Пензија со 12 години стаж

Член од
1 април 2024
Мислења
3
Поени од реакции
0
Се работи за мајка на мој познаник. Луѓево се навистина сиромашни, а истовремено и неуки. Женава има 67 години и никогаш не добила пензија. Ме интересира какви се можностите. Знам дека со 15 години следува пензија. Меѓутоа, што да прават другиве кои, од една или од друга причина, останале со платен стаж под тој законски минимум. Дали тие имаат шанси некако да си ги повратат средствата што им се одбивани (во случајов 12 години) за стаж или пак едноставно под оваа магична граница од 15 години исто како да не платиле ништо?
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
120
Поени од реакции
85
Право на социјална пензија за старите лица има лице со навршени 65 години возраст под услови утврдени со овој закон. Ако подносителот на барањето за остварување на правото има брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница со навршени 65 години возраст, правото го остварува само едно од лицата.

Ако ги исполнува овие услови треба да поднесе во пиом барање за социјална пензија.
 
Ти благодарам за одговорот. Има сопруг што за некој месец ќе наполни 64 години и ќе добие старсона пензија. Дали ова би било пречка за да добие социјална пензија?
 
За најточно да се информираш е на шалтер на ПИОМ со детали за твојот случај.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.064
Поени од реакции
3.211
Се работи за мајка на мој познаник. Луѓево се навистина сиромашни, а истовремено и неуки. Женава има 67 години и никогаш не добила пензија. Ме интересира какви се можностите. Знам дека со 15 години следува пензија. Меѓутоа, што да прават другиве кои, од една или од друга причина, останале со платен стаж под тој законски минимум. Дали тие имаат шанси некако да си ги повратат средствата што им се одбивани (во случајов 12 години) за стаж или пак едноставно под оваа магична граница од 15 години исто како да не платиле ништо?
Да си одработи уште 3 години некаде, има конфекции кој си вработуваат и пензионери (нормално незаконски, ама никој не ги дира оти се поврзани со власта), имало и случаи каде работеле и над 70 и нешто до пензија, на времето кога се отвараше Џонсон во Штип ги бираа работниците ептен, сега примаат и шуто и рогато.

Има голема побарувачка на работна сила и може да најде работа за да си испуни пензија, сега зависи и колку е физички во можност поради годините, ама колку толку некоја за минимална плата може да најде, зависи и од местото каде бара работа, ако е во некоја дупка можеби ќе има проблем, ама во поголемо населено место би требало да се снајде.

И уште една работа, пред некоја година го читав законот оти лично познавам едни што и фалеше стаж и се плашеа што ќе прават по напунување на 64 години, законот гласеше работодавачот го раскинува работниот однос кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години работен стаж, освен ако со друг закон поинаку не е утврдено, значи работодавачот не може да го раскине работниот однос ако не се напунети двата услови, тоа е законот, ама побитното е ако работодавачот има корист сеедно е дали си 70 или 18 години, како што кажав има случај кој на 71г отишол во пензија во една конфекција, газдата ја чувал жената уште 7 години, не оти морал, туку оти му вршела работа.

И да не ве лажат со социјалната пензија, тоа е обична социјална помош која од маркетиншки трик за глас повеќе се вика социјална пензија, ограничувањата се исти како и за социјална помош која можеш да ја добиеш во било која возраст, а оваа пензијата по 64 години, незнам кој се баш точно сумите што ги исплаќаат, оваа пензијата ако не беше 6000 што подобро да ги просиш некаде одколку да се замараш за таа сума.
Автоматски споено мислење:

Ти благодарам за одговорот. Има сопруг што за некој месец ќе наполни 64 години и ќе добие старсона пензија. Дали ова би било пречка за да добие социјална пензија?
ДА, ДА пишав погоре, не смее да има никакви приходи, имот и сл.
 
Тешко ова со одработувањето, провинциско гратче... Мислам дека не може ни социјална помош да бара, сопругот ќе има пензија за кратко. Значи, за овие 12 години што и е платен стажот, нема можност да добие ништо? Жално, женава работела преку 35 години, а заради корупција не може ни минимална пензија да земе.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.188
Тешко ова со одработувањето, провинциско гратче... Мислам дека не може ни социјална помош да бара, сопругот ќе има пензија за кратко. Значи, за овие 12 години што и е платен стажот, нема можност да добие ништо? Жално, женава работела преку 35 години, а заради корупција не може ни минимална пензија да земе.
Имаше едно време опција за докупување на стаж.
Нека се праша и на некој шалтер на ПИОМ или адвокати што даваат бесплатни совети . Еве од гугл што ми искочи, незнам дали уште важи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom