Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ако не испадне албанец премиер, тогаш друга варијанта би било на дуи да им се отстапат клучни ресори во министерствата, внатрешни, финансии, можда и гувернер албанец, премиер би останал Заев и тоа би се протнало како политичка победа од обете страни. Со ова сценарио дуи де факто би владееле со државата, нам ќе ни остане Заев. Какви сме не е ни дека не го заслужуваме.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Милчин: Имавме нерегуларни избори, а ќе имаме и чудна нефункционална влада


Не сакам да ми се случува да дадам глас за некого врз база на неговите ветувања, а потоа тој да се откаже од тие ветувања и да спроведе други политики. Мислам дека тоа е навредливо и мислам дека истото го чувствуваат многумина. Многу се тешко разочарани од владата на премиерот Заев и после тоа од техничката влада, изјави режисерот Владимир Милчин во емисијата „Само вистина“, откривајќи дека изборите на 15 јули биле први на кои што тој не гласал.

Toj истакна дека Македонија ќе добие нефункционална влада, каде повторно фокусот ќе биде ставен на партиите и бизнисот.

– На Македонија 18 години и фали нешти битно, односно попис. Не знеме колку луѓе живејат во Македонија. Тоа отвора сериозни сомнеж и ако го додадете хакирањето во ДИК, како да имаме доверба во резултатите од изборите и дека имаме легитимно избрано Собрание. Индиција се и деновивите во кои се броеја гласовите. Ние имаме нерегуларни избори и ќе имаме чудна нефункционална влада, која не работи во интерес на граѓаните, туку партиите и бизнисот, кој е залепен за нив – рече Милчин.

Според него, правда нема и не само што нема, туку во Македонија владее еден вид „конкордат“.

– Тоа е договор за слога. Кај нас владее партиократија, клептократија и теократија. Нашите политички партии сите имаат Д во името како демократски, а ниедна не го заслужува тоа Д. Сите тие се во неофицијален брак со верските поглавари на МПЦ и ИВЗ и тој триаголник е тој што и оневозможува на Македонија да стане европска и демократска земја – смета Милчин.
Ako sakate albanets premier ke ima popis i ideme napret :icon_lol:

На попис 39,9 albantsi и останатите граѓани на РСМ .


@Vladimir1984 извини за латиницата, те молам не ми ги повредувај чувствата со некое преинтелегентно писание :pos:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Не знам како е муабетов поврзан со темава, али јебига...
Мене ми е ептен дегутантно кога ќе отидам во Скопје, обично силом прилике да завршам некоја работа, влагам во такси и ебениот таксист ми се обраќа од високо штом слушне не скопски нагласок. Ја стварно не разбирам, до толку чоек да се осеќа мизерно и обезвреднето та единствена вредност во животот, едини успех со кој би си го мерел ташакот со други е тоа што бил роден таму некаде во некоја си метропола или шокуридае, како и да ја викате. Па при пообилен дожд се претвараме во Венеција пола држава, шахти со гомна ни џвркаат на сите страни овие се фатиле да се објаснуваат за тривијалности.
Ај да отидам во Германија пример и сега германецот ме гледа со презир, не сум од таму, не е оправдано ама да имам некоја разбирачка, со оглед какви се не племиња му се доселија.
Ама да отидам во друг град во мојата држава, две педи земја, шо со точак ќе ја прелеташ за ден, и некој таму да ми се прај на Француз, да ми покажува некаква си културолошка супериорност е во крајна инстанца ретардирано, кога ќе се земат предвид сите останати околности, особено фактот дека живееме во иста вукојебина на два саати оддалеченост со кола, и тоа возејќи по калдрма.
Таксист во Скопје не може во ниедна ситуација да ти се обраќа од високо бидејќи со неговото завршено 4одделение(дали и толку),и интелектуалниот капацитет на амеба па преку неговите шоферски способности каде што може да ти улета од трета у прва лента,и ти да бидеш крив,и да е роден овде моментално овој смрдлив град е совршена идила за криминал,рекетари,коцкари,курви,психопати,џанки и што ли уште не само нема простор за нормалното.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Таксист во Скопје не може во ниедна ситуација да ти се обраќа од високо бидејќи со неговото завршено 4одделение(дали и толку),и интелектуалниот капацитет на амеба па преку неговите шоферски способности каде што може да ти улета од трета у прва лента,и ти да бидеш крив,и да е роден овде моментално овој смрдлив град е совршена идила за криминал,рекетари,коцкари,курви,психопати,џанки и што ли уште не само нема простор за нормалното.
Абе ги сотреа луѓено на железничка што идат од други градови за на преглед во клинички, по 500 денари им земале па уште и ми се фали, ја слегол некоја од кола на сред метеж што му се побунила. Еден ми зборува истории колку бил важен Скопје ко град низ историјата, се тоа на штипски дијалект, дошол во Скопје пред 40 години. Многу бил убав градот со тоа спомениците, а сем оној на Мајка Тереза и можда пар други никој на нив прикажан не е роден во Скопје. Јас разбирам локал патриотизам и се тоа, ама да ми го девалвираш градот и неговата важност од културно историски аспект губиш од старт. Секоја почит за Скопје и скопјани, имам роднини во Ѓорче живеат таму 50 години и да ти кажам се осеќам ко дома кога сум таму. Едино непоимливи ми се оние во Центар, Карпош, ко да живеат во меур од сапуница, некоја утопија или не знам што.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Пуштен на најјако хахаххх
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Пуштен на најјако хахаххх
Ќе беше хахахха доколку не се редеа цело вмро да му гостуваат на јутуб емисијата со 80 прегледи иако има индиции дека е зацапан во Рекет.
Вака пак е хахаха , ама на нивна сметка, секое мочање им е повеќе од заслужено.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ќе беше хахахха доколку не се редеа цело вмро да му гостуваат на јутуб емисијата со 80 прегледи иако има индиции дека е зацапан во Рекет.
Вака пак е хахаха , ама на нивна сметка, секое мочање им е повеќе од заслужено.
Го прокоментирав затоа што стварно е смешно.....а дали е заслужено никад нема да знаеме со сигурност. Како што нема да знаеме дали и ВМРО ќе ги направеше срањата што ги направи СДС од 2017 навака.
 

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Го прокоментирав затоа што стварно е смешно.....а дали е заслужено никад нема да знаеме со сигурност. Како што нема да знаеме дали и ВМРО ќе ги направеше срањата што ги направи СДС од 2017 навака.
Како што кажа другарот Милчин: "Нашите политички партии сите имаат Д во името како демократски, а ниедна не го заслужува тоа Д".
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Извор Мактел

Шо убај времиња беа тоа за македонскиот медиумски етер, кога Саше го затвори Мактел за јавност, па ако сакаш да читаш треба да платиш :pos:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Како што кажа другарот Милчин: "Нашите политички партии сите имаат Д во името како демократски, а ниедна не го заслужува тоа Д".
Демократијата е илузија...се е филм па и твојава левица. Арно ама, ете, се погодило сите да сме заедно па глумиме нешто. Иначе позади демократијата стојат најголемите комунисти.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Извор Мактел

Шо убај времиња беа тоа за македонскиот медиумски етер, кога Саше го затвори Мактел за јавност, па ако сакаш да читаш треба да платиш :pos:
20200729_222849.jpg 20200729_222849.jpg 20200729_222942.jpg 20200729_222849.jpg 20200729_222942.jpg

Само за Пулицер е текстот :icon_lol:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
453
Демократијата е илузија...се е филм па и твојава левица. Арно ама, ете, се погодило сите да сме заедно па глумиме нешто. Иначе позади демократијата стојат најголемите комунисти.
Поголем демократ од другарот Милчин нема во Македонија.
Глобалната политика не не води кон демократија туку кон нешто сосема друго продолжува во интервјуто другарот Милчин на само вистина на канал 5.
За да градите демократија треба да имате темели, а не кровови.
Јас иако сум левичар се сложувам потполно со другарот Милчин.


 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Поголем демократ од другарот Милчин нема во Македонија.
Глобалната политика не не води кон демократија туку кон нешто сосема друго продолжува во интервјуто другарот Милчин на само вистина на канал 5.
За да градите демократија треба да имате темели, а не кровови.
Јас иако сум левичар се сложувам потполно со другарот Милчин.


Не сум го гледал и не сум дома.....соросоидов станал левичар?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom