Значи прво и основно ќе тргнам од анкетата. Не гласав на неа бидејќи поденакво важно е да си го сочуваме минатото, но и да создадеме иднина за следните генерации. Без сочувано минато не можеме да градиме иднина за следни генерации, а ниту пак без визија за иднината и за следните генерации нашето минато би имало значење, затоа овие две работи се нераздвојни и одат заедно една со друга, поврзани. Патриотизмот и сакањето на државата кај нас се почесто се мешаат со партиите, што не е во ред. Власта и политиката е едно, а државата и нацијата е друго. Гледам голем број од луѓето имаат мислење во стилот на абе ајде за кој да се борам за некој пари да кради, но не се во право според мене. Значи едно е тоа каква е власта и какви се луѓето во власта, а друго е опстанокот на државата. Криминалот што го има во високите слоеви на власта, поточно кај некои поединци, секогаш ќе биде присутен во било кое општество и во какво и да е уредување и тој не е причина сите ние да не ја сакаме и да ја негираме сопствената држава и сопствената нација и сопствениот идентитет. Кај нас, во нашава држава работите многу се измешаа во последно време (не дека и пред тоа не биле), а најголеми виновници се луѓето кои треба да ја водат оваа држава, а дозволија да ни се случи ова. Овде не мислам само на една партија или на еден човек, криви се и едните и другите. Криви се затоа што дзволија некој свесно и систематски да ни ги уништи системите на државата и нејзините институции. Што се однесува до патриотизмот, патриотизмот си е во ред и најнормално е да се сака и почитува сопствената држава и секој кој е граѓанин на оваа држава и кој има државјанство на Република Македонија треба да биде лојален кон Македонија и да ја сака и почитува државата заедно со сите нејзини симболи и ред други елементи што Македонија ги има како држава. Најголемиот проблем со кој се соочуваме ние е немањето на национална стратегија и немањето на единство помеѓу политичките партии од македонскиот блок по однос на националните прашања и немање на заеднички национален став. За разлика од нас соседните држави имаат многу поголемо чувство за припадност кон државата и имаат поголема национална свест, па дури и работат на ширење на нивната пропаганда на нашата територија, работат на ширење на нивните зони на влијанија и зони на интерес, а ние немаме ни внатрешна национална стратегија, а камо ли да размислуваме за ширење на пропаганда и ширење на нашите ставови и интереси и ширење на нашите зони на влијание во другите држави и поддршка на нашето малцинство кое живее таму. Значи клучната работа која ние како држава треба да ја направиме е националното обединување и правење на стабилна држава со стабилни институции и стабилни државни системи кои ќе имаат механизми да ја заштитат државата во секоја смисла на зборот. Па после тоа можеме да ја подобруваме економијата и да го сузбиваме криминалот. Бидејќи без стабилна и безбедна држава која има стабилни институции и стабилни системи (под ова подрзабирам стабилен безбедносно-правен систем, здравствен систем, образовен систем) не можеме да напредуваме ни во економијата, а ниту во сузбивањето и гонењето на било кој вид на криминал. Затоа треба да си ја сакаме и чуваме државата, да си го негуваме и чуваме нашиот национален идентитет како Македонци и да не ги делиме луѓето на оваа или на онаа партија, туку сите ние да бидеме лојални на Македонија и да настојуваме да изградиме стабилна држава која ќе има капацитет да се соочува на било какви предизвици на ова модерно време.