Патување и виза за Мексико

Член од
9 јуни 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Би сакала да слушнам искуства за вадење на мексичка виза.
Знам дека во Мексико може да се патува со америчка виза но нас не одбија така да таа варијанта од старт отпаѓа.
Следна опција ни е Белград, таму има мексичка амбасада но за жал јас ја изгубив работата а како што разбрав они не издавале визи на невработени.
Од потврдите што ги бараат имаме недвижен имот и две коли една на мое име др.на маж ми, доволно средства во банка плус сите трошоци за таму ќе ни бидат покриени.
Сепак кога се јавив во амбасада за информација ми рекоа дека не издаваат виза на невработени.
Ме интересира дали има некој што патувал таму со слична ситуација како мојата. Дали да си ја пробам среќата или во краен случај да пробам да најдам потврда за раб.однос и дали би можело така да помине се надевам не прават дополнителни проверки на док.
Би сакала да го слушнам вашето мислење и совет...
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Да пробаш да најдеш потврда за работен однос.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Еве ти најдов нешто онлајн, ќе постирам линк:

https://mexico.visahq.com/requirements/macedonia/?js_widget_requirements_link

Според ова, пишува дека има мексичка амбасада на :

Ljutice Bogdana No.5
Phone+381-11-3674170
+381-11-3674171

Fax+381-11-3675013
Emailembamex@net.yu
Website URLwww.mexican-embassy.org.yu

Ова ти е за патување во Мексико со македонски пасош и само да си извадиш виза.
 
Член од
9 мај 2005
Мислења
100
Поени од реакции
13
Можеби е офтопик, ама размисли и за Гватемала како алтернатива за која не треба виза, која нуди работи и храмови од времето на Маите исто како Мексико и во која со рент а кар можеш да си поминеш три незаборавни недели. Чисто како сугестија.
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Можеби е офтопик, ама размисли и за Гватемала како алтернатива за која не треба виза, која нуди работи и храмови од времето на Маите исто како Мексико и во која со рент а кар можеш да си поминеш три незаборавни недели. Чисто како сугестија.
Зошто за Гватемала не треба виза?

A.... посебна држава е..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom