо позема здивчиња. Спиеше со устето отворено како расцепена калинка, завиена во косиче оросено со капки пот кои како китки од јоргован ѝ светкаа врз влакненцата. Солза саноќ преткаше, се бореше со некакви мори што ја измачуваа. Знаев дека јас сум виновна, дека дел од мене останал таму за таа да продолжи да ме гледа. Солза си го ронеше името врз образите насоне, а јас целата пукав, како душа што пука, оти од мене само душа остана.

Солза сега плаче, а јас не можам да ѝ се приближам како тогаш. Не можам да се обидам да ја гушнам, а таа да се стресе од мојата мртва близина. Си го вкопува лицето во прекривките, цвили, се препелка во младешки патила. Сакам да дотрчам до неа, да ѝ ги обгрнам слабуњавите рамења и да ѝ понудам утеха во недрата мои. Сакам да ѝ ги вплетам прстите во косите и да ја коткам додека не падне ноќта и не ѝ засуви тешкотијата. Ама не можам да мрднам оти сум прикована за ѕидот, со очите вкочанети, со погледот застаклен кон полиците кои отспротива се спуштаат од таванот. Солза плаче, си го рони името врз образите. Да имав срце ќе ми се откинеше од градите, ама пластичната празнина ме роби, ме трпне на животот.

Окалбава отпочна кога тие тргнаа да ми го речат последното збогум. Се качив со нив во колата. Им беше ладно од моето неземно присуство и мажот мој постојано го појачуваше парното. Молчеа и двајцата. Тој одвреме - навреме погледнуваше кон задното седиште како да стрепи дека Солза ќе исчезне ако не се сврти. А таа со тапо лице ѝ врзуваше кикички на куклата со коси од розева волница. Колата запре на гробиштата. Солза не сакаше да истапне надвор. Татко ѝ ја молеше да излезе, само уште еднаш, само уште тогаш. Не сакам да одам, викна Солза и си го срони името во косите на куклата. Мама ќе се врати, рече. Јас целата се собрав како презреана мушмула. Се допрев до неа, а таа затрепери од мојата близина. Како тревче затрепери. Како откинато листенце. Татко ѝ ја дограби со рацете и силно ја прегрна, како да е јаже што ја држи да не се распадне. Мама ќе се врати, повтори Солза. А мажот мој само немо си ја пушти тагата да му потече по образите.

Застанав на плочникот пред сопствениот гроб, додека капките дождец минеа низ мене како низ измаглина. Зедов молкома да му се молам на Бога и на сите ангели да ѝ помогнат на ќерка ми побрзо да ме заборави. Ги молев да ѝ го бришат името што си го рони на образите, и да бидат со неа оти јас веќе не ќе можам да бидам. Солза клечеше долу и, сета калосана, силно ја стискаше куклата со коси од розева волница. Татко ѝ ѝ ги тупкаше рамената и ѝ велеше дека сѐ ќе помине. Нека помине, ги молев Бога и сите ангели, поскоро нека помине. Мигум, телото почнува да ми се откинува од земјата. Беше пребрзо. Беше прерано. Не бев подготвена да се простам. Не бев подготвена да ги заборавам. Се опирав и пробував да се прикрепам за нешто, ама нештата само минуваа низ мене. Се опирав и претав колку што може една душа да прета. Ама летав сѐ повисоко и повисоко, ги гледав девојчето мое и мажот мој како стануваат сѐ подалечни, како им станува сѐ потопло оти со мене заминуваше и студот на мртвилото. Не сакав да ги пуштам, не сакав да заминам.

Одникаде, светот исчезна од пред мене и се најдов во темен тунел со светлина што да имав очи - би ми ги изгорела. Светлината ме шмукаше накај себе, ме влечеше, а јас со заумените раце се гребев за ѕидовите на тунелот, со заумените нозе трчав назад, ги лизгав по земјата и го кочев мојот замин. Не сакам вечен покој, викав, само сакам да бидам со девојчето мое. Само сакам да бидам со девојчето мое! Вриштев безгласно, и почнав да колнам сѐ земно и надземно, сѐ смртно и бесмртно.

Некој мора да ме слушна, некој мора да се смили, оти во следниот миг ги сетив рачињата на Солза околу мене, сетив како си го брише носето од моите коси, ѝ го слушнав срценцето како ѝ чука додека го притиска врз моите плеќи. Солза ме стискаше, Солза ја стискаше куклата со коси од розева волница додека Татко ѝ ја влечкаше до колата. Ме стискаше додека се одвезуваа до куќата и кога татко ѝ ѝ ја покри снагата ѝ ѝ дошепна да спие, и убави нешта да сончува. Солза ме стискаше и долго потоа, додека си го ронеше името на образите, и на перницата, и во чаршафите, и додека си го ронеше името во моите коси од розева волница.

Тие денови, тие години бев најсреќна и мислев дека засекогаш ќе траат. Се лажев дека засекогаш ќе траат. Се сеќавам дека ми изгледаше дека Солза ми го чувствува присуството, и дека затоа не се одделува од куклата со коси од розева волница. Често ми готвеше јадења и ми налеваше чај во чашките што со татко ѝ ѝ ги купивме за роденден. На крај самата си го пиеше оти јас не можев уста да отворам. Некогаш ќе ми ги затвореше тврдите очни капаци и ќе ми дозволеше и мене да одморам. Секојпат кога ќе ми ги фатеше косите во кикички, и секојпат кога ќе ми направеше венчиња од шарени шноли, мислев дека Солза знае дека сум до неа. Секојпат кога ќе си ја испуштеше пред мене тагата што ѝ се тагареше в гради, ми изгледаше дека знае дека не сум ја напуштила. Мислев дека знае кога ми кажа за нејзината најдобра другарка, и за нејзината прва петка по математика, и за првата симпатија, и за првата љубовна болка. Мислев дека знае и кога ми се пожали дека ја боли стомачето оти прокрварила, оти девојка станала, и ми рече дека веќе не може да си игра со кукли и пластични чавчиња, и дека ѝ дошло време да се дружи и да излегува. Тогаш Солза ме закачи на ѕидот и почна подоцна да се враќа и да ме остава обеспокоена. Стрепев саноќ за девојчето мое, се умев и думав дали ќе се врати здрава и жива, среќна или расплакана. Некогаш, трезна или потпијанета, ќе ме симнеше од ѕидот, ќе ми ги бакнеше образите со усните врели како варени костени и ќе ми речеше дека сите тајни ѝ се во мене, и дека сум ѝ и мајка, и сестра, и најдобра друшка. Се прашував дали Солза знае дека сум тука кога, секојпат кога ќе се скараше со татко ѝ, доаѓаше и мене ми се жалеше, кога велеше дека тој не ја разбира и дека многу нешта ѝ забранува, и дека многу се грижи, а не треба, оти таа е паметна девојка. Солза велеше дека татко ѝ не ѝ верува, а јас сакав да ѝ речам дека тој само се грижи, и дека се грижи за двајца, оти јас бев заробена во кукла од тврда пластика. Солза ми раскажа многу нешта. Ја гледав како расте, како се смее и плаче, како срцето ѝ се крши и пак ѝ заздравува. И некако, на некаков начин,чувствував дека сум таму за неа, и дека моето тело од пластика се топи под нејзиниот допир, и дека таа може да сети дека сум жива, дека не сум само кукла со очи расцепени како угаснати јаглени што ниту ја гледа, ниту ја разбира.

Солза сега плаче, а јас сум беспомошна. Пробувам да мрднам со рацете, пробувам да претнам со нозете, ама не можам. Ја гледам како го врти главчето и ме погледнува. Станува од креветот и ми се доближува. Чинам ми ги чита мислите во очите џамлии, чинам ми ги чита и за последен пат си го рони името на образите. Ме откачува од ѕидот и излегува од собата. Татко ѝ ја прашува каде ќе оди. Во подрумот, му вели таа. Тој ме погледнува. Во очите му ја гледам љубовта насушна. Те сакам, му велам, секогаш ќе те сакам. Тој ме гледа уште малку, погледнува во Солза и кимнува. Буричка во џебот и му ги подава клучевите од подрумот на девојчето мое. Солза ги зема и брзо излегува. Се затрчува по скалите удолу, небаре се плаши да не се премисли.

Клучевите ѕангарат додека Солза ја отклучува вратата од подрумот. Гледам влажно е. Гледам темно е. Мора да мириса на мувла и спомени. Мора да мириса на заборав. Солза оди во ќошот и распретува во кутиите. Наоѓа една полупразна и ми го легнува телото во неа. Ја гледам. Ме гледа. Ѝ го чувствувам името како ѝ се рони врз моето лице од пластика. Ѝ го чувствувам името како ѝ паѓа во моите очи, угаснати јаглени, и ми ги полни, и ми се меша со солзите кои сакам, а никако не можам да ги пуштам да капнат.

Тргнува да замине, ама се повраќа, ме зема од кутијата и силно ме прегрнува. За последен пат стоиме така: Солза згрчена околу моите коси од розева волница, јас стопена во нејзините рачиња. Знам дека е последен оти така ми го гушкаше телото и пред да заминам, пред да исчезнам. Пред да се престорам во пластика. Збогум, девојче мое, сакам да ѝ речам, ама не можам, оти устите ми се здрвени. Солза за последен пат ме погледнува и ме бакнува во образот. Сакам Солза и очите да ми ги затвори, ама не ѝ текнува. Ги фаќа капаците на кутијата и полека ги затвора. Ѝ го гледам личенцето како ѝ се преполовува, како се смалува, како исчезнува. Пред мртвиве очи ми минуваат сите наши спомени. Утробата ми се кине и Солза оттаму излегува. Го слушам нејзиниот прв плач. Го опипувам нејзиното лигаво ситно телце со рацете. Нејзините запчиња ми ги грицкаат пупките на боските. Ја слушам како се кикоти кога со татко ѝ ја луламе на лулашките. Ѝги слушам ситните стапки кога навечер трчка до нашата постела оти нешто лошо сончувала. Ѝ го мирискам косичето што ми ги скокотка носниците. Солза веќе не спие со играчки. Чај пие со другарки. Веќе не плаче по мене, ами по момчиња. Солза ми порасна.

Капакот на кутијата се склопува. Мрачнината ми го тиска телото како нараснато тесто. Клучевите тропкаат, се завртуваат во клучалката на вратата од подрумот. Ги слушам чекорите на Солза како се оддалечуваат. Ги слушам чекорите на девојчето мое како ме оставаат. Ама не е важно. Овојпат нема да се опирам. Не оти не можам. Не оти не сакам. Ами оти порано или подоцна, Солза ќе мора да ги одрасне моите коси од розева волница.
Вдаховено, блескаво, едноставно прекрасно! Продолжи да пишуваш, и јас ќе ти бидам еден од најголемите фанови! :) :D
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
И јас пробав да напишам нешто.Имам напишано сто дваесетина страници,но се немам консултирано со никој за тоа како е пишуваното.
Случувањата во романот се во Америка,Египет,Франција и секако во Македонија.Ја имам приказната во глава само треба да ја ставам на хартија.
Ќе постирам две глави од напишаното па ве молам за мислење:)

1

15 век,некаде на Балканот

Ноќта полека го спушташе својот темен шал проткаен со светликавите ѕвезди кои како разиграни пламенчиња немирно трепереа.Беше тивко.Само штурците и по некоја птица песнопојка ја разбиваа кобната тишина која лебдееше во воздухот како затишје пред бура.Тесната кривулеста патека што водеше од ридот кон подножјето,ја параше планината правеќи и белег.Две човечки силуети бавно и претпазливо се движеа по патеката,а секој од нив со себе водеше по три коњи врзани еден зад друг.На коњите беа сместени дрвени сандаци кои тивко крцкаа кога овие чекореа.Подзастануваа,наслушнуваа и пак продолжуваа, како да се плашеа од нешто или од некого.Месечината полека се искачи на врвот од небото и дел од незината светлина падна и врз двајцата патници,па така силуетите ја добијаа вистинската форма покажуваќи се во мракот.

Беа облечени едноставно.Носеа долги црни ризи, на вратот им висеше железен крст а лицата им беа прекриени со густа и долга брада.Тоа беа православни калуѓери.Двајцата беа млади немаа повеќе од триесет години,па затоа и беа одредени на оваа мисија.Требаше да го пренесет овај товар на сигурно,товар кој им тежеше на коњите кои со мака слегуваа на удолнината,но уште повеќе им тежеше на душите на овие двајца млади луѓе.

’’Оче Максим,оче Максим’’!Повика тивко онај кој што одеше втор.’’Причекај малку,еден од сандаците се истрани па морам да го наместам’’

’’Добро застани ќе ти помогнам,а и ќе пододмориме малку овде’’Се согласи отец Максим.

Двајцата сложно и брзо го доведоа во ред сандакот и седнаа на една мала карпа покрај патот.

"Што мислиш,што се случува сега таму?"Запраша вториот калуѓер погледнуваќи кон врвот на планината од каде што допираше мала светлина.Таму беше нивниот дом,манастирот во кој беа од својата дванаесета година.Таму израснаа,се школуваа,научија многу од книгите од богатата манастирска библиотека.Но мораа да го напуштат.Сега дојде ред да се соочат и со реалноста и да видат колку може да биде суров животот од другата страна на манастирските ѕидови.

’’Не знам Стефан,се надевам вообичаеното она што и ние го правевме до вчера.Сега сигурно се вратени од вечерна молитва и секоj е зафатен со своите работи.Но нека си ја работат тие својата работа а ние да ја завршиме нашата’’Рече Максим стануваќи.

’’Господ нека ни е на помош и нека не чува од лукавиот’’.Проговори Стефан стануваќи од карпата.Секој си ги зеде неговите коњи,го прегледаа товарот и откако се уверија дека се е во ред продолжија понатаму.Чекореа бавно и претпазливо помеѓу карпите движеќи се по негостољубивата патека која иако добро ја познаваа сепак често се засопнуваа во мракот.Како и патеката да имаше иста цел со нивниот непријател ,ова патување да не успее.По половина час одење не изговорија ниту еден збор,па Стефан беше онај што го прекина молкот.

’’Што мислиш дали навистина ќе се случи тоа што ни го кажа игуменот?"

Максим се замисли.Тие зборови на Стефан го вратија неколку месеци наназад. Се присети на средбата со игуменот,кога заедно со Стефан зачукаа на вратата од игуменовата соба.

’’Влезете чеда мои,влезете.’’Со блага насмевка ги пречека тој.

Двајцата зачекорија во просторијата и како под команда во ист момент клекнаа пред игуменот и му ја бакнаа раката.Раката која ги спаси од сиромаштија и им го покажа вистинскиот пат по кој треба да чекорат,раката која многу пати беше многу сигурна во разни незгодни ситуации.Но денес и двајцата млади калуѓери почуствуваа дека нешто не е како што треба.Раката која во моментот ја бакнуваа ја немаше онаа вообичаена сигурност од порано. Таа сега трепереше.

Игуменот ги исправи двајцата и зборуваќи им гласот му затрепери

-’’Максиме!Стефане!Слушајте внимателно затоа што немаме време за губење.’’Максим и Стефан ги ококорија очите и беа во исчекување што ќе каже игуменот,но беа сигурни дека не е ништо добро.

’’За вас вас имам посебни задачи,мора да дадете се од себе за да успеете.Секој од вас ќе добие инструкции за тоа што треба да прави.Двајца ве одбрав затоа што сте млади,верни и ја имате вербата во бога."

’’Кажете ваша светост што се случува?Што треба да сториме.Запраша Максим.

’’На манастирот му се заканува голема опасност,страхувам дека за неколку недели сето ова што сме го граделе со векови ќе биде уништено за миг’’.започна игуменот да објаснува а гласот се повеќе му трепереше.

’’Вие двајцата мора и тоа уште утре да најдете некое место за да ги сокриете највредните книги што ги имаме во нашата библиотека.И секако да ја сокриете тајната што нашиот ред ја чува со векови.Тоа е најважно и мора да се однесе и сокрие на сигурно место.’’

’’А од кого страхувате ваша светост?Од Турците?’’Запраша Стефан знаеќи дека Османлиите се тргнати во поход на Балканот.

’’Не се Турците чеда мои.Овие се полоши и од нив.Слугите на ѓаволот се тие од кој треба да се чуваме.Седнете ќе ви објаснам се колку што може пократко.’’рече игуменот и започна да им објаснува на двајцата млади и збунети калуѓери од кои ќе зависи опстанокот на православието во иднина.

Максим полека се врати во реалноста,а зборовите од игуменот е уште му одзвонуваа во мислите.Погледна кон Стефан и му одговори:

’’Не знам Стефане,не знам брате што ќе биде.Но што и да се случи ние овие работи мора да ги однесеме на сигурно.

Пред полноќ стасаа до одредиштето.Стефан го заврза коњот до блиската леска,истото го направи и Максим.

Се искчија на стената што беше над нив а потоа полека се спуштаа по стрмната карпа на спротивната страна од патот.Стасаа до отворот што го пронајдоа неколку недели претходно,ова место изобилуваше со мали пештери сокриени во многубројните карпи кои тука ги имаше во изобилие. .Провираќи се низ отворот влегоа во пештерата,ги запалија факелите што беа внатре и просторијата се осветли.Се беше како што треба.Оваа пештера беше спремна да ја чува тајната ,далеку од очите и валканите раце на слугите на ѓаволот.

Веднаш се зафатија со работа и започнаа да ги сместуваат сандаците во кои се наоѓаа скапоцени книги.На еден од сандаците му посветуваа повеќе внимание.Внимателно го спуштија на земја и го отворија.Во него беше сместено мало црно ковчеже на кое беше изгравиран ликот на еден светец,а веднаш до ковчежето еден до друг лежеа трите записи што ги напиша Игуменот пред нивното заминување.Стефан нежно го извади ковчежето од сандакот и го стави во големата ленена торба што му беше префрлена преку десното рамено.За тоа ковчеже тој доби инструкции од Игуменот да го сокрие на друго место,затоа што баш тука внатре се наоѓаше она што нивниот ред го чуваше долго време.Максим извади два од трите записи што се наоѓаа во сандакот веднаш до малото ковчеже.Првиот му го подададе на Стефан,вториот запис го задржа за себе,а третиот го остави во сандакот.Сега секој од нив двајцата имаше по еден запис.Записите претставуваа еден вид на патоказ преку кој во иднина доколку биде потребно нивните наследници полесно ке го пронајдат ковчежето и ќе му помогнат на доброто да го победи злото... Задачата зададена од игуменот на манастирот а со самото тоа и од бога,беше да ги сокријат на сигурно место одделени еден од друг. Кога завршија со сместувањето на сандаците излегоа надвор и започнаа со зидарската работа.

Од купчето камења што беа веднаш до тесниот влез започнаа да го ѕидат малиот отвор од пештерата.Кога завршија веќе започнуваше да се мугри. Црната боја на ноќта започнуваше да се претвора во сивило а сивилото во светлина,сончевите зраци како разиграни деца на детско игралиште се лизгаа по мазните карпи, денот се раѓаше..Двата калуѓери конечно седнаа да се одморат.Влезот воопшто не се познаваше дека е тука.

’’Нашето го завршивме сега се е во Божји раце’’.Рече Максим прекрстуваќи се а погледот му беше упатен кон небото.

’’Да завршивме, а тајната ќе биде пренесена и запишана таму каде што ќе заминеме баш така како што сакаше игуменот. И секако да се надеваме и молиме дека ќе заврши во вистински раце’’Потврди и Стефан.

Од правецот каде што беше манастирот се забележуваше некоја бледосива трага која се издигаше од земјата извиваќи се нагоре.

Стефан кој го забележа тоа веднаш скокна на нозе како кофа со врела вода да беше истурена врз него.

’’Максим погледни манастирот...нашите браќа...!!!извика Стефан растревожено гледаќи како бледосивата трага постепено се претвора во густ црн чад.

’’Господе ...значи навистина се случи.Нашите браќа,манастирот,сега веќе се исчезнува,како и да не било.Но во последен момент успеавме да го извлечеме од манастирот,она по што беа дојдени неверниците,а со самото тоа смртта на нашите браќа не е залудна.’’си помисли Максим.Ги затвори очите и стоеше така неколку минути неподвижно за потоа да проговори. ’’Да се помолиме за нивните души,оче Стефан а потоа да продолжиме секој по својот пат.Патиштата овде ни се разделуват.

’’Во право си Максиме не смееме да бидеме близу еден друг.Така тајната ќе биде побезбедна.но да се помолиме пред да тргнеме,

Двата калуѓера ги прекрстија рацете и започнаа да му се молат на својот спасител .

Откако завршија со молитвата се упатија кон блиската тврдина,а од таму патиштата ќе им се разделат засекогаш. Стефан требаше да остани тука во близина и тука да го сокрие неговиот запис. Потоа мораше да го сокрија и она вредното по кое во вековите што следат многу ќе се трага,а тоа беше содржината на ковчежето во неговата торба. Максим пак имаше долг пат за одење пред него.Требаше да поминидолг,опасен,многу далечен пат по копно и вода,за да стаса до едно од најсуровите места на планетата.Неговата дестинација беше православниот коптски манастир што се наоѓаше во пустината Сахара.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
2

Пустина Сахара-Египет( денешно време)
Свиреќи ја на неговата виолина својата препознатлива музика,каконекој виртуоз на солистички концерт охрабрен од воодушевената публика, ветрот се повеќе ја зголемуваше својата сила,а зрнцата песок понесени од музиката на маестро ветерот го започнуваа својот танц.Се издигнуваа високо правееќи пируети и се распрснуваа на сите страни, оставаќи го ветерот да одлучува за нивната судбина.Инсектите и малите животинки кои беа жители на ова проколнато парче земја се вкопуваа во жешкиот песок,бараќи засолниште.Kако да се плашеа од музиката на ветерот или како таа музика да ги предупредуваше на некаква опасност.Се ближеше бура.Невреме кое што знаеше да биде многу незгодно и опасно.Бура која можеше да биде пострашна и од снежната.Тоа беше пустинската бура.Ландроверот со боја иста како на песокот што го опкружуваше,како плен кој бега пред својот крволочен гонител,предатор цедеќи ги последните сили од неговототелo,со голема брзина се движеше по импровизираниот пат.

Возачот од време на време погледнуваше кон вртлогот што беше го создала бурата.Вртеше со главата лево десно и шепотеше нешто на арапски,веројатно кажуваше молитва.

Добро ја познаваше оваа пустина и знаеше дека кралицата на пустините Сахара знае да биде незгодна,особено кога има вакви бури.ВоМуслиманството се верува дека Сахара ја создалМухамед за да се одмори по создавањето на светот.Но ова денеска ни малку не личеше на место за одмор.Додека возачот негодуваше,неговиот сопатник делуваше смирено,дури и дремливо.Воопшто не паничеше поради приближувањето на бурата.Неговиот поглед луташе некаде неодредено низ песочното сивило,а неговите мисли со брзина на филмскалента го враќаа на настанот од предходниот ден кој беше поврзан со ова негово ненадејно патување во Египет.Дедо му заврши во болница,проблеми со шеќерот и срцето,а него за малку ќе го прегазеше автомобил но фала му на бога успеа за дел од секундата да отскокни на страна и да го избегне ударот.Ги изгреба лактите и го удри левото колено кое му го амортизираше ударот при паѓањето.И денес чуствуваше болка во коленото но тоа не беше важно,важно беше дека е уште жив.

А за тоа што денес е тука среде оваа пустина а не некаде во некое кафуле во Њујорк,заслужен беше неговиот дедо.

“Бурата е се поблиску, јас мислам да го запреме возилото и да чекаме,најдобро е така.”Го врати во реалноста гласот на возачот.

’’Како ќе решите вие господине Карим.’’

Даде соогласност сопатникот имаќи го сеуште она безгрижно лице.

“Судбината не е во наши раце.Што ќе биде нека биде.Рече Карим и веднаш го стави стапалото врз кочницата.Возилото запре.Пленот застана,предаторот со голема брзина се движеше кон него подготвен да го растргне.Се слушаше јачењето на ветерот.

Како стотици волци вијаќи да галопираа кон нив.

Вртлогот беше се поблиску до возилото.Двајцата се наведнаа помеѓу седиштата очекуваќи го ударот на ветрот.

Возилото се заниша затресуваќи се неконтролирано и кога помислија дека со вториот налет на ветрот возилото ќе се преврти,одеднаш се запре.Виењето престана,се се смири возилото повеќе не се нишаше.Завладеа тишина. Патниците од возилото ги исправија главите,следеќи го со поглед вртлогот кој со голема брзина се оддалечуваше од нив движеќи се во правец на големите дини.

’’Мислам дека помина и замина’’Проговори патникот обраќаќи мусе на Карим.

Но Карим веќе беше излегол од возилото.Клечеше на колена вопустинскиот песоk,молеќи му се на својот бог и заблагодаруваќи му.

И патникот излезе од возилото,длабоко вдиши и издиши и ја избриша потта од челото.

Погледна кон небото.Ги спои палецот,показалецот и средниот прст од десната рака во едно и се прекрсти онака како што прават православните христијани и изусти:

’’Ти благодарам господе боже’’.

Додека Карим се молеше тој повторно влезе во џипот за да ги собере работите кој од ударот на ветрот се беа разлетале насекаде по подот.Под седиштето од возачот го пронајде новчаникот,а пасошот му беше исврлен дури на седиштата отпозади.Страниците му беа отворени па можеше да се види неговата слика а до неа го пишуваше името Сајмон Смит.

Тоа беше името на патникот.

Ги затвори кориците од пасошот. На нив беше врежан грбот на Соединетите Американски Држави.Го стави пасошот во торбичката што цело време му беше префрлена преку грбот.

Во далечинаа се уште можеше да се види прашината што беше ја кренала бурата движеќи се низ пространата пустина.

Карим беше ја завршил молитвата и се појави од зад ландроверот.

’’Ќе продолжиме ли?’’Запраша тој.

’’Да господине Карим.’’ одговори патникот влегуваќи во возилото.

’’Ова што се случи денеска се случува еднаш на сто години’

Започна Карим разговор очгледно весел и возбуден.

’’Сум доживеал повеќе бури господине Смит но ваква чудна бура не сум видел,замислете кога требаше да не удри најсилно што може таа едноставно си замина ха ха ха’’.Продолжи Карим со веселото раскажување.

’’Ви велам јас,има нешто натприродно во сето ова,нешто што не

спаси од сигурна смрт’’.Заврши Карим а неговото лице повторно доби сериозен израз.

Во возилото завладеа тишина,само брчењето на моторот од ландроверот го параше спарниот воздух.

-Ова ти е прва посета на Египет?Запраша Карим.

-Да господине,прв пат сум тука.Затоа дедо ми ве контактираше,тој има голема доверба во вас господине Карим,за вас има само пофални зборови.За разлика од мене тој повеќе пати го посетил Египет но вие веќе го знаете тоа.А јас искрено не сум многу љубител на пустини’’.Рече сопатникот.’’Имам непријатно искуство со нив.До пред половина година бев припадник на Американската Армија,па бев во Ирак и ми е доста и од пустини ,песок ,врело сонце,ладни ноќи...Ме разбирате што сакам да кажам’’.Се разборува Сајмон.

’’Да секако но Ирак е едно а Египет е друго па затоа опуштете се и уживајте!Со дедо ти го имаме испрошетано речиси цел Египет,со таа неговата љубов кон археологијата сме доживеале се и сешто. Но едно нешто нема никогаш да заборавам,а тоа е дека тој во еден момент го ризикуваше својот живот за да го спаси мојот. Па јас сега сум му должник и се надевам дека еден ден ќе го вратам долгот’’ Се насмевна Карим а потоа нагази на гаста.Џипот зарика, зголемуваќи ја брзината и итаќи кон одредената цел.Сајмон внимателно го слушаше и ништо не проговори затоа што тоа што се случи вчера и овие нешта што му ги кажа Карим беа работи од онај живот на дедо му што тој не го знаеше.

Полека пред нив сликата на пустинското сивило,ја параше мала зелена линија.Како возилото се доближуваше така линијата стануваше поширока,трансвормираќи се во неправилен квадрат.

Еве ја Пустински цвет.Со насмевка проговори Карим.

По неколку минути пристигнаа во Оазата.

Триесетина мали шатори беа распослани на зелениот тепих .А белите куќарки со рамни покриви во вид на правоаголници,како некоии кралски кули гордо се издигнуваа над шаторите. Палмите кои ги имаше насекаде во оазата шумолеа од налетот на сега не толку силниот ветар.На средината од оазата се простираше мало езерце.Неговата вода не беше баш најбистра,но далеку од тоа дека беше матна.Освен езерцето имаше и два други бунари со пивка вода.Таа вода беше скапоценоста на луѓето што живееа тука,но и за оние кои беа на поминување и застануваа да се одморат .Таа вода беше творецот на овај рај.Рај среде никаде.Сајмон трепкаше со очите кој се беа навикнале на пустинското сивило.Па сега се приспособуваше на ова волшебство од зелени бои.

’’А сега да ти обезбедам место за преноќевање’’ рече Карим запираќи го возилото крај еден од шаторите.Од шаторот излезе еден човек со низок раст.На главата носеше голем турбан кој му паѓаше се до веѓите па да не беа ушите сигурно ќе му стасаше и до носот.Лицето му го покриваа долги црни мустаќи па така само очите му доаѓаа до израз.

-Смешно некое човече.Си помисли Сајмон гледаќи го.

-Салам алејку!гопоздрави Карим смешното човече

-Алејку салам!Му возврати човечето

Тоа беше вообичаен поздрав во исламскиот свет.

Потоа се ракуваа и започнаа разговор на Арапски.Разговорот траеше кратко.Се поздравија и човечето замина.”Човекот со кој разговарав ми е добар пријател,неговото име е Али.

Тој ќе прати човек да ти покаже каде ќе бидеш сместен”.

“Но како ќе се разбереме,арапскиот ми е многу слаб”.Рече Сајмон шеговито но навистина беше така.”Не грижи се знај дека си овде помеѓу пријатели.Јас сега морам да одам,внимавај на себе па се гледаме утре”.Рече Карим упатуваќи се кон возилото.

”Добро господине Карим се гледаме утре”.Го отпоздрави и Сајмон.Моторот стартуваше,големата машина се придвижи.Повторно се слушна карактеристиното брмчење на ландроверот. Карим направи неколку маневри,назад,па напред и возилото го зазеде посакуваниот правец и полека започна да се оддалечува оставаќи зад себе густа прав,која се издигаше од сувата земја за повторно да се спушти на неа.

“Добар ден господине.Добродојдовте во Пустински Цвет”беа зборовите изговорени на англиски,што му го оттргнаа погледот од џипот кој полека исчезнуваше од хоризонтот.Неговиот поглед експресно ги помина сите шатори што беа во правец на патот и застана и се закотви на само две метра пред него.Женскиот глас кој ги изговори овие зборови му го привлече неговото внимание.

На само два метри од него стоеше црнокоса девојка,која гледаше во него и љубезно му се смешкаше,а токму таа насмевка ја правеше уште поубава.Убавата девојка и зборовите на Англиски што таа ги изговори беше причината,што на неговиот мозок му требаше неколку секунди повеќе од вообичаено да реагира.

Значи овај е човекот што треба да ми биде водич низ оазата,хм убав човек,а знае и Англиски.Се насмевна тој во себе.

Ја пружи раката кон неа и се претстави

“Здраво јас сум Сајмон Смит”

“Мило ми е Господине Смит,јас сум Марија”. се претстави и девојката.

“Марија?Па Марија е малку не..........”.Сајмон не успеа ни да ја доврши реченицата а девојката го надополни.

“Сакавте да кажете дека Марија е невообичаено име за еднаМуслиманка”?

“Да тоа сакав да го кажам”.Потврдно одговори Сајмон,

“Но господине Смит тоа е за тоа што јас не сум Муслиманка”

Одговори девојката смееќи се

“Јас сум Православна Коптка,како што биле и моите родители,мојот дедо,прадедо и многу генерации наназад.

Но за тоа покасно ајде прво да те сместиме некаде”.Заврши таа смешкаќи се. Сајмон се насмевна и тргна по неа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom