Персиска мачка

M

Moon Child

Гостин
Има тема за Сијамски мачки, па зошто да нема и за овие лепотани?


Персиските мачки се една од најстарите раси на домашни мачки, кои во почетокот на 20век станале најзастапени и најпопуларни на изложбите.

Се сметаат за многу толерантна раса на мачки, воедно и многу мрзливи, и многу приврзани за нивниот сопственик.
Имаат долго и меко влакно, кое бара секојдневно одржавање и чекање, затоа што недоволното одржавање доведува до заплеткување на крзното и кожни проблеми.

Доста е од тетка Вики, да споделуваме и ние малку за нив.
Мојот персиски мачор е стар 5 години и 4 месеци, од кои цели 4 години е во моја сопственост. (или јас во негова :icon_lol: )

Ги сметам за најубава раса на мачки, меѓудругото и нај арогантни. Незнам дали се самосвесни за нивната ексклузивност и убавина, или јас сум го воспитала да биде таков. .
Дури мислам дека има свој посебен табиет :icon_lol: Некои свои однесувања, манири, фори. И многу се интелигентни. Да му зборуваш, разбира како човек. Незнам дали само мојот мачор е таков, дали е до расата, еве, ќе оставиме простор на другите сопственици на персиски мачки да се изјаснат на темава.

Да го заокружиме воведот со неколку слики од мојот Фигаро.



 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Се митари многу? Остана вуна секаде? Бара чешлање и колку често? ( ова ми е најгорлив проблем, барем засега, покрај самоједов дома :D )
Би си зел најискрено, фаца ми се вакви рунтави, ама се наоѓа ли некаде барем до кај 100 евриќи? Гледам се по 150 200 ги продаваат (додуша најчесто 150) ама стварно многу ми е :/
Сеа ако некој дава на подарок, нема да одбијам секако :D :D :D
 
M

Moon Child

Гостин
После февруарскиот поход април/мај таму негде кога ќе се изродат, барај по нет и на пазар3, на времето се продаваа и по 50евра.
Јас мојот го добив на поклон. Мој другар кој го чуваше, студираше во Скопје па ретко се вртеше дома и стварно мачето остана на терет на мајка му. Јас сакав да купам, се понуди човекот да не купувам. И така.
Иначе штознам, летно време се митарат повише, ама јас ова лето го исшишав скроз само на опашот му оставив и на шепите крзно и главата нели, затоа што беше многу жешко и беше мачорот ко во агонија цело време.
Го четкам и не толку редовно да ти кажам право, еднаш дневно, не летаат влакна мислам немам по двоседов ни по спалната каде што спие со мене. Може има по некое ама нема пластови. П0овеќе наоѓам влакна од мојава коса низ куќа него ли од него. Иначе не држам теписи само поради него. Затоа што кога ќе се залепат влакната тешко се чисти, треба темелно да го четкаш тепихот секој втор ден. Вака ми е полесно само ќе изметам со метла и решен проблемот.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Дури мислам дека има свој посебен табиет :icon_lol: Некои свои однесувања, манири, фори. И многу се интелигентни. Да му зборуваш, разбира како човек. Незнам дали само мојот мачор е таков, дали е до расата, еве, ќе оставиме простор на другите сопственици на персиски мачки да се изјаснат на темава.
Животински расист! :D Тоа е исто како да кажеш дека белците се попаметни од црнците само затоа што имаат бела боја на кожата. Кај мене не само што е паметен и разбира кога му зборуваш, туку разбира на три јазика. Така да не ќе да е до расата, туку до мачето.

Нормално дека секое животно си има свој карактер и однесување, исто како и луѓето.
 
M

Moon Child

Гостин
Животински расист! :D Тоа е исто како да кажеш дека белците се попаметни од црнците само затоа што имаат бела боја на кожата. Кај мене не само што е паметен и разбира кога му зборуваш, туку разбира на три јазика. Така да не ќе да е до расата, туку до мачето.

Нормално дека секое животно си има свој карактер и однесување, исто како и луѓето.

:backa:
Те поздравува овој господин.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Покрај многуте мачиња што сум ги чувал (повеќето нерасни) случајно еден ден пред 7-8 години најдов персиска мачка на улица. Мислам дека беше се изгубила, онака никој не е до толку да остави персиска мачка на улица за која претходно дал 100/200 евра. Бидејќи беше многу убава и рунтава, моите ја засакаат и ја чувавме внатре. Но ептен многу имаше влакна од неа. Незнам дали е било до тоа што не сум ја челшал или пак е нешто друго, но во главно тоа беше проблемот поради кој морав да ја вдомам некаде на друго место. За среќа и тогаш постоеја здруженија за животни, ја дадов таму и потоа ме известија дека ја вдомиле во семејството во кое претходно била чувана. Сега чувам 5 нерасни мачиња но тоа не ги дели од другите по својата убавина, шарм, елеганција, напротив, мислам дека имаат по една особина од сите раси на мачки. :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Na kolku vreme gi ceslate persiskite?
Na mojata i se sozdavaat grutki od vlaknata dole kaj kozata. Epten tesko se rascesluvaat. Ako voopsto.
Ja ceslav 2 pati nedelno. Neso tips and tricks?
 
A

Avenger99

Гостин
Na kolku vreme gi ceslate persiskite?
Na mojata i se sozdavaat grutki od vlaknata dole kaj kozata. Epten tesko se rascesluvaat. Ako voopsto.
Ja ceslav 2 pati nedelno. Neso tips and tricks?
Сестра ми ја чешла секој ден, мислам дека во Пет шоп и дадоа некој специјален чешел за персиски мачки, распрашај се.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
K

Kacar

Гостин
Бела, 3 месечна чистокрвна традиционална персијка. Од родители со педигре со проверени испитувања на генетски болести. Ја добив на поклон.Си ја чувам во Скопје, во стан со цимери ( студент).
Луда е моментално, полна со енергија се пентари на сите сталажи. За среќа пак, грациозно се движи и нема до сега направено беља.
Почна со некои чудни навики, ме лиже наутро по чело,нос,уста,брада дури уште спијам. Кога ќе отидам до тоалет, доажа до вратата и мјаука, кога ќе и се доближиш бега . Кај и да отидам низ станов, иде по мене али у фазон "Ќе го следам бидејќи го сакам многу и сакам да сум до него, ама нема да му дозволам да го почувствува тоа",
За неа имам четка, чешел и фурминатор. Секој ден ја третирам со четката и чешелот а еднаш неделно со фурминаторот.
@Moon Child го потврдувам горенаведеното што го имаш напишано.
beli.jpg beli1.jpg
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Дечки, имам едно прашње.

Дали знаете некој што има персиски мачор за парење?

Мачката ми е влезена во heat, а неможам да ѝ најдам партнер. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom