Пародонтална болест (пародонтопатија)

Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
Пародонтална болест или пародонтопатија (на англиски periodontitis) а меѓу нас позната народски парадентоза. Во литературата и на интернет најчеста дефиниција за оваа состојба се наоѓа дека станува збор за хронична инфламација на пародонталните ткива итн. Кратко кажано од мене се работи за имуно-инфламаторно заболување на пародонталните ткива (нашиот имунолошки систем реагира пребурно кон микроорганизмите од плакот). Во пародонталните ткива (пародонт или забнопотпорен апарат) спаѓаат: гингивата (помеѓу нас познато како непца), тоа е единствениот видлив дел од пародонталниот ткивен комплекс. На гингивата сите ние можеме сами да ги детектираме промените од типот на промена на боја, конзистенција, форма итн. Гингивата во здрави услови е бледо розеникава, површинската структура и е како кора од портокал така се опишува и стручно и во литературата и има цврста конзистенција. По овие параметри се што не е во контекст на ова од типот промени во наведените поими веќе е патологија. Другите три компоненти на пародонталниот ткивен комплекс се цементот на коренот на забот (забниот корен е обвиен со цемент а коронката на забот со емајл), понатаму алвеоларната коска од горната и долната вилица (на неа се детектираат обилни ресоптивни промени во понапреднат степен на пародонтопатија) и периодонталниот лигамент или периодонциум (составен од сврзни влакна кои го поврзуваат забот поточно цементот на коренот на забот со алвеоларната коска. Овие четири компоненти се дел од забнопотпорниот апарат на забите. Како што и самото име кажува овие ткива го опкружуваат забот и му дават потпора а со самото тоа и му ја овозможуваат функцијата.



Кога само гингивата е зафатена со промени од типот промена на боја крвавење итн...станува збор за гингивитис.
Кога веќе постојат и дефекти меѓу забите со ресоптивни промени на алвеоларната коска тогаш тоа значи дека процесот напреднал подлабоко и зафатени се и другите три ткивни компоненти од пародонталниот ткивен комплекс и тогаш станува збор за пародонтална болес или пародонтопатија.


Од ова произлегува дека секогаш бидејќи гингивата е прва на удар, секогаш пародонтопатијата започннува со гингивално воспаление или гингивитис (воспаление на непцата). Гингивитисот може но и немора да прогредира до паротонтопатија. Тука влијание имаат многу фактори кои нема да ги споменав овде.

Поентата со отварањето на темава ми е баш конкретизација на најважната патологија во оралната празнина (пародонтопатијата а со тоа и гингивитисот). Сите сме слушнале и запознаени сме со фактот ѓто денталниот кариес проблем кој не верувам дека некој го немал е најраспространетото заболување но во оралната празнина рамо до рамо со него по статистика е и пародонтопатијата, со разлика што станува збор за многу подмолна и поопасна болест.

За типовите на гингивитис и пародонтопатија можеме да дискутираме подолу.

Кај нас пародонтопатијата е застапена можеби 100%. Не постојат точни конкретни статистички податоци меѓутоа оваа е глобален проблем поготово за нашава популација каде што не само што народот можеби не е доволно информиран што значат непцата што значи здрава гингива здрав пародонт туку не се запознаени и со реперкусиите односно последиците кои оваа болест ги има врз целокупното наше системско здравје. Не само што крајниот исход кај терминалните стадиуми е губитко на забите пародонтопатијата патогенетски е поврзана со атеросклероза дијабетес, предвремено породување, мозочен удар итн.. Сеуште постојат истражувања и студии кои се обидуваат се повеќе да ги поткрепуваат тезите за наведеното предмалку, и сеуште се развива како посебна наука ПАРОДОНТАЛНА МЕДИЦИНА која токму се занимава со поврзаноста на оваа болест со бројни други хронични системски заболувања. Едно е јасно оралната празнина како неодделив дел од организмот во целост е најважната средина нашето огледало каде рано детектираните промени на слузниците се клуќни во препознавањето на разни сосотојби не само пародонтопатија туку анемии, дијабетес автоимуни заболувања итн...

Во Македонија без разлика што има 3000 стоматолози отприлика проблематиката за оваа болест не е опфатена со симпозиуми не се размилсува за неа во смисла потенцирање на нејзината важност итн.. Оралната медицина и Пародонтологија како посебни гранки од Стоматологијата остануваат во сенката на се повеќе трендовските методи на белеење заби. протетски изработки, импланти итн.

Споделувајте ваши искуства од сондирање, киретања на пародонтални џебови, вадење забен камен итн.. Не објаснив етиологија, патогенеза ни кл. слика но немам време бидејќи има мн за пишување. Можеме да развиеме добра дискусија. Поентата ми е доловена. И можеме да ја доближеме оваа проблематика за да се сфати важноста на истата.

gum-disease-1200x900.jpg
images.jpg
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
1. Базно масло по избор

2. Есенцијално масло од оригано, и каранфилче.

3. Дози, 2 капки оригано и 2 каранфилче (origanum vulgare + syzygium aromaticum) на 20 мл база, поголем бач можете исто, пример на 100 мл база, ставате по 10 капки од 2 те масла.

Гаргара 2x на ден по 15 минути, 5мл масло по употреба е доста, на крајот плукнете и исплакнете ја устата, никако голтање на маслото.

За кратко време драстично подобрување ќе имате.

Храна богата со витамин ц, и суплементација со витамин А (ретинол) како и цинк исто така значајно помага.

Финалниот продукт да се чува во мала стаклена тегла, добро затворена.

Процесот се прави 1 месец, па 1 недела пауза, па пак 1 месец по потреба.

И за крај за за луѓето кои мислат дека сите познати хронични болести се разликуваат драстично, think again


 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
5 капки оригано и 5 каранфилче (origanum vulgare + syzygium aromaticum) на 20 мл база
Сигурен си за ова 5 капки оригано ... многу јако е, јас 1 (една) капка во вода (така и пишува на упатството), па знае многу да пече, поготово ако со усните допреш водата.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Тие што го пишувале упатсвото се непсмени. Ако сакаш да си посигурен може со 2 капки од двете на 20 мл. Кога ќе размислам за секој случај ќе ја намалам оригиналната рецепта.

Масло и вода не се мешаат, заборавив да спомнам дека треба смесата убаво да се измеша.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
Тие што го пишувале упатство се непсмени. Ако сакаш да си посигурен може со 2 капки од двете на 20 мл. Кога ќе размислам за секој случај ќе ја намалам оригиналната рецепта.

Масло и вода не се мешаат, заборавив да спомнам дека треба смесата убаво да се измеша.
Заборавив да напишам дека ја пијам водата, не за гаргара. Ама добра опција е што викаш, во друго масло 1-2 капки, па да голтнам, нема да иде јабана тоа што останува на чашата. :D
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
За внатрешна употреба е друго, не смееш над 2/3 недели да пиеш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
1. Базно масло по избор

2. Есенцијално масло од оригано, и каранфилче.

3. Дози, 2 капки оригано и 2 каранфилче (origanum vulgare + syzygium aromaticum) на 20 мл база, поголем бач можете исто, пример на 100 мл база, ставате по 10 капки од 2 те масла.

Гаргара 2x на ден по 15 минути, 5мл масло по употреба е доста, на крајот плукнете и исплакнете ја устата, никако голтање на маслото.

За кратко време драстично подобрување ќе имате.

Храна богата со витамин ц, и суплементација со витамин А (ретинол) како и цинк исто така значајно помага.

Финалниот продукт да се чува во мала стаклена тегла, добро затворена.

Процесот се прави 1 месец, па 1 недела пауза, па пак 1 месец по потреба.

И за крај за за луѓето кои мислат дека сите познати хронични болести се разликуваат драстично, think again


Ако имаш време, те молам фрли линк ако ги имаш нарачувано од iherb или друга страна.

Ова гледам е најефтино (а и now ми се ок фирма), ама нема во моментов:
па следно е ова:


па овие:


а од каранфилче ова:

 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ако имаш време, те молам фрли линк ако ги имаш нарачувано од iherb или друга страна.



Повели. Има и добри миксови, ама не ми се сигурни брендовите, тој со Olive Leaf би бил гром, ама дали го има тоа што пишува дека го има е знак прашалник, Така да овие 2 се одличен и доверлив бренд + се ефтини.
Автоматски споено мислење:

Еднаш на 7-14 дена пијам, колку да се рече.
Waste of time and money, се пие како антибиотик масло од оригано, вака лошо правиш. 2 недели пиеш, па 2-3 месеци пауза и се така.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Чаре за да се смири болката на парадонтални џебови?
Обично одев на 5-6 месеци и ми ги чистеа заедно со забниот камен, ама сега со короната помина подолго време и еве 2 дена побудалев од болка. Бев денес, ми ги исчистија и ми стави дренче и бев мирен едно 2-3 саати. После тоа пак ми се воспалија и еве од болка ми иди главата да си ја откорнам.
Ова со маслата од погоре секако ќе го правам, само уште не ми се стигнати од iheb, како да ги лекувам и како да ја смирам болката сега?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Чаре за да се смири болката на парадонтални џебови?
Обично одев на 5-6 месеци и ми ги чистеа заедно со забниот камен, ама сега со короната помина подолго време и еве 2 дена побудалев од болка. Бев денес, ми ги исчистија и ми стави дренче и бев мирен едно 2-3 саати. После тоа пак ми се воспалија и еве од болка ми иди главата да си ја откорнам.
Ова со маслата од погоре секако ќе го правам, само уште не ми се стигнати од iheb, како да ги лекувам и како да ја смирам болката сега?
Чаеви од истите, двојни дози стај од растенија....

Џвакај clove исто така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom