Парк за екстремни спортови во Скопје

Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Скопје ќе добие урбан парк за екстремни спортови!!!


Парк: Целиот простор од околу 20.000 квадратни метри ќе биде поделен во неколку делови со различни содржини

Патека за ролери, скејт парк, вештачка карпа за екстремно качување и многу други содржини ќе бидат дел од паркот на урбани спортови што ќе го гради Градот Скопје. Моментално се започнати работите за расчистување на просторот, по што ќе следува и изградбата на подземната инфраструктура. Основните контури паркот ќе ги има веќе во септември. Новиот парк ќе биде лоциран под Транспортниот центар, на запуштениот простор покрај новиот мост и реката Вардар, кој до неодамна беше депонија. Целиот простор од околу 20.000 квадратни метри ќе биде поделен во неколку делови со различни содржини. Во првиот дел ќе има простор за Paintball, кој прв пат се гради во нашава држава, потоа скејт парк со квадратна идеално мазна асфалтирана површина со базен во слободна форма и наклони на страните и повеќе монтажни скејтерски реквизити. Во продолжение ќе биде поставена и вештачка карпа за екстремно качување. Околусите овие елементи ќе има кружна патека за ролање од мазен асфалт со мала кривина и голем радиус на која ќе можат да се постигнуваат големи брзини. Над сето ова, на висина од 4 до 5 метри, ќе биде адреналин-паркот. Помеѓу столбовите на Транспортниот центар ќе се поврзат греди и сајли за движење на љубителите на овој екстремен спорт.
Во вториот дел, покрај новиот мост, ќе се лоцираат игралиштето за баскет и одбојка, стрит хокеј и повеќенаменски терен за ракомет и други спортови. Во третиот дел на паркот на урбани спортови ќе има и катче за најмладите со повеќе реквизити одвоени со мрежи во неколку секции. Во првите два дела се предвидени и спорт-кафулиња, со простории за туш кабини и соблекувални.
Како што информира градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, на вчерашната средба со новинарите, паркот е за младите љубители на екстремните спортови, кои во нашиот град ги има се повеќе, а Скопје ќе биде првата метропола на Балканот која ќе до-бие вакво катче. Проектот го изработила архитектката Оливер Петровски во соработка со повеќе клубови од овие адреналин-спортови.
„Финансиите ќе ги обезбеди Градот, за што се подготвува и ребаланс на буџетот. Моментално преговараме и со некои фирми кои ќе бидат кофинансиери, а за целосно завршување на проектот ни се потребни околу 10 до 15 милиони денари. Ќе се користат квалитетни елементи кои ќе ги одобрат и корисниците на паркот, бидејќи сакаме да направиме убаво катче за љубителите на адреналин-спортовите", истакна градоначалникот Костовски.
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Ако го направат ова ке ги поштувам многу......ни фали еден ваков парк во градов :):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom