Петровац на море

Член од
29 јануари 2012
Мислења
84
Поени од реакции
12
Би сакала да ми предложите сместување во Петровац, некое испробано. Сакам годинава да одам таму на одмор. Исто така, секоја дополнителна информација за местото би ми била добредојдена. :)
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Знам убо хотелче таму. W Grand се викат, немат да згрешиш.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
има тениско игралиште да не ти здосади само на плажа
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
84
Поени од реакции
12
Мислев на приватно сместување. Пошто тука е соленко малку, околу 34 евра од човек. А бил ли некој во тој хотел? Колку е до плажа? Напорен е патот хотел-плажа? Бидејќи јас видов убав апартман таму во близина, ама незз колку е нагорно... :)
 
A

AnFem

Гостин
Сами ќе ти се понудат оние што имаат каде да те сместат. Штета што не земав бројче од човекот кај кого бев..
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Сакам да одам на Црногорско приморје поточно Петровац и бидејки не сум бил од пред 10 години и веројатно многу работи се смениле сакам да ги прашам кајганџиите кои имаат повеќе искуство со ова да ми одговорат на неколку прашања.
1.По која траса да одам преку Косово или преку Албанија и ако може објаснение зошто преку Косово а зошто преку Албанија а уште ако може и точно преку кои градови треба да поминам
2.Дали за Косово Албанија и Црна Гора треба меѓународна возачка дозвола,зелен картон и кои работи треба да ги поседувам во патничко возило мимо оние што треба да ги имам во Македонија.
3.Каде е поевтин плинот во Црна Гора Косово или Албанија
Фала на одговорите однапред
 
S

sramezliviot blesavko

Гостин
Moe mislenje: ne sum gi videl site morski mesta vo crna gora ama od Budva na sever do bar na jug za mene e najubavo gradce za odmor(izgleda i za toa e megu poskapite)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Да ја раздвижам малку темава. Бев во Петровац ова лето, па да напишам збор-два за плажите кои ги посетив и за самото место. Посетив 4 плажи: градската плажа во Петровац, Лучица, Перазиќа До, Буљарица.

* Градска плажа Петровац

Плажа со ептен ситни каменчиња што делуваат како некој покрупен песок, во овој поглед можеби е најдобра во споредба со другите 3, бидејќи не е песочна за да ја замати водата, а не е ниту груб песок да не можеш да влезеш во вода. Левиот дел на плажата е многу повеќе со бранови во споредба со десниот (лево се мисли делот до стадионот накај Лучице). Поголем дел е опколен со кафичи и нивни лежалки и чадори, ама имаш дел да си поставиш и свој чадор. Ние си носевме наш чадор, бидејќи 25 евра се тука комплет лежалка и чадор и реално не вреди. Има доста тревки во плиткото цело време, гужва е, бојата не е ништо посебно, можеби и најмногу загадена дека поминуваат највеќе бродчиња што прават тури.

* Лучица

Ако сте во Петровац сместени и оваа плажа ќе ви е ептен блиску. Ние бевме 100 метра воздушно над стадионот па исто пешки растојание ни беа Лучица и градската. Некаде ќе ја најдете и под името Лучице, за иста плажа се однесува да знаете. Тука исто е со цени за лежалка и чадор, имате многу помал простор за свој чадор да поставите и плажата е многу пократка (200-300 метри максимум). Тука ми се допадна што водата е многу почиста (а поладна беше), има многу поголем простор да пливаш, можеби 100 метра накај длабокото беа поставени тие граничниците. Има место да се сместиш дури и да немаш чадор, има борова шума под сенка одма на крајната лева страна кај тие лулашките за деца.

* Перазиќа До

Врска немам дали вака се пишува. Оваа плажа е ако одиш на десно од градската плажа (не накај Лучица туку на другата страна, накај Будва), има прекрасно шеталиште што целосно е во сенка и борова шума, а потоа едно тунелче од 500 метра што корне на мочка и многу го расипува впечатокот. Излегуваш кај еден напуштен хотел, никогаш недограден, што е огромен. Патувањето до плажата траеше 47 минути од нашиот смештај (над градскиот стадион бевме), не беше напорно, многу мали угорнички, повеќето беше рамно и сенка што е најважно. Плажата има некој вајб како Лефкада. Тиркизна боја, некои бранови големи, огромна плажа просторна, и можеш да си сместен а да немаш околу тебе никој убутано. Другите 2 плажи горе тоа не беше случај на пола метро околу тебе има луѓе, гз преку глава. Има едно ресторанче, ама тоа е се што има, така да ако не планирате да седнете, земете си нешто за јадење/пиење. Цените во ресторанот беа океј, очекував многу поскапо, пица огромна 7-9 евра, лимонада 2.5 евра, пиво 2.4 евра. кафе 1.5е итн.

* Буљарица

Плажата се наоѓа лево од Лучица. Уствари сите овие 4 плажи што ги спомнав ги дели брдо, и сите се одвоени една од друга со брдо, почетна и крајна точка им е брдо. За разлика од Перазиќа, тука имаше далеку повеќе угорница, иако патот беше 45 минути, не беше на сенка добар дел, беше бајги угорница па после бајги удолница. Плажата е многу просторна, водата беше мирна и чиста, немаше тиркизна боја како Перазиќа, туку беше зелена бојата. Тука лежалките се 6-7 евра, цените се многу ефтини и за сместување и за храна ресторани, нешто налик Сутоморе, дури и поефтини. Имате тука едно сместување цело време ми се појавува по Фб, 100 евра со појадок ручек вечера во бунгалови, за 7 или 9 ноќевања, рурално е ко село малку и ништо нема за шетање, ама водата беше најтопла и најмирна од сите 4. За чиста реално освен градската (во плиткото) на сите места беше чиста.

* Петровац како град

Градов е за фамилии и за луѓе кои сакаат мирен живот. Во 1:30 вечерта надвор нема да видите ништо освен патролно возило ако залута и тоа е тоа. Дечиња по плажи еден куп, има и многу игралиште за деца да си играат со топогани, убаво е уредено, има и доста за шетање, еве само 4 плажи што може со одење по уредено патче низ борова шума да се пристапат, со кола има и многу повеќе секако. Цените се доста ефитни, во маркети се речиси како нас, во ресторанчиња има исто за секој џеп. Еден ден седнавме во ресторанче земавме рибја чорба, а потоа и риба, 7.5е не фатија и двете работи. Друг ден ко скара за носење земавме сендвич со пилешко 3евра, топки сладолед 0.8-1евро, палачинки 1.5евро,пица да седнеш е 5-9евра, а парче 2евра. Ептен културно градче за атмосфера и цени. Само и тука важи црногорското, пола маркети не работат во недела или преку ден, ќе ги видиш отворени само навечер кога се шетаат луѓе. Не пазарете по тие продавничките на шеталиште таму цените се х2 и х3 од тие во супермаркетите што се, а супермаркетот е само 2-5 минути погоре од шеталиште, има Воли (два), има Арома, има и пазарче.

П.с. Моментално има закон за сертификат за вациниран да мора да поседуваш за да седнеш во ресторан, ама не се спроведува, во ниеден ресторан не ти бараат. Има закон и за маски но никаде не бараат (бензински, сувенирници, продавници), единствено бараа во супермаркетите поголеми, каде што ти даваат бесплатна маска, дека никој не носи маска.

Еве една фотка, сликано е од брдото лево од Лучица

viber_image_2021-08-23_13-05-49-256.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom