Истово го пиев, многу ми се свиѓаше
Исто добри ми се DAB, Henninger Pils i Radeberger
Да не ти пишувам во порака, можеш ли да ми препорачаш други добри пива (од регионалните) за пробување, бидејќи си подолго време таму па сигурно имаш пробано повеќе, па и другите членови да прочитаат.
@Ilumious мислам ти имаше пишано пред некоја страна, Paulaner Salvator дека ти се допаднало. Каде го има во Германија, ти текнува/знаеш?
ДАБ по дифолт е супер пошто е од Дортмунд, град со пиварско минато каде Пилсот многу се поштуваше. Радебергер е добро пиво од град близу Дрезден. Во времето на ДДР беше број еден и скоро цело произвеодство одеше за експорт дури до Њу Јорк. Денес исто е добро ама масовно производство имаат. Хенингер не го познавам. Од надрегионалните можам и Јевер да препорачам иначе мој совет е ако сте некаде да ги пробате регионалните пива. Нормално дека во јужна Германија ги има повеќе но може секаде да се најдат. Од мое искуство можам да препорачам
Ако сте во Франконија регионот околу Нирнберг, Северна Баварија. И онака Франкониа е пивското срце на Германија со најмногу пивари во светот. Тука уште го имаш тоа секое село своје меана со своје пиво и за прифатливи цени.
Ако сме веќе Франкониа и Бамберг е пиварски град со специјалитет Rauchbier пиво со вкус на чад. Schlenkerla Rauchbier мора да се проба ако сте во Бамберг.
После тоа сите знаете Hefeweizen како сорта ама има и еден специалитет се вика Kristallweizen значи Вајцен пиво ама не темничко туку кристално сјајно (затоа и името). Тоа почесто се наоѓра во Виртемберг кој поред мене е втор важен пиварски регион во Германија после Баварија. Тука можам да препорачам
Ова пиво ќе го најдете во Ален/Aalen односно тој регион.
Општо во Ален и околината има солидни пива. Можам да препорачам Васералфингер Шпециал и Пилс од оваа пивара.
Скржави Шваби пилсот го даваат само во 0,33
Одиме кон исток ако сте во Саксонија има една пивара од Герлиц Ландскрон која ви ја препорачувам. Пилсот е добар ама има и едно темно пиво
Исто така зимско пиво и за љубители на хмељ
За љубители на Хефе-Вајцен препорачувам
А од Минхенските пива мислам уедливо најдобри се Аугустинер и од нив
Околу Келн има свој специјалитет Келш и од тамошните сорти ги препорачувам Gaffel и Früh
Исто добро и популарно е пиварата Rothaus од Баден Виртембер и тука Пилсот кое во 0,33 пакување го викаат Tannenzäpfle. Државна пивара е и скоро ич Маркетинг не прави ама е култ
Овој избор на брзина има многу пива кои и ја не ги знаам ама секаде имаш регионални и вреди нив да им се даде предност него големите.
Уште една источна на крај: Lübzer
Може скоро низ цела Германија да се најде. Солидно пиво како Јеверот пилс со посебен карактер.
На крај само да спомнам дека пивата со свој вкус и карактер многу повеќе ги преферирам него меинстрим пива како Бекс, Кромбахер и други кои секако можат да се пијат ама им се одземени сите карактеристики за да може голема публика да ги пие. И не е чудно што токму тие пива се под притисок затоа што се заменливи
[DOUBLEPOST=1547332788][/DOUBLEPOST]
Крали Марко(пластика) го преферирам кога пиеме маалски,пред зграда,а стакло прв избор ми е Скопско.
Летово работев во една пивница во Rostock и Lubzer беше далеку пред сите најточено пиво,по питко пиво немам пробано,ама и доста солено беше 7е кригла 0.4..
Lübzer е одлично![DOUBLEPOST=1547333296][/DOUBLEPOST]
Па би требало во секој маркет да го има, немам баш скитано по пиво низ Германија, јас во Веро го начекувам во Скопје и во Словенија во Меркатор го наоѓам
Салваторот е Starkbier со повеќе промили од обичното и претежно се прави кон есен ко ќе е Октоберфест посебно низ Баварија колективно пијанчење е кога локалната пивара го ваѓа тоа пивo или Bockbier-от. Иако Салваторот мислам го има преку цела година. Низ маркетиве послабо претежно во продавници за пијалоци тука може да се најдат и сорти што ги нема во големите маркети.