Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Оваа твоја проекција твоја има една фиксна компонента, ти си сигурен дека Али ќе го прати Заев во политичка пензија. Но еден факт занемаруваш, сељакот без харизма и речник, колку и да имаше странска и секаква друга логистика, го пензионира најпрво Бранко, па после Груевски и не само него, туку еден цел апарат околу него уигран и армиски трениран за водење држава (бар така ни делуваше на сите), а го направи Мијалков припитомено маче кое мјаука по потреба.

Колку и да е Али стар и искусен играч, нема гаранција дека ќе успее затоа што Заев има некоја ситно пазарџиска, шверцерска лукавост.
Заев никого не прати во пензија. Грујо го испрати Бранко во пензија, а Грујо од власт го симнаа Американците поради тоа што мислеше дека е Путин за сиромашни. Немаше шанси Заев против Грујо и тој систем кој тие го градеа во тие 10 години колку што беа на власт доколку Заев ја немаше поддршката од странскиот фактор. Пред се поради тоа што странците беа решени да го отстранат Грујо по секоја цена.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.070
Поени од реакции
11.048
Муртино нема ни лукавост ни итрина. Има една карактеристика, измејчарлук. Грујо и цел систем околу него, беше пратен во пензија од американците. И престанете да го преувеличувате. Се што прави е уствари извршувањето на странските наредби.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.839
Нема ништо наводно тука. Ја собра она бабана, во два изборни циклуси ја стави на клучно место. Гледај го Владе Милчин на последно интервју како го брани, ко роден син да му е. Во Алфа од се што можеа да изберат за главен и одговорен уредник, го избра Васко Ефтов. Па после се спука со него, и за заменик главен медиумски перјаник го зеде Бранко Героски. Александар Верушевски бил голем македонски патриот, нема шарен куртон што нема влезено во централно седиште на партијата.

Така да, ако бирам помеѓу власт на Заев или власт на ВМРО-ДПМНЕ со ваква кадровска политика, тогаш би избрал власт на Заев. Макар што власт на ДУИ е идеално.
Мој впечаток е дека ова што ѝ се случува сега на партијата е фактурата која ја отплаќаат за мавтањето на Груевски со курот пред меѓународната. :icon_lol:

Пробуваат да се оддалечат од реториката што ја водеа до 2016, за да добијат амин од странците, да не бидат антидржавниот и антиевропскиот елемент во нивни очи.

Имаат добиено некое тефтерче со услови кои треба да ги исполнат, затоа се вакви килави, како со врзани раце. Немаат цврст и јасен став за поважните прашања, дека се против Договорот со Бугарија, Преспанскиот договор и тн., туку прават вакви некои гимнастики. Затоа се и промените во статутот по теркот на европските партии. Затоа се и овие излети со "кул" бабичката, професорка, која вежба јога и денса рокенрол, ставена во кец, кај прогресивното граџанство. :icon_lol:

Е сега, "европеизацијава" на партијата е меч со две острици. Ќе видиме што ќе испадне на крај.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Ах бе ве гледам и ви се чудам, дебатирате со недели и се е патетика.

ДПМНЕ не може поинаку да игра, затоа што 75% од народот е за ЕУ.

Вие изгледате овде вака многубројни, ама реално пенис не го боли народот ни за име, ни за презиме. Што впрочем се виде и на избори.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.839
Оваа твоја проекција твоја има една фиксна компонента, ти си сигурен дека Али ќе го прати Заев во политичка пензија. Но еден факт занемаруваш, сељакот без харизма и речник, колку и да имаше странска и секаква друга логистика, го пензионира најпрво Бранко, па после Груевски и не само него, туку еден цел апарат околу него уигран и армиски трениран за водење држава (бар така ни делуваше на сите), а го направи Мијалков припитомено маче кое мјаука по потреба.

Колку и да е Али стар и искусен играч, нема гаранција дека ќе успее затоа што Заев има некоја ситно пазарџиска, шверцерска лукавост.
Неговата пазарџиска лукавост се гледа по тоа што година и пол си правеше муабет по телефон со неколку тинејџери, како на пазар, мислејќи дека разговара со Порошенко и Грета Тунберг.

Заев можеби не е онаков наивен лик со раката на срце, како што се претставува во јавност, далеку порасипан е, ама далеку од тоа дека тој пензионирал некого. Бранко кога се пензионираше, Заев уште од нива не беше излезен.

Едноставно човеков имаше одврзани раце да прави сè што сака, одгромна логистика и поддршка од надвор, никаква контрола од никого, додека на неговите противници им беа врзани рацете. Неговата непресметливост и хазардерство не се никаква лукавост.

Од позиција на власт, со цел државен апарат под негова контрола, со невиден поткуп на гласачи, масовна партизација, притисоци, закани, уцени, во предизборна коалиција со албанска партија која на претходни избори освои 58,000 гласови, со влез во НАТО, успеа едвај да победи против петти ешалон уценети и килави вмровци кои со прст не мрднаа за ништо. :LOL:

Смешно е да се глорифицира ваков кловн. И баба ми да имаше илјадници снимки за уценување, СЈО под нејзина контрола и одврзани раце да прави сè што сака, и таа можеби ќе пензионираше некого.
 

Nro

Член од
13 јуни 2018
Мислења
75
Поени од реакции
123
Нема ништо наводно тука. Ја собра она бабана, во два изборни циклуси ја стави на клучно место. Гледај го Владе Милчин на последно интервју како го брани, ко роден син да му е. Во Алфа од се што можеа да изберат за главен и одговорен уредник, го избра Васко Ефтов. Па после се спука со него, и за заменик главен медиумски перјаник го зеде Бранко Героски. Александар Верушевски бил голем македонски патриот, нема шарен куртон што нема влезено во централно седиште на партијата.

Така да, ако бирам помеѓу власт на Заев или власт на ВМРО-ДПМНЕ со ваква кадровска политика, тогаш би избрал власт на Заев. Макар што власт на ДУИ е идеално.
Aleksandar Veruseski kolku Albanci niz Struga imat sam tepano celo clenstvo na Dpmne zaedno nemat
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Ама џабе е сѐ кога на некој му се потребни докази, цитати за нешто толку очигледно, нема спас. Вие сѐ уште тврдите дека името не е променето, дека нема двојазичност, тиранска платформа, нема негирање на јазикот и негово сведување на југозападен бугарски дијалект, па нормално и ова за историјата не го гледате..
Ова се изјави или на Бугари или на Македонци кои се на платени пропагандисти на ДПМНЕ, и сите овие се публикувани во гласила блиски на ДПМНЕ. Не знам зошто се правиш на удрен. Сеуште нема одговор на прашањето кој историски факт е ПРОМЕНЕТ и каде е ПРОМЕНЕТ? Повторно немаш приложено никаков доказ освен најефтина пропаганда.
 
Последно уредено:

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Заев никого не прати во пензија. Грујо го испрати Бранко во пензија, а Грујо од власт го симнаа Американците поради тоа што мислеше дека е Путин за сиромашни. Немаше шанси Заев против Грујо и тој систем кој тие го градеа во тие 10 години колку што беа на власт доколку Заев ја немаше поддршката од странскиот фактор. Пред се поради тоа што странците беа решени да го отстранат Грујо по секоја цена.
По стоти пат ќе кажам ако треба. Грујо правеше олигарси. Тие индиректно после го командаа народот. Исто како шо го командаа Грујо. ДПМНЕ е десничарска партија и кога и да дојде на власт ќе прави богаташи за да ја контролираат државата. Наравоучение да си знаете, се што е десно е за капитализмот и богаташите, таму е и конкуренцијата на сите политички партиии освен левица.
Освен левица ниедна друга партија не се залага за работникот и државата, сите други се залагаат за демократија и капитал.

Ах бе ве гледам и ви се чудам, дебатирате со недели и се е патетика.

ДПМНЕ не може поинаку да игра, затоа што 75% од народот е за ЕУ.

Вие изгледате овде вака многубројни, ама реално пенис не го боли народот ни за име, ни за презиме. Што впрочем се виде и на избори.
Се виде дека Левица се појави, а сдс и дпне ослабеа за по 100 иљади гласови.
Народот не е за ЕУ ако нема што да јаде. 75% биле и 100% да се пак ќе си се сиромашни. Капиталистите ја уништија и државата и народот. Не ги занима патриотизам кога се пари во прашање.
На кои избори бе чоек? На наместени избори? Се надевам нема да имаат стабилна влада па пак да идеме на избори. Да не се чекаат градоначалничките догодина. Мада тоа ќе се надеваат десничарските партии за да видат со какво гласачко тело располагаат. Они само нека продужат така, па ќе видиме кој ќе ги гласа.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.070
Поени од реакции
11.048
Ти имаш некој факт да приложиш за променава на историјата, или само спортски досадуваш?
И да ти приложам, вмровски би биле линковите спрема тебе.
Ај вака по твое, што е споров со бугариве?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
И да ти приложам, вмровски би биле линковите спрема тебе.
Ај вака по твое, што е споров со бугариве?
Добро бе, разликувате пропаганда од факти, или до толку сте неспособни да мислите?

Сите знаат што е спорот со Бугарите, нема зошто да повторуваме работи. Трубите на големо дека некој некому ја продал историјата, а не сте способни да приложите еден единствен доказ за такво нешто. Изгледа дека не го разбирате концептот на доказ.




Изјави на Бугари и пропагандисти на ДПМНЕ не се доказ, а вие сте будали. Доказ је папирич.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Се виде дека Левица се појави, а сдс и дпне ослабеа за по 100 иљади гласови.
Интересно...
Се појави Левица, и им одзеде на СДС и ВМРО по 100 иљади гласови. А добија само 40 иљади. Другите 160 иљади каде се?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
@Bodhidharma друже неможе да си патриот и партиски бот во исто време.

Вас главна цел ви е да ве вработат за 200 евра плата, а за државата само на збор ви е битно, буквално Заев да ви го стават за лидер на партијата ќе прифатите без збор.

Ова секако важи и за сдс и нивните предавнички ботови, буквално никаква разлика немате едни со други.
Верувај ми, појма немаш што сум јас. Може да јадеме и пиеме заедно едно 10 год. и пак појма ќе немаш. До сега сум имал можности за работа не сум искористил ништо. Можам да кажам дека сум помогнал на многу што ги знам и толку.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom