Пегида, антиисламистичка есен

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
@Ska Maniac
Што па политеизмот е нешто многу подобар, a? ;)

Прво, во политеизмот често зборуваат за разни аспекти на еден ист бог. На пр. Кришна -создавачот, Вишну -заштитникот, Шива -уништувачот... итн итн. Не дека верниците во политеистички религии не се спремни во име на верата да ги прават истите страња како и монотеистичките верници.

Второ, па побогу (;)) еве христијанството како монотеистичка религија има:
- Светото Тројство, три аспекти на еден те ист Бог, као различни ама и исти :)
- Дева Марија, безгрешно зачната и мајка на едниот аспект на Бог, како таква извесно и таа е „божествена„. Велат дека најмногу молитви се молат на нејзино адеса...
- Милион разно-разни светци и маченици, кои секој еден е некаков заштитник на разни градови, места, групи на верници, професиии... на сите нив одделно верниците им се молат.

Ај сеа кажи дека христијанството не е политеизам? ;)
Исламот не е поразличен од тој аспект (ама ме мрзи сега конкретно да се потсетувам)...
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.229
Поени од реакции
22.414

Не,не значи НЕЕЕЕ !!!! Мора со тебе да се упознаам и и овие ствари да ги продискутираме. :masa:
Втор пат е ова каде што незнам од каде и како да почнам а да ти објаснам на што мислев у 2-3 реченици. :confused:

Ај вака ке се обидам : Во политеистичките религии боговите се слават (се слават и кај другиве ке речеш !?) од аспект на тоа што (хинду,будизам,шинто и изумрениве индоевропски словенски,германски,келтски,римски,грчки паганизам ) не ги доживуваат како некој надредени суштества во нивниот живот,туку како пра татковци и пра мајки т.е. предци. Значи прават фестивали и ритуали каде што не чуствуваат должност и страв од неисполнување на ритуалот со подоцна очекувана казна доколку нешто не направат или закаснат (пример господ ке те казни ако направиш некое дело што е забрането во библијата,тората,талмудот,куранот,ако не одиш на миса,литургија,џума нема да одиш во рајот).
Боговите во тие религии не ги ставале во искушение нините верници ( сите монотеистички религии имаат по неколку приказни за тоа како господ ја испитувал упорноста и истрајноста во неговата религија,Аврам во стариот завет,Тома во библијата и во куранот имаше некој таков само што не му го памтам името).
Монотеистичкиве религии подоцна се искористени и како средство за асимилација на останатите народи кој ке ги прифатат (Ватикан сеуште држи миса на латински јазик во сите католички земји, Византија со Кирил и Методиј цел Блиски Исток ,источна Европа и Балкан ги направила православни,Исламот со мечот и до ден денешен се шири). Дај ми пример за будист што не е Кинез или не е од сроден народ ,дај ми пример за Хинду што не е Индиец или од сроден народ. (зборам за пред 1000 - 2000 год не денес од помодарство што стануваат политеистички верници).
Словените,Германите,Келтите и други народи своите пагански религии ги имале како родови религии т.е. религии на нивниот род и затоа немале аспирации за различни народи од нив по род да ги асимилираат во нивната религија,зашто нивните религии биле и знак за распознавање меѓу масата на народи што живеела во Евро-Азија.
Накратко е ова ,инаку имам уште многу да објаснувам за култовите и останатите ствари. (примерот со Богородица што го даде ,тоа е култ од праисторија од палеолитот со континуитет до денес ама друг пат за тоа ) :coffee:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.057
http://www.mkd.mk/svet/vesti/turcite-protestiraat-im-prechat-antiislamistite-video

http://www.independent.co.uk/news/world/europe/germany-antiislam-protests-biggest-pegida-march-ever-in-dresden-as-rest-of-germany-shows-disgust-9959301.html

После една недела пауза за католички Божик, традицијата продолжува, и растечкиот тренд. 18.000 луѓе се собрале во Дрезден против растењето на исламизмот во Европа.

Доста контроверзи ги следат растечките протести. Од една страна маинстрим медиите и политичарите со доста обвинувања за нацизам и обиди да се дискредитира движењето по секоја цена. Но протестите се воглавном мирни и без никакви нацистички слогани или пак повици на насилство, па во недостаток на инциденти на протестите, се линкуваат напади на имигранти со активисти на Пегида. Од друга страна транспаренти од типот „Ние сме народот“, „Лажлив прес“ и сл.

Како и да е не само имиграцијата, туку и актуелните случувања во светот допринесоа до ваква реакција. Да не го заборавиме фактот дека доста „Европски“ муслимани учествуваат во „светата“ војна на Калифатот, а уште поголем број ја подржува таа војна.

Според мене ова е само почеток.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Како и да е не само имиграцијата, туку и актуелните случувања во светот допринесоа до ваква реакција. Да не го заборавиме фактот дека доста „Европски“ муслимани учествуваат во „светата“ војна на Калифатот, а уште поголем број ја подржува таа војна.
Кој се бори во „светата војна“, автоматски го губи германското државјанство. За да можат да го убијат законски. :)
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
http://www.mkd.mk/svet/vesti/turcite-protestiraat-im-prechat-antiislamistite-video

http://www.independent.co.uk/news/world/europe/germany-antiislam-protests-biggest-pegida-march-ever-in-dresden-as-rest-of-germany-shows-disgust-9959301.html

После една недела пауза за католички Божик, традицијата продолжува, и растечкиот тренд. 18.000 луѓе се собрале во Дрезден против растењето на исламизмот во Европа.

Доста контроверзи ги следат растечките протести. Од една страна маинстрим медиите и политичарите со доста обвинувања за нацизам и обиди да се дискредитира движењето по секоја цена. Но протестите се воглавном мирни и без никакви нацистички слогани или пак повици на насилство, па во недостаток на инциденти на протестите, се линкуваат напади на имигранти со активисти на Пегида. Од друга страна транспаренти од типот „Ние сме народот“, „Лажлив прес“ и сл.

Како и да е не само имиграцијата, туку и актуелните случувања во светот допринесоа до ваква реакција. Да не го заборавиме фактот дека доста „Европски“ муслимани учествуваат во „светата“ војна на Калифатот, а уште поголем број ја подржува таа војна.

Според мене ова е само почеток.
Нема да биде почеток, ситуацијата ќе се смири, скоро од сите земји во ЕУ ги осудуваат овие од Пегида и ако што луѓето се во право, сепак институциите на ЕУ ќе ги потиснат протестите на овие луѓе, и од самата Меркел имаше остра осуда за овие од Пегида. Така да јас мислам дека луѓето ќе бидат потиснати токму баш од европските политичари и бирократи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.057
Според првичните информации, во Дрезден вечерва над 40.000 луѓе сообрани од страна на Пегида и покрај апелите на властите да се одложи протестот.[DOUBLEPOST=1421097597][/DOUBLEPOST]https://www.facebook.com/video.php?v=838103082902820
Еве превод од коментарот на видеото
„Неверојатна толпа народ оди директно низ центарот на Дрезден. Местото митингот Скејт Парк Авенија со своите 40.000 метри квадратни беше преполно уште од самиот почеток на манифестацијата. Ние сме на самото место и тука има најмалку 60,000-70,000 PEGIDA демонстранти. Германскиот печат фантазира бројка од околу 15,000-20,000 демонстранти. ...“
И имате снимка од RT кој сака да гледа.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.196
Поени од реакции
35.745
Ми се чини дека на протестиве за ПЕГИДА видов полски, чешки па дури и руско знаме. Незнам дали тоа им се некои знамиња на покраините или стварно на тие земји.

Во Дрезден протестите се најсилни, додека од тоа што прочитав во другите градови во Германија секаде бројот на контра демонстрантите бил поголем.

И во Осло имало протест со околу 200 подржувачи на ПЕГИДА и околу илјада контра демонстранти.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.057
Поради закани од ИД Пегида маршот во понеделник (19/01/2015) одложен. Сега да видиме левите либерали дали ќе застанат во одбрана на слободата да се протестира.

Германија: Закани од ИД до анти-исламското движење Пегида

Пегида, анти-исламското движење во Германија, одлучи да го откаже протестот закажан во Дрезден во понеделник. Според Фејсбук страната на движењето, манифестацијата се откажува поради ризик по заканите добиени од организацијата Исламска држава.

«Приморани сме да го откажеме настанот», велат лицата од Пегида кои велат дека со ова е нападната слободата на мислење и слободата да се протестира.

Собирањата на Пегида (Европски патриоти против исламизацијата на Западот) се одржуваат од октомври и собираат се повеќе и повеќе приврзаници. Минатиот понеделник, пет дена од атентатите во Париз, 25.000 лица протестираа во Дрезден со барање да се воведе рестриктивна имиграциска политика.

По откажувањето на следната манифестација поради заканата од атентат. Пегида побара од своите симпатизери да истакнат германско знаме и свеќа на прозорците.

Разузнавачките служби на Германија стравуваат можни терористички напади против ова движење. Според магазинот Шпигел, и странски разунавачки служби ги предупрдиле германските колеги за можноста за напад врз неделните манифестации на Пегида.

Kajgana Shop

На врв Bottom