Пиво

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 173 37,6%
  • Златен даб

    Гласови: 146 31,7%
  • Amstel

    Гласови: 42 9,1%
  • Heineken

    Гласови: 43 9,3%
  • Tuborg

    Гласови: 37 8,0%
  • Beck's

    Гласови: 9 2,0%
  • Други

    Гласови: 75 16,3%

  • Вкупно гласачи
    460

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
5.927
Поени од реакции
4.674
нема сода, не прави пена, разредено со вода, недефиниран вкус = мочка, не за џабе е 30 денари и тоа дури од полска донесено,
Ако пивото го извадиш тазе да е од фрижидер ладно ќе биде вкусно и ќе те освежи, но ако стои повеќе саати на дневна температура во некоја соба или пак уште полошо да ти стои во кола повеќе саати на овие високи температури и тоа колата да ти е на сонце паркирана нормално дека ќе има вкус на мочка и ќе ти се згади од него, без разлика од која марка и да е !
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
985
Поени од реакции
867
Една молба до побратимите во немачка, посебно во регионот на франкфурт. Да споделите некое добро локално пивце по можност да може да се најде на аеродромот јер има 2 саати пауза па да се проба нешто несекојдневно ако е можно.
Tegernsee bier e баварско пиво, ама е добро и можно е да го има негде на аеродромот во Франкфурт. Исто убаво пиво мене ми беше Henninger Pils :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.495
Поени од реакции
166.316
Јас имам повеќе нови љубови!
Прегледај го приврзокот 207369
:D
Уствари сакам да ги пофалам маркетите што почнаа и чешки пива да продаваат, незнам дали Крушовице ќе го донесат, пошто Скопското е по негов рецепт, па да немаат некој договор за недуплирање:(
Козел е топ, исто и Ребел. Ако те носи патот во Паб Порта кај автобуската кај Ким, влези, има огромен избор на пива, голем дел се чешки.

Во последно време како локам Holsten леле, треба картичка за верност да ми дадат.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
985
Поени од реакции
867
Козел е топ, исто и Ребел. Ако те носи патот во Паб Порта кај автобуската кај Ким, влези, има огромен избор на пива, голем дел се чешки.

Во последно време како локам Holsten леле, треба картичка за верност да ми дадат.
Да надополнам, у Woodstock има исто чешки пива. Lobkowicz и Cerna hora ги пробав. Солидни се :))
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
3.729
Поени од реакции
3.785
Да надополнам, у Woodstock има исто чешки пива. Lobkowicz и Cerna hora ги пробав. Солидни се :))
Во споредба со крафтот на Темов пивата у woodstock се божји напитоци :)
150 денари е најефтиното пиво и тоа 0.48 :confused::confused:!??!
Прво што е фората со тие 2 милилитра што ќе ги заштедат само тие знаат .
Второ вкусовите толку се одвратни што последниот пат кога бев пред една недела во вкусот на пивото се чуствуваше вкусот на нерастопен пивски квасец :sick:
И 150 денари чаша :гомце:
А за 150 има Erdinger, Paulaner, Holsten..
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
2.477
Амстел лименка од 0.5. Соодветна замена ми е Туборг. Кога сум во Србија пијам Зајечарско...

Скопско и Даб нејќам да видам...
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
56
Поени од реакции
69
Може по некој ладен Mythos.... :)
 
Последно уредено:

banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
133
Поени од реакции
64
каде има по маркетиве бекс ?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
3.729
Поени од реакции
3.785
Амстел лименка од 0.5. Соодветна замена ми е Туборг. Кога сум во Србија пијам Зајечарско...

Скопско и Даб нејќам да видам...
Koга ќе идеш у Србија пробај Апатинско.
За Скопско и Даб се сложувам. За 20 - 30 денари плус имаш на избор Германски, Чешки ... пива кои се барем 10 пати подобри.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
985
Поени од реакции
867
Koга ќе идеш у Србија пробај Апатинско.
За Скопско и Даб се сложувам. За 20 - 30 денари плус имаш на избор Германски, Чешки ... пива кои се барем 10 пати подобри.
Иако е ствар на вкус, мислам дека Скопското ни е најдобро* на голем дел од населениево. Зборам по вкус, е сега ако некој му ствара киселини или го дуе, не знам тоа. Германските се убави, ама не се толку над скопското. :D Митос грчкото е убаво, дортмундски ДАБ е супер ама го нема кај нас, и Радебергерот онака. Пауланерот, Eрдингер и Кромбахер се добри, ама не се толкава разлика па уште за тие 20-30 денари. За еднаш да, ама за повеќе пати тешко :)

*под најдобро заклучив као у стил дека го пиеме од мали и сме навикнати на истото. Исто како што бугарите се навикнати на Каменица/Шуменско, грците Митос, баварците на Пауланер или некое нивно локално, што не значи дека е општо најдобро. Има луѓе што пијат или Скопско или Даб. Ретко кој ги пие двете пива со ист мерак.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
3.729
Поени од реакции
3.785
Иако е ствар на вкус, мислам дека Скопското ни е најдобро* на голем дел од населениево. Зборам по вкус, е сега ако некој му ствара киселини или го дуе, не знам тоа. Германските се убави, ама не се толку над скопското. :D Митос грчкото е убаво, дортмундски ДАБ е супер ама го нема кај нас, и Радебергерот онака. Пауланерот, Eрдингер и Кромбахер се добри, ама не се толкава разлика па уште за тие 20-30 денари. За еднаш да, ама за повеќе пати тешко :)

*под најдобро заклучив као у стил дека го пиеме од мали и сме навикнати на истото. Исто како што бугарите се навикнати на Каменица/Шуменско, грците Митос, баварците на Пауланер или некое нивно локално, што не значи дека е општо најдобро. Има луѓе што пијат или Скопско или Даб. Ретко кој ги пие двете пива со ист мерак.
Од Скопска Пивара само Скопско нефилтрирано (тоа у хартиена ќеса што го продаваат) е добро и тоа просек не е нешто посебно.

Не те сфатив со разликата во цени . Сакаш да кажеш дека Чешките и Германските пива се многу повеќе поскапи од Скопско и Даб ?

Јас и Скопско и Даб ги имам препиено и сепак далеку назад се во споредба со некои странски пива. Пред години наназад Скопското беше многу добро ама како пазарот на пива се прошири така како и да изгуби на квалитет а башка и главоболките што почна да ги предизвикува....
 

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.132
Поени од реакции
10.670
Козел е топ, исто и Ребел. Ако те носи патот во Паб Порта кај автобуската кај Ким, влези, има огромен избор на пива, голем дел се чешки.

Во последно време како локам Holsten леле, треба картичка за верност да ми дадат.
Holsten knallt am dollsten - Нешто во слободен превод како Холстен најдобро мават ви глава :) Солидно пиво што веќе подолго време го даваат по големиве маркети по акциони цени од 8-10 Евра на гајба.

Иначе околу чешките да не пофтовурам општо познати работи ама Pilsner Urquell дефинитивно е број еден и меѓу топ пива во светот. Ај што е мекушко со 4,4 алк. но почнуваќи од бојата па мирисот па ептем меката вода и вкусот кој ти ги активира сите вкусни нерви во устата...сон. А вкусот го имаш уште долго во уста невероватно пиво. Препорачувам обавезно да ја посетите пиварата во Плзен и тура да направите. Точат тазе пиво од тие огромни дрвени буриња ... феноменално. Исто така во иста пивара се прави Гамбринус тоа скоро секаде во градот се точеше по баровите. Дента ми делуваше подобро од Урквелот ама го пробав пак пред некоје време флаширано, сеуште солидно но далеку од Урквел. Али водата им е од исти сопствен бунар. И исто така Будвајзерот чешки е ептем добро пиво без никаква слабост. Исто врвно и од светски ранг али Урквелот е повозбуден.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
985
Поени од реакции
867
Од Скопска Пивара само Скопско нефилтрирано (тоа у хартиена ќеса што го продаваат) е добро и тоа просек не е нешто посебно.

Не те сфатив со разликата во цени . Сакаш да кажеш дека Чешките и Германските пива се многу повеќе поскапи од Скопско и Даб ?

Јас и Скопско и Даб ги имам препиено и сепак далеку назад се во споредба со некои странски пива. Пред години наназад Скопското беше многу добро ама како пазарот на пива се прошири така како и да изгуби на квалитет а башка и главоболките што почна да ги предизвикува....
За цените сакав да кажам, дека за 20-30 денари поскапи, ако пиеш да речеме секој втор ден, не ти се исплати, а не се ни подобри. Сепак тоа е ствар на вкус. Едно е да ги имаш препиено, едно е да не ти се свиѓа. Арианата бугарска, и Скопското ги имам препиено, ама пак Скопското ми е најубаво за секој ден. Иам пробано и поубави пива, но дефинитивно не се тие што ги има кај нас во маркети.


Со Игорче може да се согласам дека Гамбринус е добро пиво, мене ми е најдобро, ама не само според вкусот, пошо иам и причина зашо баш тоа го сакам. (Дешавка од средно, неповрзана со вкусот на пивото хахаха)

Да напоменам и дека пивата од својата матична земја се многу подобри од верзиите што се продаваат кај нас. (Германските мислам дека се во Германија произведени повеќето, ама сите други пива имаат лиценци во Бугарија/Романија/Полска/Србија, и според мене не се истиот вкус)
 

Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.132
Поени од реакции
10.670
Цената е индивидуална работа ама за добро пиво треба да си спремен и повеќе да платиш, посебно ако е носено од надвор. Тогаш имаш плус трошкови кои влагаат во цената.

Ретко које пиво од Германија се прави под лиценца надвор од државата, мислам спротивно е на тоа за што стои Германското пиво. За Бекс знам и тоа пиво е посебен случај. Гледам документарец за тоа пиво. Едно време беше популарно и посебно надвор од Германија беше некаков бенчмарк за Германско пиво. Али вистината е дека се работи за целосен маркетинг производ. Да, се произведува во Бремен (барем тоа за Гер пазарот) ама е производ како на пример Кока Кола. За масата, без карактеристики и све што не очекувам од пиво. За други пива не знам, малите секако дека нема шанси некаде под лиценца да се произведуваат али и големите не ги гледам по светските пазари за да се исплати некако.
 
На врв Bottom