Паричен надоместок

Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
А као демек престанокот на работниот однос по точките 1,2,3,4,6 и 7 е без отказ? Не сфаќам.

ОК, ај, ја изгледа грчки зборувам. Терајте, прајте, тужете, колете, молете... ако успеете да земете паричен надоместок а притоа да не сте „прогласени“ (како што велиш ти) за технолошки вишок, ја на сред плоштад ќе си го исечам.

Толку.
Гледам дека не сфаќаш, се разбира дека не е со отказ! Каков отказ бараш на пример кога договорот за вработување престанува со изминување на времето за коешто бил склучен??? А баш така било во конкретниов случај.
Почни да го оштриш ножот со време :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Сите сте во право, ама јас сепак останав без паричен надоместок. Да појаснам:

Имам стаж од 20 год. и 7 месеци, што значи би требал да земам паричен надоместок 10 месеци.
Последниве 18 месеци имам работено 12 месеци и 12 дена по договор склучен на 1 месец а продолжуван со анекс на договорот. Извадив од ПИОМ преглед. Плаќано е социјално и пензиско осигурување.
По поднесено барање во АВРМ, истото е одбиено со назнака дека наводно не е уплатуван придонесот за вработување.
Против Решението пуштам Жалба со прикачен преглед од ПИОМ, и истата ми е одбиена како неоснована и ме упатуваат на Управен суд.
За да одам на Управен суд не сум финансиски подготвен т.е. кога би имал пари не би ни барал паричен надоместок.
Во Основниот суд во Куманово се распрашав околу таа проблематика и еве што ми рекоа:
Ич не почнувај судење штом е против РМ. Секако ке го изгубиш случајот и згора на тоа ќе платиш.

Значи Кадија те тужи , Кадија те суди.

п.с. Имам уште 20-тина дена рок за поднесување Тужба до Управен суд и незнам што да правам
мислам дека работните спорови на Управен суд се бесплатни...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Гледам дека не сфаќаш, се разбира дека не е со отказ! Каков отказ бараш на пример кога договорот за вработување престанува со изминување на времето за коешто бил склучен??? А баш така било во конкретниов случај.
Почни да го оштриш ножот со време :)
Со кој член од ЗРО го одјавуваш вработениот во случај на престанок на важност на договор? Член 64, чинам? И зошто престанал да важи договорот? Затоа што немало потреба веќе од работник на таа позиција, т.е. се јавил вишок на вработени. Отпуштениот во тој случај е технолошки вишок. Си бил на курс по грчки, или да насликам?

Да ти појаснам: потребен документ за одјава на вработен од задолжително социјално осигурување (М2), освен пријавата во истото (М1) е и овластување за одјава, заверено со архивски печат на фирмата што одјавува, округли печат и потпис од управителот и полномошно за овластеното лице. На овластувањето има колона во која мора да стои основ за одјава, односно да се впише членот од ЗРО со кој го одјавуваш вработениот. Ако одјавуваш заради престанок на важност на договор (со член 64), одјавениот станува технолошки вишок.
 
Последно уредено:

Очигледно е дека не си правник и дека воопшто не ја познаваш правната регулатива во РМ, мешаш баби и жаби, технолошки вишок, па технолошки вишок. Нема потреба да се објаснува зошто не се продолжува договорот за работа и никој автоматски не станува технолошки вишок, смешно! И нема потреба да ми „објаснуваш“ кои се потребни документи за одјава на вработен, дури и тоа што го кажуваш тука не е сосема точно, со оглед на тоа што постојат субјекти со вработени а кои воопшто и немаат округли печат или пак управител. Болдираното ти е врв на незнаењето!
 
ОК сезнајко! Не сум правник, но секој ден сум во АВРМ, па нешто сум поднаучил. Секако, не можам да се мерам со сезнајковци ко тебе. Ја давам отказ од темава, овојпат дефинитивно.
 
Абе пријателе не сум ни јас сезнајко, туку адвокат и пишиувам само за она за што имам професионално познавање со цел некому да помогнам на форумов, нормално без никаков надомест за мене. Не давам паушални мислења, туку строго до закон се држам.
 
Член од
23 јули 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
Бидејќи има различити мислења, еве слика од прегледот од ПИОМ, па врз основа на тоа Ве молам доколку некој стварно знае да каже: Дали имам право на паричен надомест или не? IMG_20151004_132751.jpg [DOUBLEPOST=1443969993][/DOUBLEPOST] Член 65

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Какво е Вашето толкување на овој член.

Само еден прекин стаж или како во мојов случај може и со два прекина на стаж
 
Последно уредено:
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
Работам со договор на определено време кој се продолжува со анекс во изминатите 7 месеци!Не планирам да го продолжам наредниот месец,и го известив менаџерот за тоа.Го исполнувам условот дека работев 12 месеци во изминатите 18 месеци,со оглед на тоа дека бев и претходно вработен...Дали ми следува паричен надоместок од агенцијата за вработување?Ќе ве молам за совет

Sent from my D5103 using Tapatalk
 
Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
Дали истово следува еднократко, или пример сега да го искоритам, и да речиме наредни 2 години работам во фирма, давам отказ и пак да го користам ова ? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom