Перници

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Океј, знам дека е глупава темата.

Сегашните перници за спиење не чинат веќе, па треба да се купат нови.

Е сега знам дека има ефтини перници од по 300 денари, а има и баеги поскапи.

Во што е разликата меѓу овие? Навистина ли поскапите нудат поубав сон и појше време тераат? Какви перници препорачувате, и каде можат да се најдат?
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Доколку купуваш, купувај од продавница. Полнети се од вештачки полиестер. Зависи од полиестерот внатре. Има некој кој веднаш се сплескува после првото перење.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Доколку купуваш, купувај од продавница. Полнети се од вештачки полиестер. Зависи од полиестерот внатре. Има некој кој веднаш се сплескува после првото перење.
Да де, па од каде од друго место можам да купам ако не од продавница?
 
П

Пе Џо

Гостин
Ја спијам со една Дормео и една од паткини пердуви. Дормеото под глава, а таа другата незнам шо и правам, ваљда ја гушкам у сон.

Добра е дормеото за под бучук, има таман консистенција, не смрди, и не вдишуем од нејзе честички.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.180
Поени од реакции
14.434
Јас иам две дормео дома, ок ми се покажаа до сеа, претходно со едни грди меки постари ме болеше вратот од сабајле, сега со овие сум ок.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Да де, па од каде од друго место можам да купам ако не од продавница?
Има многу други 'продавници' кои го купуваат од кај нас, затоа кажувам какви се перници нема.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Да го кажев ова пред неколку години, ќе си се изнасмеев на самиот себеси, зошто бев голем скептик кога е Дормео во прашање.

Но...

Купив Дормео Мемосан трислојна перница, со која можеш да ја приспособуваш висината на перницата и тврдоста, зошто трите слоја се со различна тврдост. Направена е од мемори пена, и многу убаво се приспособува на обликот на вратот. Јас ја купив на попуст од 50% за околу 1400 денари, ако не се лажам, и од тогаш најтопло ја препорачувам на секого! По неа - нема веќе станување наутро со болки во главата (нешто што пред тоа и не беше така ретко), во вратот се чувствувате како да ве масирал некој, пред тоа имав проблеми со 'рбетот - ме болеше и при најмал напор, сега не чувствувам болка дури ни при тешки физички работи, а и 'рчењето е намалено (ова не дека ми сметаше мене, но може да го искористите како финта за да го натерате партнерот да ви купи ваква перница). Ако се прашувате каква врска има перницата со 'рбетот, ни јас не знам, искрено, веројатно со тоа што го држи вратот исправен, не го оптеретува долниот дел на 'рбетниот столб. Еве како изгледа:



И еве како изгледаат слоевите од мемори пена внатре.



Не работам во Dormeo, Top Shop или Студио Модерна! Немам никаква врска со нив, но навистина перницава ми промени еден дел од животот, затоа најтопло ви ја препорачувам! ;)

Имам уште една перница од мемори пена, таа ја купивме од друго место, и не е Дормео. Еден слој е, мек, и перницата чинеше 500 денари. Само не ми се допаѓа миризбата на пената на истата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И јас имам Дормео ама немам како оваа на Златикевичиус, туку од тие покрупните што се, како стандард перници, не знам како се викаат. Точно е дека болките исчезнуваат, главата ти е правилно наместена, мене од прошлата перница дури и школката од увото ме болеше :facepalm: заедно со душекот се супер комбинација за сон, и јас како и Злати бев прво скептик мајка ми кога ме напна да земеме ама сега препорачувам кај стигнам зошто навистина се исплати.

само спреми се на досаѓање од топ шоп ако купуваш од таму, удав фирма се, ќе те спамаат по мејл, по телефон, кога ќе одиш да купиш, јас ги блокирав на мобилниот, сигурно се откажани веќе :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Дормео се ок, ама има и подобри. Провери во медикус хелп и слични продавници, каде продаваат ортопедски перници, а исто така многу добри има и во JYSK.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Се` зависи од висината која твојот врат може да се приспособува.
Јас ете имам дома дормео, но бидејќи имам релативно кус врат, имам проблеми, и ептен специфична висина ми е потребна (да не речам премногу ниска перница), така да дормеото не ми врши некоја работа, ма колку и да има мемори пена.
У принцип ако првите 3 дена ти се прават проблеми, возможно е и следните денови да ти се појавуваат истите. Ако се будиш со блага вртоглавица, спондилоза или недајбоже насреде ноќ често те пресекува сонот во глава, тогаш можно е голем дел да се базира на лоша перница. У принцип, пробај со овие од дормео, барем имаат рекламација и можеш да ги вратиш после 7 дена.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.051
Поени од реакции
29.414
Океј, знам дека е глупава темата.
...
има ефтини перници од по 300 денари, а има и баеги поскапи.

Во што е разликата меѓу овие? Навистина ли поскапите нудат поубав сон и појше време тераат?
Ова воопшто не е глупа тема за разговор.
(освен можеби моментот за „траење„ на перниците) ;)


Перници со ергономски облик се права работа. Важното е да го задржуваат обликот, но сепак да се меки и удобни. Не мора да бидат екстра големи како старинските перници, но добро е да не бидат ни ептен мали перничиња. Должината е небитна, ширината е битна.

Материјалот е исто така многу важен, по мене латекс е најдобар избор заради следниве карактеристики:
- најдобро ја задржува формата а сепак е мек и удобен (по ова е подобар од мемори пената, која секогаш е премека и не ја задржува формата така добро)
- Латексот не задржува топлина и лесно се лади (по ова е многу подобар од мемори пената, која многу го загрева местото под главата, и уште полошо -не се лади лесно кога ќе ја преместиш главата на поладен дел од перницата). Ова е најизразено во летно време.

Се на се, латекс е права работа. Мемори пената е ОК ама латекс бирам пред мемори пена во секое време.
Ќе слушнеш разни мислења, но ретко од некој што пробал перници од двата материјали. Тоа е затоа што и латексот и мемори пената прават неспоредливо подобри перници од класичните перници. Скоро секој што сменил од класична перница на вакво нешто е презадоволен во однос на старото и нема намера да гледа понатаму (што има и подобро). :)

Така да, прошетај разгледај и инсистирај да ја пробаш перницата. Не се брзај (ако е можно, ако не е... иди на друго мест) и види што ти е поудобно и кој материјал држи многу топло. Ако имаш пари купи и од латекс и од мемори пена, па едната нека остане за помошниот лежај, за на одмори, за викендица или за поклон.

Истото важи и за дебелината на перницита, пошто и тоа е лична преференца, за некои се поудобни пониски, некои сакаат повисоки перници. Опција е и да се земе поплитка/пониска перница па да се подигне евентуално со мека подлога (на пример од мемори пена, или сунѓер).



Латекс има предност пошто е појак материјал и во него се бушат отвори со што се допринесува за циркулација на воздухот.





Јас лично имам латекс перници од Оптимо и сум многу задоволен од нив. Оценка 9/10 (10/10 е резервирана оценка која уште никаде не сум ја дал ;))
http://www.optimo.si/sl/index/article?path=/catalogs/2012


Имам и од мемори пена, ама тие ги користам како помошни перници, главни перници за спиење ми се латекс перниците од Оптимо.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас вака би ти предложил перници....

1. Дормео.... помали се од стандарниве, но се каде каде подобри....
2. Најобична перница купена од пазар....., но гледај да не биде полнета со сунѓер, туку со едно бело што е... како памук....
3. Перница полнета со пердуви.... нешто одлично, но се помалку се користат во денешницава....

:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Дормео од секогаш според рекламана сум мислела дека се премногу мали. Со нормална големина се?
Да, во нормална големина се, воопшто не се мали. Плус, оваа мојата - реков, можеш да ја приспособиш во висина, само извади ги едниот или двата слоја што не ти одговараат, и имаш пониска перница. Ако спиете дома на ептен ниски перници (3-5 cm), дури од таа една перница можеш да направиш 3. :D[DOUBLEPOST=1393501919][/DOUBLEPOST]
Ја нема мојата меѓу овие. Мојата е ваква, Мемосан: http://www.dormeo.com.mk/перници/анатомска-перница-мемосан.html
на изглед е иста, ама трислојна. И цената и беше околу 3200 кога се продаваше. Изгледа сега веќе не се продава. Не знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom