Песна која има значење во вашиот живот

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Вака дечки, имаме триста теми за споделување песни, али ко што гледам ваква немаме. Целта е следна:

Секој од нас си има песна, песна која го потсеќа на нешто. Значи не зборам за тоа „леле колку е јака песнава“, туку песна која буквално има суштинско значење во животот. Еве да дадам примери:

- Сте биле на одмор на плажа некаде, сте се запознале со нови луѓе со кои сте се дружеле, и со нив сте имале заедничка песна која редовно сте ја пуштале.

- Со вашата прва (втора, трета или четврта) љубов сте ја имале „нашата песна“ која само ви го стимулирало љубовното чувство. Денес веќе не сте заедно, можеби немате ни чувства повеќе за таа личност, но кога ќе ја слушнете таа песна, едно мало делче од тоа чувство ви се враќа.

- Дошло до крај на врската со вашата љубов, па оваа песна ви помогнала да ја преболите.

- Првпат сте имале секс на песнава.

- На оваа песна првпат сте се предозирале од алкохол.

- Имате пријател со кој ја „делите“ песнава, двајцата се пронаоѓате во неа, и кога ќе ви ја пуштат вие сте тие кои први рипаат и ја пеат, додека сите други пеат со вас, но вие сте во тој центар и сте среќни што ја имате таа личност за пријател, па преку песната сфаќате дека со таа личност сте поминале низ се.

- Не ми текнуваат повеќе причини, но гарант ги има уште милион.

И секогаш кога ќе ги слушнете овие песни, се враќа вашето чувство од тој момент, таа случка или тој настан, едноставно се враќате во времето, како повторно да ги доживувате тие моменти. Би сакал да ги споделите овие песни, но ќе ве замолам, НЕ оставајте само линк од песната, задолжително да дадете образложение зошто ви е значајна таа песна! Запомнете, важен е значајниот момент или чувството.

Јас ќе почнам прв, секако, пошто секад го кршам мразот.


Не зачудува ова за човек како мене дека баш ваква песна ме гаѓа, али еве ја причината. Да, оваа беше „нашата песна“, на мене и една девојка, девојката од која го добив првиот бакнеж во животот уште во средно. Пошто тоа беше период кај што се пиеше, неколку пати се погоди кога бевме во кафана да ни ја пуштат, и веќе знаевме дека чим дојде оваа песна на ред, треба да се гушнеме, бакнеме и да бидеме заедно. Се сеќавам на нејзината насмевка кога ќе дојдеше рефренот и двајцате ќе викневме „отвори ми своја вратааааа!“. Искуството со неа е веќе длабоко заглавено во минатото (или да речам, историјата, хехехе) и веројатно никогаш нема да се врати (и покрај тоа што историјата се повторува, хехехе), веќе сме на многу разделечени патишта кои никогаш нема да се спојат, но кога ја слушам оваа песна, секогаш се сеќавам на моментот кога за првпат зачекорив во тие води, и секогаш се враќа тоа мало делче кое ми ги активира спомените, но најважно од се, чувството, љубов, носталгија, безгрижност и среќа во едно.

Повелете :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@RickyLFC9 , ја погоди темата у прав момент, сега кога сум решен да се отворам за многи работи.

Ах, песната за првата љубов, па не е баш прва, втора би дошла у моето броење ама првата ептен беше детска у основно школо, првата вистинска во средно, колку само сум се мачел и пател, се сеќавам сега, колку ми беше тешко да и кажам, и кога и кажав, она не осеќаше ништо, се свати како на заебанција, а песната која го пратеше тој период беше оваа, и сега сеуште имаме некое чудно чувство кога ќе ја слушнам песнава


Песна за прв секс немам баш конректна, беше тоа еден убав одмор со другари, имаше секс, шмекање и многу пиење, песна која ми остана во сеќавање тогаш нема врска со секс, има со еден куп алкохол кој го испивавме во легендарните кампови во Градиште


Овој микс беше хајлајтот на тој одмор (покрај првиот мој допир на женско тело)

Еден куп симпатии и убави девојки, вклуичително и мојата девојка тогаш а и сеуште до ден денешен, тука немам конкретна песна, тоа беше опусот на една наша симпатична и култна музичка група од нашите средношколски денови, која сега не постои но во мое време ги тераше сите најдобри екс-ју хитови на Дугме, Казалиште, Дивље Јагоде, Чорба, Азра, ЕКВ. Имаа и една нивна успешна нумера, секој мој сограѓанин ќе се сети на нив


Песнава , како и сите други од Индекси, а го обележаја мојот тинејџерски живот и растење, за после тоа да се заразам на Азра и Хаустор и ЕКВ.

Но после тоа не можам а да некажам колкку сум се правел лом на песните на Шаулиќ, Мирослав Илич и Халид Бешлиќ, тука не можам да не ја спонам мојата легендарна песна, од која се ежам кога ќе ја чуам
И сега во моментов не можам да се сетам не еден куп други песни кои ме потсеќаат на нешто, можеби подоцна, ако темава заживее, ама искрено верувам дека има многу други форумџии кои имаат некоа „своја“ песна по која паметат некој важен момент од животот.
 
L

Lu

Гостин
Имам повеќе, али ќе почнам со оваа дефинитивно :)


Saturday night I'm fucking stoned, stoned
While all the suckers got the jones, jones
I'm on the freeway, gonna blow, blow
The red lights saying go, go ...

Saturday night I'm fucking gone, gone
And all my friends are saying don't, don't
The world is flashing like a strobe, strobe
Push the pedal sayin' woah, woah, woah, shit ...

Поготово овој дел ^ од текстот на песната, на 1:44 што започнува :D
Имав едно ново ЦД и меѓу останатите песни, беше и оваа фатална песна, и си го ставам ЦДто во кола, тогаш првпат да го преслушам, и си возам навечер, и доаѓа на ред и оваа песна, и како што е таква целата брза и адреналинска, се занесов у ритмот, и баш на тој дел од песната кај што оди во позадина текстот што го постирав погоре, јас залетана со скоро 100 на час по Илинденска, и влагам во една остра кривина и буквално се деси последниот стих (Push the pedal sayin' woah, woah, woah, shit ...) :D
Од што не ја фатив кривината како што треба, бидејќи влегов во неа со огромна брзина, изгубив контрола над колата, башка и се лизгаше од што беше мокар асфалтот од што беше претходно врнето, и кочи кочи, неможеш да докочиш, и скроз се излизгав, влегов во тревник, од брзината и мократа трева уште толку лизга, го откорнав сообраќајниот знак, и на крај излетав во паркингот и мавнав во службан џандарски голф (ко јаготка на шлагот) :D
За среќа без последици пројдов, освен по новчаникот, некои си 650 евра ме чинеше тоа адреналинско задоволство благодарение на песнава :D

Али како и да е, никад нема да ја заборавам таа дешавка, и увек кога ја слушам песната се потсетувам на таа ноќ :)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767

Во периодот кога се запознававме со девојка ми, она беше заразена со Ламбада и цело време ми ја пушташе во чат. Беше тоа пролетта пред три години. Од тогаш наваму, песнава кога и да ја слушнам ме асоцира на пролет, на најубавиот период од годината, на периодот кога ја запознав неа. :love: Има и други песни кои можат да се наречат "наши песни", ама оваа дефинитивно ми е омилена.

Следнава песна, можеби ќе звучи чудно, ама буквално ми го промени животот. Таа песна за прв пат ме воведе во еден бенд и еден жанр што го одбележува мојот досегашен живот. До тогаш слушав тоа што некој друг ќе ми наметнеше, конкретно друштвото со кое се дружев тогаш. Прво заради нив почнав да слушам рап, а после почнаа да ме носат и у кафани, каде нормално почнав да слушам и шабанарија. Металот беше првата музика во животот која почнав сам да ја слушам и во која се пронајдов. Тоа ми влијаеше на доста работи у животот, како на пример поголема самодоверба и слично.


:roker: 08.09.2005 - ...
 
B

beaverknight

Гостин
This one...


Бев прва средно, имаше едно девојче, мојата прва љубов, токму на песнава се случи нашиот прв бакнеж...
Се сеќавам на нејзините малечки зеленки очи и на преубавата насмевка, тогаш прв пат почуствував огромна среќа у мене, после неколку дена не можев да јадам, спијам, стално мислев на неа.
Песнава ептен ми остана у меморија, и секад коа ќе се навратам на неа одма се наежувам, и до ден денес знам да си ја пуштам... it feels good :love:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Многу добра тема.

Прво ми текнува на ова.

Песнава секогаш ќе ме потсетува на една девојка која многу ми значеше во последните две години. Бев многу вљубен во неа, таа го знае тоа, ама никогаш не излегов од friend zone. Како и да е, девојчево имаше значајно влијание врз мене како личност и ми помогна малку поинаку да гледам на некои работи. Баш кога се дружевме беше актуелна песнава. И баш тогаш се случи на една свадба на наша заедничка пријателка да танцуваме заедно цела вечер. Од тогаш сум многу емотивен кога ја слушам песнава. Баш синоќа бев на свирка во еден бар и ја свиреа, одма одлетав со мислите...

Втор избор:

Песнава ме потсетува на многу работи, и тоа не поради текстот туку онака случајно ми се поврзува со многу случки. Ме потсетува на купувањето на првиот компјутер, кога немав интернет дома, па снимав песни од позајмени ЦД-а. Тогаш ја открив песнава и ја слушав по сто пати на ден. Од таму и ме потсетува на целиот тој период од животот - средношколските денови, дружењата од тоа време, излегувањата.... Кога и да ја слушнам ми текнува на тие години. Исто песнава ме потсетува на времето кога гледав Lost (во една епизода беше искористена), на драматичната титула на Манчестер Сити во 2012 (цел стадион ја пееше после мечот).... Како да ме следи песнава и ми буди убави спомени.

Трет избор (највесел):

Ова е неформална химна на нашето друштво. Сме се пијанчеле на неа на матурски, запивки, седенки... Кога ќе се жени некој од другарите сигурен сум ќе ја нарачаме и ќе направиме ’ршум низ кафаната. :):)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Песна која ме потсетува на раното детство и на времето кога се сложував со татко ми и кога не ми беше тешко да разговарам со него. Песна која ми поминуваше времето додека седев во камион и татко ми ме шеташе низ цела Македонија. Во главно беа сите песни од Куку Леле и Ластовица, зошто имавме касета само од нив и само нив ги слушав при патување. Но кон оваа песна имав појаки симпатии и поради тоа ќе ја одвојам само оваа од нив. Како што поминуваше времето се навалуваше влијанието на Куку Леле во музиката на Македонија, а со тоа некако и мојот однос со татко ми се сведе на нула.


Веќе не пијам вино и кога ќе слушнам песната добивам една мучнина. Моето прво предозирање од вино, а најверојтано и последно од вино беше на оваа песна. Песната идеше на позадина, другарка сипуваше вино, а ја го пиев како коњ. Сабјлето кога се разбудив ништо не се сеќавам и од муабет со другарите ме фати најголемата брука во мојот живот.


Моментот кога искочив од амбасада и кога пуштив радио во кола идеше оваа песна. Не знам дали беше случајност или... ама ова беше навистина најдобриот ден во мојот живот, ДОБИВ ВИЗА. Тоа лето беше најдоброто лето во мојот живот. ПАРИ, ПИЕЊЕ, ЖЕНСКИ, ЛУДУВАЊЕ. Се плашам дека такво лето нема да може да се повтори во мојот живот.


Скоро сите имаме песна која не потсетува на некоја личност во која си се затрескал до уши. Ова е мојата песна, ништо специјално освен тоа што ме потсетува на нејзе бидејќи и двајцата еден период ја слушавме премногу. Избегавам да ја слушам бидејќи не заврши како што требаше. Почнав да превземам чекори во моментот кога приметив дека ќе ја изгубам засекогаш. Испадна дека беше премногу касно, бидејќи она си замина и од тогаш се изгуби секаков контакт.

 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Ќе се обидам да не бидам многу скржав на зборови.


Да, знам, клише. Но иронично, токму на песнава сфатив дека сите оние изливи на љубов не се вадени од калап туку навистина доаѓаат негде одвнатре и не даваат мир дури не излезат во некоја форма. Ме потсеќа првата вистинска љубов, и се` она што таа го носи. Не траеше „само ноќва“, но навистина заврши со „не барај ме“.


Малку чуден избор, посебно затоа што не е песна што можеш да ја чуеш од никаде, пример на радио, и да ти врати спомени, но сепак кога ја видов темата меѓу првите ми текна на неа. Имав пријател со кој сум минал многу и ептен ми фали тоа време. Пропратната доза хумор само го засилува чувството на носталгија.


Песна за борбата со моите демони. Некако никој не става вакви, никој не сака спомени од црни денови. Ме потсетува на најмрачните периоди од животот, за кои уште не сум сигурен дека се минати. На толку многу ислушена музика, ретко која песна успеала така да ме пронајде.
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444

Прв пат ја слушнав песнава во седмо одделение и прв пат сфатив дека музиката може да биде тажна и мрачна. Имаше период кога не легнував без да ја ислушам пред спиење, со телефонот на една цртка volume и залепен за уво. Уште е една од најмрачните песни што ги имам слушнато, секогаш ќе ме допира.


Со двајца другари од друштво оваа ни е број еден песна за кафана/собиранки. Некогаш и ако нема музика си оди акапела. :D


Уште се сеќавам прв пат кога ја слушнав песнава. Толку брзо, енергично и екстремно немав слушнато до тогаш, скроз ме мрдна ова и ми ги отвори вратите кон „поекстремен“ метал.




Ќе пишам и за други песни во некој нареден пост. :)
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Највозбудливото танго со непознат човек...говор на тело и очи...до магична страст и .....се знае потоа..правец кревет...нирвана:backa:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
se sećavam koga 1977 go donesov kasetofonot hitači na plaža, a kasetata ( so ovaa pesna i drugite pesni od istoimeniot album), ja kupiv od Trst , toa beše vistinskoto, devojkite bea pogodeni vo živec... ama 1981 isto taka i b(m)račnata drugarka :cool:
 
G

Gosh

Гостин
,, Мојта младост горо ле ,сестро , нема да се врати ,, ме дотепува и увек плачам. Кога ја пуштаат во друштво, ја напуштам просторијата.
Причината е едноставна - немав младост. Немаше одење во школо, излегување по паркови и дискотеки, симпатии...
И најмногу ме боли што нема да се врати, нешто што никогаш не ни било.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom