Пазарџиите ќе протестират ако не им се реши статусот

Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Пазарџиите најавуваат масовни протести за десетина дена, доколку не се реши проблемот со решенијата за наплата на данок кои Управата за јавни приходи веќе им ги доставува. Велат дека не се против да плаќаат паушалец, но бараат законски да им се реши статусот, со што ќе бидат и здравствено и пензиско осигурани. Според нив УЈП треба барем времено да запре со доставување на решенијата.

- Тоа што го бара УЈП, тие луѓе ќе бидат избришани и од Агенцијата за вработување и од Фондот за здравство, излегува дека едно решаваме, а правиме друг проблем. Бараме во пакет да има и здраветсвено и пензиско осигурување. Не бегаме од обвтските кон државата, бараме законско решение, а не паушал, вели претседателот на комората за трговци, Екрем Долег.

Од УЈП се категорични дека тезгаџиите мора да се регистрираат како даночни обврзници и да плаќаат паушален данок.

- УЈП е надлежна за наплата на даноци. Не можеме да зборуваме за другите обврски и права на пазарџиите. Како и сите други, и пазарџиите мора да плаќаат персонален данок на доход. Тие немаат трошоци за регистрација и немаат обврска во однос на водење сметководство, вели Весна Новаковиќ од Управата за јавни приходи.

Според УЈП висината на паушалниот данок се одредува зависно од местото каде се врши дејноста, а во просек се наплаќа од 300 до 600 денари месечно. Пред само еден месец пазарџиите протестираа и бараа од Владата да им го исполни ветувањето од пред три години – да го донесе Законот за трговија од мал обем.

http://www.time.mk/read/ae43288134/a3bfa4dfb6/index.html

Bre ama pametni ludje imalo vo drzavava
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
За масовни протести ... Не верувам дека до тоа ќе дојде...
Но убаво би било да се подобри нивниот живот. Нивната работа е многу тешка и мачна и обично имаат многу скромна заработка
 
Б

Бат Елохим

Гостин
па во право се!
Ако сака државава да плаќаат данок, треба да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување. Кој е будала да подмирува давачки
ЛУѓето се вработени, си плаќаат данок и добиваат пензиско и здравствено. Баш ми изгледа нормално барањето нивно.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
па во право се!
Ако сака државава да плаќаат данок, треба да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување. Кој е будала да подмирува давачки
ЛУѓето се вработени, си плаќаат данок и добиваат пензиско и здравствено. Баш ми изгледа нормално барањето нивно.
Kako да не...нека си платат пензиско и здравствено самите како и сите во државата што се тие хендикепирани. Јас од мои пари не сакам да им има дадам.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Kako да не...нека си платат пензиско и здравствено самите како и сите во државата што се тие хендикепирани. Јас од мои пари не сакам да им има дадам.
Они сакаат да си платат самите ко што разбрав јас, ама немаат на основа на што. Затоа бараат да се воведе закон кој ќе ги покрива и нив.
Нормално дека ни ти ни јас ни никој не треба да плаќа за нив. Треба да им се овозможи сами да си плаќаат.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
па во право се!
Ако сака државава да плаќаат данок, треба да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување. Кој е будала да подмирува давачки
ЛУѓето се вработени, си плаќаат данок и добиваат пензиско и здравствено. Баш ми изгледа нормално барањето нивно.
Данок да плаќаш е едно, а придонеси за користење здравство и пензија е друго.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Данок да плаќаш е едно, а придонеси за користење здравство и пензија е друго.
разбирам дека е различно, ама исто така мислам дека имаат право и на пензија и на здравствено осигурување, кога веќе работат, заработуваат и плаќаат данок и се лојални граѓани. (ако веќе плаќаат данок нели)
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
па во право се!
Ако сака државава да плаќаат данок, треба да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување. Кој е будала да подмирува давачки
ЛУѓето се вработени, си плаќаат данок и добиваат пензиско и здравствено. Баш ми изгледа нормално барањето нивно.
чекај, како мислиш да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување?? кој да им обезбеди, јас ли!? за пример, јас сум занаетчија и имам вложено преку 50.000 евра во деловниот простор..во овие 20-тина години имам најмалку уште толку вложено во алати..и сам си ги плаќам сите давачки, владата ни социјално, ни здравствено ниту пак некакви субвенции ми има дадено, оти пак јас да не заслужувам државата нешто да не ми плаќа,м? некој сака да го ебам од пола декар компири, цела година да живее, е па нема така!!
 
Б

Бат Елохим

Гостин
чекај, како мислиш да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување??
јас како што го разбрав текстот, ако не сум грешка нели, пазарџиите немаат под кој основ да се пријават и да си ги плаќаат давачките. Во тој контекст ми е муабетот. Значи ако нема закон, да се донесе.
А не некој друг да плаќа за нив.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
ако е така, а не сум во тек со информациите, ок, извини, погрешно се разбравме.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
разбирам дека е различно, ама исто така мислам дека имаат право и на пензија и на здравствено осигурување, кога веќе работат, заработуваат и плаќаат данок и се лојални граѓани. (ако веќе плаќаат данок нели)
Ако веќе плаќаат данок, а не плаќаат пензиско и здравствено, тогаш нема да добијат право на здравствена заштита и пензија.
Постојат категории граѓани кои се невработени, плаќаат данок од рентање на станови, деловен простор или сл. остваруваат убави приходи, ама не плаќаат здравствено и пензиско... Додуша за здравство тука имаше некои измени лани мислам дека над одрден приход требаше да се плаќа нешто, но да не бегаме од темата.
Со пазарџиите тоа би требало да се реши со носење на закон, а можеби и не...
Пазарџиите кои продаваат сопствени производи се регистрирани како земјоделци, и правата на здравствена заштита и пензија ги остваруваат по тој основ.
Пазарџиите можат да бидат и прекупци и накупци (барем Струмица и струмичко се полни такви). Работат на диво и треба ли да ги жалам? Прават профит на грбот на обичниот земјоделец, исто како и откупувачите.
Таквите нека си регистрираат фирма!
Ако во темата се зборува за некоја трета категорија, за која не знам, нека ме информира некој кои се тие, па да дискутирам.
 
чекај, сакаш да кажеш дека имаат можност и во постоечките закони да си регистрираат фирма и да си уплаќаат за пензија и картончиња? Ако е така, тогаш нема зошто да протестираат. Јас разбрав дека они немаат можност за такво нешто и затоа така пишав.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
чекај, сакаш да кажеш дека имаат можност и во постоечките закони да си регистрираат фирма и да си уплаќаат за пензија и картончиња? Ако е така, тогаш нема зошто да протестираат. Јас разбрав дека они немаат можност за такво нешто и затоа така пишав.
Па да!
Законот вели дека може да се регистрираат како трговец поединец на пр.
Или, регистриран земјоделец. Чиста работа.
Од она што го барат, како што можев да разберам, е тие да имаат некој повластен статус во однос на останатите граѓани. Значи, пониски стапки на пензиско и здравствено.
Тоа ми е нелогично. Се спомнува комора на трговци... значи трговецот со земјоделски производи да биде повластен со трговецот на текстил на пр.
И, пак ќе повторам. Ако постои некоја трета категорија пазарџии, нека напише тука, па да дискутираме.
Во спротивно, сметам дека таквото барање е неосновано.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
па во право се!
Ако сака државава да плаќаат данок, треба да им обезбеди пензиско и здравствено осигурување. Кој е будала да подмирува давачки
ЛУѓето се вработени, си плаќаат данок и добиваат пензиско и здравствено. Баш ми изгледа нормално барањето нивно.
Данок мора да платат а ако сакаат пензиски и здраствено да бидат осигурани треба да си уплаќаат,ама претходно треба да регистираат фирми
 
Kajgana Shop

На врв Bottom