Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Преамбулата на Уставот на Република Севрџрмр:

АМАНДМАН XXXIV

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.
Ајде сега напиши ја целата реченица да видиме како звучи, и да видиме дали повеќе не се повикуваме на одлуките на АСНОМ. Вака испресечено повторно некако потсеќа на пропаганда, а нели се сложивме да дискутираме со факти.
Автоматски споено мислење:

@Raziel тешко тебе што се објаснуваш со Ставро...
Па ти не можеш, тој барем се нафаќа. Ти немаш интелектуален капацитет за тоа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Одиш на пазар и имаш 10 тезги. На сите освен на една имаш скапани патлиџани, само на една имаш убави. Ти зимаш од скапаните....кој е крив?
Ти или тој пазарџијата со убав патлиџан?
Жмицко е добриот патлиџан? Да не кажеше дека за тендерче агитираш ќе кажев грев дека ми е за тебе, ама вака само би ти советувал ако им мислиш добро на партијата и на својот џеб да им кажеш во штаб дека живеете тотално надвор од реалноста.
Дадовте 11 пратеника, не организиравте протест, ќутите за бугарски договор и двојазичност. Што значи сте од обичниот гласач перцепирани како исто гомно како и сдс, затоа и вас и на нив само клиентите ве гласаа.
Така што и вие и сдс сте помешани на тезгата со скапани патлиџани, а мене не ми се јадат скапани патлиџани. Затоа нит вас, нит нив ги гласав.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.496
Поени од реакции
80.561
Па ти не можеш, тој барем се нафаќа. Ти немаш интелектуален капацитет за тоа
Јас сум доволно интелегентен да одбегнувам било каква дискусија со кретен како тебе. На кретени и да им нацрташ, пак нема да сватат и нема ништо да им биде јасно.

Кретенчина...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Ајде сега напиши ја целата реченица да видиме како звучи, и да видиме дали повеќе не се повикуваме на одлуките на АСНОМ. Вака испресечено повторно некако потсеќа на пропаганда, а нели се сложивме да дискутираме со факти.

На последната страна(38ма) ќе ги најдеш сите амандмани произлезени од Преспа. Мрзите у Влада уште немаат средено, така шо ја не ти сечам ништо, ти пренесувам изворно, како (ќе/треба да) пишува во Устав. Само ќе ти повторам дека јазикот у овие работи е многу битен, прогласот на АСНОМ и одлуките од АСНОМ се две различни работи, второто тврди дека тогаш македонскиот народ одлучил да создава држава. Сега тоа дека македонскиот народ нешто некогаш одлучил се исфрла од уставниот документ, значи му се одзема државотворноста од 45та. А тоа е, нели, историски факт. Кој се менува. Оти некој го продал.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

На последната страна ќе ги најдеш сите амандмани произлезени од Преспа. Мрзите у Влада уште немаат средено, така шо ја не ти сечам ништо, ти пренесувам изворно, како (ќе/треба да) пишува во Устав. Само ќе ти повторам дека јазикот у овие работи е многу битен, прогласот на АСНОМ и одлуките од АСНОМ се две различни работи, второто тврди дека тогаш македонскиот народ одлучил да создава држава. Сега тоа дека македонскиот народ нешто некогаш одлучил се исфрла од уставниот документ, значи му се одзема државотворноста од 45та. А тоа е, нели, историски факт. Кој се менува. Оти некој го продал.
Јас се согласувам дека јазикот во правните работи е многу важен, ама како е различно прогласот и одлуките? Со проглас не се изјавува дека македонскиот народ решил да создаде држава? Прогласот не е проглас на одлуките?
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.496
Поени од реакции
80.561
Прво, интелЕгентен се пишува со и, интелигентен. Второ, глуп со ко кур. Ретко лимитирано створење, онака изворен глупак. Оди дома, погледни се во огледало, и признај си сам на себе дека си глуп како кур, многу полесно ќе ти биде во животот. После можеш да се вратиш на темава и да удриш една сесија на хистерија проследена со колнење и псуење.
Незнам кој хистериша во постов, али очигледно е дека си ги изгубил конците... реков не се замарам со тебе, ќе те средат админите ;)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.808
Поени од реакции
7.185
Јас ќе треба утре тие пари да ги враќам.
Плачипиче ќе ги плаќаш ако не заминеш за Германија, но поради коронава, неизвесно е. А бидејќи му веруваш и подржуваш системот за коронава, сам себе убијал. :D
Виновен е татко ти и неговите колеги, комшии, што дозволија директорите да ги украдат парите/робата од државните фирми, без влакно да им фали.
Виновни сте што сеуште верувате дека политичарите работат за доброто на народот.
Боди малку касно му светнало, ама бар се освестил. :pijanco:

Незнам кој хистериша во постов, али очигледно е дека си ги изгубил конците... реков не се замарам со тебе, ќе те средат админите ;)
Ти ни со името не се замараше, иако ти беше свето, не па со Ставро ќе се замараш.
Кој знае тогаш од кого чекаше да средат за името... :toe:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Јас се согласувам дека јазикот во правните работи е многу важен, ама како е различно прогласот и одлуките? Со проглас не се изјавува дека македонскиот народ решил да создаде држава? Прогласот не е проглас на одлуките?
Ти дадов неколку извори и се обидов да објаснам. Да размислиме сега и двајцата, па еве за ова ти кажи ми, зошто ако е тоа така, воопшто би биле тргнати од уставен документ зборовите „одлучија да“ во преамбулата? Ако може прогласот да се земе како државотворен и без одлуките на самото заседание, зошто имаат потреба денешниве „уставотворци“ да ја тргнат баш таа формулација за баш тој историски момент? И најважно во формулацијата, дали мислиш дека во заменската форма, односно „одлуките на АСНОМ се заменуваат со зборовите Правните одлуки кои се наведени во Прогласот од првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“ не се отфрлаат сите други елементи освен тоа дека некогаш имало проглас и тој проглас произвел некоја правна, а не државна основа? Оти ако е така, ја можам да рекламирам у весник дека сум склучил купопродажен договор со Трпе, таа реклама да биде своевиден проглас и да претставува „правна одлука“, ама нема никаква врска со државотворност или национална политика, па макар го имало и во Устав.
 
Не ми даде неколку извори, туку само еден, и не се обиде да објасниш во претходните постови. Се обидуваш сега во овој, ама без лутење, не многу успешно. Батали примеров, односно аналогијата, едно е лоша, друго примери и аналогии се генерално за луѓе кои не се способни да размислуваат апстрактно.

Инаку, не, не гледам разлика меѓу двете варијанти која би произвела и некаква правна разлика. Имало проглас значи дека имало некакво заседание и таму биле донесени одлуки со кој се прогласува држава на македонскиот народ. Зошто е сменет тој дел, искрено не знам, ама ако сакаше некој да ја укине врската помеѓу РСМ и РМ ќе го направеше тоа на многу подиректен и појасен начин, вака твојата теорија влегува во областа на теориите на завера.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
П Р О Г Л А С
ОД ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА ОДРЖАНОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

Август, 1944 г.

Удрени се темелите на македонската федерална држава во нова демократска и федеративна Југославија На 2 август 1944 година - Илинден - се свика првото историско Антифашиско собрание на народното ослободуење на Македонија - АСНОМ. 122 полноправни представители, синови и ќерки на македонскиот народ, испитани низ маките и искушенијата на Народно-ослободителната борба, собрани на своето прво заседание во манастирот “Св.Прохор Пчински“, во присаствие на делегатите: од Врховниот Штаб на Маршал Тито, војните сојузнички мисии и на Главниот штаб на Србија, ја изразија суверената воља на својот народ и ги донесоја следните решенија:

Македонија ја прогласи за федерална држава, во нова демократска федеративна Југославија. Народното собрание се конституира во врховно законодателно и исполнително представителство на македонската федерална држава.

Се донесе декларација, со која се гарантира слобода и равноправност на секој граѓанин и граѓанка во Македонија, без разлика на вера, националност и политичка припадност, право на секој граѓанин и граѓанка над 18 години да избира и да биде избран, слобода на совеста и вероисповеданието, право на бесплатна просвета, итн.

Се формира Президиум на АСНОМ со функции на привремено народно представителство на македонската федерална држава.

Македонскиот народен јазик се воведува како службен јазик.

Илинден, 2 август, се прогласува за народен и државен празник во Македонија.

Се формира комисија за испитување војните злодејствија, направени од окупаторите и нивните слуги.

Се формира комисија за изработување законски проекти на македонската федерална држава.

Се избраја 40 представители на македонскиот народ за Антифашиското веќе на народното ослободување на Југославија и неговиот Президиум.

Македонски народе!

Со овија основни историски решенија се удрени темелите на македонската федерална држава. Това се први плодови на твојата тригодишна народно-ослободителна борба, това се првите плодови на братството и единството со другите народи на Југославија. Овија плодови претставуваат остварување на вековните идеали на нашиот народ.

Македонски народе!

Антифашиското собрание на народното ослободување на Македонија е одржано во најжестокиот бој во оваја војна, кога се кинат фашиските синџири, кога геројската Црвена армија настапува кон Берлин, а мошните сојузнички армији настапуваат од запад и југ на Париз и Германија, кога нашата јуначка Народно-ослободителна војска на Југославија навлегува во последен бој со фашиските окупатори. Во оган и крв на развихрената и решавашта битка, во зората на победата, македонскиот народ преку своето Антифашистко народно собрание си ја кажа думата за својата судба.

Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ами ги превземаат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Оние изнајдуваат нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да (го) поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар. Од друга страна, това исто се готви и од најголемиот издајник и слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.

Македонски народе! Родољуби и родољубки!

Слободата е на прагот! Темелите на нашата федерална држава се удрени! Ама баш није сите треба да бидеме на штрек. Сега баш треба да се прибериме сите во Народно-ослободителниот фронт на Македонија во нашата Народно-ослободителна војска, за да (ги) сачуваме придобивките на досегашната борба. Краен е час за секој еден Македонец да го отфрли секое колебание и тргне во последен бој за слобода на нашиот вековно поробен народ.

Во името на новата македонска држава, во името на нејното изградување, ние ви викаме:

Уште повеќе зацврснете го единството на целокупниот македонски народ преку Народно-ослободителниот фронт на Македонија - единството, кое ти овозможи создавање на македонската држава, единството, које ќе ти ја сочува таја држава!

Стани целиот на воражено востание и навлези во својата Народно-ослободителна војска на Македонија, војската која ти создаде држава и која ќе знае да ти ја сочува! Разрасни ги што по скоро своите бригади во мошни дивизии и корпуси!

Уште посилно пристапите кон формирањето на народно-ослободителните одбори, органите на новата народно-демократска власт, преко која треба да се соберете за изградувањето на новата македонска држава!

ДА Е ЖИВА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА И ФЕДЕРАТИВНА ЈУГОСЛАВИЈА!

ДА Е ЖИВО АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.

ПРЕЗИДИУМ НА АНТИФАШИСКОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Претседател: МЕТОДИ АНДОНОВ - ЧЕНТО, трговец од Прилеп.

Потпретседатели: ПАНКО БРАШНАРОВ, учител од Велес и ЕМАНУИЛ ЧУЧКОВ, директор на гимназија од Штип.

Секретари: ЉУБЧО АРСОВ, банк(арски) чин(овник) од Штип и др. ВЛАДИМИР ПОЛЕЖИНОВСКИ, правник од Кичево.

Членови:

ВЕНКО МАРКОВСКИ, поет од Скопје;

ЦВЕТКО УЗУНОСКИ, работник од Преспа,

БОГОЈА ФОТЕВ, земљоделец од с. Бистрица (Битолско);

генерал-мајор МИХАИЛ АПОСТОЛСКИ, командант на НОВ и ПО на Македонија, од Штип;

СТРАХИЛ ГИГОВ, нач(алник) (на) персон(алниот) отдел на Гл(авниот) штаб, од Велес;

ПЕТРЕ ПИРУЗЕ, адвокат од Охрид;

КИРИЛ ПЕТРУШЕВ, работник од Скопје;

