Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Доста корисни податоци за одгледувачите како и љубителите на папагалите (глобализирано), особено за овој период од годината.
Аутомутилацијата (само-повредување) кај птиците е честа појава на нарушено однесување, а се јавува како резултат на некои физиолошки и патолошки причини. Овој облик на нарушено однесување ги вклучува гризењето на ноктите, џвакањето и корнењето на пердувите. Во потешките случаи, забележана е и појава, одбивање на храна како и слабеење. Лекувањето започнува со опширна анализа, со која се утврдува причината за ваквото однесување, пред се, неопходно е да се исклучи било каква иницијална инфекција на фоикулот од бактериски или микотечен причинител. Неправилната исхрана и зголемената потреба за минерали, белковини и масти можат да бидат причини за ваквата појава. Во случај на досада или нервоза, дури и нормалното чистење на пердувите може да прерасне во нивно агресивно гризење и корнење. Птиците може да ги џвакаат пердувите и поради нивниот вкус. Сепак, најчести причини за корнење на пердувите се нарушениот инстинкт за парење и недостигот на воспитување. Птиците кои се размножуваат во затворен простор, главно, се подложни на сексулани фрустрации. Тоа е особено изразено кај Какаду папагалите. Природниот нагон, да бидат постојано со партнерот, ги прави избезумени кога сопственикот (партнерот) е отсутен од дома подолг период од денот. Исто така, птицата може да биде љубоморна и на другите членови на фамилијата. Во некои случаи, такво нарушување се јавува и при лошо приспособување на промената на околината. Потврдено е дека емоционалната состојба на сопственикот може да влијае на однесувањето на птицата. Дијагнозата се поставува врз основа на исцрпна анамнеза и со утврдување на својствата на искорнатите пердуви. На почетокот птицата ги корне летните и контурните пердуви, за на крајот, механички да ги искорне или оштети оние на главата. Тренингот е првиот степен со кој се спречува оваа лоша навика. Сопственикот треба да и посвети повеќе внимание на својата птица. Често пати може да помогнат и промената на околината и занимавањето со играчки. Во потешките случаи, често се употребуваат лекови кои овозможуваат смирување.
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Дали некој знае да ми каже, каде во скопје можам да купам младо папагалче (нимфа), без разлика дали е петшоп или сопствена одгледувачница???
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.485
Поени од реакции
677
Дали некој знае да ми каже, каде во скопје можам да купам младо папагалче (нимфа), без разлика дали е петшоп или сопствена одгледувачница???
Имаш во Козле спроти бензинската таму беше 1200 денари. Имаш и во Капиштец во зградата спроти Цилаз и таму цената е слична, ама не би требало да биде проблем да најдеш и на било кое друго место. Кога сум купувал храна гледам дека имаат доста папагалчиња. Имаш и до Руска амбасада, ама за нимфа не сум сигурен.
 
Фала ти, ќе проверам (y)
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
14
Поени од реакции
7
Дали некој знае да ми каже, каде во скопје можам да купам младо папагалче (нимфа), без разлика дали е петшоп или сопствена одгледувачница???
Во Буњаковец во пет шопот,мислам дека беа 1400-1500,малце нереална е ценава за Нимфи ама ај
 
Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Јас имав две тигрици, Џивџи и Џоџо. Ги чував 2 години, прво не се сакаа, па морав во различни кафези да ги чувам и кога ги пуштав, мораше едно по едно зошто многу се колваа едно со друго. После некое време се засакаа и не можеа едно без друго, па ги чував во исти кафез. Но не знам што се случи, Џоџо ми умре без никакви знаци пред тоа, можеби и од старост затоа што беше постаро. После нецели 2 недели Џивџи почна да не јаде, да не пее, не сакаше надвор и веќе немаше сила, што се не пробав, ама џабе...ми умре во раце:( Претпоставувам беше од тага по Џоџо, иначе од што друго...
Од тогаш решив да не земам веќе, затоа што не знаев како да им помогнам и ветеринари консултирав и ништо не знаеа да ми кажат и по интернет читав и ништо, а не сакав пак да ми се случи такво нешто.
Еве ги душичките...
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Е вака сега, купив папагалче Нимфа, старо околу 4-5 месеци, го чувам 1 недела, се приврза многу кон мене, кога ке си дојдам дома секогаш се радува и испушта крици, се научи да јаде од рака и не се плаши кога ке се доближам со раката ако имам храна, а ако немам храна во раката се плаши и бега наоколу :(
Некој ако знае да ми помогне, како да го смирам и да не се плаши од рака :unsure:
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623

Одлично ви оди! Само продолжи така и со тек на време ќе си се привикне само :). Сепак ти пробувај од време на време да му брцкаш рака во кафез за да го ставиш на прсте, галкај го по ноџињата и стомачето.
 
Нема шанси да го погалам, кога му давам јадење малце го погалнувам, иначе без јадење никако нејке да се гали :(
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Нема шанси да го погалам, кога му давам јадење малце го погалнувам, иначе без јадење никако нејке да се гали :(
Ако бе, со храна со храна, нека се привикнува :D. Постепено, со трпение ќе го припитомиш и без храна на прсте да ти иде.
Го пушташ надвор од кафез?
 
Член од
1 јули 2010
Мислења
58
Поени од реакции
7
Ако бе, со храна со храна, нека се привикнува :D. Постепено, со трпение ќе го припитомиш и без храна на прсте да ти иде.
Го пушташ надвор од кафез?
Па денес прв пат го пуштив после една ипол недела, му ја отворив вратичката, и 15 минути се мислеше дали да излезе o_O
 
PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Па денес прв пат го пуштив после една ипол недела, му ја отворив вратичката, и 15 минути се мислеше дали да излезе o_O
И како го прибра?
Во случај да не си го прибрал уште ни случајно со рака немој да го бркаш или па како сестра ми ненормалната со пешкир. Со кафезот иди по него, ќе се мачиш ама ќе успееш. Ако не ти успева тоа остави го, ќе огладне и ќе се врати.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.439
Поени од реакции
18.278
Моето ќе ме искасапи ако му доближам рака.
Сосема е нормално тоа. Се брани не сте се запознале добро, постепено со тек на време ќе се опушти. Пушти му храна преку решетка. Па по некое време храни го од рака и ќе видиш ќе почне на прст да ти стои.:)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.767
Поени од реакции
13.167
5 години го чувам:pos:мислам мојте дома го чуваат ... Взаемно не се сакаме, само уште да не грака, пошто и ја не му пеам додека спие и супер соработка ќе имаме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom