Џабе ние овде пишуваме и погаѓаме што е како е.
Јасно е дека има нешто во целава приказна што луѓето не го знаат за да се поклопат работите.
Досега стопати ќе го најдеа и него и колата да го бараше полицијата сериозно,очигледно и тие знаат нешто а не кажуваат.
На секоја патарина има камери,на границите исто можат да видат дали излегол,по телефонот можат да го лоцираат има многу начини.
Друго сомнително е што сите го опишуваат како мирен човек,претходно дека одел на работа,не се коцкал бла бла.
Трета работа го снемува со службена кола баш на денот кога треба да се врати мајкаму од Италија,нели викаа уште бил со некоја девојка да се види,тогаш каде е таа девојка до сега ни еднаш не се изјасни.
Медиумите и телевизиите ништо не кажуваат,освен првиот ден Сител што известија и Милена во нејзина емисија.
До сега имаше и луѓе што викаа дека го виделе,имало пријава дека бил виден со колата како се вози во Драчево,друг вика го видел како јаде тост,сега оваа го видела во Германија.
Ќе видиме што ќе искочи на крајот само сигурен сум дека не е како што вика мајката,дека искочил ноќта и го снемало и му се губи секаков траг.