Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
L

Lu

Гостин
500 кафез + 500 папагал = за 1000 ден си имаш љубимец.
Може ли некој да ме упати кон нивната педантност, ме интересира дали многу ѓубре праат ?
Јас кога чував Тигрица често наоѓав лушпи од просо расфрлани околу кафезот, али затоа си купив завеса за на кафез (се продаваат во пет шоп) и немав ѓубре околу кафезот.
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
500 кафез + 500 папагал = за 1000 ден си имаш љубимец.
Може ли некој да ме упати кон нивната педантност, ме интересира дали многу ѓубре праат ?
Може нема да ти прави ѓубре околу кафезот поради завесата, ама затоа насекаде ќе наоѓаш измет. Си вршат нужда кај ќе им текне :).
 
Член од
26 август 2011
Мислења
16
Поени од реакции
9
Здраво на сите! Ќе може ли некој да ми даде одговор на следниве неколку прашања:
- Со каква храна е најдобро да се хранат папагалите (домашна или купечка)?
- Кои се најдобрите брендови на храна за птици на наш пазар?
- На кои состојќи треба да се запази при избор на храна?
- Во кои пет шопови може да се купи квалитетна храна за птици?

Извинете ако го тупам со прашањава, ама искрен одговор ќе ми биде од голема помош.
Фала на сите што ќе се решат да пишат! :)
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
15
Поени од реакции
3
Немам многу искуство со пет шопови ама би ти го препорачала Амазон. Кај McDonalds -от во Аердором е. Цената на нимфите не знам како се движи, последен пат бев пред година или две 500/600 денари беше. Инаку никој не може да погоди дали е од добар или лош одгледувач, освен ако не купуваш од него самиот. Во пет шоповите мислам дека има од секакви одгледувачи, какво ти се падне, такво.
Фала премногу :)
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Папагалчињата ги доби сестра ми поклон, на 30 декември. Еве поминаа две недели и нешто, и не сакаат да излезат надвор, (им ја оставив вратичката отворена), а кога ќе ја ставам раката во кафезот се понашаат како да се избезумени, летаат низ кафезот, и ептен забрзано дишат.

А иначе си пејат особено на сабајле, немат проблем со храната, си јадат, си пијат вода, си се карат еден со друг.
Дали е нормално после толку поминато време да нејќат да се спријателат со нас?
Одма штом се доближиме до кафезот се повлекват, дишат побрзо..

Еве, едвај успеав да ги сликам, ептен се уплашија.

Ако сакаш да се зближиш со нив стави ги во посебен кафез пошто вака си имаат друштво и нема да ти обрнат многу внимание, а не па да ги припитомиш.
И..
Колку многу е непослушно? :) Стои на прст барем?
Ако не стои ни на прст, пробај со тоа да му ја тргаш храната од кафез и ти со рака давај му да јаде. Тоа е за да го привикнеш да не се плаши од раката. Во сите пет шопови имаш различни стапчиња со храна, прво со нив пробувај. Нема да сака, има да ти падне раката држејќи ама мораш. Од кога ќе се привикне на тоа, почни да ставаш во рака па да ти се качува на рака и да ти јаде, исто пробувај со прстот да го погалиш. Па полека почнувај за ноџињата да го фаќаш, да го креваш на прсте и слично.
Обавезно посветувај му го целото внимание и обраќај му се, збори му.
Прво пробај со ова, па ќе видиме понатака, бидејќи има некои не се припитомуваат.

Заборавив да те прашам, колку е старо ?
И слична копија на тоа, што може да послужи..
Освен храна, вода и сипина, земи му и витамини и по некоја играчка. И после некој месец стави му огледалце.
А за да не бега од тебе, само јас имам 5 пати пишано малце поназад, а да не зборам другите. Ве мрзи да читнете мајку му.
Почни со зборење, посветувај му МНОГУ внимание, па после некое време почни да му брцаш рака во кафез и да му даваш да јаде. Има храна на стапчиња во било кој пет-шоп. Многу трпеливост е потребна. Од кога ќе пројаде така зимај од зрнестата храна па учи го од рака да ти јаде. Треба да се спријатели со тебе, да не бега и да се плаши од раката. Страв му е бидејќи поминало низ многу раце, посебно на тие од пет-шопот и ти треба да му покажеш дека нема да го повредиш. Пробај вака, па што ќе упали супер, што не ќе смислуваме друго.
Праќај извештаи повремено.
п.с: Многу се убави :love:
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
A зошто му се лупи клунот на едниот папагал?
 
Член од
9 јануари 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Денес мајка ми папагалот го оставила на промаја и цел ден кива и испушта некои звуци,што да правам сега?! Да не ми умре случајно?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Здраво на сите! Ќе може ли некој да ми даде одговор на следниве неколку прашања:
- Со каква храна е најдобро да се хранат папагалите (домашна или купечка)?
- Кои се најдобрите брендови на храна за птици на наш пазар?
- На кои состојќи треба да се запази при избор на храна?б
- Во кои пет шопови може да се купи квалитетна храна за птици?

Извинете ако го тупам со прашањава, ама искрен одговор ќе ми биде од голема помош.
Фала на сите што ќе се решат да пишат! :)
Јас мојот го хранам со купечка и добро е и за папагалот и за тебе, нема да се мачиш. Храната внимавај да биде витаминизирана, или купи си храна и витамини па мешај ги. Зависи од видот на папагалот таква храна и ќе купуваш. Најдобро е при купување да прашаш. Јас купувам италијанска, имаш полска, бугарска. Во секој пет шоп имаш храна, без гајле.
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Денес мајка ми папагалот го оставила на промаја и цел ден кива и испушта некои звуци,што да правам сега?! Да не ми умре случајно?
Веднаш носи го на ветеринар, веднаш. Пошто и моето настинка настинка, испадна грип и ми умре.
 
C

Crazy Diamond

Гостин
Вчера купив папагал и сега цело време се шета низ кафезот (како да сака да излезе надвор). Мене страв ми е да го пуштам да лета, зошто уште ја нема научено средината. Ова ми е четврт папагал и до сега ниеден пред тоа не ми правел вака. Ако може некој да ми даде совет, благодарам однапред. :)
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
A зошто му се лупи клунот на едниот папагал?
Колку што знам јас не е ништо страшно, ама ако е малце. Пошто и на мојот му се лупеше, ама ептен малце.. што од сипината коска, што од јадењето. Може и да си го скрши, ако е малце пак не е страшно пошто му заздравува брзо.

Вчера купив папагал и сега цело време се шета низ кафезот (како да сака да излезе надвор). Мене страв ми е да го пуштам да лета, зошто уште ја нема научено средината. Ова ми е четврт папагал и до сега ниеден пред тоа не ми правел вака. Ако може некој да ми даде совет, благодарам однапред. :)
Мој совет ти е да го пуштиш. Сум имала доста папагали, некои покасно некои порано сум ги пуштала зависи од нив. Последниов што ми беше морав да го пуштам одма затоа што морав да му го наместам кафезот некако и за чудо одма слета на мене, се маваше малце нормално, ама брзо се привикна на нас и на просторот. Дури го научив и да збори. Така да чим се шутка, се вртка мислам дека треба да го пуштиш :).
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Шо знам,се е до папагалот.Сум имал најразлични,некој колку и да го чуваш во кафез нема да се смири,а некој по два дена се смирува.
Најубаво искуство сум имал,ќе го почувам две недели во кафез,дури се привикне,и сето тоа време го чувам на високо,да има прегледност на цела просторија,па после го пуштам,и по некој ден, знаат сами да се вратат,и после некоја недела почнуваат да идат и кај луѓе :)
--- надополнето: 20 јануари 2012 во 17:47 ---
Вчера купив папагал и сега цело време се шета низ кафезот (како да сака да излезе надвор). Мене страв ми е да го пуштам да лета, зошто уште ја нема научено средината. Ова ми е четврт папагал и до сега ниеден пред тоа не ми правел вака. Ако може некој да ми даде совет, благодарам однапред. :)
 
L

Lu

Гостин
Вчера купив папагал и сега цело време се шета низ кафезот (како да сака да излезе надвор). Мене страв ми е да го пуштам да лета, зошто уште ја нема научено средината. Ова ми е четврт папагал и до сега ниеден пред тоа не ми правел вака. Ако може некој да ми даде совет, благодарам однапред. :)
Не го пуштај од кафезот 5 - 6 дена ... за да ја запознае средината, он набљудувајќи ја околината од кафезот ќе ги запамти предметите во собата кај стојат и кога првпат ќе лета низ соба ќе има ориентација.

И немој ти да го вадиш од кафез ... туку само отвори му го го вратничето и сам ќе си излезе.
Првпат кога ќе излегува од кафез ќе излегува полека и ќе биде многу претпазлив, бидејќи сеуште му е нова околината, но по некоја недела ќе се навикне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom