Паричен надоместок

Член од
23 јули 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
Ве молам за правна помош. Имено имам работено во една компанија од 18.04.2014 до 18.12.2014, па потоа во друга од 15.01.2015 до 14.02.2015 , па после пак во првата од 15.04.2015 до 15.08.2015.
Севкупно 12 месеци и 12 дена. Дали имам право на паричен надоместок или не?
 
E

Epsilon

Гостин
Имаш, земи адвокат и префати се со него за паричниот надоместок да го земи.. за тоа што ќе ти ги води правните работи.
 
Член од
23 јули 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
А нема ли врска тоа што имам работено во две различити компании? Бидејќи само така имам 12 месеци стаж со прекин во 18 месеци.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.211
За каков паричен надоместок се работи, како технолошки вишок, од АВРМ? Ако е тоа, мислам дека немаш - еден од условите е да работиш непрекинато 9 месеци (без оглед на бројот на фирмите во кои си работел), а тебе последната работа ти е само 4 месеци.

Плус, последниот прекин ти е на 15.08, а барањето за паричен надоместок мора да биде поднесено во рок од 30 дена по прекинот.
 
Член од
23 јули 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
Не е за технолошки вишок туку паричен надоместок во случај на невработеност. Цитирам;
ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК
Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.
Значи по документ од ПИОМ во задните 18 месеци имам работено 12 месеци и 12 дена со прекини (пријавен, платени придонеси), Барањето е поднесено на 18.08.2015, а сепак ми се одбива Барањето како неосновано , не сум имал 9 месеци непрекинат стаж или 12 месеци со прекини во задните 18 месеци. Нелогичност која не ми е јасна. Затоа побарав мислење на форумов.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.694
Поени од реакции
1.400
Барањето како неосновано , не сум имал 9 месеци непрекинат стаж или 12 месеци со прекини во задните 18 месеци. Нелогичност која не ми е јасна. Затоа побарав мислење на форумов.
Кај адвокат со барањето, раскажи му што како било, бидејки е одбиено како неосновано сигурно имаш право на жалба во одреден временски рок нека пише еден поднесок (жалба или приговор) и тоа е тоа. Ако има тука некој правник што се занимава со трудово право нека ти објасни во детали.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.211
Не е за технолошки вишок туку паричен надоместок во случај на невработеност. Цитирам;
ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК
Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.
Значи по документ од ПИОМ во задните 18 месеци имам работено 12 месеци и 12 дена со прекини (пријавен, платени придонеси), Барањето е поднесено на 18.08.2015, а сепак ми се одбива Барањето како неосновано , не сум имал 9 месеци непрекинат стаж или 12 месеци со прекини во задните 18 месеци. Нелогичност која не ми е јасна. Затоа побарав мислење на форумов.
Во условите стои дека паричен надоместок НЕ МОЖЕ да земе лице кое:
-дало писмена изјава за самоволен прекин на работен однос
-спогодбено го раскинало работниот однос
-престанува со работен однос по сила за закон
-добило отказ од работодавецот поради кршење на работен ред и дисциплина

На каков друг начин може да биде прекинат работниот однос, освен ако фирмата го прекине, како ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК. Што значи - паричниот надоместок е само за ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК. Цитирам: ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК.

Појди на шалтер во АВРМ, ќе видиш дека и референтите таму го викаат ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК. Во било кој друг случај не можеш да земеш. Ова ти го здорувам од лично искуство, зашто и јас имам користено.

http://www.avrm.gov.mk/makedonski-ns_article-koj-ne-moze-da-ostvari-pravo-na-paricen.nspx
 
Фала за одговорот, можеби тоа е причината поради која сум одбиен. Не ми беше јасно бидејќи Раководителот на АВРМ во Куманово ми рече дека ми следува, а од Министерство за труд и социјала сум одбиен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.211
Фала за одговорот, можеби тоа е причината поради која сум одбиен. Не ми беше јасно бидејќи Раководителот на АВРМ во Куманово ми рече дека ми следува, а од Министерство за труд и социјала сум одбиен.
Нема на што. Еве уште еднаш на линкот види во кои случаи НЕ МОЖЕ да се земе надоместок:
http://www.avrm.gov.mk/makedonski-ns_article-koj-ne-moze-da-ostvari-pravo-na-paricen.nspx

А и за да не ти е мака многу: и кога би можел да земеш, со 12 месеци стаж, мислам дека би ти следувал само 1 месец надоместок, во висина од 50% од просечната нето плата која си ја земал додека си работел.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
581
Поени од реакции
414
Секое невработено лице кое било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, односно 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, има право на паричен надоместок. Токму заради тоа, помеѓу другото, секое вработено лице додека е во работен однос задолжително е осигурано во случај на невработеност (задолжително пензиско и СОЦИЈАЛНО осигурување). Точно е дека ти следи паричен надоместок во висина од 50% од висината на платата на која ти се уплаќани придонеси и тоа во траење од 1 месец, меѓутоа за да го оствариш ова право не мора да бидеш прогласен за технолошки вишок, всушност не е ни важно зошто повеќе не си вработен (освен во случаите предвидени и цитирани погоре за кои не ти следува паричниот надомест).
 
Друже, кој треба да го „прогласи” за технолошки вишок? Еве, објасни ми и мене и нему - како може да ти престане работниот однос во фирмата, односно под кој основ (кој член од закон) фирмата може да те одјави од работен однос во АВРМ, а тоа да не е еден од случаите набројани во линкот кој го споделив?
 
Работодавачот може да му го прекине работниот однос на работникот поради економски, организациони, технолошки, структурни или слични промени на страната на работодавачот (деловни причини) или кратко (популарно) кажано со прогласување на работникот како технолошки вишок.
Инаку работниот однос може да прекине на многу повеќе начини:

Член 62 од Законот за работни односи:

Договорот за вработување престанува да важи:

1) со изминување на времето за коешто бил склучен;

2) со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице);

3) поради престанување на работодавачот согласно со закон;

4) со спогодбено раскинување;

5) со отказ;

6) со судска пресуда и

7) во други случаи утврдени со закон.

Дури и уште повеќе од тоа, и кога на работникот незаконски му престанал договорот за вработување (незаконски отпуштен или избркан од работа) на работникот повторно му следува паричен надоместок.
 
Член од
23 јули 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
Сите сте во право, ама јас сепак останав без паричен надоместок. Да појаснам:

Имам стаж од 20 год. и 7 месеци, што значи би требал да земам паричен надоместок 10 месеци.
Последниве 18 месеци имам работено 12 месеци и 12 дена по договор склучен на 1 месец а продолжуван со анекс на договорот. Извадив од ПИОМ преглед. Плаќано е социјално и пензиско осигурување.
По поднесено барање во АВРМ, истото е одбиено со назнака дека наводно не е уплатуван придонесот за вработување.
Против Решението пуштам Жалба со прикачен преглед од ПИОМ, и истата ми е одбиена како неоснована и ме упатуваат на Управен суд.
За да одам на Управен суд не сум финансиски подготвен т.е. кога би имал пари не би ни барал паричен надоместок.
Во Основниот суд во Куманово се распрашав околу таа проблематика и еве што ми рекоа:
Ич не почнувај судење штом е против РМ. Секако ке го изгубиш случајот и згора на тоа ќе платиш.

Значи Кадија те тужи , Кадија те суди.

п.с. Имам уште 20-тина дена рок за поднесување Тужба до Управен суд и незнам што да правам
 
Мое мислење е дека треба да поведеш управен спор пред Управниот суд на РМ.
Не е точно дека се губат случаите против РМ, се зависи од доказите со кои располагаш. Исто така убеден сум дека не ти рекол некој судија од Основниот суд во Куманово дека случаите против РМ не се добиваат, туку некој службеник кој нема доволно познавање на судската пракса. Мој најдобронамерен совет ти е да поразговараш со некој адвокат од Куманово и да го послушаш неговиот совет. Исто така, доколку не ти се уплаќани придонесите за пензиско и социјално осигурување ти препорачувам да поднесеш и посебна тужба пред Основниот суд во Куманово со која ќе бараш да ти бидат платени неплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во полза на Фондот на ПИОМ а со цел да ти се засметаат при остварувањето на правото на пензија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.211
Работодавачот може да му го прекине работниот однос на работникот поради економски, организациони, технолошки, структурни или слични промени на страната на работодавачот (деловни причини) или кратко (популарно) кажано со прогласување на работникот како технолошки вишок.
Инаку работниот однос може да прекине на многу повеќе начини:

Член 62 од Законот за работни односи:

Договорот за вработување престанува да важи:

1) со изминување на времето за коешто бил склучен;

2) со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице);

3) поради престанување на работодавачот согласно со закон;

4) со спогодбено раскинување;

5) со отказ;

6) со судска пресуда и

7) во други случаи утврдени со закон.

Дури и уште повеќе од тоа, и кога на работникот незаконски му престанал договорот за вработување (незаконски отпуштен или избркан од работа) на работникот повторно му следува паричен надоместок.
А као демек престанокот на работниот однос по точките 1,2,3,4,6 и 7 е без отказ? Не сфаќам.

ОК, ај, ја изгледа грчки зборувам. Терајте, прајте, тужете, колете, молете... ако успеете да земете паричен надоместок а притоа да не сте „прогласени“ (како што велиш ти) за технолошки вишок, ја на сред плоштад ќе си го исечам.

Толку.
 
На врв Bottom