Петиција: Решавање на проблем со легализација на објекти поради мала навлезеност во соседна парцела

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Е сега 20 см се или се 50 см ( пола метро и не е баш малце). Најчесто односно 102.3% од проблемите настануваат кога од парцела од 1 хектар росна ливада секогаш се одлучувате за куќите да ги изградите на сама меѓа.
1. Соседот каде што навлегувате сопственик е на земјиштето ?
2. Ако не е не ти треба согласност, а ако е споственик а ако навлегувате 20 см тој дел едноставно нека се одземе од геодетскиот елаборат и нека не биде предмет на легализација.
3. Ако е во градско подрачје мора да има детален урбанистички план види како е формирана градежната парцела.
4. Сруши го делот кој навлегува (ако е малку нормално, да не биде 20 см ама со 10 метри должина)
5. Важно : Ако не сакаш да се занимаваш со предлозите погоре : Извади уверение за движење на парцелата барај година кога земјиштето било на РМ, да речеме 1980, пиши изјава дека тогаш си го изградил објектот и легализирај без согласност. ( ова ќе те чини поскапо со тоа што мора да објавиш во минимум 2 јавни гласила а објава во весник не е ефтина + комуналиите за објектот итн.)

Или не објаснуваш како што треба или има поинаква ситуација. Ако се сопственици на земјиштето комотно можат да добијат одобрение за градње и да го изградат објектот, асоседот колку сака може да се жали и да го обжали на второстепена, меѓутоа во законот стои тој бесправно што се жали си ги сноси сите трошоци и обештетувата во иднина кога второстепена и управен нема да му ја уважат жалбата.
Не е градаено на росна ливада на меѓа. Кога го купивме плацот, пред околу 20 години, истата ограда постоела одамна. Кој мислел дека не била градена на меѓата. Ниту тие самите тоа не го знаеле. Сопствениците на соседната парцела во која навлегуваме.Градевме веднаш околу 2 м од оградата. Тие тоа го гледаа. Ако веднаш реагираа, ќе се поместевме и еден метар потаму. Значи, немале појма дека не е оградата на меѓата. Контактиравме. Секогаш бараа струја од нас за Први мај кога доагаа на излет. На крај памет не ни паѓаше дека навлегуваме. И што ќе ми е тоа парченце? Само да ми прави проблеми? Е, кога направивме елаборат, испадна дека со едно ќоше навлегуваме во нивната парцела. Неколку пати ги замоливме. Немале време, да се договореле ... Никогаш не рекоа не, но ни да. Ќе ја поместев оградата кашто тие сакаат, ќе платевме и за секој м2. Да знаевме, дали ќе си направевме ваква тешко решлива ситуација? И, викендичка е , дваесеттина км далеку од Скопје.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.708
Поени од реакции
6.837

Ако комшијата не ве тужел, вие сте стекнале право на тој дел од плацот по основ на одржувачка. Ако не сака да учествува во постапка за усогласување на меѓи, можете вие да го тужите.
 
Dali vie ste advokat? Prasuvam, bidejki me interesira da go resam toa. Navistina, najmnogu sakam toa da bide covecki, dobrososedski, da si azurirame, da si platam sekoj m2, ama, ako ima vakva moznost, koj moze da me zastapuva? Blagodaram i za odgovorot i za informacijata.
 
Не сум адвокат. Но, сум имал сличен проблем и од адвокати и од листање по закони сум поднаучил. Ако немаш адвокат, побарај ме на пп, ќе ти дадам контакт
 
Kajgana Shop

На врв Bottom