Пехарот на Ликург стар 1600 години кој е доказ дека Римјаните биле пионери на нанотехнологијата

  • Креатор на темата Boudicca
  • Време на започнување
B

Boudicca

Гостин
Колоритната тајна на 1600 години стариот римски пехар кој се наоѓа во Британскиот музеј е клучна за развој на суперсензитивна технологија, која може да помогне рано да се дијагностицираат човечки болести или да се детектираат биолошки опасности на сигурносните контролни пунктови.
Овој стаклен пехар кој е познат како „Пехарот на Ликург“, бидејќи на него е претставена сцена која го вклучува кралот Ликург од Тракија, се обојува во жад-зелена боја кога е осветлен однапред, но бојата магично му се трансформира во крваво-црвена кога е осветлен одзади - својство кое ги збунувало научниците со децении т.е. уште од 50тите години на XX век, од времето кога овој пехар се наоѓал во музејот. Мистеријата околу него не била одгатната сè до 1990 година, кога научници од Англија подетално ги испитале скршените фрагменти под микроскоп, притоа откривајќи дека римските занаетчии кои го изработиле биле пионери во нанотехнологијата: имено, тие го импрегнирале стаклото со честички од сребро и злато, иситнети до големина до 50 нанометри во дијаметар, односно помали од илјадити дел од зрно кујнска сол. Прецизниот сооднос на честичките во смесата, укажува на тоа дека тие точно знаеле што прават кога го изработувале овој пехар.
Кога различни течности ќе се сипеле во пехарот, научниците претпоставуваат дека тие го менувале начинот на кој вибрирале електроните во стаклото, а на тој начин и неговата боја.

Бидејќи научниците не можеле да сипаат течности директно во овој скапоцен артефакт, тие отпечатиле милијарди сребрени и златни наночестички на сад во лабораториски услови, на тој начин рекреирајќи го Пехарот на Ликург. Кога вода, масло или раствори од шеќер и сол се сипувале во него, пехарот менувал и пројавувал цел спектар на бои - како на пример светлозелена за вода и црвена за масло.
Овој прототип бил 100 пати посензитивен на различни нивоа на салинитет на солениот раствор, отколку тековните комерцијални сензори кои користат слични техники, па оттука, ваквиот експеримент може еден ден да биде корисен при раното детектирање на патогените организми во примероците на плунка и урина или на потенцијалните опасни течни материи кои терористите би ги внесувале во авионите.

Овој пехар датиран од IV век од н.е., кој го прикажува кралот Ликург, заплеткан во винова лоза, поради злоделата кои ги извршил против Дионис, грчкиот бог на виното, најверојатно бил изнесуван во јавност само за посебни пригоди. Доколку научниците врз база на откритијата изведени од овој уникатен пехар успеат да развијат нова алатка за детектирање која ќе се базира на античката технологија имплементирана во него, овој пат кралот Ликург ќе биде оној кој ќе ја однесе финалната победа.

1629388152105.png

1629388171702.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom