Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Ама немој така, сите се неутрални на форумов и не ни помислуваат да одат да гласаат за ДПНЕ или СДС. Освен што ќе има трескања од земја вечерта на броењето на гласовите, ама тоа е веќе еуфорија што си доаѓа природно од самата средина, не дека се загорени штапски ботови што секои избори истиот циклус го поминуваат на форумов и нормално со тоа дремење по улици и акање по влезови со упаљачите и пенкалата, што можат слободно у шупак да си ги набутаат, заедно со тоа ферманите утепани.

Само не сфаќам зошто толку се срамат да си признаат дека се ботови и чао пријатно, кога веќе толку години се членови на партија и од километар се гледа и се осеѓа таа ботовска утепана енергија, нема потреба од демек суптилно протнување патетична пропаганда, посебно па не во 2020 година, кога е толку усрано сè од акумулираните срања кои се правеле 30 години.
Го направме муабетот со тебе еднаш за оваа работа. Да ти кажам кај мене секоја година доаѓаат пред врата, и од ВМРО и од СДС и не ги бркам, земам тоа што имаат за раздавање и ко ќе ми речат ќе гласате, му велам и на едните и на другите оти ќе ги гласаме. После одам на гласање, ги гледам двата локални штабски пацови како синхронизирано, уште од врата, ме заокружуваат на нивните штабски списоци и ептен ми е забавно. Стариот дома ги бркаше, ги тераше у п.м ама тие образ ѓон секој нареден циклус пак доаѓаа, и што ќе му правиш? Кај мене во двор имаат седено и Локвенец и Стевананџија, одделно, не заедно се разбира. Ќе напрајме ова-она, вработувања ќе има... Напрајте бе му велам, ние не ве запираме.

Една година кога беа локалните, пред врата ми дојде сурија луѓе, си реков јеховини сведоци. Ко го гледам професорот по Англиски. Од тој ден секој ден ми велеше ,,Добар Ден и Здраво'', еве и сега кај и да ме види. Тоа дали сум го гласал или не, моја работа.

Некој можда ќе го искритикува мојот метод. Јас да се прашувам овие треба секој со прст да ги покажува, да не можат надвор да излезат. Ама кај нас си го имаме она ,,се снашол чоекот" ги гледам како пауни се шетаат низ град. Нормално дека не сум рамнодушен, се ми е јасно, ама шо да му прам?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260

Да да, знам дека имаат образ ѓон и се тоа, не дека ке се срамат или нешто ако ги отераш у курац и не им земеш тоа што го делат. Дури и голема е шансата да се окарактеризираат како дел од другата страна. И баш тоа што важи кај нас, демек секој се снашол вака или онака е изворот на еден куп проблеми кои си ги имаме во општествово.

Скроз се согласувам и со тоа да бидат покажувани со прст, да им се покаже барем каде припаѓаат, односно баш да си бидат однесени на тоа ниско ниво на кое и заслужуваат да бидат, ама за жал баш тие се минимум пола од народов, па нема кој да им го покаже тоа. Штета, вака ќе си викаат демек ете на народов не му сметаме толку, зошто да не си продолжиме вака (иако прашање е колку ќе им смени нешто односот кој ќе го добијат од околината, знаејќи што се имаат проголтано без проблем низ годиниве). Ама ова се веќе и некои идеалистички размислувања, да не се глупирам и јас, сепак има време додека се средат (или барем да се почне со средување) на некои суштински проблеми кои ги имаме во општествово.
 
Ние да бевме идеалисти до сега Крсто Мукоски и компанија на чингел ќе висеа. Ама ете, тие се аналогија на муабетов што го правиме. Сите знаеме што направија и како завршија, наградени со народни пари, побогати си го тераат животот помеѓу обичниот народ како ништо да не било. Народот кај нас ти е тотално инфантилен за овие работи, и затоа ми се смешни било какви восклици на патриотизам и национализам. Генот наш е опортунистички измешан со малодушност. Јас пример не одам далеку за да дојдам до такви заклучоци. Колку сме родољуби пример комшијата, патриот, Вмроец, ко беше референдумот го подлажал некој ако не излези да гласа за промена на името ќе му ја скинат пензијата. Наредно утро, жена му, тој, правец на гласање. Неутралноста и патриотизмот се протегаат до онаму до каде што се протега сечиј личен интерес.

Така да џабе вергламе, знам барем како беше на една друга тема. Сега истите актери, сменети улоги, сценариото исто, расплетот јасен.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.277
Поени од реакции
45.689
АНКЕТА НА АМЕРИКАНСКИОТ НДИ: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 3,6 отсто!

Не невлегувам дали е вистина ова или не, ни дали е измислена ни дали е штелувана, не е тоа важно, ова го постирам чисто да се посмееме уште еднаш на тоа кому ВМРО довери уредничка функција (или директорска) во единствениот медиум што им беше доделен пост Пржино.
Начинот на кој беа изиграни од една опскурна група рециклирани комуњари кажува стварно многу.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.576
Начинот на кој беа изиграни од една опскурна група рециклирани комуњари кажува стварно многу.
Мицкоски е многу комфортен во комуникацијата со тоа “градско крило“ на СДСМ. Многу коректна соработка има, како дома се осеќа. На слично ниво е и комуникацијата на Заев со “бизнис крилото“ на ВМРО-ДПМНЕ. Многу лесно се договараат за што и да треба.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
Ич ти не се секирај за тоа, и грујо си имаше и уште си има вакви кретени. Та него на грб го тетоавираа и песни му правеа, да не се заборави тоа.
Глупостиве што ги направи Грујо и за кој го хејтавме, се 0 во споредба со ова што вие го правдате.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Глупостиве што ги направи Грујо и за кој го хејтавме, се 0 во споредба со ова што вие го правдате.
Релативизаторите се тука секогаш да не потсетат, како имаме избор помеѓу помало и поголемо зло....се ствара некој ментален блок од сите срања кажани по медиуми да личи да е така хахаххх уствари врска нема, таа е поентата.
Цела кампања е врз база на оваа лага.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Dali nekoj moze da spodeli povekje info okolu partijata Levica, koja iskreno za mnogu od narodot e taa 3ta opcija, dali stanvit zbor za prevara partija ili dobra opcija vo edna vakva politicka situacija?!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.902
Поени од реакции
17.550
Dali nekoj moze da spodeli povekje info okolu partijata Levica, koja iskreno za mnogu od narodot e taa 3ta opcija, dali stanvit zbor za prevara partija ili dobra opcija vo edna vakva politicka situacija?!
Според мене ако мислиш да излегуваш на гласање најдобро да го дадеш гласот за нив.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Dali nekoj moze da spodeli povekje info okolu partijata Levica, koja iskreno za mnogu od narodot e taa 3ta opcija, dali stanvit zbor za prevara partija ili dobra opcija vo edna vakva politicka situacija?!
Се, само не СДС или бојкот/неважечко ливче.
 
Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
933
Поени од реакции
372
АНКЕТА НА АМЕРИКАНСКИОТ НДИ: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 3,6 отсто!

Не невлегувам дали е вистина ова или не, ни дали е измислена ни дали е штелувана, не е тоа важно, ова го постирам чисто да се посмееме уште еднаш на тоа кому ВМРО довери уредничка функција (или директорска) во единствениот медиум што им беше доделен пост Пржино.
Начинот на кој беа изиграни од една опскурна група рециклирани комуњари кажува стварно многу.
Васе директно е под контрола на Заев. Последните емисии му се плукање по ВМРО и Мицковски... Не е битно Заев што продаде име, што воведе двојазичност , што ќе не прави бугари, што го зема цел бизнис со канабис, што има импликации дека директно парите од рекет завршиле кај него.., Битно е како Мицковски дошол за претседател на наместен конгрес , и како Мицковски не се борел за името, и од кај му пари на Мицковски за хидроцентрали.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Dali nekoj moze da spodeli povekje info okolu partijata Levica, koja iskreno za mnogu od narodot e taa 3ta opcija, dali stanvit zbor za prevara partija ili dobra opcija vo edna vakva politicka situacija?!
Левица е едно големо лајно што сама со себе не знае кај тера, камоли што би правела со државава.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.274
Поени од реакции
781
Дали некој може да предвиди Што ќе се случи со државата ако Победи СДСМ А што ВМРО настрана од тоа што не ги бива ни едните ни другите,дали ќе се случи
режим втор како што некој велат или друго продавање на државата .
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.472
Поени од реакции
4.647
Заев во дебатата ова јавно му го предложи на Мицковски, доколку ДУИ уценува со идејата премиер албанец. Секако сакаше да наметне победнички наратив и карикираше со бројки, а и зборовите на политичарите немаат голема тежина, посебно пред избори, но проструи таа идеја отворено како порака до ДУИ.
А на претходните избори кога ова му се нудеше него да не уценува ДУИ со тиранска платформа не му се чуеше нешто а.. наудрен се праеше.
И сега ќе прифати секакви уцени и од ДУИ и од сите албански партии без проблем ако му се укаже прилика. Не само премиер, и претседател исто кажа јавно дека не му е проблем. Може тој, може уште повеќе и уште подобро да се лижи кај албанските партии за власт..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom