Патот до пеколот е поплочен со добри намери

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558
За да научи да оди треба и да паѓа, секое дете треба да оди на ивичњак на тротоар, да скока на кревет, со тоа мозокот поврзува синапси дека учи како да се балансира, координира многу мускули, значи остави го да падне за негово добро, побрзо ќе научи. Ова како принцип, преголема грижа за детето, создава инвалиди во животот а се е со најдобра намера.
Некое паѓање може да биде лошо и детето да се здобие со лоши повреди,а за кои цел живот ќе го обвинува родителот што не внимавал добро на него. Имаше едно дете, стоеше на едно место, на една висина( не спомнувам нарочно, да не дојде до препознавање)и после два три реда моабет, го фатив за рака и спречив да се самоубие.
Што има лошо во овој чин? Требаше да го оставам да се фрли?
Зарем советиве што ги даваме овде на форум, сите се од себични побуди или.....или животот не е само црн или бел, има многу нијанси, неможеме во секоја постапка да бараме причина, некогаш реагираме импулсивно....
 
Последно уредено:

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.550
Поени од реакции
9.109
а се е со најдобра намера.
Како човекот преку општествениот систем да постане затвореник или роб во овој фиктивен свет... Секогаш патот до пеколот е поплочен со "добри намери..."
Автоматски споено мислење:

The game of life

The Mystic Will

The Art Of Love
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.780
Некое паѓање може да биде лошо и детето да се здобие со лоши повреди,а за кои цел живот ќе го обвинува родителот што не внимавал добро на него.
...овие нови „измислени помагала“ не е поради бенефит на детето, туку поради поголема слобода на родителот на сметка на адаптирањето на детето, што токму тоа ќе има последици, убаво објасни Гој,
За да научи да оди треба и да паѓа, секое дете треба да оди на ивичњак на тротоар, да скока на кревет, со тоа мозокот поврзува синапси дека учи како да се балансира, координира многу мускули, значи остави го да падне за негово добро, побрзо ќе научи. Ова како принцип, преголема грижа за детето, создава инвалиди во животот а се е со најдобра намера.
(y)
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Најдов податок дека оваа поговорка е напишана во еден прирачник за поговорки кој бил објавен во 1855 година.
Вилијам Шекспир ја употребил оваа поговрка во својата драма Ромео и јулија:)
...И се би било добро, кога овој свет би бил совршен, за да може оваа поговорка да важи, незнам зошто, но многу ми е бесмислена...знам дека не звучи добро поради тоа што ја пишува во светото писмо, но јас така мислам.
Човекот е створен да живее гледајќи прво сам за себе, поседува разни емоции.....Не ми е јасно, ете, пример, од се срце, со најдобри намери сакам да направам нешто, но без моја вина, од тие намери се создаваат погрешни последици?
Кога веќе сме застанале на патот за пеколот, зарем има назад, па дали имале или немале добри намери?
Дали сочувството е добро или лошо? Сочувствувањето помага на човештвото да преживее...или можеби хуманизмот исто така помага на човечкиот род да се деградира?

Добра алтернатива постои за оваа поговорка "пеколот е полн со добри намери а рајот е полн со добри дела".

Можно ли е @liberij човечкиот род, прогласен како грешник од самото раѓање, да живее по критериумите на Исус???
Оваа поговорка сепак има превентивно, позитивно наравоучение, не треба да се третира трагично, негативно, бидејќи човештвото како општествено, црковно, социјално..., битие на заедницата, секако има неограничен потенцијал креативно да учествува во заедницата, со цел да даде допринос, надградба, расположение, хармонија..., едноставно, да му е убаво што е заедно со другите и активно да земе учевство во убавото.

Превенцијата на другите од себе, тргнувајќи од семејството и пошироко во општеството, е во контекст на субјективизмот, наметнат сметајќи дека по секоја цена поединецот треба ги реализира добрите намери, идеи, креации..., кои е невозможно за сите да бидат добри, и самата историја ни сведочи за бројните обиди кои по правило се трагични. Кога говориме религиозно, конкретно бидејќи припаѓам на Православната конфесија, овој проблем на субјктивизмот, е решлив единствено преку Бог како Создател, Кој разумно и љубовно го создава сето создание, и е единствено Способен да го реализира Својот План, а нас луѓето не создал да бидеме активни соработници во тоа Вечно дело(Литургија).

Тоа значи неограничено, креирање се до моментот кога човекот, свесно или несвесно мислејќи дека прави добро без да се провери, договори, организира, консултира..., самонаметливо упорно настојува, и на тој начин ја прекине Заедницата со Бог или другите луѓе, токму тоа осамување, отуѓување, солипсизам всушност и во вистинска смисла на зборот означува пекол. Спротивно на ова кога човекот и покрај своите грешки остане во Заедницата Рајот е загарантиран, бидејќи Бог не е калкулант, сметкаџија, полицаец, едноставно сака да сме сите заедно и тогаш нема нерешлив проблем, што е разбирливо кога сме со Него. :love:
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
...колку добро се надоврзува оваа тема со "желбата за болка" :)
Евритинг из конектед, дури и со " Зошто девојките не ги сакале добрите " што пак се врзува со желба за болка :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.780
...желбата за болка е само ескивирање и несоочување со проблемот оставајќи го само телото со одбранбен рефлекс против болката да го преброди и победи проблемот кој создава болка, оти умот на сопственикот е блокиран, трокира и е вон функција да помогне да се реши проблемот!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.304
Поени од реакции
7.277
Неколку одговори постојат што го објаснуваат значењето на оваа поговорка, но никако да ја сфатам, кое е правото, вистинското објаснување.
Имам некаде сретнато каде изрекава ја пишуваат - Пеколот е поплочен со добри намери.
Која е вистината,, кое е значението..... [.
Ах бре топол/а,
Еве поедноставно да ти објаснам:
Само човекот од сите животни форми може да биде фин со животното пред да го изеде.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...желбата за болка е само ескивирање и несоочување со проблемот оставајќи го само телото со одбранбен рефлекс против болката да го преброди и победи проблемот кој создава болка, оти умот на сопственикот е блокиран, трокира и е вон функција да помогне да се реши проблемот!
...убави се дефинициите тие ни даваат ментален ред и мир
...но многу поубава е реалноста,таа не носи секогаш на едно скалило поблиску до нашата цел
...нема да прашаш која е таа цел,нели?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...брзо осознавање и уште побрзо прифаќање на истата,без да го форсираме физикусот да ја заврши работата за нас
...човекот финкционира како склоп,но уште подобро е кога знае да препознае што е вистински предизвик за телото а што за душата :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558
...брзо осознавање и уште побрзо прифаќање на истата,без да го форсираме физикусот да ја заврши работата за нас
...човекот финкционира како склоп,но уште подобро е кога знае да препознае што е вистински предизвик за телото а што за душата :)
Брзо осознавање и брзо прифаќање???
А што ако се погреши?
Поправен ке има ли или оде воз у кукуруз, бидна што бидна, шансата ми кидна;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom