Сакав да прашам нешто. Пред некој ден приметив дека пасошот ми е истечен а одморот започнува за 5 дена така да ќе немам време да чекам пасош, па прочитав на интернет дека може да се стигне до Црна Гора без пасош па побарав малку повеќе за тоа и некој пишуваат дека србија и црна гора може само лична карта, косово мора пасош негде србија црна гора косово и албанија може само лична карта. Знае некој сега дали е можно? Некој што бил.