Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 255 39,2%
  • Златен даб

    Гласови: 182 28,0%
  • Amstel

    Гласови: 63 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 73 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 52 8,0%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,6%
  • Други

    Гласови: 117 18,0%

  • Вкупно гласачи
    651
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
20181110_135624.jpg 20181110_135804.jpg 20181109_183513.jpg Првите две се од ресторан со минипивара во Братислава, светлото е за 4+ а темното е супер ама ми личи на копија на Гинис.А може е и Гинис кој го знае!
Јарецов е проверена конфекција ама морално беше:D
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Црниот Даб го вратиле по маркетиве деновиве, баш на време.
Морам да ја пофалам Прилепска пиварница. Не сум некој голем љубител на црно пиво, ама ова ми е многу убаво избалансирано. Може и 0,5 да избацат, би било добро.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197

Пиварата се наоѓа 100км јужно од Минхен. Врв е и важи за едно од најдобрите Германски пива. Тешко да се најде надвор од Баварија и само во добро сортирани продавници за пијалоци. Ако имате прилика обавезно да пробате.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419

Пробано, штета што не земав за Скопјe :( Јас лименки собирам па затоа хаха. Инаку препорачано од пријател што живее во Баварија (германец). Едно од подобрите што ги имам пробано !
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Пробано, штета што не земав за Скопјe :( Јас лименки собирам па затоа хаха. Инаку препорачано од пријател што живее во Баварија (германец). Едно од подобрите што ги имам пробано !
Ова шти го постирав е Spezial односно Експорт врста а има и светло од пиварата кое исто така е многу добро.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Ова шти го постирав е Spezial односно Експорт врста а има и светло од пиварата кое исто така е многу добро.
Истово го пиев, многу ми се свиѓаше :D Исто добри ми се DAB, Henninger Pils i Radeberger :)

Да не ти пишувам во порака, можеш ли да ми препорачаш други добри пива (од регионалните) за пробување, бидејќи си подолго време таму па сигурно имаш пробано повеќе, па и другите членови да прочитаат.

@Ilumious мислам ти имаше пишано пред некоја страна, Paulaner Salvator дека ти се допаднало. Каде го има во Германија, ти текнува/знаеш?
 
Член од
8 октомври 2015
Мислења
870
Поени од реакции
2.385
Крали Марко(пластика) го преферирам кога пиеме маалски,пред зграда,а стакло прв избор ми е Скопско.
Летово работев во една пивница во Rostock и Lubzer беше далеку пред сите најточено пиво,по питко пиво немам пробано,ама и доста солено беше 7е кригла 0.4..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Истово го пиев, многу ми се свиѓаше :D Исто добри ми се DAB, Henninger Pils i Radeberger :)

Да не ти пишувам во порака, можеш ли да ми препорачаш други добри пива (од регионалните) за пробување, бидејќи си подолго време таму па сигурно имаш пробано повеќе, па и другите членови да прочитаат.

@Ilumious мислам ти имаше пишано пред некоја страна, Paulaner Salvator дека ти се допаднало. Каде го има во Германија, ти текнува/знаеш?
Па би требало во секој маркет да го има, немам баш скитано по пиво низ Германија, јас во Веро го начекувам во Скопје и во Словенија во Меркатор го наоѓам :D
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Го немав сретнато во многу маркети, ама чим го има во Скопје супер. Во Тафталиџе така? Пошо у овој во Аеродром јок :D

Ауу абе темно пиво било, пиши пропало :D
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Истово го пиев, многу ми се свиѓаше :D Исто добри ми се DAB, Henninger Pils i Radeberger :)

Да не ти пишувам во порака, можеш ли да ми препорачаш други добри пива (од регионалните) за пробување, бидејќи си подолго време таму па сигурно имаш пробано повеќе, па и другите членови да прочитаат.

@Ilumious мислам ти имаше пишано пред некоја страна, Paulaner Salvator дека ти се допаднало. Каде го има во Германија, ти текнува/знаеш?
ДАБ по дифолт е супер пошто е од Дортмунд, град со пиварско минато каде Пилсот многу се поштуваше. Радебергер е добро пиво од град близу Дрезден. Во времето на ДДР беше број еден и скоро цело произвеодство одеше за експорт дури до Њу Јорк. Денес исто е добро ама масовно производство имаат. Хенингер не го познавам. Од надрегионалните можам и Јевер да препорачам иначе мој совет е ако сте некаде да ги пробате регионалните пива. Нормално дека во јужна Германија ги има повеќе но може секаде да се најдат. Од мое искуство можам да препорачам

Ако сте во Франконија регионот околу Нирнберг, Северна Баварија. И онака Франкониа е пивското срце на Германија со најмногу пивари во светот. Тука уште го имаш тоа секое село своје меана со своје пиво и за прифатливи цени.

Ако сме веќе Франкониа и Бамберг е пиварски град со специјалитет Rauchbier пиво со вкус на чад. Schlenkerla Rauchbier мора да се проба ако сте во Бамберг.

После тоа сите знаете Hefeweizen како сорта ама има и еден специалитет се вика Kristallweizen значи Вајцен пиво ама не темничко туку кристално сјајно (затоа и името). Тоа почесто се наоѓра во Виртемберг кој поред мене е втор важен пиварски регион во Германија после Баварија. Тука можам да препорачам

Ова пиво ќе го најдете во Ален/Aalen односно тој регион.

Општо во Ален и околината има солидни пива. Можам да препорачам Васералфингер Шпециал и Пилс од оваа пивара.

Скржави Шваби пилсот го даваат само во 0,33 :D

Одиме кон исток ако сте во Саксонија има една пивара од Герлиц Ландскрон која ви ја препорачувам. Пилсот е добар ама има и едно темно пиво

upload_2019-1-12_23-26-33.png

Исто така зимско пиво и за љубители на хмељ

upload_2019-1-12_23-27-52.png

За љубители на Хефе-Вајцен препорачувам

А од Минхенските пива мислам уедливо најдобри се Аугустинер и од нив

Околу Келн има свој специјалитет Келш и од тамошните сорти ги препорачувам Gaffel и Früh

Исто добро и популарно е пиварата Rothaus од Баден Виртембер и тука Пилсот кое во 0,33 пакување го викаат Tannenzäpfle. Државна пивара е и скоро ич Маркетинг не прави ама е култ

Овој избор на брзина има многу пива кои и ја не ги знаам ама секаде имаш регионални и вреди нив да им се даде предност него големите.

Уште една источна на крај: Lübzer

Може скоро низ цела Германија да се најде. Солидно пиво како Јеверот пилс со посебен карактер.

На крај само да спомнам дека пивата со свој вкус и карактер многу повеќе ги преферирам него меинстрим пива како Бекс, Кромбахер и други кои секако можат да се пијат ама им се одземени сите карактеристики за да може голема публика да ги пие. И не е чудно што токму тие пива се под притисок затоа што се заменливи :)[DOUBLEPOST=1547332788][/DOUBLEPOST]
Крали Марко(пластика) го преферирам кога пиеме маалски,пред зграда,а стакло прв избор ми е Скопско.
Летово работев во една пивница во Rostock и Lubzer беше далеку пред сите најточено пиво,по питко пиво немам пробано,ама и доста солено беше 7е кригла 0.4..
Lübzer е одлично![DOUBLEPOST=1547333296][/DOUBLEPOST]
Па би требало во секој маркет да го има, немам баш скитано по пиво низ Германија, јас во Веро го начекувам во Скопје и во Словенија во Меркатор го наоѓам :D
Салваторот е Starkbier со повеќе промили од обичното и претежно се прави кон есен ко ќе е Октоберфест посебно низ Баварија колективно пијанчење е кога локалната пивара го ваѓа тоа пивo или Bockbier-от. Иако Салваторот мислам го има преку цела година. Низ маркетиве послабо претежно во продавници за пијалоци тука може да се најдат и сорти што ги нема во големите маркети.
 
Последно уредено:
Член од
8 октомври 2015
Мислења
870
Поени од реакции
2.385
Исто доста точено беше Brooklyn brewery,него го точевме во 0.25 и беше поскапо од Lubzer-от 0.4,претежно го конзумираја луѓе во поодминати години,според мене имаше доста специфичен вкус.Негативно изненаден бев кога ќе ми стигнеше порачка,пиво како Lubzer или Duckstein да го мешам со сок од банана/вишна/рабабер,то поќе не е пиво.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
@Igorcemk фала ти за најдобриот пост на темава. Rothaus го пиев во Штутгарт, ама беше некако кафеаво, накај темно и беше многу грозно. Henninger Pils го има у Франкфурт (и ваљда околина). Не знам дали знаете, Radeberger му беше омилено пиво на Чарли Шин во Тwo and a half men :D

Ќе пробам некое од овие ако начекам, имам пробано повеќе пива така, ама не ми оставиле поголем впечаток како тие што веќе ги набројав како добри :D
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Исто доста точено беше Brooklyn brewery,него го точевме во 0.25 и беше поскапо од Lubzer-от 0.4,претежно го конзумираја луѓе во поодминати години,според мене имаше доста специфичен вкус.Негативно изненаден бев кога ќе ми стигнеше порачка,пиво како Lubzer или Duckstein да го мешам со сок од банана/вишна/рабабер,то поќе не е пиво.
Пошто беше во источна Германија (ија живеев тука подолго време) тоа со мешањето има е останато од ДДР оти тогаш поради недостиг на суровини пивата не беа константно со ист квалитет па се мешаа. Квантитет пред квалитет односно вид Радлер. Добрите одеа за експорт. Ја не практикувам али мислам ок е на лето.[DOUBLEPOST=1547335719][/DOUBLEPOST]Иначе за на крај го пропуштив поред мене најдобриот Вајцен:

ВРВ!

А темно:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
@Igorcemk убави постови на темава. Германците се прагматични, па многу од одликите на локалните пива имаат врска со некои локални навики. На пример келш се служи во помали чаши за да се пие поладно, поточно да стои помалку на масата со што би покачило температура и би изгубило вкус. Затоа келнерот се убива од вртење низ пивницата и цело време менува чаши. Мислам дека слична е идејата и со малите шишиња пилс за кои си пишал.

Убаво е сите овие човек да ги проба во локален контекст со локална храна и во дадениот амбиент. Салваторот кој го зборите го има во поснабдени маркети во Скопје, како Веро.

Најубавите пива според мене, па какви и да се стаут, вајцен, пилс или било кој друг тип, се од мали фабрики, што имаат производство само на едно место и што држат до рецептата. За жал, тоа кај нас го нема и често имаме варијации на вкусовите што ја намалува вредноста на името.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom