Патување со миленикот во странство

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
На општо задоволство на сите што планираат да патуваат со миленикот надвор од државата и во ЕУ, донесени се измени со кои Македонија е на некој начин прогlасена како земја ослободена од беснило.

Олеснето некомерцијалното движење на домашни миленици (кучиња и мачки) во ЕУ

Почнувајќи од 19 Ноември оваа година, граѓаните на Република Македонија ќе можат да патуваат со своите домашни миленици во државите на Европската Унија без претходно да извршат тест за проверка на имунитетот од извршената вакцинација против беснило. Со тоа за цели три месеци се намалува периодот потребен за комплетирање на документацијата потребна за патување.
Имено на 30 Октомври Европската Комисија донесе Регулатива (ЕУ) бр.1160/2014 со која Република Македонија се вклучува на листата на територии и трети земји кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Европската Комисија за контрола на беснилото со што Агенцијата за храна и ветеринарство и официјално доби потврда за успешно реализираните активности за контрола на беснилото во изминатиот период.
Со почеток од 2011 година Агенцијата презема низа активности за воведување на ефикасен систем за надзор на беснилото кој овозможува рано откривање како и пријавување и следење на животните за кои постои сомневање дека се заболени од беснило, ефикасно го применува и спроведува националното законодавство за некомерцијално движење на миленици, ја гарантира валидноста на документите за идентификација на животните, ефикасно применува мерки за превенција и контрола на беснилото. Единствена цел на активностите е минимизирање на ризикот од инфицирање на домашните миленици за што се преземаат и мерки за контрола при увозот на домашни миленици од други земји. Се применува стратегијата за контрола на популацијата на кучиња скитници, а се спроведува и редовна вакцинација на домашните миленици и на дивите животни (лисиците) против беснило. Во насока на заокружување на предвидените активности за воведување на ефикасен систем за надзор на беснилото, се применуваат и правилата за лиценцирање и пласман на вакцини против беснило.
За патување во рамки на Европската Унија животните треба да ги исполнат следните услови:
1. Да бидат соодветно обележани со микрочип (транспондер);
2. Да имаат примено вакцина против беснило која ги исполнува условите пропишани од Европската Комисија и
3. Да бидат придружени со ветеринарно - здравствен сертификат.
Обележувањето на животните со микрочип и вакцинацијата против беснило се врши од страна на ветеринарните друштва (матичните ветеринари), додека ветеринарно здравствениот сертификат го издава официјалниот ветеринар на основа на приложениот пасош и сертификатот за здравствена состојба на животните, кои треба да бидат уредно пополнети од страна на матичниот ветеринар.

Извор: АХВ
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Да знаев порано, немаше да се опчам 60 евра за бугарски пасош у пм...
 

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
:(Море да можев ја да патувам,какво милениче,какви бакрачи ќе понесев со себе само една торба партали и ајт со здравје.
 
Член од
20 август 2009
Мислења
24
Поени од реакции
2
Здраво екипа!

Сакам од Македонија да си го земам пинчот во Шведска. Неодамна се преселив таму ама кучето ми остана во МК.
Знае ли некој дали постои авио компанија која може да не пренесе од Скопје до Шведска? :)

Благодариме :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.281
Поени од реакции
4.689
Здраво екипа!

Сакам од Македонија да си го земам пинчот во Шведска. Неодамна се преселив таму ама кучето ми остана во МК.
Знае ли некој дали постои авио компанија која може да не пренесе од Скопје до Шведска? :)

Благодариме :)
пробај со airserbia, adria или некоја од поголемиве. Ниско буџетните не превезуваат миленици
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Прво провери што се од документација ти треба. Бидејќи е мало куче има до која тежина е дозволено во транспортер(посебен пластичен по стандард) да биде со тебе горе. Во спротивно, патува како карго. Контактирај ги прво во амбасада за да ти кажаш што ти треба. А потоа и можеви на аеродромот да ти дадат информации кои компании вршат транспорт.
 
Член од
20 август 2009
Мислења
24
Поени од реакции
2
Фала на помошта. Видов дека до 8кг куче може да патува со тебе, што е добро :) Гледам АирСрбија имаат лет со 1 застанување. Да видам прво каде застанува за да не го мачтретирам и кучево мн м
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Nemam iskustvo, no znam deka Avstralija ima dosta strogi pravila. Za ova treba da si prasati vo nivniot konzulat i aviokompaniite do koi ke patuvate.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom