Ти си мојот свет.
Наутро се будам и те гледам јас
Како во сон уште го слушам твојот глас
Те гледам како растеш и се будиш ти
Ги сакам сите твои нови промени Насмевка, мисла, поглед ти одмерувам
Слушај ме во љубов силно верувам
Главата горе и во од исправена
За сите нови нешта ти отворена
Ти си горе , ти си доле, ти си насмевка и солза
Ти си мојот свет
Горе, доле, насмевка и солза
Ти си мојот свет
За тебе стравот да е лажно минато
Од корен зло на народ свежо скинато
За тебе да е светот добра намера
Ослободена креација бела магија,
Отвори очи, гледај биди паметна,
не давај да те вози тебе тв серија бори се,
играј, ич не се предавај,
и дека јас те гледам не заборавај.