Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Па тоа ми беше и поената на претходниот пост, дека не знаеш кој, зошто почнал. Курт Кобејн пукал хероин и станал зависник наводно зошто имал хроничен проблем со стомакот и му бил метод за олеснување на болки.

Некој ако стане зависник од дрога не е дека не знае или не може да размислува, како што наведе претходниот член. Ете оној готвачот, Антони Бордејн што се самоуби скоро од депресија. Тој едно време го водеа како еден од водечки готвачи во светот, и ако гледаш интервју, паметен, успешен човек. Тој исто бил зависник од хероин. Хероинот го победил, депресијата не.
А Авичи?
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
@KosteM
Реално и ваквото релативизирање има импакт на една личност дали ќе посегне по тешка дрога. На пример ако ја оправдуваш со компарација на истакнати личности...

Изминатиов период баш се сметаше за најџанк дрога хероинот и намален беше бројот на корисници еве сега пак у тренд е за алтернативци, докажано е дека модата на секои 10/15 год се повторува...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Онаа жеништено "со стил" репризираше некоја емисија со него пред некој ден.
Сеа да не мудрувам отпосле...збореше дека бришел луѓе од телефон, од животот, потенцираше дека намерно останал дома за нова година и слично...се глеа дека го спукала некоја криза, депресија. Е сеа, и без дроги, триести години, за многу луѓе знаат да бидат прилично комплицирани: дали си на пат да го реализираш тоа што си го замишљал, си имал емотивна врска, па пропаднала, си видел многу луѓе у вистинско светло...а не си така полн со елан и сила како во свои 20-ти...мада, без дроги ќе го изгураш тоа некако.
Моментов со хероинов. Он е (беше) у таа рок фазон/култура. Секоја поединечно си има свои дроги. Технаџиите, трансерите се со таблетите, хипиците, добро, они експериментираа со лсд, хероин...никогаш немам пробано, ама викаат дека дејството на хероинот е многу добро, настрана зависноста и парталот шо ти го праи од организмот. Посебно се ставаат у филм дека помага во креативна фаза и знае да те извади од зачмаеност и креативна криза. Као што и Хаксли го опишува мозокот како вентил кој управува со количината на информации што ги воспримаме од околината и дека со користење на соодветни супстанци, тој вентил може да се подотвори. Сеа, не знам, не викам дека ова му бил мотивот за да завлегуе у тој живот, пошо има луѓе и од глупавост и незнаење шо го праат тоа. Често и средината "повлекува"..."ако не си скроз у тој фазон, тогаш си фејкер, не добиваш доволно респект" и слични такви "правила на заедницата", кои не секој ги преживува. 80-ти години, на пример, пола Белград отиде у гроб од тоа фиксањето и пропратни хепатитиси, сиди и п материне...па и Скопје имаше "елита" у тој фазон. Јас лично бев убеден дека зависници од хероин во Скопје се останати релативно малку и тоа дека тие се од постари генерации од Влатко, ама ете не било така. Ете Rolling stones се пример дека и така се доживуваат 80 години, ама и тоа ретко бива.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
Вчера вечерта полноќ фатив реприза на 24 вести емисија Живот со Стил каде гостуваше Влатко и фацата му беше црвена како да е испотен, здебелен беше доста, и очите му светкаа. За очиве такви и на младост му биле изразени ама тоа што го видов во емисијата чуден ми беше.
...случајно да не му ги виде и зениците? здебелен доста? ауууу не сум знаела дека тоа што сакаш да иницираш предизвикува дебелење? не е подобро малку нешто поубаво во сеќавање да се пишува за веќе починат млад човек, не ти е незгодно?



...почивај во мир Влатко!
Познавам луѓе што пиеле Трамадол против болки, и не станале наркомани.
е ај оди во било која болница во МКД и прашај кој лек го давате против болки од било кое потекло на скоро било кој возрасен пациент? знаеш што одговор ќе добиеш - инекции Трамадол и тоа најаките од 100 мг!
и друго, под препоставка дека Влатко криел нешто во себе некоја неизлечлива болест да речеме? ете како некој што приметува дека ,,бил црвен во лицето,, ете јас го гледам „блед“ да речеме, што ако имал леукемија? :( кој сме ние да го осудиме за негови постапки? а бе дајте пишувајте нешто за негова музика во спомен, каков бил како човек, негови врелини ! (y)
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
...случајно да не му ги виде и зениците? здебелен доста? ауууу не сум знаела дека тоа што сакаш да иницираш предизвикува дебелење? не е подобро малку нешто поубаво во сеќавање да се пишува за веќе починат млад човек, не ти е незгодно?



...почивај во мир Влатко!
Ако свртиш некој страни наназад во темава и најдеш мој постови ќе бидиш дека имам и пишувано такви за сеќавање. Пред се мене Влатко ми беше супер пеач. Првиот соло албум Со други зборови му е најдобар и го имам купено оргинал уште тогаш кога се продаваше по трафикиве. После тој албум премногу песните почнаа да му стануваат заникаде барем не беа некој мој вкус ама знаеше и по некоја добра песна да испее.
Кога му беше стилот rock & roll Bon Jovi со Морал ми беше доста интересен.
 
Последно уредено:
C

Castiel

Гостин
ОК. Фројд бил наркоман. Редовно конзумирал кокаин, а конзумирал и опијати. Фројд не знаел да размислува?

Не е се црно-бело. Се има нијанси.
Фројд не живеел во 21 век каде што имаш податоци буквално за се. И убаво ти објасние погоре. Денешно време нема апсолутно никакво оправдување за да станеш џанак. Ниту депресии и слични глупости.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Па тоа ми беше и поената на претходниот пост, дека не знаеш кој, зошто почнал. Курт Кобејн пукал хероин и станал зависник наводно зошто имал хроничен проблем со стомакот и му бил метод за олеснување на болки.
Друже, лош пример ти е ова. Како што ти потенцирав, Фројд НЕ ЗНАЕЛ дека кокаинот има адиктивна природа и кога се уверил дека има, продолжил самиот да внесува наркотици и така ги докажал својствата на анестетикот и антидепресантот. Фројд е во топ научници што си го ризикувале животот и телото само за да се посветат на науката како Марија Кири Склодовска итн.

За проблеми со IBS & IBD (проблеми со стомакот) се користи медицинска марихуана а не кокаин или хероин така што може да се лажеме дека Курт Кобејн користел кокаин за стомакот.

Смешно е како се пробува по секоја цена да се оправда користењето на наркотици како кокаин и хероин, макар некој и животот му се распаѓал пред очи. Кога некој има проблем со депресија или со своето психичко здравје, оди на психијатар како што жена оди на гинеколог кога има проблеми со циклусот, многу е просто но кај нас се` уште вирее „што ќе кажат комшиите“ синдромот.
 
C

Castiel

Гостин
По резултати од судска умрел од мешавина од опојни средства од кој најзастапен бил кокаинот ама тука @Име И Презиме ќе се треска од земја како тоа не било вистина дека се дрогира и не умрел од тоа и како не ни било срам да шириме лаги. Неееее он ич не се дрогирал он најубаво го познавал ние глупости зборевме....
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
Има еден стих од негова песна.Мислам вака одеше:"Секогаш насмеан,кријам и не пуштам ниедна солза за да не им кажам колку сум проклето сам,кај да се сокријам,светот е голем океан,затоа пак се смеам и ги лажам сите без срам,дека е добро,ма стварно е добро."
Нека почива во мир
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
Вистината е таа за жал, многумина се сомневаа но ете имаше и некој што не веруваше во се што е кажано.Ке те паметиме по добри работи, за жал ке те зборуваме и за лоши:place:Бог да те прости Влатко
... пих, вистина било!
цитирам : ,,...Од обвинителството ја потврдуваат оваа информација за 1ТВ, но без да ги соопштат наодите. Велат дека извештајот се разгледува во моментов. -Истиот се разгледува, по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката, велат од ОЈО..,,
што значи тоа= Се разгледува? воопшто не ми се допаѓаат вакви сакам да кажам не знам како- информации и да не сака човек ќе се посомнева и ќе влезе во филм дека пак нешто не е во ред,
обдукција? од кого од робот ли? Не, направена од човек, зарем малку имаме случаеви кога докторот ќе и‘ соопшти на родилката дека детето умрело, а потоа истото ќе го продаде? (клик) или друг случај, дека бебето било мртво и однесено во мртвачница, а тоа живо?(клик) ...ама ич не верувам, денес живееме во време кога толку се лаже, без срам и перде и страв од Господ!
...јас мислам дека не се знае зошто, како, причината зашто умре Влатко Илиевски, ете не ме убедија !
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Дај бе не трескајте зелени и не влегувајте во непотребна дискусија.

Почина ликот, нема да се врати. Читајте статии таму за причината и овде не се препукувајте на лична основа. Сигурно нема да ви го дадат наодот и мислењето вас од обдукцијата, пошто страшно ве интересирало од што починал.

Нека му е лесна уште еднаш земјата.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Друже, лош пример ти е ова. Како што ти потенцирав, Фројд НЕ ЗНАЕЛ дека кокаинот има адиктивна природа и кога се уверил дека има, продолжил самиот да внесува наркотици и така ги докажал својствата на анестетикот и антидепресантот. Фројд е во топ научници што си го ризикувале животот и телото само за да се посветат на науката како Марија Кири Склодовска итн.

За проблеми со IBS & IBD (проблеми со стомакот) се користи медицинска марихуана а не кокаин или хероин така што може да се лажеме дека Курт Кобејн користел кокаин за стомакот.

Смешно е како се пробува по секоја цена да се оправда користењето на наркотици како кокаин и хероин, макар некој и животот му се распаѓал пред очи. Кога некој има проблем со депресија или со своето психичко здравје, оди на психијатар како што жена оди на гинеколог кога има проблеми со циклусот, многу е просто но кај нас се` уште вирее „што ќе кажат комшиите“ синдромот.
Поентата мене ми беше да му одговорам на членот кој имплицираше дека ако земаш дроги, тогаш не размислуваш. Се согласувам дека ја малку во афект го спомнав Фројд како пример за човек кој очигледно размислувал, а и користел дроги. И, се согласувам дека може не е адекватен пример. Примерот со Курт Кобејн, реално него не му дале дијагноза за проблемот, а човекот бил во болки. Можеби пробувал други методи. Може пробувал марихуана, лекови и сл. Не знаеме. Може само хероин (кој го користел) му помогнал со болката. Никој од нас лично не знае колку му била болката, што се пробал и како му било. Така што, стварно мислам дека не сме во ситуација да го судиме.

Тоа сакам да кажам јас, дека не треба да ги судиме овие луѓе зошто има различни фактори зошто дошле таму кај што дошле. Јас се согласувам дека дроги се лоши и не треба да се користат, но, и луѓето кои ги користат го знаат тоа и се согласуваат. Еве еден клип што го гледав пред некоја година од бездомник кој ради болки почнал со апчиња, изгубил работа, па преминал на хероин. И он сам си кажува дека знае што му прави дрогата и како стигнал кај што стигнал, како треба да излезе. Не е глуп. Сам си кажува дека посакува никад да не бил во ситуација да проба опиодни дроги и дека сензацијата е толку јака, што го натерала да се откаже од се.
https://www.youtube.com/watch?v=H6ZFzEW7_Q4

Наука кажува дека не сите исто реагираме на дроги, а и психолошки не сите имаме зависни карактери. Јас можам да пробам дрога и да не станам зависен. Ти може да пробаш кокаин, па хероин и во гроб. Не се фиксни овие работи. Затоа не треба да се суди ако некој заглави. Треба да проба да се разбере зошто се случило тоа и да проба да му се помогне. Не да се вика дека е глуп. Јас стварно не гледам како тоа е продуктивно. Очигледно дека ако луѓе и во денешно време во современи општества од секакви сфери и општествени слоеви заглавуваат со дроги тоа не е научна фантастика, туку реалност за многу.

А тоа со психијатар. Се согласувам дека треба да се оди на психијатар. Јас мислам и дека ако не пати човек од депресија треба да оди на психолог, ако може да си го дозволи тоа. Но нема гаранција дека ќе ти го решат тие луѓе проблемот. Јас знам две личности, една жена, друг маж, кои откако ги изгубија своите деца станаа тешки алкохоличари. Едното дете беше тинејџер, на типот бебе. И двајцата идеа по психијатри, па ништо не им помогна и се фатија за шише. Жената се влечеше по клиника, бардовци и ништо. Може да им бил достапен хероин и тоа ќе пробале. Шишето им било најблиску па со тоа ја ублажувале болката. Не може да се знае различни трауми што можат да направат на различни психи. А и не секој проблем има решение. Од некој работи психата незаздравува кај некои луѓе.

Да не проба да се разбере индивидуална ситуација и да се рипа до заклучоци е знак на незрела личност. Тој што има проблем со дрога има причини зошто го има, не му паднал од небо. Не е хумано да се отфрли тој човек како глуп, неинформиран и сл.
 
Член од
25 октомври 2013
Мислења
150
Поени од реакции
251
Дечково сигурно имал некој внатрешен проблем психички кој за жал незнаел како да го реши. па пошол на опијативе моментално да го тргне. Затоа постои психотерапевт да ти каже совет како да ги решиш внатрешните проблеми со себе и со околината. Но најверојатно бидејќи станува збор за јавна личност избегнувал да оди на совет.
Како и да е да го оставиме човекот да почива во мир. Се гледаше од далеку дека е добар и отворен човек.

А онаа онаму квази пејачка што постира скриншотови од приватен разговор од веќе почината личност, нека проба во brazzers или bangbros да си го крене рејтингот со една сцена од 30 добри минути.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.870
Поени од реакции
7.555
Дечково сигурно имал некој внатрешен проблем психички кој за жал незнаел како да го реши. па пошол на опијативе моментално да го тргне. Затоа постои психотерапевт да ти каже совет како да ги решиш внатрешните проблеми со себе и со околината. Но најверојатно бидејќи станува збор за јавна личност избегнувал да оди на совет.
Како и да е да го оставиме човекот да почива во мир. Се гледаше од далеку дека е добар и отворен човек.

А онаа онаму квази пејачка што постира скриншотови од приватен разговор од веќе почината личност, нека проба во brazzers или bangbros да си го крене рејтингот со една сцена од 30 добри минути.
Да бил отворен човек ќе кажел јавно дека има проблем и сите кој можеле ќе му помогнеле. Него криел па кој знаел, знаел и кој видел, видел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom