Пет години затвор за учество во странска паравојска

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Ај вака да го формулираме прашањето ако Македонија биде у војна колку години казна би дале на Македонци од Австралија кои не би дошле да се борат против непријателите.

Како доброволци.

Позз од Мелбурн
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.271
Што повеќе одат -> повеќе шанси да загинат. Така да државата треба да субвенционира за авионски карти за Сирија, Ирак и Палестина. Проблемот е ако се вратат ќе имаат воено искуство и немаат грижа на совест да заколат некој пред камера.


Убаво место е дрвен град :D
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.616
Поени од реакции
1.873
Абе ако гледаш по таа логика и Даме и Гоце и Питу биле паравојници. И американските револуционери биле паравојници. И сите луѓе што отишле да се борат во шпанската граѓанска војна, а знам дека имало и многу од овие простори биле криминалци.

Глуп е законов, ама јебига глупа е и државава и народов генерално, па пак никому ништо.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.666
Поени од реакции
4.195
Абе ако гледаш по таа логика и Даме и Гоце и Питу биле паравојници. И американските револуционери биле паравојници. И сите луѓе што отишле да се борат во шпанската граѓанска војна, а знам дека имало и многу од овие простори биле криминалци.

Глуп е законов, ама јебига глупа е и државава и народов генерално, па пак никому ништо.
Споредбава ти грми.
 
Последно уредено:

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
19.537
Поени од реакции
47.117
Него видете го ова...

Пехчевци живеат во страв. Дваесет муслимански верници, за кои веруваат дека се секташи, вахабисти, фундаменталисти или нешто слично, ама страшно, им шетаат пред очи и им личат на терористи. Според пописот, во овој град има 3.237 жители. Голем број од нив се иселени на привремена работа во Италија. Тие што се тука, живеат во сиромаштија, а од неодамна и во страв. Тие веруваат дека луѓето со чудна облека и долги бради се опасни. Гледале многу американски филмови и серии и сериозно се плашат за својот живот, пишува ПлусИнфо

Црномурестите се молат во импровизирана џамија во центарот на Пехчево. Жителите со кои разговаравме, велат дека многу често гледале како кај оваа група доаѓаат многу чудно облечени муслимани со долги бради, со автомобили од Сараево, ама и овие носеле луѓе во Босна и Херцеговина и во Германија.

И градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, е загрижен и вели дека не знае како ќе се реши овој проблем што ги вознемирува граѓаните од неговиот град. За првпат по осум години власт на ВМРО-ДПМНЕ, власта и опозицијата имаат исто мислење за овој проблем – станува збор најверојатно за терористи.

Целата драма со наводните фундaменталисти почнала сосема наивно. Пред неколку години, дваесетина муслимани од селото Црник (мултиетничко село во кое 39,9 проценти од жителите се од турската заедница, 30,7 проценти се Роми и 29,4 проценти се Македонци), од локалната власт побарале на одредено време да го користат објектот на старата амбуланта. Бидејќи објектот бил во државна сопственост, запустен и делумно руиниран, го добиле со усна согласност. Во меѓувреме, оваа група се искарала со муслиманската заедница од нивното село, па решиле сами да ѝ се посветат на верата.

Формирале невладина организација, која ја нарекле „Ахмад аја муслим џамаат“, и откако по низата контакти со странство добиле пари, започнале да го реновираат објектот и да се молат во него. На влезот од објектот ставиле знак „Црн покрив“. Пред нецела година, велат жителите на Пехчево со кои разговаравме, ја смениле модата, па почнале да носат долги, еднаш бели, а другпат црни блузи, пуштиле и долги бради, шетале со кечиња на глава, а панталоните им биле ептен широки.

Од општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во овој град велат дека се зачудени зошто до сега полицијата не презела мерки да се справи со овие „радикали“.

- Молчат кога ќе ги сретнеме по улица и ќе им речеме добар ден. Прво одат мажите, а по нив жените. Ги маскирале жените, а бе очи не им се гледаат. Страшно. Некои од нив ги знаеме од порано. Беа мирни Роми. Како влегоа во овој филм, не знаеме, а не знаеме дали некој внимава на нив што прават – велат од општинскиот комитет на владејачката партија.

Од ИВЗ велат дека дознале дека станувало збор за луѓе што одржувале тесни врски со радикални структури во БиХ, а од локалната џамија ги известиле дека се зборело низ селото Црник дека пари им пристигнувале и од извесни дервишки фондации од Пакистан. Од МВР нема велат дека не се известени за такво нешто.

Додека се открие во каков филм влегле Ромите од Црник, можеби не е лошо и пехчевци да размислат да не влегле и тие самите во некаков лош филм, кој од нивниот град треба да создаде лендмарк на борбата против светскиот тероризам.
Објектот на некогашната Стара амбуланта во Пехчево е во сопственост на Министерството за труд и социјална политика и ние немаме законско право да ги иселиме, вели градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.

- Искрено да ви кажам, ептен не ми се по ќеф. Тоа е некоја чудна, да речам, секта. Во разговор со претставниците од Исламската верска заедница, за овој проблем ни беше речено дека и тие се против нив. Овој објект сега на јавен оглас го продава Министерството за труд и социјална политика и белким тогаш ќе се иселат. Но засега одбиваат, велејќи дека вложиле во реновирањето – се жали пехчевскиот градоначалник.
Нема врска, важно Гоца го донесе законов, и сега чека да ни се деси Смилковско vol.2 па повторно да почне да јаде гомна по медиумите.
Значи ИВЗ побара помош од власта и од МВР за Јаја-Паша џамијата + таа другата и го заборавив името... а овие куртониве на чело со Брколинда со уше не мрдаат. Колку само дозволуваат да се рашири радикалниов ислам во земјава, чудо едно. Види ги Косово, одма ги апсат сите забрадосани, а нашиве се фалат со петгодишната казна :facepalm:. Еве истиот случај е и со Пехчево, значи таму народот во градот се чуствува несигурно од муџите, и никој ништо не превзема. Крв да серат овие од власта се да им ебам.

Него според текстов што го прочитав, сватив дека Радикалниов Ислам успева кај онаа популација што е сиромашна и нема доволно основно образование. На Ромите им пратиле пари од странство, и одма ќе гинат за некои си идеологии... нека ги пратат во Сирија, па таму нека се клањаат крвта да им ја ебам вахабистичка
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
34
Поени од реакции
77
Не им е додефиниран законов... Дали им се однесува само за терористички групи или пример ако одиш да служиш војска во Србија (пример) обична војска како и секој србин... што значи дека кога ќе се вратиш 5 години ќе ги одлежиш? :)
Што правиме кога немаме војска во Македонија...
 
На врв Bottom