Грда фотографија ни колегата мој Дејан не ја оправа во фотошоп.
Како прво, 80% од фотката е НЕБО. Што би се рекло, оф-топик.
Оној мал дел што е пејзаж уствари, се ниви посеани со разни култури, и дрва меѓу нив, ама не може да се процени колкави се и какви се.
На самото дно имаш цветови, убаво ќе било да се гледаат и стебленцата на тие цветови.
Од лево влетува некаква гранка, да штрчи ко бубуљица на лице на пубертетлија/ка.
Под тоа може да се видат куќи во далечина, доколку гледаш доволно долго во фотографијата... значи тоа е Арачиново... многу мало било...
Или со една реченица кажано, не се фотографира пејзаж од превозно средство!