Песна која има значење во вашиот живот

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261

Албум е. Не е песна. Гајле ми е.
Го доживуваме како една целина у која можеме да мечтаеме за работи за кои невино мислиме дека туку така не чекаат у животот. Дека сигурно ќе ни се случат, зацртано ни е, готово. Ја имаме таа навика додека лежиме, под ќебе, испотени, иако надвор нормална температура, али ја ја троа зимурлив, па го пуштаме и се забораваме. Ретко примеќам коа завршува.
Не можам да слушам ни две секунди од овој албум, а да не помислам на неа.
 
L

Lu

Гостин

Дефинитивно мојата омилената песна од Металика :)
Ја имам поделено на 2 дела, кои што сега ќе ги објаснам, двата дела сосема различно ми влијаат.
Оваа ми е за у депресија, ритамот и самиот текст се просто убитачни (намерно ја постирав со lyrics во позадина), нешто во стил како што спомна @Коловрт на претходната страна - „песна за борбата со моите демони“ ... тоа е за првиот дел од песната до 3:55 на видеово.
А од 3:55 па се до самиот крај, уффф ни самата незнам да објаснам како се чувствувам кога го слушам тој дел, особено инструменталчето од 4:24 - 4:38 ... тие 14 секунди ми се врв :cuc: , добивам некое неверојатно чувство на моќ и занес од совршената инструменталка.

Накусо објаснето, песнава ме убива и воскреснува во едно слушање ;)
 
C

Crux

Гостин
- Не ми текнуваат повеќе причини, но гарант ги има уште милион.
Комични причини :icon_mrgr:
Оваа не дека ми има некакво значење во животот, ама секогаш кога ќе ја слушнам успева да ме насмее.


Беше тоа одамна, татко ми имаше едно мизерно цд со странски хитови од 2001. Прв пат кога го гледав, се сеќавам ја имаше Шакира Шакира кај шо се тркала в кал ко свинче, Бритни Спирс со коса,Енрике Иглесијас, Мулен Руж со фамозната Лејди Мармалад, анимир-компот whatever. После дојде таа девијантната појава од видеото и јас го гледав така пола спот кај шо се тегни во џакузито ко надувана полумртва мачка.Така збунето прашав:
-Тато што е ова? o_O
Во отсуство на други објаснувања, добив концизен одговор:
- Гуска е тоа ќерко, гуска :icon_mrgr:

Ми текнува на ова кога и да е слушнам песната :ROFLMAO: Има многу вакви мали случки кои ми останале во сеќавање и будат носталгија, моменти со татко ми и нашата скромна музичка колекција со купој екс ју, нешто класичен рок, поп чуда од осумдесеттите па се до почетоците на новиот милениум кога им пукаше играта и актуелни станаа баш гуските.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Не се асоцирам со песни, но кога веќе сум тука, се присетив на неколку песни кои претходно многу ги слушав, а си ги пеев во себе кога слушав како докторите брмчат околу моето колено со некакви бормашини и чуда.
01.12.2008 Операција за спојување на скршените делови од капачката на коленото, спинална анестезија, не чувствував никаква болка, 45 минути во себе си ги пеев стиховите од овие песни:
07.08.2009 Операција за вадење на металните импланти. 45 минути неподнослива болка. Локална анестезија, беше петок, болницата немаше персонал ради годишни одмори, за да не лежам 3 дена кога ќе нема кој мочката од шишето да ја исфрли, на предлог на докторката се согласив на операција со локална анестезија, па наредните денови да одам да ми ја стискаат свежата рана за да излезе гадната крв.
Страшно боли кога некој ти одмотува жици и откачува куки од мала коска, ми се чини дека ги свиткав металните рачки на операциониот кревет. Мораше некако да се борам против болката. Ако ништо друго, станав многу поиздржлив на физичка болка, иако со тек на време си зеде данок на психички план.
 
S

StormRage

Гостин
Ова, ова е песната која одамна е цело време покрај мене, песната од која ми лета цел живот пред очи. Гратис на полуморничавата инструменталка и забеганиот спот.
And I'm still searching for something beautiful, in me
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
L

Lu

Гостин

Don't judge a thing, until you know what's inside it
Don't push me - I'll fight it
Never gonna give in - never gonna give it up no
You can't take me, I'm free

Има повеќе песни, особено текстовите во песните, во кои што се пронаоѓам и ме опишуваат мене како личност, но нитуедна не е ни близу на оваа.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820

Дефинитивно мојата омилената песна од Металика :)
Ја имам поделено на 2 дела, кои што сега ќе ги објаснам, двата дела сосема различно ми влијаат.
Оваа ми е за у депресија, ритамот и самиот текст се просто убитачни (намерно ја постирав со lyrics во позадина), нешто во стил како што спомна @Коловрт на претходната страна - „песна за борбата со моите демони“ ... тоа е за првиот дел од песната до 3:55 на видеово.
А од 3:55 па се до самиот крај, уффф ни самата незнам да објаснам како се чувствувам кога го слушам тој дел, особено инструменталчето од 4:24 - 4:38 ... тие 14 секунди ми се врв :cuc: , добивам некое неверојатно чувство на моќ и занес од совршената инструменталка.

Накусо објаснето, песнава ме убива и воскреснува во едно слушање ;)
Moze da go pises samo linkot na videoto bas da vidam koja e taa ubitacna pa voskresnuvacka pesna?
Ne go pokazuva videoto, samo crno stoe. U posledno vreme e vaka na site videa na forum. Neznam dali e kaj site taka ili kaj mene samo.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Секое сабајле у 6 на -20


Се к'ти ноќта црна!
Се р'ти карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори -
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

(y)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

Ме потсеќа на времето кога го спремав социјална патологија. Цела вечер на слушалки ја кулирав и читав кроце кроце.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725




^Ме потсеќаат на детството, посебно оваа;


А оваа ја најдов на некоја касета, појма немам и the rest is history (се заебав);


бонус рунда - од нашите;


 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин

Ова беше мој вовед во концептот на camel toe и затоа ќе има засекогаш посебно место во моето срце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom