Параолимписки Игри Рио 2016 - Наковска Бикова и Каранфилов стрелаат за злато

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нашите најдобри стрелачи и на оваа паралимпијада важат за едни од најголемите фаворити за освојување на златниот медал. Прва ќе настапи Наковска Бикова која во петок ќе се појави во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Најдобрите македонски стрелачи Оливера Наковска Бикова и Ванчо каранфилов заедно со останатата наша параолимписка делегација се наоѓа во Рио де Жанеиро каде што ќе настапат на 15 параолимписки игри. Како ретко кога досега, нашите спортисти важат за едни од главните фаворити за освојување на златен медал.
Бикова ќе нè претставува во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, додека Каранфилов ќе пука во истата дисциплина, но во оддалеченост од 25 метри.
Македонската делегација, брои шест члена и кон Бразил се упати на 30 август. Пред заминувањето тие присуствуваа на прес-конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт, од каде што ги искажаа своите очекувања за претстојните активности

„Не смееме да дадеме изјава дека ќе постигнеме нов државен рекорд бидејќи тоа ќе значи и нов светски", низ смеа изјави селекторот Бранимир Јовановски.

„Оливера е светска рекордерка од Лондон 2012 година. Ванчо го изедначи најдоброто европско остварување во Атина 2004. Јас, пак, направив нов светски рекорд на Параолимпијадата во Барселона. Лесно може да се заклучи дека државните рекорди значат и светски. „Овие години на очекување на Рио поминаа во миг. До него имавме напорен пат бидејќи се променија неколку пропозиции и правила. Мене ми е мило што уште во 2014, односно во првата година од овој параолимписки циклус спортистите остварија норма, па така можевме порелаксирано да се подготвуваме", порача Бранимир.

ПРВИЧНАТА ЦЕЛ Е ФИНАЛЕТО

„Не сакам да должам многу. Во Рио ќе се потрудам најдобро што можам. Се надевам дека ќе го сработам договореното и дека ќе се пласирам во финалето. Имавме напорен тренажен процес и се надевам дека сето тоа ќе даде плод", изјави Наковска Бикова.


ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ

„Поминаа четири години од последната Параолимпијада во Лондон. Ние се подготвуваме колку што е можно подобро за настапот во Рио и се надевам на успех. Обично се поставува прашањето што се очекува од нас. Јас би сакал да направам едно од подобрите остварувања, не мора да биде рекорд. Доволно ќе биде влезот во финалето, а кога си веќе таму, тоа е друга приказна. Со мојот спаринг партнер Оливера и селекторот Јовановски сме подготвени. Се надевам. Спремни заминуваме за Рио и нека ни е со среќа", изјави Каранфилов.


АКТИВНИ ВО ТРИ ДИСЦИПЛИНИ
Првиот настап на Параолимпискитем игри од нашите спортисти ќе го има Оливера Наковска Бикова во дисциплината 10 метри воздушен пиштол на 9 септември во 21:00 часот по средноевропско време. Два дена подоцна на стрелиштето ќе се појави и Каранфилов на спортски пиштол - 25 метри. Последниот настап, во конкуренција на мешани двојки е закажан за 14 идниот месец кога на програмата е дисциплината малокалибарски пиштол со далечина од 50 метри.


Преземено од sportmedia.mk
http://sportmedia.mk/drugi-sportovi/ostanato/nakovska-bikova-i-karanfilov-strelaat-kon-zlato

Како што многу други работи се обратни во државава, така е и со спортот. Нашите олимпијци имаат резултати полоши и од параолимпијците а параолимпијците се фаворити за златен медал и нивните државни рекорди се воедно и светски рекорди.

Оливера Наковска Бикова во Лондон го освои првиот златен медал во историјата на Македонија. Постави нов светски рекорд во нејзината дисциплина пукање со воздушен пиштол од 10 метри и е главен фаворит за одбрана на златото во Рио, додека во 25 и 50 метри во мешана конкуренција беше 12та и 17та.

Бранимир Јовановски во Лондон беше 22ри во машка конкуренција на 10 метри со воздушен пиштол, додека во мешана конкуренција на 25 и 50 метри беше 10ти и 27ми, соодветно.

Уште еднаш, настапот на Бикова на 10 метри со пиштол е во 21 часот по локално време во петок, 9 септември. Ванчо Каранфилов ќе настапи во дисциплината 25 метри со пиштол на 11 септември во истото време.

Да им посакаме среќа на нашите параолимпијци бидејќи се пример дека ако желбата е голема, телесниот инвалидитет е надминлива пречка.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Како поминаа? Слабо темава, а баш сега ми текна да се заинтересирам што се деси..слабо медиумска застапеност за игриве на нашиве телвизии...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom