Од она што можев да го видам на твоите видеа, најверојатно пробуваш да направиш нешто слично на ова
Каде едната страна што паѓа со силата на гравитацијата ќе ја крева другата страна.
Но мора да внимаваш дека како што гравитацијата влијае на десната страна за да паѓаат клиповите, блоковите или што било, истата гравитација влијае и за да ги крени, па тука имаш добивка на енергија од 0.
Вложената енергија која делува дека го врти тркалото бесконечно ќе се изгуби низ триење, топлина и слично и на крај ќе добиеш помалку енергија од таа што си ја вложил.
Пример да замислиме дека овде има вода од лево на десно која ќе помага чудово да се врти, гравитацијата на блоковите лево и десно ќе се анулира, а на излез ќе добиеш енергија само од водата што помагала ова да се врти.