Супер ви е идејата да патувате со автомобил. Според мене со сопствено возило е најубаво и најкомфорно. Секако поскапо ама се исплати. Имаш голема слобода да отидеш кај сакаш и на места кај што не си планирал од почеток. Ако ти се допадне некој град можеш да останеш и подолго. Со железница дали како прво ќе успееш да се разбереш со сите да купиш билет, а камоли друго. За Италија не се грижи не крадат како што ти кажаа, освен легално а тоа значи дека знаат да те убедат да купиш нешто
. Паркинзите по европа не се којзнае колку скапи, а тоа значи 2 евра за саат, ама најчесто е евро - евро и пол. За одење до Шпанија не можам да ти кажам ама до Франција да. Може да отидеш во Хрватска ако сакаш преку приморје до Словенија ако имаш желба мој совет е да ја посетите Постојна Јама што е на само 6-7 км од автопатот. Во Италија почнуваш со Венеција, Фиренца, Милано, Торино, Савона, Џенова, Сан Ремо и преоѓаш во Франција преку Монако па Ница по проморје се до Шпанија. Резервација за сите хотели и не мора, зошто во тие места ги има многу и ќе можеш да најдеш и без резервација. Патарини отприлика мислам дека Србија е околу 30евра, Словенија 30евра ( таму имаш винетка што ти важи 6 месеци така да тие 30 ти се и за назад). Италија околку 50-60 евра цела да ја поминеш. За Франција знам дека до Ница е 2 евра
, а тоа е нели малку пат. Најубаво е да земеш ако можеш еден навигатор од Tom-Tom со нова карта на европа, и немаш гајле, само пиши дестинација. Плус и покажува каде има камери. Брзо возење не е препорачливо дека има доста полиција по патиштата до словенија и цивилна, а европа поради проблемите со бегалците од Либија. Полнење на резервоар секаде само не во Хрватска, таму бензинот на најскап. По Европа е од 1,3 до 1,5 евро за литар.
Секако провери на нет има за се што те интересира, секако подетално и поточно.
Поздрав