Петиција: Решавање на проблем со легализација на објекти поради мала навлезеност во соседна парцела

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Освен мојот, имам слушнато и за други случаи кајшто се навреме предадени елаборатите, но сосема ненамерно е навлезено по 20-30 цм во соседната парцела. Сме се обиделе на сите начини да измолиме за ажурирање, понудиле пари итн. но едноставно НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА. По селските атари тоа е чест случај. Оградите не биле на меѓите. Доволно е некој дедо пред 70 години да го опцул дедо му на соседот и не дава ни за 20 цм. Нашиот проблем, колку и да продолжуваат рокови, не може да биде решен. Затоа покренуваме петиција да се изнајде некој начин за решавање, дали некакво медијаторство или можеби обврска (или право) да може да се откупи до 50 цм најмногу, било што. Во секој случај, многу вакви случаи немаат никакви шанси да се решат. Петицијата е на страната : Peticije24.net.
Blagodarime za kreiranje na peticijata Решавање на проблем со легализација на објекти поради мала навлезеност во соседна парцела
https://www.petitions24.com/190783

Ve molime, kažete na što povekje lugje za ovaa peticija. Kolku povekje potpisi ima peticijata, tolku povekje vnimanie ke dobie od mediumite i donesuvačite na odluki.

So počit,
Peticije24.net
 
P

psychostasia

Гостин
На мои роднини плацот со години им стои празен затоа што комшијата не дава согласност да се гради куќа таму поради тоа што ќе му пречела на погледот. Парцелите си се уредно направени и нема никакво навлегување во туѓ имот, уредно доставени до катастар ама за да се почне со градење морало согласност од комшијата кој никако не дозволува. Разговараа со архитект и ги насочи во катастар да објаснат и да помогнат ама се вртка во круг работата со години.
Потпишано од мене и се надевам ваквите случаи ќе добијат внимание од медиумите за да се решат наместо да заглавуваат со години во круг.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190

Е сега 20 см се или се 50 см ( пола метро и не е баш малце). Најчесто односно 102.3% од проблемите настануваат кога од парцела од 1 хектар росна ливада секогаш се одлучувате за куќите да ги изградите на сама меѓа.
1. Соседот каде што навлегувате сопственик е на земјиштето ?
2. Ако не е не ти треба согласност, а ако е споственик а ако навлегувате 20 см тој дел едноставно нека се одземе од геодетскиот елаборат и нека не биде предмет на легализација.
3. Ако е во градско подрачје мора да има детален урбанистички план види како е формирана градежната парцела.
4. Сруши го делот кој навлегува (ако е малку нормално, да не биде 20 см ама со 10 метри должина)
5. Важно : Ако не сакаш да се занимаваш со предлозите погоре : Извади уверение за движење на парцелата барај година кога земјиштето било на РМ, да речеме 1980, пиши изјава дека тогаш си го изградил објектот и легализирај без согласност. ( ова ќе те чини поскапо со тоа што мора да објавиш во минимум 2 јавни гласила а објава во весник не е ефтина + комуналиите за објектот итн.)
На мои роднини плацот со години им стои празен затоа што комшијата не дава согласност да се гради куќа таму поради тоа што ќе му пречела на погледот. Парцелите си се уредно направени и нема никакво навлегување во туѓ имот, уредно доставени до катастар ама за да се почне со градење морало согласност од комшијата кој никако не дозволува. Разговараа со архитект и ги насочи во катастар да објаснат и да помогнат ама се вртка во круг работата со години.
Потпишано од мене и се надевам ваквите случаи ќе добијат внимание од медиумите за да се решат наместо да заглавуваат со години во круг.
Или не објаснуваш како што треба или има поинаква ситуација. Ако се сопственици на земјиштето комотно можат да добијат одобрение за градње и да го изградат објектот, асоседот колку сака може да се жали и да го обжали на второстепена, меѓутоа во законот стои тој бесправно што се жали си ги сноси сите трошоци и обештетувата во иднина кога второстепена и управен нема да му ја уважат жалбата.
 
P

psychostasia

Гостин
Или не објаснуваш како што треба или има поинаква ситуација. Ако се споственици на земјиштето комотно можат да добијат одобрение за градње, соседот колку сака може да го обжали на второстепена, меѓутоа во законот стои тој бесправно што се жали си ги сноси сите трошоци и обештетувата во иднина кога второстепена нема да му ја уважи жалбата.
Не знам дали биле да разговараат со адвокат за да видат правно што може и не може да прават, знам само дека разговараа со архитект кој им кажа дека треба да добијат дозвола од катастар, а таму им рекле дека треба согласност од комшијата. Јас кажувам колку што знам, таа е ситуацијата што им се случува. И јас се чудев каква согласност од комшија им треба за свое земјиште и нејасно ми е зошто од катастар побарале такво нешто.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Не знам дали биле да разговараат со адвокат за да видат правно што може и не може да прават, знам само дека разговараа со архитект кој им кажа дека треба да добијат дозвола од катастар, а таму им рекле дека треба согласност од комшијата. Јас кажувам колку што знам, таа е ситуацијата што им се случува. И јас се чудев каква согласност од комшија им треба за свое земјиште и нејасно ми е зошто од катастар побарале такво нешто.
ако се споственици на земјиштето и градежната парцела е чиста ( без легализирани објекти од комшијата во нивната ГП ) немаат никаква правна пречка.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.626
Поени од реакции
34.876
Не знам дали биле да разговараат со адвокат за да видат правно што може и не може да прават, знам само дека разговараа со архитект кој им кажа дека треба да добијат дозвола од катастар, а таму им рекле дека треба согласност од комшијата. Јас кажувам колку што знам, таа е ситуацијата што им се случува. И јас се чудев каква согласност од комшија им треба за свое земјиште и нејасно ми е зошто од катастар побарале такво нешто.
Ако ја надминуваат висината предвидена според ДУП нормално дека ќе се жали, мои роднини ги терав да се бунат кога комшијата им ја градеше и дигна плус цел кат од она што е предвидено во ДУП и ме правеа будала, сега сонце гледаат само кога ќе отидат на одмор.
Ако им е чиста документацијата како што ти кажа членот погоре, можат да си градат слободно.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Ако ја надминуваат висината предвидена според ДУП нормално дека ќе се жали, мои роднини ги терав да се бунат кога комшијата им ја градеше и дигна плус цел кат од она што е предвидено во ДУП и ме правеа будала, сега сонце гледаат само кога ќе отидат на одмор.
Ако им е чиста документацијата како што ти кажа членот погоре, можат да си градат слободно.
ако ја надминува висината предвидена според дуп нема ни да стигне до фаза одобрение за градење зашто општината како прво нема да го дозволи тоа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.626
Поени од реакции
34.876
ако ја надминува висината предвидена според дуп нема ни да стигне до фаза одобрение за градење зашто општината како прво нема да го дозволи тоа.
Без ништо ја изгради овој.
Пред некој ден бев во Тетово, Блок 70 зградите сите градат доградби, а гарантирам дека никој немаат документација.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Без ништо ја изгради овој.
Пред некој ден бев во Тетово, Блок 70 зградите сите градат доградби, а гарантирам дека никој немаат документација.
Епа ако изградил дива градба, пријави го па нека го рушат. Инаку во Западна Македонија законите не важат како во остатокот од државава, а уште пострашно е што тотално неписмени луѓе оперираат на тие подрачја од вработени во општина до проектанти со дипломи од факултети еднакви на детски градинки.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
ако ја надминува висината предвидена според дуп нема ни да стигне до фаза одобрение за градење зашто општината како прво нема да го дозволи тоа.
Гледам доста си информиран па да прашам за ова,
пример сакам да градам куќа со подрум, ама подрумот да биде одозгора барем 1 метар (да фаќа над земјата), а после да си ископам уште метро да речеме, има блага косина, значи уште да извадам земја од страната со што подрумот би бил многу над земјата или пак земјата да ја извадам пред да почнам да градам, кај нас е 7,2м до венец или 2 спрата и 1 метар вишок,

значи прашањето е дали би имал проблем ако се користат овие црнечки финти и кога точно да се користат:P
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Гледам доста си информиран па да прашам за ова,
пример сакам да градам куќа со подрум, ама подрумот да биде одозгора барем 1 метар (да фаќа над земјата), а после да си ископам уште метро да речеме, има блага косина, значи уште да извадам земја од страната со што подрумот би бил многу над земјата или пак земјата да ја извадам пред да почнам да градам, кај нас е 7,2м до венец или 2 спрата и 1 метар вишок,

значи прашањето е дали би имал проблем ако се користат овие црнечки финти и кога точно да се користат:P
тоа не е подрум туку сутерен, има правило што е подрум а што е сутерен.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
тоа не е подрум туку сутерен, има правило што е подрум а што е сутерен.
Мене баш ми е гајле како се вика точно, јас сакам тоа нешто да не биде многу укопано во земја,
0,2+2,7+0,2+2,7+0,2=6м +1,2=7,2м
значи тоа одоздола (како и да се вика:D) со финта би било 2,2м над земја, ќе биде иста висина со нивото на патот, или само 30 до 50 сантима внатре вкопано.

Затоа и прашав дали и какви последици би имало, не дека јас сакам да правам нешто незаконско:boksix:
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Мене баш ми е гајле како се вика точно, јас сакам тоа нешто да не биде многу укопано во земја,
0,2+2,7+0,2+2,7+0,2=6м +1,2=7,2м
значи тоа одоздола (како и да се вика:D) со финта би било 2,2м над земја, ќе биде иста висина со нивото на патот, или само 30 до 50 сантима внатре вкопано.

Затоа и прашав дали и какви последици би имало, не дека јас сакам да правам нешто незаконско:boksix:
кота на венец се мери ниво на улица (тротоар) ако ти запазува 7.2м висина можеби и ќе пројде ... но ова на памети ти го кажувам треба да се види ситуација проект итн.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
кота на венец се мери ниво на улица (тротоар) ако ти запазува 7.2м висина можеби и ќе пројде ... но ова на памети ти го кажувам треба да се види ситуација проект итн.
Зар котата до венец не се мери од твојот тротоар оној до куќата, барем така јас знаев, ако не е така сум наебал со моите финти.

План уште немам оти уште се мислам како да изгледа, сакам да има подрум оти некам да правам шупи и гражи одоколу, туку тоа доле да биде и шупа и гража, тоа мие најдобриот план што го имам, ама имам и план два кој вели, дигни ја на цокле, напрај еден спрат колку да има нешто и куферите во странство.
 
L

Löwe

Гостин
На мои роднини плацот со години им стои празен затоа што комшијата не дава согласност да се гради куќа таму поради тоа што ќе му пречела на погледот. Парцелите си се уредно направени и нема никакво навлегување во туѓ имот, уредно доставени до катастар ама за да се почне со градење морало согласност од комшијата кој никако не дозволува. Разговараа со архитект и ги насочи во катастар да објаснат и да помогнат ама се вртка во круг работата со години.
Потпишано од мене и се надевам ваквите случаи ќе добијат внимание од медиумите за да се решат наместо да заглавуваат со години во круг.
Може подетално за ова, од кај треба да извада согласнот за тоа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom