- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.470
- Поени од реакции
- 5.473
Ова ти што го збориш е на некој начин анархија.Не случајно ги наведов во оваа тема трите клучни "играчки" на човештвото,сметам дека човекот и светот околу него веќе го достигна степенот на интелектуален развој за да ги исфрли од игра.Да почне да размислува за еден свет без нив...знам,звучи утопично но би ве замолил за момент да ги исклучите истите од вашиот хоризонт и да ја "нацртате" сликата што ви стои пред очите во оваа тема.
Мојата слика?
...свет без негативни поларизирања и антагонизми од било каков тип
...свет во кој секој би го рабтел тоа што го сака без да се плаши за својата иднина
...свет насочен во максимален напредок на човештвото во глобала,а не само за поединци
...свет без глад,без дискриминација од било каков вид и верска нетрпеливост
...свет фокусиран на човекот како човек
...свет без држави,без политички и верски водачи
Убеден сум дека мојата слика не е невозможна...и во некоја блиска ики далечна иднина реалност за сите луѓе на оваа планета
НАПОМЕНА:Не е,и не смее да биде,Социјализам или Комунизам затоа што таму има исто државно уредување и центри на моќ
При векови еволуција, доста работи се измениле само 1 останала иста - Лидерот. Дури и најголемото Анархистичко здружение имало лидер/и. Колку и да напредне човештвото сепак мора да има некој норми, закони, ограничувања, како сакаш кажи ги. Самото тоа што ќе ги има тие закони мора да има и некој што ќе ги спроведува, некој што ќе контролира. Дури и човекојадните племиња имаат „глава“.
Викаш секој ќе го работи тоа што сака без страв.
Кој продуцира храна? Кој ќе работи по фабриките за да ни продуцира добра ? Зарем некој ќе избере да копа канали наместо да седи во фотеља и да гледа телевизија? Едно е хоби и љубов спрема нешто сосем друго е ти тоа нешто да мораш да го работиш секој ден.
Едноставно колку и да напредне човештвото, никогаш нема да може да се оствари нешто такво.
Најблиску до тоа ти што го збориш ти е Национално-Религиска држава. 1 држава, 1 нација, 1 религија - 1 Лидер. Каде што се ќе биде определено, на пример истокот сади/произведува храна, западот произведува добра. Нема никакви тензии, се е бесплатно, се е од затворен тип, но мора да биде се убаво озаконето. Да се знае што и како треба, драконски казни ако се прекрши било кој закон итн. Сепак и за тоа треба да имаш добро лидерство. И да нема пари,никаков вид на финансиска моќ, сите луѓе да си земаат колку што им треба итн.
Доста блиску до ова што го збориме се богатите земји на блискиот исток. Исламот им е единствена религија, имаат Апанажа од нафтата со тоа немора ништо да работат освен ако не сакаат - во превод си зимаат „робови“ легални од Европа и Азија што им работат за ситни пари дур се они газди и го уживаат животот. Има строги закони по кој сите се држат и имаат благосостојба. Дали ние се согласуваме со тие закони, дали на нас ни се нормали и слично е сосем друг муабет. Ама еве, слично на тоа движење ти што го збориш го има на пример во Катар. Каде што секој катарец зима апанажа доволна за живот и немора НИШТО да работи до крајот на животот... Затоа и има толку луѓе од Европа и Азија што идат и работат таму за некој си средно ниски примања. Знам дека не е таа утопија ти што ја мислиш и слично, и не е на светско ниво но сепак ете глеаш дека пости некаде, сепак тука парите се исто така огромен фактор но светот е таков.
Тоа ти што го збориш и сакаш го сакале многу луѓе, но на сите им фалело
-Лидер
- Закон
- Робови
- Ресурси
Затоа и скоро никаде не траело долго.
едит: Амишите исто така имаат таков тип на општество, ист народ, иста религија, сите работат се што треба, една огромна затворена заедница се и слично. Но сепак мора да има некој тип на лидер и строги закони за да може тоа да опстане. А кога ќе видиш Амишите се нај „заостанати“ во еволуцијата а сепак функционираат долго време баш на сличен принцип на тој што ти го збориш.