ИВАН ЈОРГОВ, свештеник од с. Дреново (Кавадарско);

ЕПАМИНОНДА ПОП-АНДОНОВ, професор од Струмица;

ГЕНАДИЕ ЛЕШКОВ, земљоделец од с. Дреново (Бродско);

ЌЕМАЛ АГОЛИ, студент од Дебар;

ЛАЗАР СОКОЛОВ, економист од Куманово;

ВЕРА АЦЕВА, домаќинка од Прилеп;

КАМБЕР ХАСАН, земљоделец од с. Д. Дисан (Неготинско);

АЦО ПЕТРОВСКИ, кројач од Скопје;

МЛАДЕН ГЕОРГИЕВ ЧЕЛОПЕЧКИ, земљоделец од с. Челопек (Кумановско);

ЉИЉАНА ЧАЛОВСКА, ст(удент) од Битола.

ЧЛЕНОВИ НА АСНОМ:

Тетово:

Тодор Ципоски, работник

инж. агр. Јордан Блажевски

Кичево:

Злате Кленовски, земљеделец

Д-р Владо Полежиновски, јур(ист)

Галичник:

мајор Тихомир Милошевски ком(андант) на III-та македонска бригада

Јелисије Поповски, банк(арски) чин(овник)

Мино Минов, работник

Живко Брајковски

Гостивар: Чедо Филиповски, работник

Александар Георгиев, град(ежен) инж(енер)

Видоје Смилевски, банк(арски) чин(овник)

Дебар:

Киро Стојанов, свештеник

Ресен:

подпор(учник) Наум Веслиевски,зам(еник) ком(андант) на III-та бригада

Јонче Трпевски, работник

Георги Ивановски, учител

Илија Божиновски, чинов(ник)

Битола:

др. Киро Миљовски, вет(еринарен) лек(ар)

вазд. мајор Вангел Чукаловски ком(андант) на I-ва удар. бригада

капетан Коста Јашмаков, началник на штабот на III уд(арна) бригада

Петар Манговски, адвокат

Васил Карангеловски, зам(еник) ком(андант) на IV-та макед(онска) бриг(ада)

Нафи Сулејман, земљоделец

Илија Илијевски, адвокат

Крушево:

Томо Кутурец, чиновник

Наум Наумовски, полком на II-та ударна бригада

Злате Билјановски, зам(еник) пол(итички) ком(есар) на III уд(арна) бригада.

Велес:

Бано Андреев Ронков, пол(итички) ком(есар) на Гл(авниот) штаб на Македонија

Благој Х. Панзов, адвокат

Благоја Левков, адвокат

Мино Богданов, чиновник

Маца Карбева, домаќинка

Стоилко Иванов, учител

Неготино:

пор(учник) Лазар Калајџиев

Најдо Стаменин, работник

Лазо Мојсов, студент права

Боро Чаушев, работник

Струмица:

Благоја Минков, работник

Борис Поцков, типог(рафски) раб(отник)

Радовиш:

Багоја Тошевски, чиновник

Штип:

Кирил Глигоров, адвокат

Исак Сион, чиновник

Димче Беловски, чиновник

Кочани:

Никола Вражиловски, канд. адвокат

Виница:

Киро Михајловски, пол(итички) ком(есар) на IV-та македонска бригада

Берово:

Страхил Бајовски, учител

Скопие:

потпол(ковник) Панче Неделковски, зам(еник) ком(андант) на Гл(авниот) штаб

Петар Богданов-Кочко, композитор

Милева Сабо, работничка

Ќемал Сејфула, занатчија

Асен Симитчиев, канд. адв(окат)

д-р Димитар Миовски, лекар

Тодор Стојанов Звездин, суд. п. пук(овник)

Душан Лукаров, работник

инж. агр. Славко поп-Антовски

Борис Атков, чиновник

Прешево:

Абдула Алија, работник

Охрид:

Лазар Гиновски, земљоделец

Кирил Чаулев, студент

Струга:

Владо Малески, студент

Васил Калајџоски, судија

Прилеп:

инж. арх. Кирил Георгиевски

Борко Темелков, работник

Димче Миревски, професор

Милан Стефанов, земљод(елец)

поруч(ник) Методи Поповски, ком(андант) на II-та бригада

Тодор Ношпал, трговец

Петар Михајлов, Тиквар, работник

Кирил Крстев, работник

Св. Николе:

Ванчо Бурзевски, чиновник

Лазар Кулишев, работник

Кавадарци:

Никола Минчев, банк(арски) чин(овник)

мајор Димче Туриманџовски, пом. нач(алник) на Гл(авниот) шт(аб) на Мак(едонија)

Иван Радњански, земљедел(ец)

Методи Џунов, земљедел(ец)

Гевгели:

Ристо Бајалцалиев, чиновник

Димитар Зафиров, журнал(ист)

пор. Иван Танев, аѓутант на Гл(авниот) штаб

Олга Петрушева, домаќинка

Јанко Шопов, техник

Атанас Бојков, ком(андант) (на) Струм(ичкиот) одред

Никола Пеев, работник

Димитар Теменугов, п(олитички) комесар на Стр(умичкиот) о(дред)

Куманово:

Мара Нацева, работничка

Веселинка Малинска, чин(овник)

Гојчо Стефков, работник

Вазд. пор(учник) Боро Равњански,

Борис Чушкаров, пол(итички) ком(есар) на III-та уд(арна) бригада

Стојан Тодоровски, чиновн(ик)

Кратово:

Др. Никола Мицев, вет(еринарен) лек(ар)

пор(учник) Боро Милевски, ком(андант) на IV-та бригада

Крива Паланка:

Трајко Цветанов, студент

Боро Арсов, адвокат

Петрич:

Атанас Атанасов, работник

Васил Василев, работник

Костур:

Димитри Манџовски, зем(јоделец)

Васил Ивановски, работник

Кукуш:

Димитар Влахов, публицист
Одлуките та одлуките... Ете се одлуките и во Прогласот
Автоматски споено мислење:

Причините зошто се тргаат одлуките од АСНОМ биле во содржината на една реченица во која се повикува на обединување со Македонците од Грција и Бугарија, додека во Прогласот го нема тој дел.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Одлуките та одлуките... Ете се одлуките и во Прогласот
Автоматски споено мислење:

Причините зошто се тргаат одлуките од АСНОМ биле во содржината на една реченица во која се повикува на обединување со Македонците од Грција и Бугарија, додека во Прогласот го нема тој дел.
Малку од малку срам имате? А бе мајчиното млеко ако треба ќе си го продадете за наплатувач на паркинг простор.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Не ми даде неколку извори, туку само еден, и не се обиде да објасниш во претходните постови. Се обидуваш сега во овој, ама без лутење, не многу успешно. Батали примеров, односно аналогијата, едно е лоша, друго примери и аналогии се генерално за луѓе кои не се способни да размислуваат апстрактно.

Инаку, не, не гледам разлика меѓу двете варијанти која би произвела и некаква правна разлика. Имало проглас значи дека имало некакво заседание и таму биле донесени одлуки со кој се прогласува држава на македонскиот народ. Зошто е сменет тој дел, искрено не знам, ама ако сакаше некој да ја укине врската помеѓу РСМ и РМ ќе го направеше тоа на многу подиректен и појасен начин, вака твојата теорија влегува во областа на теориите на завера.
Преспанскиот договор и уставот не се еден извор, ама ок.

Последен обид, споредба на преамбули.

На РМ:

Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел: - Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава; - да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта; - да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност; - да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и - да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. Собранието на Република Македонија, донесува...

На Рсџљ:

Граѓаните на Република Северна Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Северна Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договор, ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој...

Ако ти овде не гледаш ништо спорно, никому ништо. :D
 
Па освен Северна и споменувањето на Охридскиот договор, навистина не гледам некоја суштинска разлика во смисла на продавање на некоја историја, со што тргна овај муабет. Факт е дека првата преамбула звучи понационално, втората помалу национално, ама нели не беше тоа темата на дискусија, туку продажбата на историјата со акцент на прекин на континуитетот, кој и со најдобра волја не можам да го видам.

Изгледа никому ништо...

:toe:
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom