Петиција: Пиво после 19/21 ч.

Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Луѓето повеќе пијат. Како што станува покасно, правопропорционално се зголемува бројот на луѓе што конзумираат алкохол. Освен ако не си купил на време, што ретко кој тоа го прави, па да пиеш на раат после, претпоставувам тоа е причината.

Јак и издржан аргумент ќе бараш кај тие што го создале законот. Мене не ми пречи онака како што е. Продавањето на црно си е засебен проблем. Тоа дека законот го охрабрувал е тешка глупост, не смее да продава и тоа е тоа. Ако сака да ризикува, нека ризикува, да не биде после Власта затварала микро/мини бизниси заради "слаби нерегуларности" и сл.

И оружја се продаваат на црно, па не гледам да се дига џева да се легализира оружјето за да не постои на црн пазар.
Оружје нели можеш да поседуваш ако имаш дозвола? И која ти е споредбава оружје со алкохол во продавница...

Не знам зошто се правите наудрени и ти и годес за продавничките што легално си продаваат надвор од временските рамки, небаре никогаш вие или ваш близок не купил од таму. Ако тебе не ти смета, а немаш аргументи за тоа, тогаш не гледам зошто би се противел на тие на кои им смета, а имаат аргументи.

Закон кој ограничува слобода и нема никаква практична добробит. Замаскиран под некоја демохристијанска "се грижиме за децата и народот" фасада и за мене еден од најеклатантните примери за авторитарноста на фамилијата.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Wow kakva sporedba na prodavanje alkohol i prodavanje oruzje. @Шкорпион

Ovie zakonski odredbi se na sila kolku godini? 7-8? Ne mi teknuva. Ima namaleno konzumiranje alkohol? Kazhav i prethodno, toj shto ima problem so alkoholot, kje pie i vo 10, i vo 15 i vo 20 i vo 2 po polnokj ako saka. Da ne praime muabet deka ima sendvichari sho rabotat do kasno i deka dobsr del od niv imaat licenca za prodavanje alkohol. (Da, znam deka se ugostitelski objekti, rabotata e kako e vo realnosta, vo praktikata, ne samo kako stoi vo zakonot).
Vo tie godini na vazenje na ovie zakonski odredbi namalen e brojot na soobrakajni nesrekji? Bash me interesira. T.e. povazhno e, kolku bile predizvikani od vozach/i so alkohol vo niv pred i posle ogranicuvanjeto.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Од лично она што го гледам секојдневно во продажба во супермаркет, странциве што пазаруваат, се крстат на глупиов закон.
Дека побарувачката се зголемува во вечерните часови, и тоа стои. Но дека ќе се превенира нешто со забранава, нема.
Апропо строгоста: Заштитените мечки ќе си ораат по улициве и никој закон нема да ги спречи, исто како и маалските дуќанчиња кои ќе си заработуваат повеќе без фискални и пленот ќе го делат со погоре-споменативе.
Проблемот не е решен, само се ствара бркотница и лоша слика пред странците.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.045
Никад ама никад нема да ве сфатам вас што го подржувате законов. Па и барем една добра, логична причина да дадевте зошто го подржувате.

Не ви се дешава некогаш спонтано да ви дојдат гости во вечерните часови и ради глупиов закон да не можете да ги почастите? Нема јас да чувам дома пиво/вино за секој случај ако ми дојде некој поради тоа што нема да можам да купам алкохол после одредено време.
Или пак почиња лига на шампиони, а ти немаш пиво дома. Шу прајме сега? ЛШ почнува во 15 за 9, а натпреварите од групна фаза и скоро цела нокаут фаза ги фаќа законот што е до 19 часот. Не можеш ко човек да се опуштиш и да уживаш пошто некој имал фикс идеи и сака да поставува глупи закони само за повеќе казни да лупа и да се купуваат скапи лиценци за продажба на алкохол.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.098
Поени од реакции
5.741
Секој закон што спречува продажба на дроги е глуп. Овој спаѓа во тоа. Потпишав на петицијата, но не верувам дека ќе помогне.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.748
Поени од реакции
12.759
Лелеј не ми се верува дека има луѓе што уствари го бранат законот. Освен продавниците што продаваат алкохол на црно и инспекторите што зимаат мито за да премолчат јас не знам некој друг да има видено нешто позитивно од законов.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.922
Поени од реакции
7.844
пошто устите пена ни фатија за запад, дај споделите мислења како е на запад, еве јас ке кажам за Австралија, после 21.00 нема алкохол освен во барови и клубови, во недела продажба на алкохол нема после 18.00.

п.с да не се разбереме погрешно, не го подржувам моменталниов закон, ама таа е реалноста и не верувам дека ќе се смени.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.748
Поени од реакции
12.759
Абе ако е од запад не значи дека е добро. Треба сами да креираме подобра средина за живот. Од препишувани закони дојдовме на ова дереџе. Ене ја финска има најдобро образование во свето, па ако го имплементираме тој систем кај нас никој нема да заврши основно.
Конкретно за законов. Продажбата на алкохол секогаш ќе постои и после 21, прашањето е само дали истата ќе се оданочи или ќе биде на црно и 20 денари поскапа од редовната цена.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.922
Поени од реакции
7.844
Абе ако е од запад не значи дека е добро. Треба сами да креираме подобра средина за живот. Од препишувани закони дојдовме на ова дереџе. Ене ја финска има најдобро образование во свето, па ако го имплементираме тој систем кај нас никој нема да заврши основно.
Конкретно за законов. Продажбата на алкохол секогаш ќе постои и после 21, прашањето е само дали истата ќе се оданочи или ќе биде на црно и 20 денари поскапа од редовната цена.
како не ти е срам бе ова да го пишиш ? па се читаш ли што пишуваш на некоја друга тема?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Абе шо не разбирате ее, не може некој да не плаќа данок и да продава пиво 20 денари поскапо, значи не може. Кога би го немало законов тогаш тој ќе си плаќа данок а не да трие раце од што ќе ги дере сите по 20 денари. Глуп закон.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Добро де, ако ваквата петиција нема правна сила, не значи дека треба да се ќути за се и сешто како досега. Значи нека се дигне галама, нека се створи реална слика дека поголем дел од граѓаните сакаат овој смотан закон да се смени и потоа ако нема одговор од власта, ќе се потпише и официјална петиција.
Механизми има многу, битно е власта да има слух за барањата на граѓаните. Не мора од старт да почнеме да собираме 10.000 потписи за измена на законот. Колку и да изгледаат смешни ваквите онлајн петиции, може да бидат реален показател за одредено барање на граѓаните, а ако власта е отворена, ќе го послуша барањето и без потпишување петиција или собирање потписи.

И да, би сакал и јас да слушнам еден аргумент ЗА оваа забрана за продавање алкохол. Горе-доле, аргументите ПРОТИВ на сите ни се познати. Кои се аргументите ЗА?
Како ти го протолкува моето „многу е глупа петицијата“ во „треба да ќутиме за се“ ?
Дигни галама ако ти смета и нека ти се приклучат и другите што те поддржуваат. Еве протестирајте, правете трибини/јавни дебати, ама ова со петиции ти е непотребно трошење на време.

Онлајн петицијата викаш може да даде реална слика ?
Можам ја да ја потпишам оваа петиција со 10.000 различни мејлови и различни имиња и презимиња ?

Ако глумиме лудило ќе викаме „петицијава е да се покрене дебата во општеството“, ама реално поентата е друга.
Петицијава и сите слични на оваа, се инспирирани поради таа петиција за новогодишните прослави што успеа, ама успеа не дека градоначалнициве се нешто многу потресени за потребите на народот, туку зошто утре у предизборна кампања ќе можат да кажат „ние се бориме против нееднаквоста во општеството“...

Ако сакате промена, бујрум, петиција по правила, законодавна иницијатива, ватевер што може да донесе стварно промена, а не ваквиве глупости.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.929
И маалската продавница и јас имаме корист од таа трансакција - јас ќе купам пиво кога сакам, а тој ќе ќари на таа моја желба, нормално сето тоа поради глупиот закон.


И двајцата не ми нудите никакви аргументи зошто е добар законот, ми нудите само опции како да се справам со него. Обично треба доста јаки и издржани аргументи ако сте про забрана.
Што се случува после 9 навечер? Дупло се засилува алкохолот во шишињата?

Пиењето кај тинејџерите е тотално неповрзано со ова.
Не ти е криво што му даваш пари за ДДВто, а тој место да ги плати во државата си ги пика во џеб?
Ем ти наплаќа поскапо, ем парите што ти веќе си ги одвоил за ДДВ си ги пика во џеб, во секундата два пати те прави будала.

После 9 завршуваат дневните обврски, тинејџерите завршуваат со обврските за школо/факултет и се спремаат за излегување, па се штимаат, тие што работат се вратени од работа и конечно може да си пиуцкаат алкохол, сигурно нема да се наштимаат додека се на работа.[DOUBLEPOST=1496940718][/DOUBLEPOST]
Никад ама никад нема да ве сфатам вас што го подржувате законов. Па и барем една добра, логична причина да дадевте зошто го подржувате.

Не ви се дешава некогаш спонтано да ви дојдат гости во вечерните часови и ради глупиов закон да не можете да ги почастите? Нема јас да чувам дома пиво/вино за секој случај ако ми дојде некој поради тоа што нема да можам да купам алкохол после одредено време.
Или пак почиња лига на шампиони, а ти немаш пиво дома. Шу прајме сега? ЛШ почнува во 15 за 9, а натпреварите од групна фаза и скоро цела нокаут фаза ги фаќа законот што е до 19 часот. Не можеш ко човек да се опуштиш и да уживаш пошто некој имал фикс идеи и сака да поставува глупи закони само за повеќе казни да лупа и да се купуваат скапи лиценци за продажба на алкохол.
Ниту законот има логика, ниту твојов муабет, изговори може да се има колку што се сака, но ако се оди по правила и се почитува законот тогаш треба да заштити колку толку, НО во нашата мила државичка се точи алкохол и на малолетници по дискотеки, кафеани, џандарите замараат за бројот на безопасни во првата помош, а не за пијанство, а малските продавници шиткаат за 30 % поскапо алкохол и тоа на Македончето не му пречи, се додека сите ги кршиме законите и се додека се поткрепува криминалот ќе бидеме на вакво дереџе. Во нормалните земји свеста е на друго ниво, како прво ако јас те видам дека ти си купил во 10 треба да те пријавам на соодветна институција дека ти го кршиш законот, доколку институцијата си ја брка работата ќе те казни и тебе, а и тој во продавницата за кршење на законот за продавање на алкохол после предвидената временска рамка и за неиздавање на фискална и не плаќање на данок, е кога ќе дојдеме на ова ниво и кога ние ќе бидеме очите и ушите на полицијата и инспекциите ќе имаме здраво општество. Во Норвешка на мој роднина, колега на факултет пред неколку месеци му дал ЦД со филм и истиот тој го пријави во службите, бидејќи овој нашиов направил копија на ЦДто, нели сакаме да станеме цивилизирано општество како нив, или само сакаме да земаме пари како нив, а нашите аљабачки манири може да си останат?
Изгледа премногу имаш време да пречекуваш гости што без најава ти доаѓаат во свет кога телекомуникациите се достапни буквално на секој чекор, не се сеќавам кога последно ми дошле дома гости без да ми се најават.
Лига на шампиони ја договараат пет минути пред да почне натпреварот, дека Европјани тие се опасни и за 5 минути спремаат стадион, ауропланот им лета од една во друга држава и одржуваат спонтано натпревар.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
Од лично она што го гледам секојдневно во продажба во супермаркет, странциве што пазаруваат, се крстат на глупиов закон.
Дека побарувачката се зголемува во вечерните часови, и тоа стои. Но дека ќе се превенира нешто со забранава, нема.
Апропо строгоста: Заштитените мечки ќе си ораат по улициве и никој закон нема да ги спречи, исто како и маалските дуќанчиња кои ќе си заработуваат повеќе без фискални и пленот ќе го делат со погоре-споменативе.
Проблемот не е решен, само се ствара бркотница и лоша слика пред странците.
Од темава ко што заклучувам најголем проблем е што пиењето е поскапо и зошто гранапчињата праеле поголем ќар, не е дека до пиење не може да се дојде. И покрај толку изгубени животи на деца никој не постави прашање како продавањето на алкохол 24/7 ќе ги спречи фаталните сообраќајни несреќи предизвикани од возење под дејство?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom