Патничко осигурување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.012
Поени од реакции
1.268
Здраво

Често патувам и до сега шаблонски стално вадев патничко осигурување од Кроација Осигурување и последниот пат имав малку непријатно искуство со нив. Поради тоа решив да размислам за друга компанија за осигурување. Е сега сум го голема дилма. Некои компании како Winner си имаат се објаснето на страницата т.е франшиза, основна премија од ден и се тоа т.е така знаеш што добиваш а други компании како Триглав немаат ништо конкретно. Според тоа баш немам никаква ориентација. Која компанија нуди добро осигурување во секој поглед? Дали Винер, Триглав, Осигурување Македонија, Албсиг, Сава итн итн. Ме интересира според парите кој нуди најдобро покривање. Би платил и повеќе само да знам дека е осигурување а не црвен крст и после да си лупам глава.
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Од моето искуство т.е. од искуство на клиентите, а такви кои имале потреба да го користат осигурањето дури се на патување има од 1 година, па до кај 40 некаде, Осигурителна полиса се одлични. Немаат претереано многу инфо на страната, ама ако те интересира нешто дополнително слободно прашај ги или пиши, ќе ти кажам тоа што знам. Исто така, генерално сите прават обично осигурување, без вклучување на ништо дополнително, како што е осигурување на багаж или слично. Тоа не чини многу повеќе, а би можело секому да му се најде :)

п.с. да не бидам нејасен, не работам кај нив или ги рекламирам, работам како ос.брокер, па од тоа шо имам искуство ти кажувам :)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Јас како по дифолт сум вадела секогаш од Сава осигурување. Фала богу не ми требало никогаш. Имаш различни опции (кои јас не знам да ти ги кажам) и зависи што ќе одбереш, јас секогаш сум го земала основното со франшиза од 200 евра мислам дека беше и за 15 дена ме ме коштало околу 150-200 денари (зборувам за низ Европа). Е сега кога сакав да вадам за до Америка ми се виде скапо некако 1000 ден од човек и се решив да не го вадам пошто ако нешто не дај боже сепак кај фамилија одам, па сега здравје да не затреба ;).
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.074
Поени од реакции
22.116

Mnogu losa ideja za osiguranjeto so usa. Obavezno zemi i gledaj da ti pokriva medicinski trosoci pred se. Nedaj boze nesto se sluci tamu bez osiguruvanje ili kesh doktor ne te pipa
 
Член од
20 септември 2021
Мислења
3
Поени од реакции
12
Здраво

Често патувам и до сега шаблонски стално вадев патничко осигурување од Кроација Осигурување и последниот пат имав малку непријатно искуство со нив. Поради тоа решив да размислам за друга компанија за осигурување. Е сега сум го голема дилма. Некои компании како Winner си имаат се објаснето на страницата т.е франшиза, основна премија од ден и се тоа т.е така знаеш што добиваш а други компании како Триглав немаат ништо конкретно. Според тоа баш немам никаква ориентација. Која компанија нуди добро осигурување во секој поглед? Дали Винер, Триглав, Осигурување Македонија, Албсиг, Сава итн итн. Ме интересира според парите кој нуди најдобро покривање. Би платил и повеќе само да знам дека е осигурување а не црвен крст и после да си лупам глава.
Бевме ограбени на плажа сред бел ден во Грција - Неа Михањона (Nea Michaniona) ни беа одземени две торби еден куфер два мобилни телефони и еден новчаник со документи, Со мене беа сопругата и две деца едното на една и пол годинка и другото на шест години. Имаме фамилијарно патничко осигурување без франшиза за 20 дена и ме кошташе 1250 денари извадено во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје . Во оваа компанија секоја година оставам по 20.000,00 денари. Сакам да Ве информирам дека штетата беше навреме пријавена , беше отворено досие за штета кражба на личен багаж и документи, меѓутоа бевме комплетно одбиени , ни динар не ни одобрија, Во брошурата шо ја даваат кога ќе направете полиса е наведено дека во било каков случај покриваат секакви трошоци за телефонски разговори за превоз , за кражба за документи, за здравство, за посмртни останки за што ли се уште не ви дошло на памет за незгоди... Мој апел е доколку сте се решиле да користете Осигурителни улсуги „за надај Боже“, не си ги лупајте парите залудно, подобро нека ви останат!
Автоматски споено мислење:

Од моето искуство т.е. од искуство на клиентите, а такви кои имале потреба да го користат осигурањето дури се на патување има од 1 година, па до кај 40 некаде, Осигурителна полиса се одлични. Немаат претереано многу инфо на страната, ама ако те интересира нешто дополнително слободно прашај ги или пиши, ќе ти кажам тоа што знам. Исто така, генерално сите прават обично осигурување, без вклучување на ништо дополнително, како што е осигурување на багаж или слично. Тоа не чини многу повеќе, а би можело секому да му се најде :)

п.с. да не бидам нејасен, не работам кај нив или ги рекламирам, работам како ос.брокер, па од тоа шо имам искуство ти кажувам :)
Бевме ограбени на плажа сред бел ден во Грција - Неа Михањона (Nea Michaniona) ни беа одземени две торби еден куфер два мобилни телефони и еден новчаник со документи, Со мене беа сопругата и две деца едното на една и пол годинка и другото на шест години. Имаме фамилијарно патничко осигурување без франшиза за 20 дена и ме кошташе 1250 денари извадено во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Family Basic пакет. Во оваа компанија секоја година оставам по 20.000,00 денари. Сакам да Ве информирам дека штетата беше навреме пријавена , беше отворено досие за штета кражба на личен багаж и документи, меѓутоа бевме комплетно одбиени , ни динар не ни одобрија, Во брошурата шо ја даваат кога ќе направете полиса е наведено дека во било каков случај покриваат секакви трошоци за телефонски разговори за превоз , за кражба за документи, за здравство, за посмртни останки за што ли се уште не ви дошло на памет за незгоди... п.с Исто така да напоменам дека се случи да посетам болница , Кога се случи да ги информирам ми кажаа дека амбулантски третман не влегува во полисата само болнички...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom