Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Точно е тоа дека хронично физичка болка може да те навлече на потешки видови дрога само ради тоа што е појак pain killer.
И нема секој ист ментален склоп за жал некои потешко се справуваат со проблеми па посегнуваат...
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Во САД исто на некои места има епидемија од лек наречен оксикотон кој го даваат за болки на луѓе при повреди, операции, болки во грб и сл. Овој лек предизвикува зависност и има слични ефекти како хероин. Луѓе се навлекуваат, не можат да земат повеќе рецепт, па прават трансфер на хероин.
Познавам луѓе што пиеле Трамадол против болки, и не станале наркомани.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Познавам луѓе што пиеле Трамадол против болки, и не станале наркомани.
Ок, не сите луѓе се исти. Не е ист психолошкиот склоп на сите луѓе, не исто им дејствуваат физиолошки супстанци на луѓе. Социјалниот, општествениот статус и состојба не им е иста. Некој има црно минато полно со разочарување и трагедија. некој не. Некој и покрај лоши искуства има карактер да се издигне, психолошки профил на друг не му дава сила за тоа. Има многу фактори.
 
C

Castiel

Гостин

Имаш глипи луѓе што си го уништуваат животот со дрога и имаш луѓе што размислуваат. Тоа е таа разлика во психолошкиот склоп.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Имаш глипи луѓе што си го уништуваат животот со дрога и имаш луѓе што размислуваат. Тоа е таа разлика во психолошкиот склоп.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
па сега не е секој надарен да има разум, разумен човек никогаш не би пробал дрога воопшто, тој однапред мисли на последиците и се трга од срањата и од таквите луѓе.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Имаш глипи луѓе што си го уништуваат животот со дрога и имаш луѓе што размислуваат. Тоа е таа разлика во психолошкиот склоп.
ОК. Фројд бил наркоман. Редовно конзумирал кокаин, а конзумирал и опијати. Фројд не знаел да размислува?

Не е се црно-бело. Се има нијанси.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
ОК. Фројд бил наркоман. Редовно конзумирал кокаин, а конзумирал и опијати. Фројд не знаел да размислува?

Не е се црно-бело. Се има нијанси.
Фројд намерно го правел тоа откако започнал да користи по една трагедија како и пушењето пури секој ден за да го испитува влијанието врз когнитивната способност, така и докажал дека може да се користи како антидепресант и анестетик. Плус Фројд на почеток не знаел за адиктивната моќност.

Те молам не го споредувај користењето на наркотици од страна на Фројд со рандом џанкери, тоа е исто како рандом неписмен човек кој нема второ одделение да се теши дека Бил Гејтс нема завршено факултет па пак бил генијалец.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Не е до капацитетот на умот,туку до цврстината на карактерот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не е до капацитетот на умот,туку до цврстината на карактерот.
Абе Фројд намерно ги вдомил сите женски деца што ги знаел по роднини само за да ги посматра и да го испита женскиот ум и емоциите низ разните фази низ животот, до утре може да се пишува што правел, тоа е човекот што не бирал средства за да види до каде може да оди психата на човекот, дури и неговата смрт е првото асистирано самоубиство, па за наркотици што користел.

Друг муабет е што навистина не знаел дека имаат адиктивна моќност, дека можеш да се навлечеш. Денес нема оправдувања за тоа.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
ОК. Фројд бил наркоман. Редовно конзумирал кокаин, а конзумирал и опијати. Фројд не знаел да размислува?

Не е се црно-бело. Се има нијанси.
Дечко премногу релативизираш
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Фројд намерно го правел тоа откако започнал да користи по една трагедија како и пушењето пури секој ден за да го испитува влијанието врз когнитивната способност, така и докажал дека може да се користи како антидепресант и анестетик. Плус Фројд на почеток не знаел за адиктивната моќност.
Па тоа ми беше и поената на претходниот пост, дека не знаеш кој, зошто почнал. Курт Кобејн пукал хероин и станал зависник наводно зошто имал хроничен проблем со стомакот и му бил метод за олеснување на болки.

Некој ако стане зависник од дрога не е дека не знае или не може да размислува, како што наведе претходниот член. Ете оној готвачот, Антони Бордејн што се самоуби скоро од депресија. Тој едно време го водеа како еден од водечки готвачи во светот, и ако гледаш интервју, паметен, успешен човек. Тој исто бил зависник од хероин. Хероинот го победил, депресијата не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom